Пилешко и начини на подготовка

Дискусија во 'Рецепти' започната од Fearless, 4 октомври 2010.

  1. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.297
    Еве за Лиликта еден рецепт за пилешко во кари сос

    Ви треба:
    - Стек, неколку парчиња
    - една хопла
    - кари
    - и масло или путер

    Го сецкате стекот на малечки парчиња, и го ставате во тавче во кое претходно сте ставиле путер или масло. Потоа откако ке се зацрвени, и убаво се испржи му се става хоплата цела. Промешувате, и зачинувате со кари. Јас ставам една и пол лажичка кари. Потоа се пржи уште 5-10 минути и е готово.
     
    На Vladus, AnjaLazanja, professoressa и 4 други им се допаѓа ова.
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    2.670
    Пол:
    Женски
    Пилешко, и начини на подготовка

    еве уште еден рецепт, мноооогу едноставен... :angel:

    сецкаш пилешки стек (колку што сакаш) и ги пржеш нели ситните парчиња, и нормално ставаш вегета и сол (колку што мислиш дека е доволно).
    во меѓувреме ја вариш златната мешавина (замрзнатиот зеленчук). откако ќе се свари (потребно околу 5 минути, си пишува и на пакетчето), ја истураш водата и целиот зеленчук го преместуваш во тавче со загреано масло, каде што ја попржуваш и исто ја зачинуваш со сол и бибер (јас малку повеќе бибер ставам за подобар вкус). откако ќе ја попржеш малку (додека се пржи ќе мешаш постојано, да не загори), ја додаваш на ситно испржениот стек, и заедно се пржат уште некоја минута за да си попримат од вкусот и да се соединат убаво.

    и тоа е тоа :)
    бон апетит :)
     
    На Lilit и Fearless им се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    10.501
    Пилешко, и начини на подготовка

    Еве уште еден рецепт од мене за пилешко во кари сос:
    -пилешки гради(стек)
    -печурки
    -павлака
    -кромид главица
    -зачин,сол,бибер,кари
    Пилешките гради(стекот) се сецка ситно и се пропржува во тавче да добие златеста боја.Настрана во друго тавче се пропржува ситно исецкан кромид,се додаваат печурки,откако ќе се пропржат се додава зачин или сол и бибер, павлаката и карито.Се промешува убаво додека се подзгусне сосот и во него се додава пропрженото пилешко.После во тавче за печење се става во загреана рерна да се потпече.Ова оди во комбинација со варен компир,пржен или со гарнир.Превкусно е! :)
     
    На mladenovska.m, skenco, ljubam и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Nina24

    Nina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    301
    Пилешко, и начини на подготовка

    Проверено добар рецепт:

    Печено пилешко со кари сос

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    - 1000 грама Пилешко
    - 400 грама Печурки
    - 200 милилитри Млеко
    -малку Црн пипер
    - малку Сол
    - 30 грама Сенф
    - 3 лажицци Мед
    - 50 грама Путер
    - 100 милилитри Зејтин
    - 2 лажици Кари
    - 20 грама Брашно
    - 1/2 коцка супа

    ПОДГОТОВКА:
    Ги мешаме сенфот, медот и карито. Додаваме малку сол и бибер. Додаваме 200 мл. зовриена вода во која сме ја раствориле половината коцка супа.
    Парчињата пилешко ги ставаме во тава и ги полеваме со зејтин. Преливот од зачини и супа го полеваме врз парчињата месо во тавата со месото.
    Печеме 45-50 минути на 200 степени.
    Во тавче за пржење го ставаме путерот, го додаваме брашното малку да се пропржи и непрекинато мешајќи го додаваме млекото.
    Се вари додека бешамел сосот не ја добие потребната густина. Се додава пола лажичка кари во прав.
    Во тавата со бешамелот ги додаваме шампињоните и преостанатиот сос од тавата каде се печеше месото и ги мешаме. Додаваме малку вода и го вариме додека не се подзгусне. Месото го ставаме на чинија и на крајот го полеваме со сосот или пак можеме да го ставиме месото директно во сосот и секому во чинијата да му сервираме од месото со сосот.
     
