Пилешко на тоскански начин --- Потребно е: 4 црвени бабури, пошироки и големи 4 парчиња пилешки гради 100 гр свеж спанаќ, измиен и исечкан грубо 3 чешниња лук, грубо исечкани 300 гр моцарела, изрендана неколку лажици маслиново масло сол, бибер Подготовка: Бабурите измијте ги, исечете им го горниот де, извадете им ги семките, наредете ги во тавче за печење и на грил програм ставете ги најгоре на решетката да се исушат и загреат околу 10 до 15 минути. За тоа време подгответе го месото. Градите измијте ги, исушете ги и со дрвен чук за месо исчукајте ги, не многу тенко. посолете, побиберете и намачкајте ги малку со маслиново масло. Ставете малку ситно сечкан лук, спанаќ и рендано сирење. Треба да ви остане малку моцарела за при крај. Затворете ги пилешките гради во ролна и од горе намачкајте ги со маслиново масло. Полнетите ролни пилешко месо ставете ги во внатрешноста на бабурата. Бабурите наредете ги во тавче за печење право, не легнати на страна, за да не истече филот или месото. Пилешко на либиски начин Потребно е: 1 кг пилешко месо (по желба), исечкано на парчиња 3 главици кромид, ситно сечкан 300 гр моркови, сечкани на тркалца или долгнавести ленти 300 гр грашок 200 гр шпагети, искршени на помали парчиња пире од домати сол, бибер босилек Подготовка: На загреано масло во тенџере пржете го кромидот додека да омекне. Потоа, додадете ги парчињата пилешко месо, морковот и грашокот.Зачинете со сол, бибер и босилек и прелијте со вода. Месото треба да биде сосема прелиено со вода. Гответе додека да омекне месото. Дваесет минути при крај, ставете ги шпагетите и гответе додека да се сварат. На крај, додадете го пирето од домати и пак зачинете, по желба. Декорирајте со ситно сечкан магдонос и сервирајте. Печете ги во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 1 час. За тоа време, пилешкото ќе ги пушти своите сокови, така што за време на печењето ќе добиете фин сос. По 1 час извадете ги пиперките, ставете ја од горе преостанатата моцарела и вратете ги да се запечат уште 5-10 минути, додека да се стопи моцарелата.
Ова го испробав денес и излезе многу добро. За една порција: 1 парче пилешки стек сол, вегета, бибер, сенф лимон и лук околу 100-150 мл павлака за готвење -------------------------------------------------------- Пилешкиот стек се сече на потенки парченца или ленти. Се додаваат зачините по вкус и малку сенф. Се пржи на потивко (јас во зејтинот додавам и една лажица свинска маст, доколку имате), околу 5 минути - да не се испече премногу и да се исуши, туку да биде сочно и меко. Во моментот кога ќе почне да покажува знаци на руменост се додава павлаката. Се остава да врие неколку минути. При крајот се додава половина исцеден лимон и едно до две сецкани лукчиња. По желба наросувате сув или свеж магдонос на крајот. Ароматично, сочно и многу вкусно.
Ќе ви пишам некоја моја импоривзација за пилешко на таи начин е и многу лесно. Потребно- - 500 гр пилешки стек, - 400 мил кокосово млеко, - 2/3 лажици зелена кари паста, - кромидче, - и сега јас купувам од замрзната мешавина зеленчук ставам обично 450 гр внатре има ( мала пченка, пиперки, брокула, парчиња од бамбус и изумив што уште) али пишува на кесичките таи зеленчук. Прво го запржувам кромидчето и ја ставам пастата, потоа додавам косковото млеко, па пилешките исецкани парчиња, и зленчукот, обично пилешкото треба да биде покриено со доволно течност ако имам додавам кокосово мелко, ако не вода, додавам босилек, бибер, од око... и така накај 20/25 минути на 7 (мица) ми е обично шпоретот. Повеќето прават ориз со ова јас макарони или било која тестенина и е преубаво.
^^ Имам јадено нешто слично само ова пилешко беше и доста лутко зачинето. Ама просто се изненадив колку може да биде вкусно тоа мешание од слатко, луто, солено па и кисело по малку ... А кокосовото млеко ептен дава шмек. Го јадев со тајландски тестенини.
