Плетење

Дискусија во 'Слободно време' започната од creshicka, 11 октомври 2011.

  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.071
    Допаѓања:
    5.122
    Пол:
    Женски
    Тука може да се дискутира околу плетењето, дали сте плетеле или плетете, околу тоа каде може да се најде вуница, игли, конци и сл. :)
    Колку пари е од прилика вуницата за плетење? И колку е потребно за да се сплете шал? И каде можам да најдам игли за плетење и за нив цена ако може да ми кажете. :)
     
  2. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    108
    Ни знам да плетам,ни плетам,ни заплетувам,ни ми треба време за плетење... ни знам кај има конци,ни вуници,ни игли(знам дека баба ми има ;) може од неа да потражете)
    :bow: ви кажувам да не ми тражете :D фала многу пријатно :D
     
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.432
    Јас знам неколку плетки, една зима мерак ми беше да плетам (на кој памет не знам), па ја терав баба ми да ме учи. Сега само таа основната плетка (најлесната де) ја знам, а другите ги заборавив. Игли не знам каде се продаваат, а вуница претставувам по тие текстилните продавници.
    За шал - зависи колкав сакаш. Околу 2/3 клоба вуница мислам дека секако ќе ти требаат. Околу 60-70 денари е едно клобо. :)
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.723
    Допаѓања:
    3.539
    Целиот прибор може да се најде онаму каде што се продаваат конци, копчиња, патенти, игли - оние мали дуќанчиња со све и свашта.
    Порано кога се учеше Домаќинство мислам во четврто или петто одд. мораше секој да знае :D . И јас тогаш знаев, ама од чиста радозналост гледајќи ги бабите како плетат, а јас експириментирав на куклите. Денес треба да имаш многуууу слободно време т.е ништо да не работиш :) па да седиш да плетеш.
    А од друга страна преплавени сме со евтини плетени работи од Кина и од кај уште не, кои се плетени машински.
     
  5. black-angel

    black-angel Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Јас знам да плетам од мала мајками ме научи , кога бев помала повеќе плетев имав слободно време сега некое време ич не можам дома да се завртам
     
  6. Mayyya

    Mayyya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    1.714
    Јас си имам сплетено шалчиња, грејачи, капи, и фустанот што го почнав минатата есен е завршен. :D
    Инаку волница има во Тетекс на Рекорд, има и една продавничка на Бит-пазар спроти полициската станица, а има и продавничка на улицата во пазарот што води до полициската станица.
    Волницата е од 30 ден. нагоре клопче, а за шал се потребни 2-3 клопчиња. Во продавничките на Бит-пазар има и игли, тие се околу 50 ден.
     
  7. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    76
    Знам да плетам :rofl: :rofl: :rofl: баба ми ме научи :) а конци, игли и други алатки за плетенје побарајте во фиоката на баба ми :rofl: и не само тоа.. ке најдете и куп работи од праисторијата :rofl:
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.816
    Занм да плетам...Ме научи баба ми, а волјата за плетење ми ја зголеми дедо ми... Тој исто така ме научи на најтешката плетка, која од никој друг не можев да ја сватам... :rofl:
    Си имам сплетено многу, но за тоа треба време...
    Во последно и порачувам на баба ми да ми сплете, она има повеќе време :D
     
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.527
    Мене баба ми ме научи една зима и знам само основнато плетење...Сега сакам да пробам да сплетам нешто но некако ми е страв да не згрешам или па да не излезе лошо :?:
     
  10. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    479
    Научив за време на еден зимски распуст во основно. Имав сипаници и цел распуст го поминав кај баба ми, па од досада ја натерав да ме научи и така го сплетив првото шалче. Плетев полека, но сигурно :rofl:
    После тоа баталив, се до средно. Најдов еден стар шал од мајка ми, бојата не ми се допаѓаше, па си сплетив ист таков во бордо боја, а баба ми сплете и капче.
    По извесно време следуваше и џемперче со плетенки ама мајка ми ми помогна да го составам и таа ми ги започнуваше, за да не утнам во ширина :D
    Лани почнав да плетам шал, нешто како наметка. Си купив волница од Тетекс на Рекорд, а игли си земав од домашната колекција. Остана недовршен и среќа што ја видов темава па да земам да си го довршам, иде зима.
     
  11. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    164
    еве јас пред некој ден купив за 200 денари блуза за мажот ми ! Инаку знам да плетам ама сега немам време ! :( ако почнам оваа есен еден елек или блуза и за следната есен сигурно ке е готово ха,ха, :$ еве баш денес го побарав еден џемпер или блуза незнам што ке биде за мажот ми лани го почнав и сега гледам веке бев заборавила што е како е предницата фала богу сум ја сплетила па сум имала само зафатено од задот и си викам ке плетам и еве ми ја керка ми скратими пантоли испеглај ми униформа бла,бла, и ништо од плетењето ! :rofl: ај ако успеам да го сплетам за Нива година ке ве известам ! НЕМАМ НИ ВРЕМЕ ! ЗА ЖАЛ !
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    13.922
    Допаѓања:
    11.007
    Ме учеше еднаш баба ми и основната плетка ја научив, ама искрено со машината за шиење подобар заеднички јазик најдовме.
    Инаку за „артилерија“ :D во Охрид има во една продавничка во турската чаршија, кога одиш од Чинар накај Десарет од десна страна. Има во продавничката вуница, секакви некакви конци, монисти...
     
  13. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    164
    да во право си имат ама вуниците не и се баш најдобри ! повеке имат некој конци за везење а вуници за жал не може да се најдат веке квалитетни ! Ако знајт некој кај можит да се најдит вуници од Тетекс тие беја најдобри !
     
  14. Avril.09

    Avril.09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    878
    Знам да плетам и тоа како. :)
    Навистина, мама и баба ме научија 3 вида на плетење. :)
    За сега немам нешто посебно со кое можам да се пофалам, некое шалче ако се најде.
    Уште не сум го достигнала тоа pro-level на плетење. :lol:
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.972
    Допаѓања:
    2.072
    Знаете ли некоја жена што плете по нарачка, а сепак цените се нормални?Сакам неколку шалчиња и пончо.
     
  16. Goldy121212

    Goldy121212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Уште од мала знам да плетам, гледајќи ја мајка ми кога ми правеше облека за барбиките . Меѓутоа подобро го усовршив плетењево преку интернет. До сега имам сплетено доста шалчиња болера џемпери додека немам обрски од факултет, инаку слободното време ми поминува во пронаоѓање на интересна шарка за плетење или хеклање!!

    еве некои од плетките
    https://www.facebook.com/pages/Goldy-style/160547920706833?sk=wall
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Smile.Girl

    Smile.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    20
    хаха секако дека знам :D баба ми уште кога бев мала беше упорна во намерата да ме научи да плетам :!: и успеа :!: :clap:
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    14.794
    Допаѓања:
    12.559
    Пол:
    Женски
    незнам да плетам :( а навистина би сакала да научам, ехех темава ми даде поттик да ја натерам баба да ме научи :)
     
  19. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Ние лани на училиште имавме предмет „Вештини на живеење“ таму плетевме,правевме торти,кутии за накит и накрајот правевме машка носија. Јас тогаш научив да плетам, сега имам подзаборавено но ако ја видам баба ми како плети можам да се сетам, јас научив 4-5 плетки. :) :) :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    188
    Знам, знам да плетам :D
    Баба ми ме научи и сега горда е на тоа :rofl: :rofl:
     

Сподели ја оваа страница