    На lepa.milena и Lilit им се допаѓа ова.
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    1.337
    Пилешко, и начини на подготовка

    Она Маги -сочно од рерна, навистина испаѓа многу вкусно... Башка лесно е да се подготви :)
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    481
    Пилешко, и начини на подготовка

    Имам пробано пилешко со кикирики во кинески ресторант вкусот беше преубав, пикантно, вкусно абе прсти да излижеш. Отприлика сфатив стек и кикирики (нормално) :lol: имаше малечки семки како од феферонки можеби луткото е поради тоа но црвената боја ме буни (има црвени феферонки?)
    Сигурно додаваат посебни некакви кинески зачини но како и да е ќе пукнам ако не го дознаам рецептот. Бидејќи јадењево ако еднаш го пробате од памет нема да ви излезе. Па девојки ако некоја знае ве молам пишете. :)
     
  7. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    Пилешко, и начини на подготовка

    се става лут кинески зачин-за жал тука во мк го нема=:(
     
  8. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    68
    Пилешко, и начини на подготовка

    еве неколку рецепти
    Сочно пилешко месо со пиперка и со праз
    Состојки:
    - 1 кг пилешко месо
    - 400 г праз
    - „Маги Сочно од рерна“
    Сите состојки додадете ги во ќесето за печење
    и следете ги упатствата од пакувањето.

    Сочно пилешко месо со пиперка

    и со неколку видови печурки
    Состојки:
    - 1 кг пилешко месо
    - 350 г неколку вида печурки
    - „Маги Сочно од рерна“
    Сите состојки додадете ги во ќесето за печење
    и следете ги упатствата од пакувањето.
     
  9. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    160
    Пилешко, и начини на подготовка

    Еве еден рецепт од мајка ми (преубаво готви)
    Пилешки увијачи за 3ца
    3 парчиња саламурен стек, поголеми
    1 пакетче зденка
    150 грама сланина
    кари
    Стековите да се исчукаат убаво, за да бидат што е можно потенки, па се прскаат со кари. Во секој се става по две зденки и се виткаат како увијачи. Одозгора се виткаат и со сланината за да не излегува зденката. Се пече на 250 со фолија одозгора прво за да се испече внатре, па после и без фолијата.
    Многу е вкусно со сосот со сенф и мед и со мајонез, сенф и кари
     
    На Angel4eeee, AnjaLazanja, rici.aaaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. nkaterina

    nkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пилешко, и начини на подготовка

    специјалитет со пилешко месо.
    потребни производи
    1 кг.стек сецкан долгнавесто, 300гр. сецкан кашкавал,300гр.сецкана сланина, 300 гр. сецкана пилешка салама (пилешки гради), супа од пецурки или ако сакате пешурки ама маринирани и 2-3 павлаки.
    начин на подготовка
    во ватростално тавче прво се реди стекот валкан во супа од печури (не е варена него во прашокот од кесичката), потоа се реди сланината,кашкавалот и на крај саламата. Потоа пак стек,сланина на ленти, кашкавал, салама и се прелева со павлака.Се покрива со алуминиумска фолија, се пече еден час со фолија на 250 степени и уште еден час без фолија.Температурата мозе да ја намаалите последниот половина час и пазете да не загори. пријатен апетит.
     
  11. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    79
    Пилешко, и начини на подготовка

    Еве и од мене еден специјалитет со пилешки стек

    Стекот го сецкаме на коцки и го пржиме додека да зарумени,додаваме маринирани печурки и се пржат заедно.Откако и печурките малку ке заруменат се ренда кашкавал и се промешува.Се пржи уште неколку минути и на крај се додава кечап.Зачинуваме со вегета и мелен црн пипер. Добар апетит.
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    5.270
    Пол:
    Женски
    Пилешко, и начини на подготовка

    Ммм Сањичка21 ова ми звучи ептен вкусно, можда би било вкусно и без кечап.
    А како се сече стекот на коцки ? Се купува некој посебен или од тој замрзнатиот не се разбирам јас многу, ама пилешко обожавам
    Е сега што си е калорично си е ,не многу ама :mm: мора да и речам на мајка ми да го направи.
     
