1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пилешко и начини на подготовка

Дискусија во 'Рецепти' започната од Fearless, 4 октомври 2010.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Некој рецеп за пилешко со златна мешавина ако знај нека сподели некој? :)
     
  2. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    7.730
    Јас денес за ручек правев пилешки стек со печурки и павлака, сите ми го бендисаа.

    -500гр.пилешки стек исечкан на коцки
    -2 главици кромид
    -1 чешне лук
    -2-3 моркови
    -200гр. печурки
    -200гр. павлака
    -зачини по желба (јас ставив оригано, рузмарин, вегета)
    -50мл.масло

    Стекот се пржи додека да зарумени, потоа се вади, а во истото масло се пржи морковот исечкан на кругови, потоа се додава исечканиот кромид и лук, па печурките и се заедно се пржи. Се додава назад стекот, па павлаката, се меша се заедно за убаво да се соединат состојките. Превкусно :)
     
    На Acka22, Madalina и leona83 им се допаѓа ова.
  3. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Обожавам пилешко месо, особено пржено.
    Најубави ми се пилешките апки.
    Мали парчиња пилешко месо, се ставаат во јајце, а потоа во презла и се пржат. Убавини, особено кога се топло, мх мх.
     
  4. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    5.081
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден ја видов рецептава на интернет и ми фати око па решив да пробам да ја направам и испадна ПРЕВКУСНО!

    ~ Роловано пилешко ~

    - 700 гр. (4 парчиња) пилешки стек
    - 1 тиквичка
    - 1 кромид
    - 100 гр. кашкавал
    - 150 гр. печеница или некое слично сувомеснато месо
    - магдонос
    - сол, бибер и вегета

    За ПОХУВАЊЕ ќе ви треба:
    - 2 јајца
    - 100 гр. лебни трошки

    Како сос - прелив уз тоа направив нешто лесно и едноставно.
    Околу 300-400мл павлака се става во чинија и се меша малку да омекне и и се додаваат зачини по желба - јас лично ставам од се по нешто, копар, оригано, кари, босилек, сушен магдонос, мааалку сол, чили, може и едно чешне лукче ама повеќе од тоа не за да не доминира само да даде шмек.

    Начин на подготовка:

    Стековите исчукајте ги убаво од двете страни и зачинете ги.
    За подготовка на филот прво изрендајте ја тиквичката и исцедете ја за да ја испушти водата, кромидот, магдоносот и сувомеснатото месо исечкајте ги ситно, а кашкавалот изрендајте го. Потоа пропржете ги во тава за да се спојат вкусовите, додавајќи го кашкавалот на крај за да ги соедини состојките.

    Секој стек наполнете го со филот, замотајте го и зацврстете го со помош на чепкалки. Потоа, извалкајте го во јајце, па во презлата и наредете ги во тавата за печење. Печете ги 20 минути на 200 степени, па 20 минути на 180 степени.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.424
    Некој испробан рецепт за пилешки прсти без сенф ?
     
    Последна измена: 4 ноември 2014
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    @velesanka
    Го сецкаш стекот на коцкички или како ти одговара. Го оставаш да отстои во фрижидер колку можеш повеќе со сол, млеко и малку масло.
    Т.е да биде потопен во млекото.
    Потоа си го пржиш во презла брашно и белки.

    Или пак го мачкам со мајонез и вегета и така го оставам да стои неколку часа , после го пржам.:)
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Луѓе за пилешкото во Кари не ставате ли Куркума? Јас сакам некој ден да направам, е сега каде може таа павлака/Хопла да се најде? Мене ми е многу убаво пилешкото во кари, посебно Карито ми е ЕПТЕН ПИКАНТНО ВКУСНО,на мајонезот од 7ца ме потсеќа :D не сум правела до сега само по ресторани што сум јадела и како цел стек, и сецкано зависи каде како го прават,и ми е МХ. ама ќе почнам да го готвам тоа сигурно
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Лудо павлака за готвење (незнам зашто сите упорно ја викаат Хопла кога тоа е име на бренд на павлака за готвење ама не е само таа) имаш во секој маркет. Јас највеќе ги користам овие ja има во Кам, Тинекс, Веро, Рамстор буквално во секој поголем маркет, чини околу 60 денари 500мл, имаш поголема и од 1л. Зависи колкава количина ќе правиш јас мислам за 1кг стек доста ќе ти биде од 500мл, зависи колку сакаш сос да има...
    [​IMG]
    [​IMG]
    Имам забележано ваква павлака за готвење и на Мегле и Полимарк, мислам дека има од повеќе брендови. Со цените така стојат тие од 500мл се од прилика 60-80 денари, а од 1л се над 100 денари. Имаш и од 30мл.