Рецептов го гледавме на тв со мајка ми, го правевме неколку пати, и малце го изменивме оргиналниот рецепт, ама преубаво ееее Пилешки стек со кашкавал Состојки: 700-800 грама пилешки стек, вегета, малку сенф (по желба) 200-300 грама свински врат, 200-300 грама кашкавал, 200 мл павлака. Во тавчето се става малку зејтин, се реди стекот по целата површина на тавата, се посипува вегета, и по желба се премачкува со сенф. Потоа се става ренданиот кашкавал, а врз кашкавалот се ставаат ленти свински врат. Се пече и пред да биде готово се вади, и се става една павлака претходно убаво разматена во чинија. Се допекува. Превкусно е, ви препорачувам да пробате. Добар апетит
Еве еден мој рецепт Си купив пилешки стек ама од оние помалите дека само за мене беше. Го сварив и го потоа го ставив во тавче. Ставив мааалку сосем малку зејтин и ги измачкав со сенф, бибер и вегета. Си издробив лукче малку и красавички 2. Потоа си ставив павлака и печурки и чекав додека не се стопи малце павлаката. Ги извадив и си ги сервирав со магдоносче. Се од око ставав, колку што мислам дека треба. Си кснав и преубаво ми беше
Сакам за вечера да направам копанчиња со ориз. Досега не сум го готвела ова, само од гледање ако погодам нешто добро ке биде. Ме интересира дали оризот прво треба да се запржи со исецкан кромид во тава па после да се стави во тепсијата за печење?
Кромидот испржи го настрана само, па стави го во тавчето со оризот, рендан морков додади, магдонос ако сакаш и зачини се ова ... додади вода, копанчињата и печи.
Пилешко со павлака Мерките се по желба и прилика пилешки стек 2 лаж презла 2 павлаки магдонос зачини масло Се зачинува месото и се реди во тава за печење, одозгора се посипува со масло за јадење. Во посебен сад се мешаат павлаките (ако имате повеќе месо, може да додадете плус павлака) со исецканиот магдонос и 2 лаж презла. Може да се додаде малку сол по желба (јас додавам пола лажичка кари). Со смесата од павлаката се прелива стекот во тавата, колку да се покрие цело тавче (да нема празни дупчиња ). Се пече 40тина минути во рерна, со фолија. Се вади фолијата, па се остава уште 10тина минути, да фати малце боичка. Месото е доста меко, а павлаката му доаѓа како мн вкусен сос, едноставно е за правење. И овој рецепт од кулинар, испробан е и беше неверојатно мн вкусен http://www.kulinar.mk/recepti/Tava-so-pileski-stek.html наместо сланина, ставив малце чадено свинско, сецкано (мн малку, колку за мирис), а наместо пилешки стек, користев месо од цела кокошка, варено, па сецкано. Кој проба, нема да зажали
мммм рецептот ми звучи феноменално но да прашам колку павлака треба и колку точно кари?а и сето тоа колку време треба да отстои потоа во релната?
Отприлика ќе ставиш, колку си сакаш. Зависи колкава количина стек ќе спремаш. Важно да покрие како сос и во рерна околу 20тина минути. Да се запече да добие кафено златкаста боја.
Јас истово го правам со неутрална хопла наместо со павлака, и добива поголема густина и поблаг вкус отколку со павлака. Стекот се сече на парченца и се пропржува додека зарумени. Се додава во истото тенџере хоплата и се става кари,кое му дава шмек и крем нијанса. Се остава уште малку на оган, и се става во сад да се пече, ама кратко колку да фати малку кора, само малку, бидејки финтата е да има сос, а не да е испарен и изгубен. Превкусно е, ефтино и многу брзо за спремање.
Пилешки копан со поткопан во фолија Копанот со поткопан се мие убаво и исцедува,потоа се вклучува рената на 200с.Во тавче за печење ставате сосем малку зејтин,ѓи посолувате копаните од двете страни и ѓи ставате во тавчето,им полевате (од малите филџани за кафе),пола вода.Зетате алуминиумска фолија за печење и убаво го затварате тавчето со фолијата го ставате во убаво загреаната рерна да се пече час и половина,потоа се става на 100с-15минути и се исклучува.Се служи со варен компир или сарбош салата.Ова е мое омилено јадење,а рецептот е од мојата покојна мајка,која беше генијалец во кујна.
