1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пилешко и начини на подготовка

Дискусија во 'Рецепти' започната од Fearless, 4 октомври 2010.

  1. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Пилешко со праз

    За двајца потребни ви се следните состојки

    500 грама пилешки стек,
    500 грама печурки шампињони,
    4-5 страка праз,
    павлака,
    жалфија, сол и црн бибер

    Најпрвин пилешкиот стек се сече на парчиња и се пржи во тава на масло, стекот се наросува со малку сол и црн бибер за да го поприма вкусот на биберот, потоа ги додаваме предходно исецканите шампињони на прачиња и тие да се пропражат, кога стекот ќе порумени и печурките доволно ќе се испржат ги тргаме од оган. Во друга тава го ставаме предходно исчистениот и наситно насецкан праз и го ставаме да се пржи на масло и додаваме 1 чаша вода за да празот се свари и омекне, некаде на половина пред да биде готов празот го додеваме предходно испржениот пилешки стек и шампињони, додаваме и 2 листа сушена или свежа жалфија и го оставме сето тоа да се вари додека водата не изврие и празот не биде готов, ако е потребно можете да додадете вода за да празот убаво се свари. На крајот пред да го тргнеме од оган додаваме 1 мала кисела павлака и додавем сол и црн бибер и го готвиме вака уште 5 инути и потоа го тргаме од оган. Пријанооооо јадење
     
    На gorda и Annath им се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Панирано пилешко франчез

    На TLC има една емисија на Бади Валастро (the cake boss :D) со готвење каде тој ги споделува семејните рецепти.
    Овој ми се бендиса и само што го подготвив и се накркав квалитетно. :P

    Пилешкиот стек се сече на половина и се чука со чукче. Се валка во брашно (во него се наросува сол и бибер), па потоа во јајца (матени со вилушка, се наросува вегета и се ренда кашкавал или пак се наросува пармезан).
    Се пржи во загреан маслинов зејтин околу 3-4 мин. од двете страни. Се става на хартија да се впие вишокот мрснотија.
    Класичен начин на подготовка на похован пилешки стек.

    Е сега во истото тавче се додава бело вино да се деглазира (копи-пејст од Бади :D ) тавчето, па се додаваат 2-3 сецкани чешниња лук, неколку тркалца лимон, 2-3 кутлачки (црпалки) пилешка коцка супа (јас ставив крем супа, таква ми се наоѓаше дома) и свеж магдонос по желба.
    Откако убаво се` ќе проврие, се враќа пилешкиот стек по неколку мин. од двете страни за да го впие сосот.

    Бади како гарнир користеше шпагети, па и јас.

    Во чинија прво се става шпагети, па стекот одозгора и се прелева од сосот.

    Бон апетит.

    п.с. заборавив да сликнам, многу бев гладна :lol:
     
    На Trendafilka, kravce, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Chicken Parmigiana

    Пoтребно ви е:
    Пилешки гради 6-8 (зависи за колку луге готвите)
    2 јајца
    1\4 чаша млеко
    2 чаши лебни трошки
    3\4 чаша масло
    сос од домати или сос за паста,само да е во поголема тегла или шише
    1\4 чаша рендан пармезан
    1 чаша рендано моцарела сирење
    малку исекан босилок(по желба)
    Cол и црн бибер


    Прво се матат јајцата и млекото, потоа во друга чинија истурете ги лебните трошки и насолете ги пилешките гради со црн бибер и сол.
    Загрејте тава на оган,подготвена за пржење.
    Bалкајте ги пилешките гради во смесата од јајца и млеко,потоа во лебните трошки и ставете ги да се пржат,не ги пржете до крај,само колку да се позлатат,околу 5-7 минути.
    Oд како ке се испржат,ставете ги на хартија(paper towel) да се исцедат.

    Земете една тава за печење и покријте го дното од тавата со доматниот сос,не премногу :!:
    Cамо дното да е покриено,потоа наредете ги пилешките гради одозгора и ставете сос над нив,повторно не премногу,не да пливаат,само малку над нив :)

    Cтавете им го пармезанот над нив,покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете 30 минути на 200 степени.
    По 30 минути иставете ја тавата,ставете над пилешките гради моцарела сирење и малку босилок,вратете ја тавата назад в рерна и печете додека моцарелата е стопена.

    *Oди одлично со шпагети,салата или чипс.