    Мене лично повеќе ми се допаѓа кога стекот е исецкан на парченца како за пилешки прсти па ќе ти пишам јас како го подготвувам.
    Го сецкам стекот, му ставам сол, вегета, бибер, кари, куркума, сончогледово масло за јадење и сенф, убаво го мешам за да се опфатат сите парченца убаво и го оставам стекот да се маринира 3-4 саати. После тоа на многу мала количина на масло ги пржам парчињата стек додека убаво не заруменат. Кога ќе видам дека се скоро готови ја додавам павлаката, додавам уште малку сенфи и тогаш додавам многу кари, две три лажички мали ама не многу полни така од прилика до пола. Сетоа тоа оставам убаво да се искрчка и да се згусне павлаката. Тоа е тоа, одкако ќе се згусне павлаката тргам од оган и спремно е за јадење. Превкусно е !
     
    На Konfetka, Marossa, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    купив стек во саламура,па ме интересира..дали може на путер да го испржам и само да ги ставам печурките со него и да ги испржам..без павлака и без кромид,само така со зачини и печурки,добро ли ќе биде?
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе биде вкусно.Пред да го испржиш можеш да го премачкаш со сенф и обавезно кари,многу помага на вкусот.И лукче можеш да додадеш.
     
    На thegirld му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Пилешко на Чимичангос (нешто мексиканско) :)
    400гр пилешки гради
    8 палачинки
    200гр варена пченка (може и од конзерва)
    200гр грав од конзерва
    200гр гауда
    200гр сирење
    1 главица кромид
    3 домати
    1 зелена пиперка
    200мл кисела павлака
    1 лажичка чили во прав
    масло за јадење
    Пилешките гради се сецкаат на мали лентички и се посолуваат. Кромидот се сецка и се пропржува, во тавата се додава и пилешкото. Потоа се вади од тавата во сад настрана, а во тавата се пропржуваат исецканата пиперка и половина од исецканите домати. Во нив се додаваат гравот и пченката. Кога ќе се запржат повторно во враќаме пилешкото со кромидот во тавата, се посолува и се додава чилито. Со смесата се полнат палачинките и се ставаат во тава за печење. Се рендаат сирењето и гаудата и се мешаат со павлаката, потоа таа смеса ја нанесуваме врз палачинките. Врз неа ја додаваме преостаната изрендана гауда и зачинуваме со малку чили. Се пече 20тина минути на 200 степени.
     
    На Annath и joy1 им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.335
    Допаѓања:
    316.793
    Пол:
    Женски
    Јас повеке сакам печено пилешко отколку пржено.
    На пример земам пилешки гради ги удирам со чук(за да не се дебели) им ставам зачини и сенф и го оставам така да преноки во млеко.
    (Омекнува на тој начин и сочно е)
    Наредниот ден го редам во тава за печење,ставам над месото компир на тенки кругови па сецкан морков и печурки.Налевам малце вино и печам.На крај додавам рендан кашкавал и кркаме :)
    Кој сака може и брокула да додаде
     
    На MilaP, Annath, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас печени пилешки гради подготвувам со Маги зачинот за пилешко во 4 вида сирење, многу е вкусно.
    Само ги редите пилешките гради во тава. На оган ставате пола литар вода и павлака за готвење, малку да се смлачи па се додава зачинот и се меша додека не се раствори убаво и смесата не почне да крчка. Потоа само ги преливате пилешките гради со сосот во тавата за печење и печете. Нема потреба за додавање екстра сол и зачини. Ептен е вкусно.
     
    На MilaP, rainbowec, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  14. QueenElizabeth

    QueenElizabeth Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Знам еден многу едноставен рецепт за пилешко што моментално го правам а мнг е вкусен и сочен...
    Состојки:
    *стек
    *павлака
    *млечен кашкавал
    *врат
    Го сечеш стекот на половина,го ставаш во плех,редиш врз него прво кашкавал,па врат и на крај павлака го покриваш со фолија и го ставаш да се пече на 200степени пред крај ја тргаш фолијата да се искрцка вратот и voila!
     
    На duffi и joy1 им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    И јас печено пилешко правам на многу сличен начин како @QueenElizabeth .
    Го чукам пилешкото да биде тенко ставам парче сланина, парче кашкавал, одозгора мачкам павлака подебел слој, и на крај додавам малку оригано.
     
