1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пирошки

Дискусија во 'Рецепти' започната од kate21, 14 февруари 2011.

  1. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Пирошки си се пирошки, а овие што ги пишувате со палачинка за тоа има име - Похована палачинка. ;)
     
    На LudaDevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас да ви кажам сега еден рецепт, не се баш пирошки, ама се пржат, како мекици нешто, ептен се вкусни :wasntme: A богами и лесни се за правење

    Cостојки

    300 гр сирење
    350гр брашно
    3дл млеко
    пола квасец
    лажица сол
    лажица шеќер
    50гр путер или маргарин

    Kвасецот промешајте го со лажица брашно, лажичка шеќер и сол, и вода :) се остава тоа да остои.

    Oдкако ќе отстои се додава ова во 350 гр брашно, се топи путерот и се додава, се додава и млекото и сирењето.

    Cе замесува и

    се остава малку да нарасне,се прават топчиња и се тапкаат со рака да бидат тенки, и после се пржат во врел зејтин :)
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    абе нели има едни со обланда се прават? Ги јадев некаде ама не ми текнува кај за да ја побарам рецептата, ама се прават ептен малечки една пирошка едно залче и ептен се вкусни, ај ако ја има некој рецептата нека ја пише
     
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Едно од моите најубави јадења, предјадења. Би можела да го рангирам во топ 5 јадења :lol: .

    Имам пробано скоро на сите начини да направам, но најубави ми биле оние со палачинка. Тие што се од тесто, некако многу ми личат на обично бело пециво, кое не ми дава некоја посебна карактеристика на пирошка. Ама овие другите ми се незаменливи. Крцкави надвор, а внатре сочни и убави. Задржан вкус и мирис, што за мене е некако важно, за мој вкус.
    Еве ви едно сличке да ве застрвам и да си направите, па да честите после :P :lol: .
     

    Прикачени фајлови:

    На mal.ecka, srcence1607, friendy и 13 други им се допаѓа ова.
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ммм обожавам пирошки.Само да не се со многу мрсни,така не можам да ги поднесам.И да се внатре полни сакам.Уште и кога има тартар сос мм милина.Сега таман иде славата наша па ќе правиме.
    Секогаш чекам кога ќе си отидат гостите да ѕирнам по масите да не има уште од пирошките и сите за мене си ги собирам. :lol: Прво за нив се фаќам... :D
     
  6. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Ги обожавам,често ги правам по оваа рецепта...многу се лесни за правење,и се баш пирошки не се како од обично тесто...баш денеска ги правев :)

    3 шољи вода,3 лажици зејтин и малку сол се става да зоврие,откако се ова ке зоврие се додава
    3 шољи брашно и пола пециво и се убаво се меша со дрвена лажица,треба да биде меко тестото.
    Откако ке се олади тестото зема од него мало топче се расукува се става внатре по желба(сирење,салама итн) потоа се ставаат пирошките во јајце па во презла и се пржат...
    Ако се мери со шоља за млако излегуваат околу 30 пирошки големи колку една педа.
    Преубави се и многу се вкусни :inlove:

    Еве и слика во прилог
    [​IMG]
     
    На pharmacy, Libera и Annath им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    1кг. брашно
    1 квасец
    500мл. млеко
    1 голем филџан зејтин
    3 лажички сол
    1 лажичка шеќер
    сирење (дробено)
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Јас кога си правам палачинки си правам и пирошки...
    Од истото тесто...
    Сецкам шунка кашкавал понекогаш и краставички
    однадвор со презла и јајца ги правам...
    и ги пржам...
    Еве слики до нет што ги најдов..за тоа како ги правам...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    И јас секогаш ги правам со палачинки, ама кај и да е ќе пробам со тестото со компири што е.
    Ги правам палачинките, најчесто ги премачкувам со тенок слој мајонез, ги полнам со фил (шунка, кашкавал, варен компир, печурки, кисели краставички, оригано, ќечап или мајонез), ги виткам, ги валкам во јајца и презла и ги пржам. Преубави ми се, крцкави и вкусни :mm: :mm: :)
     
