1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Печурки

Дискусија во 'Рецепти' започната од cvet957, 4 мај 2011.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Јас неам некој уау рецепт, ги правам обично вака:
    прво ги варам, па кога ќе се сварат ги вадам и ги посолувам убаво и ги оставам малку да се исцедат. После ги валкам во јајца, презла и ги пржам во маслиново масло и толку. Вака мене ми се превкусни и не сум ни пробала некои посложени рецепти за нив
     
  2. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Фала многу. Мене ми треба посен рецепт па ке пробам исто само што нема да ги валкам во јајца туку дирекно ке ги пржам.
     
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Ми текна на едно мезе со печурки, мајка ми го вика салата, ма да нема врска.
    Многу е едноставно, а несекојдневно.

    Се пржат печурки(кознервирани), заедно со ситно исецкана чадена сланина и се пржат се додека сланината не добие убава црвенкасто-кафена боја.
    Посебно, се запржува сусам, додека не потемне и потоа на крај се меша сусамот,со печурките и сланината.

    Превкусно е.
     
    На Bright и mims-89 им се допаѓа ова.
  4. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    прзени пецурки сампиони 250 гр пецурки 5слајза од салама било која ја обозавате и 5 слајза какшавал се сецкат пецурките со се дрските и се стават на тава за прзенје се прзат убаво па се додава саламата и таа се упрзува убаво па на крај се додава кашкавалот ипрекрасен вкус имаат ммм ги обозавам а мозе истиот рецепт само вака приготвен се вадат дрските и се прзат со исто салам а и каскавал а додека пак пекурките се ставаат во загреана ррерна да омекнат и потоа се полнат со филот кога е испрзен и се вракаат во рерна да се потпецат убаво мммм прекрасни се за мезе
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Полнети печурки со зденка


    Потребно е:
    20тина подлабоки свежи бели шампињони
    1 пакување млечна зденка
    1 главица кромид
    неколку лажици пире од домати
    сол, бибер, оригано
    малку сланина за вкус
    масло

    Шампињоните исчистете ги од дршките со внимателно сечење, за да имаат како дупче во кое ќе можете да ги полните. Измијте ги во млаз ладна вода и оставете ги да се сушат на кујнска крпа.
    Во сад со малку масло, на тивко пропржете ја главицата кромид ситно сечкан, додајте ги рачките исто така ситно сечкани, сол, бибер и откако кромидот ќе омекне (дршките ќе пуштат малку вода), додајте го пирето од домати, бибер и оригано и оставете да издинста уште неколку минути.

    Шампињоните наредете ги во тава за печење намрсена со малку масло и ставете им по едно лажиче од доматното пире со кромид и по малку зденка озгора. За дополнителен шмек ако сакате и месо, можете да ставите и коцкичка сланина.
    Се печат додека да убаво се вцрвенат и фати коричка зденката.
    Супер се како прилог за печено месо или со ориз.
     
    На danichap, Peppermint, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Шелеа одлична идеја со печурките, денес одма ми беа на дневен ред :P

    Мевцето и зеленчукот си ги спремав како за турли тава.
    Печурките ги извалкав со малку вегета и околу 20 минути пред крај само ги додадов озгора во тавата(врз зеленчукот и мевцето).

    Внатрешноста им ја исполнив со зденка и озгора ставив кашкавалче.
    Парчињата беа прилично големи, а и бидејќи како гарнир ги користев, наполнив само 4 печурки.
     

    Прикачени фајлови:

    На Shelea и Peppermint им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.399
    Пол:
    Женски
    А што викате за кајгана печурки? Сте ја пробале? Со кромитче и сува пиперка, од мерак. По желба сецкате шампињони свежи, за кајгана најдобри се одстоени печурките, така нема да пуштат многу вода, значи кога ќе ги видите дека потемнуваат спремајте се за кајгана со печурки :lol: , сецкате и кромитче, само на пола па на тенки резанки, сува пиперка, лута или блага по желба, таа може да ја искинете на парчиња или да ја исецкате. Запржувате во тавче, додавате сол, зачин, бибер, што ви е по ќеф и јајцата убаво сматени, пржите убав од едната страна па после ако сте доволно вешти превртувате како палачинка и од другата страна, ќе му дојде како омлет, ако не мешајте и ќе добиете вкусна кајгана. На крај наросете со ситно рендано биено сирење и спремете се да го наполните стомакот асално. Либето би се давело во овој омлет/кајгана, со мојава диета сирот е принуден да јаде она што јадам јас :lol:
     
    На 1209, DAngel и Peppermint им се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Женски, ми треба помош во врска со печениве печурки.
    Неколку пати до сега пробувам и секој пат, независно со што се полнети, самиве печурки пуштаат многу вода ( темно кафена-црна течност ) и не е ич убаво за око, а ни за јадење не беа нешто нај... ко влажни излегоа.