Бела тава со стек Потребно е 1кг стек Печурки 2павлаки 500гр кашкавал Бешамел сос Значи стекот прво се вари малку,се сецка ептен ситно,па се пржи со зачини и на крај малку бело вино.Во тава се реди ред стек,па печурки,се премачкува со павлака,па бешамел сос и кашкавал. Истото се повторува во уште еден слој и се додава кашкавал најодозгора. Се пече околу 20-30 мин Прсти јадење
Pilesko so besamel sos Najprvo na malce malso se podprzuva edna glavica kromid,pa otkako ke dobie staklest izgled se dodava pileskoto seckano na kocki,rendan morkov,a po zelba moze da se dodade i rendan kompir.Seto toa se zaprzuva,i otkako ke dobie mesoto zlatkasta boja se naleva voda(kolku da se prekrie mesoto) ili pileska supa od kocka za onie koi sakaat pozacineti jadenja.Kaj ova jadenje,zacinite se izbiraat po vkus,jas stavam sol,biber,mesana sol,malku kari,a imam probano i so susen magdanos-i toa e vkusno. Se ostava vodata da ispari na tivka temperatura. Vo megjuvreme,vo poseben sad,stavate edna lazica puter da se rastopi,potoa se dodava edna lazica brasno,otkako ke se zaprzi,nalevate mleko i mesate brzo za da ne se stvorat grudvici.Za mlekoto nema tocna merka,nalevate onolku kolku sakate da vi e gust sosot.So gotoviot sos go prelivame podgotvenoto pilesko. Najdobro odi so pire od kompir i dobro izladeno belo vino.Prijaten apetit [mod-kirilicapayni9y][/mod-kirilicapayni9y]
Пилешко Жилиен Потребно е за тава за 2 лица: 300 гр пилешки стек, исчистен од мрсните делови, 200 гр шампињони од тегла 2 главици кромид, половина чешне лук ловоров лист, бибер, вегета, масло 200 гр томатело или доматно пире 1 чаша бело вино за прелив 200 гр солена хопла 200 гр. рендан кашкавал 1 јајце Стекот се чисти и се вари во солена вода околу 10/15 минути. Откако ќе го сварите исцедете го и исечкајте го по должина, во тенки ленти, да бидат како конци од парчињата месо. Исечканите делови оставете ги настрана. Во длабока тава, ставете го маслото да се згрее. Главиците кромид изрендајте ги на покрупно и пржете ги на тивко. Додајте го чешнето лук и печурките исечени на листови. Нека диста додека не испари водата. Додајте го месото, биберот, ловоровиот лист, вегетата и маслото. Продинстајте го уште барем 15 минути и додајте го томателото на крај. Кога веќе ќе крчка, ставете ја чашата бело вино и промешајте. Покријте со капак додека не се смири сосема јадењето. Во друг сад, изматете едно јајце. Додајте сол, изматената хопла и ренданиот кашкавал. Нека биде растресит, а не многу течен преливот. Во земјена тава, истурете го претходно подготвеното пилешко. Извадете ги ловоровите листови. Прекријте со преливот и ставете во претходно загреана рерна да се потпече уште 20тина минути на 200 степени. Се служи топло со форнети или француски багет. Со пилешко, добро оди суво бело вино. Бон апетит!
Пилешко во бел сос (Лесно,брзо и вкусно) Стекот се сече на ситни парчиња,се пржи во поголема тава.Се пржат и шампињоните. Кога ќе бидат готови,се додаваат две лажички сенф,малку кари и една или две мали павлаки-зависи колку стек ќе ставите,јас секогаш готвам без мера .Ако стекот е саламурен-не му ставајте сол,ако не е ,ставете сол и обавезно бибер-ептен дава шмек. Оставете 3-5 мин,на тивко да прокрчка,кога ќе го извадите нарендајте кашкавал и измешајте. Што да кажам-преубаво
јас го направив ова пред околу една недела и многу вкусно излезе не го прочитав никаде, туку еднаш тетка ми го спомна и така ми останало бледо сеќавање, и повеќе од трудот во рецептов е моја замисла Потребни состојки: - пилешки стек - 4 средна големина домати - печурки - црн бибер - и 2 пиперки Начин на подготовка - прво го обарувате пилешкиот стек, одкако ке се обари го сецкате на мали коцки, во меѓу време во друга тава ставате да се запржи кромид и пиперките, одкако ке се запржи во тоа го додавате стекот, на сето тоа му ставате мало филџанче за кафе вода, и го оставате да изврие водата, откако ке изврие водата, се ставаат печурките, а во меѓу време се рендаат доматите но лушпата им се вади, и сокот од домати се додава на смесата и сето тоа се остава да се соедини и да се крчка околу 30мин, 5 минути пред крајот се става мало лажиче шекер, сол и црн бибер по желба. Добар апетит
Следниов рецепт го правев вака- 700,800гр стек 300гр свински врат 300гр кашкавал 200мл павлака сенф вегета Во плех (претходно намачкан со зејтин)се реди стекот,се посипува вегета и се премачкува со сенф.Потоа се ренда врз него кашкавал и лентите свински врат(ако има некој желба може да додаде и печурки). Се става на печење,пред да биде готово,се вади му се додава изматената павлака се остава да се допече-и бон апетит
Соте со кикиритки Потребно: - 700 гр. стек - 500 гр. печурки - 2 големи главици кромид - 1 чешне лук - 300 гр. дробени кикирики - 400 гр. павлака - 200 гр мајонез - магдонос, вагета, бибер Стекот се сецка на колку што е можно поситни коцкички, ситно сецкани и печурките, лукот и кромидот рендани. Се пржат. Откако ке биде готово се додаваат кикиритките и зачините. Се лади па се додаваат и павлаката и мајонезот. Се меша. Се служи со варен компир