  13. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    79
    Пилешко, и начини на подготовка

    Лукс не да е вкусно пре вкусно е,пробај па ке кажеш.И да стек од тој замрзнатиот исечен на коцки.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    587
    Пилешко, и начини на подготовка

    Пилешки прсти
    Потребно е:
    1. 500гр пилешки гради
    2. 120гр брашно
    3. 120мл пиво
    4. 4 јајца
    5. сол
    6. зејтин за пржење

    Подготовка:

    Исечете го пилешкото на стапчиња со дебелина од 1см. Во подлабок сад изматете ги прво белките (како за торта), и потоа додадете ги жолчките кои претходно ги имате измешано со пивото и со брашното. Посолете по вкус.
    Смесата треба да биде густа како за палачинки.

    Во подлабок сад загрејте зејтин. Стапчињата валкајте ги прво во брашно, па во подготвената смеса и пржете ги додека не поруменат од двете страни.
    Откако ќе се испржат извадете ги на хартија да се впие вишокот зејтин.


    Преубави се!!!
     
    На elisabeta и LuisRoyo им се допаѓа ова.
  15. pufi-cufi

    pufi-cufi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.536
    Пилешко, и начини на подготовка

    Дали може некој да ми пише рецепт за пилешко во павлака? Фала однапред :)
     
  16. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    10.501
    Пилешко, и начини на подготовка

    Ете имам јас постирано рецепт за пилешко со павлака и кари...на првата страна погледни.
     
    На pufi-cufi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    1.544
    Пилешко, и начини на подготовка

    Имам и јас една многу убава рецепта со пилешки стек...
    Компири со пиле - Пица

    1. Кило и пол компири
    2. 700-800 грама пилешки стек
    3. 3 домати
    4. 300 грама кашкавал
    5. 100мл. вино
    6. 3с.л. масло
    7. 2с.л. вегета
    8. малку црн бибер
    9. 1 с.л. чубрица
    Компирите се лупат и се сецкаат на поголеми парчиња. Се додава измиеното пилешко филе, насецкано со истиот размер. Се става во тава за печење и се додава вегетата, црниот бибер, маслото и виното. Се додава топла вода, да покрие се и се меша убаво. Се пече во релна на 300С.
    Кога компирите и месото се готови, доматите се сечат на кругчиња и се ставаат врз се, за да покријат. Кога и тие ќе се запечат од горе се додава рендан кашкавал и се поросува со чубрица. Се пече додека кашкавалот поцрвенее.
    Добар апетит ! :pizza:
     
    На Unique.chick и Fearless им се допаѓа ова.
  18. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    86
    Пилешко, и начини на подготовка

    похован стек

    Се сече стекот на парчиња, тенки.
    Се матка јајце. Прво парчињата да се поминат во млеко малку. Потоа се прпела стекот во јајцето, па потоа во брашно и се пржат.
     
    На LuisRoyo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    5.270
    Пол:
    Женски
    Пилешко, и начини на подготовка

    Пробав, и навистина е превкусно :up: Браво за рецептот.

    Еве од мене еден рецепт, што го најдов специјално за темава, немам пробано, ама пробајте, направете го и пофалете се за вкусот.

    Јанија со Пржени Компири (Прилепски Начин)

    1 кокошка
    2-3 главици кромид
    2-3 пoгoлeми компири
    2-3 зелени пиперки
    масло
    брашно
    црн пипер во зрна
    црвен пипер
    сол

    Исечете ја кокошката на парчиња и измијте ја добро. Месото династвувајте го на масло. Кога ќе се вцрви извадете гo oд садот и во истотo масло испржете го добро и кромидoт, потоа вратете го месoто и заедно пропржете ти уште малку и додајте црвен пилер и малку брашнo. Вака пригoтвенoто месо залејте го со врела вода и оставете да се вари на тивoк огин. Додека јадењетo се вари испржете ти компирите, исечени на тркалца. Кога ќе се свари месотo додајте ги испржените компири и оставете да се вари уште десетина минути. Ако оваа јанија ја приготвувате во лето можете да додадете зелени пиперки вo кромидот. Служете ја јанијата со салата.
     
  20. Alanna

    Alanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.030
    Допаѓања:
    342
    Пилешко, и начини на подготовка

    Ммммм ми се допаѓа рецептов,ќе се потрудам деновиве да го приготвам :$
     

Сподели ја оваа страница