  10. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Како се прави тестото? Сакам да ја изненадам мајка ми со лично зготвен ручек, а. само пирошките сите ги сакаме. Ако може сѐ по ред, бидејќи се случува ако не е пишано до детал, јаас да го заборавам тој детал :lol:
     
  11. srekaa

    srekaa Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    ke napravis palacinki (so 2 jajca brasno,voda ,mnogu malku sol gi matis so mikser -potoa vo tavicka za palacinki ) koga ke se napravat palacinkite ke se izrenda kaskavalot salamata i kiselite krastavicki i ke pocnes da gi motas.jas imam 14 gi pravam odlicno D:D so srekaa =prevkusno,ako treba nesto slobodno prasaj
     
    На tigarche1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    59.334
    Благодарност до Kate21 за рецептот. Пирошките излегоа многу вкусни!
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath и kate21 им се допаѓа ова.
  13. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Јас најпрво правам палачинки а потоа ги полнам со прилог по желба. Најмногу ги сакам полнети со пржен спанаќ и јајца ме потсетуваат на суканото што ми го правеше бабами вкусот им е сличен
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ова е најубавиот рецепт за пирошки кој постои. :clap:

    Клучно е во тестото да има компири, и да се макаат само во белки. :)

    Порано ги јадев, кога јадев јајца, повкусни пирошки од овој рецепт немам пробано никаде !!! :)
     
    На Mrs.Bass, eliesaab и kate21 им се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Италијански пирошки

    Потребни сосотојки
    • ½ коцка квасец
    • 1 децилитар млако млеко
    • Лажица шеќер
    • ½ децилитри масло
    • 1 килограм наменско брашно
    • 1 јајце
    • 30 грама сол
    • 3 децилитри кисела вода
    Фил
    • 200 грама шунка 200 g
    • 400 грама кисела павлака
    • 400 грама кашкавал
    • 200 грама бело старо сирење
    • 200 грама кечап
    • Сенф
    • Оригано или босилек
    Подготовка:
    Стопете го квасецот во млекото и додадете лажица шеќер. На работната површина ставете брашно и сол, и направете вдлабнатинаво брашното и внатре додадете млеко со квасец, малку измешајте, па искршете го јајцето, додадете масло и кисела вода. Замесете глатко тесто, ни меко ни тврдо, отприлика како за леб. Измесеното тесто ставете го во поголема пластична кеса која е подмачкана со масло од внатрешна страна и оставете го на собна температура додека не постигне трипати поголем волумен.
    Тогаш тестото поделете го на осум делови, измесете го уште еднаш секој дел и развлечете ги во димензија 15×25 сантиметри во облик на круг. Во средината ставете два листа шунка, на шунката додадете павлака, потоа додадете рендан кашкавал и бело сирење, додадете кечап, сенф, рен и зачини по желба. Преклопете го тестото по долгата страна, потоа спој те ги краевите и преклопете го тестото и од друга страна. Со лесно стегање спој те го тестото, затворете ја пирошката, па преку пирошката изрендајте кашкавал и ставете малку кечап.
    Печете на 200 степени околу 15 минути.
     
    На Annath и joy1 им се допаѓа ова.
  16. Super-Mama

    Super-Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    13
    Рецепт за пирошки со готови кори?
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Пирошки од бриош лепче.
    Секоја коцка од лепчето Бриош убаво со сукало ќе ја расукате, на почетокот од лепчето од каде што ќе почнете да виткате, ставата малку кашкавал или здренка и малку салама (не на целото лепче зошто во спротивно ќе ви се отворат). Во една чинија матите 1 јајце со малку млекце, а во друга чинија презла.
    Ја виткате кришката, мацкате во јајцето со млеко па во презла и кратко ги пропржувате во загреан зејтин. Ги спуштате прво на страната каде што завршува кришката за да фати кора прво тука да не се отворат. Немте поим како се вкусни, и брзо се прават.
     
    На boo3, joy1, Val-Dim и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. parisian chic

    parisian chic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Пирошките што се прават од палачинки со фил со урда, се става и јајца внатре или само урда? :)
     
  19. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.404
    Пол:
    Женски
    Урдата комбинирана со јајце е поубава, може да ставеш за побогат вкус.
     
  20. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.355
    Пол:
    Машки
    Обожавам:inlove:
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.