    *За да е меко и сочно пилешкото,пред да ги пржите пилешките гради,мавнете ги со чеканче :rofl:

    Mногу е лесно и вкусно :angel:

    [​IMG]
     
    На Mrs.Bass, Li0ness, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    ПИЛЕШКА ДАНСКА САЛАТА

    Потребни состојки:
    - 3 пилешки копани со докопан
    - 1 мала тегла печурки
    - 3 / 4 триаголници топено сирње
    - 200мл. бело вино
    - 3 / 4 кисели крставички
    - 5 / 6 лажици мајонез
    - 1 / 2 20 % мм павлака

    Копаните се мијат, се солат со вегета и бибер и меѓу нив се истура теглата со печурки. Одозгора над нив се сецка топеното сирење и се полева со белото вино.
    Тавчето се покрива со фолија и се пече во рерна на 150 степени околу 1 и пол час.
    Кога ќе се испечат копаните се чистат од кожата и коските, месото ситно се сецка и се меша со сосот.
    Во садот се додаваат и ситно исецкани кисели крставички, мајонез и павлака.
    Превкусно е, пробајте!
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Може некој ќе си го препознае рецептов ама многу ми се допадна, и ветувам ќе го направам наскоро, а кај го прочитав убибоже не ми текнува.

    Пилешко според потребите за сервирање, исклучиво копанчиња кратки, но јас мислам дека може и со парчиња стек исечени како лентички
    масло
    сенф
    мед
    балсамико оцет
    зачини според желбите

    Сварете ги копанчињата, ако можете претходно добро ќе биде, но најлесно е отпосле да се извади кожата. На копанчињата од цекин се вади кожата најлесно и тоа дури се смрзнати. Сварете ги во вода, само со сол. На масло испржете ги сварените копанчиња да заруменат малку. Во мало садче измешајте сенф, зачини и мед со малку балсамико колку да стане хомогена смеса. Во тавата во која ги пржите копанчињата пред крај додадете ја оваа смеса и убаво промешајте, смесата да се залепи на сите копанчиња од сите страни. За оваа работа е најубаво Вок тава или некоја така подлабочка и сите копанчиња да се пржат наеднаш и убаво да се измеша со сосот. Според мене најубаво е да се сервира со некои компири, но не пржени, пире или печени, варени во салата и се разбира салата, мене најмногу би ми идела марула овде ;)
    Рецептов ќе се проба штом заврши УН, задолжително :!:

    Го најдов изворот, нека не ми се налути феминката од погоре, сум го видоизменила малку, но рецептот е шернат накај колеги и пријатели и испробан во мојава варијанта и е превкусен ;)
     
  6. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    *
    Пилешки стек се сецка на коцки и се запржува. Се додаваат морковчина сецкани на коцки. Се зачинува со вегета, црн пипер, оригано, сув магдонос, сол по вкус. Се додава малку вода (2 чаши по 150мл) Кога ќе зоврие се додаваат компири сецкани на коцки. Врие на тивко додека да се свари. На крајот може да се додаде и малку бело вино.


    *Пилешко во сос од павлака и сенф
    потребно:
    4 парчиња пилешко месо
    3 чешниња лук(ситно сецкани)
    60мл. пилешка супа ( без фиде)
    сол и бибер по желба
    2 супени лажици сенф
    2 коцки путер
    2 супени лажици маслиново масло
    малку бренди

    подготовка
    Исечете го секое парче пилешко месо на средината за да добиете две парчиња,зачинете ги со сол и бибер по желба, а потоа испржете ги во тавче на претгодно загреана рингла во кое сте ги ставиле путерот и маслиновото масло. Тргнете ги на страна а во истото тавче ставете малку бренди и исецканиот лук и пропржете го. Додајте го сенфот и павлаката, мешајте додека не се згусне па додајте ја супата. Не прекинувајте со мешање, а потоа додајте го пилешкото 2мин да се пропржи уште еднаш со сосот.
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Пилешко со кари сос.