    ...why?
     
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Полнети похувани печурки


    Потребни состојки:
    20 големи печурки шампињони
    200 гр. лебни трошки
    100 г. изрендан кашкавал
    5 лажици брашно
    2 јајца
    100 гр. крем сирење
    1 млад кромид
    Сол и црн пипер
    Масло за јадење
    Припрема:
    Ситно исецкајте го кромидот, па промешајте го со кашкавалот и со кре сирењето се додека состојките не се соединат. Наросете сол и црн пипер и повторно промешајте.
    Измијте ги печурките и оставете ги да се исушат, па отстранете им ги рачките. Со смесата наполнете ги печурките.
    Во посебни садови ставете го брашното, изматените јајца и лебните трошки. Секоја печурка прво извалкајте ја во брашно, потоа во јајца и на крајот во лебни трошки.
    На среден оган загрејте масло во тавче и ставете ги печурките да се испржат. Пржете се додека не добијат златнорумена боја и погрижете се да ги испржите подеднакво од сите страни. Откако ќе се испржат, ставете ги печурките врз салфети за да ја впијат вишокот на мрснотија. Послужете со кисела павлака или друг сос по желба.
     
    На Antolinaa и danichap им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Треба ептен да ги изгориш па да немаат течност. Самите печурки си ја пуштаат таа течност во текот на печењето, можеш да приметиш и кога ги пржиш колу течност излгева од нив - исто го да ги вариш :lol: Тие ќе си пуштаат течност секогаш. Ти можеш само да ја попрскаш тавата за печење со маслиново масло така малку ќе се неутрализира водата што ја пуштаат. Исто така можеш во помали земјени тањирчиња да ги наредиш едни врз други, повеќе спрата да има и така само надјолните печурки ќе ти пливаат во вода. Стави повеќе сол, вегета и други зачини затоа што печурките слабо ги примаат, потребна е поголема количина. Исто така можеш и да ги печеш на скара или на решетка и така течноста ќе си паѓа во тавата. Јас имам пробано и така и така и искрено повеќе ми се допаѓаат кога ќе пуштат вода, некако по сочни ми се :lol: Јас не ги правам по некои рецепти, што имам во моментот на располагање со тоа ги полнам, со што не ги имам полнето уште со ајвар што не сум пробала :lol:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Пак јас.
    Сега само што правев полнети печурки и овој пат ги печев на посилна температура и супер испаднаа. Имаше течност пак, тоа да, ама не ко порано што ми излегуваа.

    Пред да ги наполнам им наросив сол и малце црвен пипер.
    Потоа почнав со полнење и тоа: чајна/кулен, овчо сирење ( јас повеќе љубам овчо, дека е посолено )
    , над сирењето малечко парченце лук и скроз најгоре изрендав кашкавал.
    Над сето тоа наросив малце вегета, ставив малце масло и ги печев на загреана рерна на 180, ама при печење накачив на 200. Околу 15/20 мин.

    Ем брзо, ем лесно, ем беа превкусни.
    ...yummy!
     
    На 1209, Bubbi и DeMelo им се допаѓа ова.
  12. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Обожавам печурки. Кога си правам сама јадења, не се водам по рецепти туку по мој мерак.
    Обично ги додавам во сос со шпагети или слично.
    Кога правам само печурки, без сос, им додавам само зачини.
    Се сецкаат печурките и се пржат во малку зејтин. Врз нив ќе додадете сол, вегета, малку црвен пипер и лук во прав. Преедноставно, а превкусно. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG4185.jpg
      IMG4185.jpg
      Големина на фајлот:
      235,1 KB
      Прегледи:
      618
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    СЕЛСКО МЕСО

    Потребни сосотојки:
    1 кг свинска кртина
    1 тегла сецкани шампињони
    1 супена лажица сенф
    1 супена лажица мајонез
    1 супена лажица буковец
    1 супена лажица брашно
    вегета, бибер и малку оригано

    Првин свинското месо се сече на мали коцки и се става во тава за пржење. Се пропржува месото, а потоа се додаваат сецканите шампињони. Откако ќе се пропржат заедно со месото, им се додава 250 мл вода да се издинстаат малку и тогаш се додава вегета, бибер, оригано и буковец, а потоа и лажицата мајонез и сенф. Лажицата брашно се додава на крајот, за да се згусне смесата и потоа содржината се става во тава за печење и се потопечува во рерна на 250 степени, отприлика половина час, односно додека убаво не се искрчка.


