1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Печурки

Дискусија во 'Рецепти' започната од cvet957, 4 мај 2011.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.539
    Допаѓања:
    95.394
    Пол:
    Женски
    Не се мијат бидејќи тие во принцип се одгледуваат на чисто, хумусот на кој растат е прилично чист. Јас искрено пакувани не купувам бидејќи знам дека ги избелуваат дополнително со варикина, си купувам во Ѓорче од пазарче на кило, за нијанса ми се поскапи ама повеќе ги сакам и помирна ми е главата. Инаку вчера си направив вегетаријански макарони. Кромидче, лукче, морковче, цветови карфиол, цветови брокула, кисели краставички, буковка и шампињони, пропржени на маслиново и малце путерче, на крај малце бело винце и откако ќе испари алкохолот ставив една мала лажичка брашно да спои се. На вака спремен зеленчук ги ставив макароните сварени алденте и малку со нив водичка, односно не ги цедев, само ги истурав во црпалка и се што иде со нив вода ја оставив. Мм вика дека сум станала Џејми Оливер во маало, многу добри беа.
     
    На Giovanna, slavica999 и Annath им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    И јас на сличен начин ги правам печурките. Со зачини, кромид, коријандер и сусам, плус павлака, кари не ставам секогаш. За мерак се.
    Ама ги мијам, не можам да не ги мијам. Пробав еднаш со четка само да ги истријам, шубе ми беше, па пак ги измив. Последните ги лупев, ама тоа може ако се поголеми. На кило што се продаваат се обично поситни, или пак мене ми е таква среќата :)
     
    На Giovanna, AngelOfArh и slavica999 им се допаѓа ова.
  3. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    печурки месо сенф кашкавал кромид (y):):pizza:
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ги пржиш печурките на малку путер со сол а во друга тава пропржуваш праз. Штом ќе почне да испарува водата од печурките (нели они пуштаат вода кога ќе се пржат) ги префрлаш кај празот. Додаваш 1 сецкана сува пиперка по можност лута (кој сака луто а може и блага), зачинуваш со сол, бибер и црвен пипер (може и др. зачини, вегета, оригано и сл.) . Упржуваш убаво и после не знаеш колку можеш да изедеш. Недај боже ако имаш вруќ ржен леб по дома :drunk:
     
    На Elen4e89, mal.ecka, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Поховани печурки со сусам

    Состојки
    500 гр. шампињони
    100 гр. мајонез
    100 гр.брашно
    2 јајца
    50 гр. сусам
    2 кисели краставички
    100 мл. млеко
    масло за јадење
    сол
    црн пипер

    Подготовка:
    Во поголем длабок сад ги кршиме јајцата и ги посолуваме. Ги матиме јајцата со жица за матење.
    Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Мешајќи со жицата во садот со изматените јајца ги додаваме млекото и брашното. Во садот ги ставаме шампињоните. Ги валкаме печурките во смесата. Со вилушка ги вадиме од садот и ги валкаме во сусам. Вака подготвените печурки ги ставаме да се пржат на загреаното масло. За време на пржењето ги превртуваме.
    Испржените печурки со лажица-решетка ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија обложена со хартија за да ја впие непотребната мрснотија.
    Започнуваме со подготовка на тартар сосот. На покрупната од рендето во подлабок сад ги рендаме киселите краставички. Во садот го додаваме мајонезот. Мешаме со лажица.
    Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. На средината на чинијата ги сервираме похуваните шампињони. Од страна го сервираме тартар сосот.
     
    На Barbie20 и tinan им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.539
    Допаѓања:
    95.394
    Пол:
    Женски
    Горда сум на мојот вегански ориз вчера што го направив со многу многу печурки. Кромид, лук, морков, карфиол, брокула, шампињони на пола и ситно сецкана буковка претходно бланширана испржено се на маслиново масло и малку путер, на крај малце ориз и во тавче на печење, одличен оброк за тие што не јадат месо а сакаат печурки, да не гледаш нема шанси да погодиш дека нема месо, буковката супер се вклопува.
     
    На afrodita26 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. afrodita26

    afrodita26 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    1.517
    Пол:
    Женски
    ммммммм и јас исто го правам само не го печам го варам и на крај додавам малку ситнет магдонос и пармезан преубав ми.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Многу го сакам изворниот вкус на печурките.

    Лисичарката ја комбинирам во матените јајца, малку пропржена претходно со маслиново масло.
    Вргањ на листови на скара по печењето посолен и со раствор од оригано лимон и сончогледово масло премачкан.
    Шампињоните свежи ги редам на ражњичи од свинско месо, ред месо-ред пиперка зелена-ред печурка.
     
    На joy1, mims-89 и Annath им се допаѓа ова.
  9. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    Сакам печурки.
    Би јадела секаков вид на печурка само да не се оние лигавине,меки и испуштаат некоја течност,како лигавица :puke: Грозни ми се.
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Свежи шампињони запржени на малку масло се идеален прилог со било какво месо. Ги обожавам.

    Исто така запржени и прелиени со павлака се совршен сос за тестенини.

    Е сега, кога нема свежи и маринирани ќе завршат работа, ама не е тоа ТОА.
     
  11. accipiter82

    accipiter82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    21
    ГУЛАШ ОД БУКОВКИ И КОМПИРИ

    Извонредно вкусна и здрава манџа совршена е за семеен ручек. Посно јадење кое ќе Ве воодушеви со преубав вкус и мирис!

    Состојки:

    700 грама буковки

    400 милилитри доматен сос

    1 голем кромид

    1 морков

    1 чешне лук

    1 пиперка

    4 компири со средна големина

    Сол

    Црна пипер

    Магдонос

    3 лажици масло

    Подготовка на јадењето
     
    На mamaJana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Колку долго се пече пица со свежи печурки (шампињони)? Дали им треба повеќе од 15-20 минути за да не се живи?
     
  13. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    не...додека се испече тестото и печурките се термички обработени и спремни за јадење
     
  14. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Фала за одговоров. Ја извадив од рерна и се туфкав дали да ја јадам, да не се отрујам или слично :)
     
  15. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    нема да се отруеш и живи ако ги јадеш...;)
     
    На Dust, elimkd и littleflower им се допаѓа ова.
  16. accipiter82

    accipiter82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    21
    Состојки:

    700 грама буковки

    400 милилитри доматен сос

    1 голем кромид

    1 морков

    1 чешне лук

    1 пиперка

    4 компири со средна големина

    Сол

    Црна пипер

    Магдонос

    3 лажици масло

    [​IMG]

    Подготовка: Исчистете го кромидот и исечете го. Сечете ја пиперката и морковот на коцки. Сето ова ставете во тенџере со масло, а состојките се пржат 5 минути. Потоа додадете чаша и пол вода и оставете да врије. Додадете го доматниот сос и продолжете со варењето и додадете ги преостанатите зачини. Измијте ги буковките и сечете ги на поголеми парчиња. Излупете ги компирите и сечете ги на коцки. Компирите заедно со буковките ставете ги во тенџерето. Оставете го гулашот да врие уште 10 минути па потоа тргнете го од огнот. Загрејте ја рерната на 200 степени. Гулашот истурете го во ватростален сад. Наросете со лук и магдонос и оставете го да се пече уште 20-30 минути во рерната.

    Служете го гулашот дури е топол. Добар апетит!