    Стекот исечете го на коцки и ставете го на загреано масло да се динста, додадете печурки. Кога ќе добие боја месото, додадете солена хопла, кари и оригано, и мешајте додека сосот се згусне убаво.
    Многу брзо и вкусно, јас обично го правам со печени компири во рерна :inlove:
     
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Истово го правам и јас, со плус главица кромид и без оригано. Некогаш додавам и сецкани суви пиперки, кога-како. Сосема на крајот додавам сецкан свеж магдонос.
    И јас го приготвувам во комбинација со печен обичен или пекарски компир.
    Лелееее, во 01:30 по полноќ успеа цревата да ми ги раскопаш! :x
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Пилешко кари

    пилешко бело месо
    бујон
    брашно
    зачини


    Пилешкото месо исецкајте го на ситни коцкички, запржете го на масло да се испржи подеднакво од сите страни. Кога ќе биде испржено додајте една лажица брашно да се испржи заедно со месото, при пржењето тоа ќе се залепи за месото. Додајте од бујонот (пола литар вода со една коцка пилешка супа) пополека и зачинете со сол, мешан зачин, кари и бибер, нека изврие бујонот и готово е. Може при пржењето на месото да се додадат свежи печурки исецкани, пред да се стави брашното. Јас користам мешан зачин на Виталиа, Био Зачин, бибер на Вегета, микс од повеќе видови бибер со лук, ѓумбир и морско оревче и стандард кари на Котањи. Мене ова ми е најбрз начин на подготовка на пилешко кари, да бидам искрена сестра ми го има промовирано кај нас во фамилија. Го служам со рижото со зеленчук и ми е преубава комбинацја. Се разбира и за овој рецепт ќе си причекам додека не завржи мојата диета :D
     
  10. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Пилешко во кари
    Пред се се пржи стекот на ситни тенки парчиња (големината си е по твоја желба)
    Во друго тавче запржуваш:кромид,морков,лукче.Кога се тоа ќе добие боја по желба ако сакаш се додава малку обарена брокула.Се динста уште некоја 1-2 мин.и се додава едно пакетче неутрална хопла и пржениот стек.Се финишира со додаање на зачини:сол,вегета,кари и бибер (останати зачини по желба)

    Препорачувам да се служи заедно со рижото од ориз.
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за рецептов :clap: :clap: ....поубаво пилешко во живот немам пробано....го правев викендов додека бев кај моите, се погоди мф мф мф....се најадовме слатко и квалитетно.
    :bow:
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Копанче варенко, па печено, па исцепкано на мали парчиња и запржено со малку мед. Милина.
     
  13. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    пилешки копанчинја варени па си дробам ситно им рендам свезо цвекло кисели краставицки и ги мешам со павлака ставам магдонос и бибер и вегета преубаво е а од цвеклото добива розева боја мн интересно
     
  14. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Пилешкиот стек се сецка на долги тенки ленти.Во подлабок сад се става 1мала лажичка густин растворена во вода,соја сос,вегета,црвен пипер,праз на ситно исецкан и зачинот ЧИНА (мислам дека може да се најде во поголемите маркети).Се меша се убаво и се пржи.Се служат со ориз,компири...
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.389
    Најчесто пилешкото го јадам со компирно или со турли тава.
    Следниве два рецепти најчесто ги користам(онака од око, нема посебно правило што и колку. Се водам според сопствен вкус)
    Пилешките гради ги варам а истовремено потпржувам во тава кромидче со сецкани компири, црни патлиџани, домати, паприка, тикве, морков...
    Отприлика 10 минути за пилешкото а неколку за зеленчукот е доволно.
    Потоа во една длабока тава го ставам пилешкото заедно со останатиот зелечук.
    Јас готвам за двајца, па ставам само пола до 3/4 филџанче вино оти не е тавата многу голема, и потоа дополнувам со вода.
    Озгора ставам зачини(вегета, бибер, цврен пипер, сол, петерсилие) и минц и магдонос.

    Може првен пола час со фолија, потоа ја вадам фолијата и го оставам убаво да се потпече.
    .....................................................................................................................................
    Може и пилешкото да го ставам во тава со сецкани компири(повторно со малце бело винце по желба тоа, и вода) и дотурам горенаведените зачини.
    Си се потпекува.
    При крај во еден сад мешам кисело млеко и јајце и со смесата полевам одозгора (истото може да се стори и со рендан кашкавал, но тоа е за нијанса посува опција). Го оставам уште 10 мунути додека смесата не добие убава црвенкаста боја, и потоа е спремно за сервирање.
     