    ПИЛЕШКО СОТЕ

    Потребни состојки:
    1 кг пилешки стек
    1 тегла сецкани шампињони
    1 л. хопла
    2 главици кромид
    вегета и бибер по вкус

    Пилешкиот стек се сецка на коцкички и се пропржува заедно со ситно сецканиот кромид. Потоа се додаваат шампињоните и смесата се пржи на загреано масло се додека кромидот убаво не омекне. Се додаваат зачините, а потоа, со постојано мешање се додава и хоплата. Пилешкото соте е готово, откако хоплата убаво ке се згусне.


    ТЕЛЕШКА САЛАТА СО ПЕЧУРКИ

    Потребни состојки:

    1 кг варено телешко месо
    1 тегла шампињони
    1 тегла кисели краставички
    1 тегла мајонез
    2 поголеми главици кромид
    5 тврдо варени јајца
    малку сол и бибер

    Телешкото месо се ситни на мали парченца, а потоа се додаваат шампињоните, сецкамните кисели краставички, ситно сецканиот кромид, сецканите варени јајца, се додава малку сол и бибер и на крајот се додава мјонезот. Сите состојки убаво се мешаат. Салатава е превкусна!
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Буковки со магдонос

    Состојки
    1 пакување буковки печурки
    1 голема главица лук
    1 лажица сол
    1 китка магдонос
    100 гр зејтин
    2 литри вода
    Подготовка

    За подготовка на печурките буковки, земаме длабок сад во кој што ја ставаме водата да врие. Додаваме сол и ги ставаме печурките да зовријат околу 10 минути. Откако ќе зовријат убаво, ја истураме водата и ги оставаме печурките да се оладат.
    На страна во дрвен сад ги толчиме магдоносот, солта и лукот. Смесата ја изедначуваме.
    Оладените печурки ги сецкаме на ситни парчиња и ги ставаме да се пржат во врел зејтин. Зачинуваме со сол и црн бибер. Откако се прженки ги вадиме од садот и ги додаваме во саламурата која претходно ја подготвивме. Промешуваме убаво за секоја печурка да добие вкус на лукчето.
     
  15. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Печуркии е тоа више не јадам .. мислам да е единствено нешто арно ке биде мама има проблеми за јадење правење поради мене
     
  16. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Женски
    Ај кажете ми како го готвите вргањот?Јас прво го варам кратко па ги пржам зошто така прочитав на интернет а и женава од која ги купив така рече но многу кашести ми испагаат.Дали таква е печурката или.....?
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Тие што се свежите од кам, ги премивам со топла вода, краевите им ги сецкам само исушениот дел, потоа секоја од нив ја потопувам во сад со маслиново масло бибер и оригано. и потоа како ги потопувам една по една ги редам во тавче подмачкано со маргарин. кога ќе ги наредам одозгорам рендам маргарин. во загреана рерна ги печам 1ч. на 200 степени, од кои последните 10 минути на 100 степени. додека тие се печат приготвувам сос за нив, балсамико,маслиново масло, ѓумбир, лукче, рузмарин, бибер и оригано.
     
    На Elen4e89 и joy1 им се допаѓа ова.
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Свежи печурки, запржени малку и зачинети, одличен гарнир со било какво месо
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.399
    Пол:
    Женски
    Печурките не се мијат, тоа е гастрономско правило број еден кога се работи за овој вид на храна. Јас ги бришам со влажна крпа, најчесто и не се нешто прљави за да се мијат нели. Буковката ја проварувам во малку врела вода со сол и потоа ја готвам. Во последно време најмалку 2 пати неделно готвам печурки, речиси секогаш ја готвам во комбинација, буковка со шампињони, а еднаш додадов и сув вргањ. Пржам кромидче и лукче, морковче на поголеми кругчиња или коцкички, зелена пиперка, додавам ситни цели шампињони и сецкани буковка и/или друга печурка, пропржувам, додавам зачини, обавезно кари, малку бело винце да испари и една лажица кисела павлака. Вака го користам како прилог, поубаво нема мислам за мене и мм, со мевце, со шпагети, со свашта го јадам :D
     
    На 1209, Annath, Dvolicen и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    И мене истото ми го кажале, ама јас пустата за секој случај само под млаз вода ги поминувам