    На QueenElizabeth му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    7.422
    Пилешко на кинески начин

    Рецептот е 400 гр пилешки стек
    1/2 црвена бабура
    1 до 2 главици кромид(во зависност од големината)
    1 морков со средна големина
    брокула околу 100 грама
    ѓумбир по жеба(јас ставам парче од еден напрсток)
    100 гр тиквичка
    400 гр кокосово млеко
    кинески ориз
    за зачини само сол

    Подготовка на сосот

    Најпрво во зејтин 1-2 Лажици се пропржува пилешкото(претходно исечено на коцки) и се покрива со капак да се динста.Во мегувреме се се сецка бабурата на тенки листови од 3-4 мм на должина, Кромидот се лупи и се сецка исто на полукругови со дебелина 3-4 мм, тиквичката и брокулата се сецка на покрупни парчиња.Морковот може да се издренда на рендето на покупната страна.
    Откако ке се зготви месото се вади од тавата и во истиот зејтин се пропржува ѓумбирот кој е претходно исечкан на ситни коцки на околу минута.Веднаш се додаваат зготвеното месо, бабурата, кромидот и морковот,кокосовото млеко се посолува по желба и се остава да се подвари зеленчукот околу 10 мин.На крај се додава брокулата и тиквичката да се подварат уште 2-3 минути и сосот е готов.

    Подготовка на оризот

    Се вари оризот во вода обично во сооднос 1:2, или подобро да се прочита упатство за подготовка на пакувањето.Се става на почетокот на готвењето парче кора од лимон за арома и сол.Се сервира ладен ориз со топол сос.

    На рецептот нема промашај дури и ако е се ептен точен на грамажа зеленчукот.Само а се внимава да не дојде многу зеленчук, а малку кокосово млеко за да не дојде посуво после јадењето кога ќе се сервира со оризот.
     
    Последна измена: 31 март 2015
  17. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    26.095
    Пол:
    Женски
    Начин на подготовка

    Се прже пилешки стек колку мислите дека е доволно и во зависност за колку лица е откако ке се испрже стекот се става во тепсија и се додават малку испржени печурки, изрендан кашкавал и павлака и се става воо рерна да се пече.
    Ммм многу вкусно :)
     
    На joy1 и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. peperutche21

    peperutche21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски

    истото го правам и јас само прженоо се, не во рерна
     
  19. missy1

    missy1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    6
    Разгледав неколку страни не го сретнав овој рецепт, извинете ако е претходно постиран :)
    Пилешки стек со крем супа ( со печурки, со пилешко) по желба.
    1 Крем супа
    Стек
    1 Хопла за готвење

    Стекот се реди во тавче. Се посипува со хоплата. Во меѓувреме се вари супата ( според упатството на пакувањето). Откако е супата готова се посипува врз стекот и хоплата, убаво се соединуваат хоплата со крем супата и се пече на 200-250 степени додека смесата добие потемна боја. (Отприлика 20тина минути) Се разбира може да си додадете зачини по желба меѓутоа и вака е ПРЕВКУСНО! Стекот е мек а крем супата дава многу убав вкус!
    (инаку јас ги користам крем супите на алева)
     
    На joy1 и mims-89 им се допаѓа ова.
  20. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    1кг. пилешки стек
    1 тегла шампињони
    2 павлаки
    2 лажици сенф
    1 чаша бело вино
    1 лажиче буковец
    сол,оригано
    Месото се сецка на ситни парчиња и се става да се пржи, се додаваат шампињоните, па сенф, сол, оригано,буковец, па се пропржува,потоа се додаваат павлаките, па се пропржува уште малку околу 2мин, и се става виното. Се остава да крчка на тивко додека се свари месото.
    Начин на подготовка
    1. 1.Загрејте го маслото во поголемо тавче за пржење и ставете го месото. Пржете со постојано мешање околу 5 минути или додека парчињата месо не фатат малку боја. Префрлете го месото во друг сад.
    2. 2.Во истото тавче ставете ги кромидот и сланината да се пржат. Кога кромидот ќе омекне, додадете ги печурките и пржете додека тие малку не омекнат.
    3. 3.Вратете го месото и затворете ја тавата со капак. Оставете да врие на ниска температура околу 15 минути или додека пилешкото не омекне.
    4. 4.На крајот додадете ја павлаката за готвење. Оставете да се загрее, но не да зоврие (околу 3 минути), а потоа тргнете го тавчето од оган, зачинете со зачини по желба, додадете го магдоносот и послужете.
    пилешки прсти
    Потреби состојки ....... Пилешко бело месо ( стек ) јајца, мелен двопек( презла) сусам ( по желба)

    се сецка стекот на ленти ( преферирам исчукано да е месото да се потенки и побрзо да се пржи ) се премачкува во садот со претходно изматените јајца ... па се ваљаат во презлата и сусамот и се ставаат во сад со претходно вжештено масло ...( преферирам маслиново .. ) се пржат додека не добијат „прстите“ златно црвенкаста боја и се вадат во сад по желба, ... по желба се посолуваат .. претпочитам лимун ... на се што е во презла ...
     
    На peperutche21 му/ѝ се допаѓа ова.