    На imelda и Annath им се допаѓа ова.
  16. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    јас јадам само печено но многумина го бараат моето полнето пилешко иако јас не го јадам им го правам ,а го подготвувам на следниов начин.
    Едно парче стек убаво се расчукува и внатре се става кашкавал,печурки, павлака, сланина или шунка по избор, а се пече со 2- 3 чаши бело вино 2 чаши со вода од озгора ставам вегета и бибер и го ставам во загреана рерна на 200 степени и го оставам да се пече со фолија околу 30 мин а птоа ја тргам и го оставам уште 5-10 мин
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Даничап,синоќа за Стара нова го испробав твојот рецепт.Преубав :mm:
    Јас немав домати и пиперки,ставив само морков и кромид,стекот не го варев туку директ го запржив,додадов и печурки,и место прелив со кисело млеко ставив со павлака и јајца.
    Супер идеја :up:
     
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Сите верзии на пилешко ни се убави.
    Сега почесто правам и цело пиле на сол. Каков шмек има, не можам да опишам. Не е ништо специфично и комплицирано. Лесно и брзо.

    Пилето само се насолува, му се става бибер и вегета по вкус (на надворешната страна) и потоа се става во тенџере. Долниот дел се посолува со јадра сол и не се става ништо друго, ни вода, ни масло. На тенџерчето се става капак или фолија и се остава во рерна околу 3 часа на тивко да се печи (околу 150-180 степени). Повремено само со лажица се полева на горната страна. Тоа само од себе ќе си пушти мрснотија (од кожата) и ќе си се пече. На крај се вади капакот(фолијата) само колку да порумени.
    Да ви кажам и колку да има сол во таа течност, тоа ќе си прими само онолку колку што му е потребно и не е воопшто пресолено :) .

    ***

    Често правиме и тава со стек и кашкавал.
    Саламурениот стек (1кг) се сечи на коцкички и се става во огноотпорен сад. Во една тава на оган се пржи кромид, домат, пиперка, морков... или може да се замени со неколку лажици домашен ѓувеч и во него се става околу 300 гр. ситно сецкана чадена сланина. Се става пржениот зеленчук кај стекот, се додава 1 чаша бело вино, половина чаша вода и најважното околу 200гр. стопен посен кашкавал . Кашкавалот се ренда и со малку вода се топи на тивок оган. Тоа ќе се стопи и ќе стане како каша, густо. Се става во огноотпорниот сад, се зачинува со црн бибер, но не и со сол. Зашто скоро се е солено и нема потреба од сол, бидејќи може да ви биде пресолено. Се печи на околу 180 степени, околу 90 минути. На крај на горниот дел се реди тенки парчиња кашкавал, па се остава уште малку да се стопи.
    * Посен кашкавал се става, бидејќи другиот кашкавал кој е млечен и квалитетен, не се топи. Тој станува како поделен и како кончаст. А во случајот е потребен оној кој може да се топи и станува едноличен. Со овој кашкавал се постигнува убаво компактен сос на пилешкото.

    Овој рецепт го измисливме со мм. Си немавме еден ден работа, па си го посветивме во кујната.
    Од резултатот ќе бидете воодушевени, со гаранција :) .
     
    На danichap и Annath им се допаѓа ова.
  19. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    далматинска тава
    1 кило копани,3 главици кромид,3 јајца матени со 2 павлаки 300гр пеЧурки пола филЧан ориз,200гр каскавал,црн пипер,вегета и на врвот од лајЧето црвена пипер.
    копаните се варат со сол и му се вадат коските се сеЧат на помали парЧина,се запрсува кромидот со пеЧуркитеи се додава оризот вегета,црн пипер сол и црвена пипер се додава една Часа вода и се остава оризот да подвари потоа се стават копаните и се става во земјена тава и во фурна да испеЧи 20 минути потоа се вади од огнот и се ренда каскавалот и со вилуска се боцка да навлезе каскавалот и пак во фурна 15-20 минути на крајот се додава јајцата со павлаката и се пеЧи 20 минути

    бон апетит :)
     
  20. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Не знам како се вика специјалитетов ама е феноменален...мнооооогу вкусен
    Во тава се пржи кромид,се става пилешкото предходно исецкано на коцки,малку се запржува па се додава бело вино,сенф и печурки.Откако ке изврие течноста се става павлака и уште некои 5 мин се пржи...
    ммммммм баш тоа правев за ручек денеска...
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.