Плетени работи Ќе се обидам да ти објаснам, едноставно е. Пример плетенката ти е од 10 котелци. Првите 5 ги ставаш настрана на друга игла и ги плетеш вторите пет. Тие што ги имаш тргнато настрана ги враќаш на иглата и продолжуваш нив да ги плетеш. Потоа си плетеш нормално. После неколку реда го повторуваш истото. Еве ти и видео: http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 0pUDOsx4Yo
Само крива платка, што би рекла баба ми . А за право да не зборуваме и онака сум цела крива, си знам . Исто како плетката на creshicka .
Од седмо - осмо одделение, се' до сега, секој можен зимски распуст се учам, т.е. почнувам со лекциите за плетење. Ми успеа лани да сплетам шалче, налик на ова од видеото доле и му се радував ко мало дете на огромно чоколадо и паффф - толку од плетачкиот дух во мене. Немам желба, а ниту живци, а мајке ми, годинава баба ми ми води инает дека нема да ми биде ментор, па сама да почнам јово на ново, некако ту мач ми изгледа. Еве видео за Лилит, се надевам ќе ти послужи. http://www.youtube.com/watch?v=k6DYdV5YA64
Незнам да плетам, а многу сакам да научам. Порано кога ќе отидев кај баба ми, ме учеше на некои основни работи, ама сега се тоа имам заборавено. Една пријателка на мајка ми постојано плете. Де ќебиња, де капи, шалови, баретки... Што не Дома мислам дека има вуница за извоз Најчесто ''опремата'' ја купува од зелен пазар, на местата каде што се продаваат конци, патенти, игли... итн итн..
Девојки ми треба некој книга во врска со плетењето По можност да биде на македонски и да биде online...
Имам сплетени безброј шалови,по некоја капа..Ама тоа кога бев 1-2 средно..А сеа слабо.Всушност незнам ни каде ми се тие сплетените,ако најдам нешто одма ќе прикачам слика да ги видите. *П.с. црешичка можеш да си го ставиш истово мислење и во темата "Направи сам(облека,накит)" .Сигурна сум дека феминките ќе ти прокоментираат позитивно.
Иако имам само 14 години, се заинтересирав за плетењето и научив да плетам. Идеата ми дојде кога во школо по предметот вештини на живеење требаше да сплетеме нешто. И така, ја замолив баба и ми објасни. Почнав едно шалче ама не го довршив. Ако.. ќе си сплетам јас некогаш нешто, битно е што знам како.
Конечно научив да плетам благодарение на часот по вештини.Инаку дома на српски имам две книги една за плетење друата за везење и имаш различни плетки модели патеријали и сл. И многу е интересно и сакам да си сплетам широк дог шал па се надевам ќе успеам
знам да плетам, и тоа обожавам ,оваа зима си сплетив 3 шалчиња,и еден за мојата сиси се од ју тјуб си научив,до тогаш не знаев ништо од плетење, си се научив и ми оди супер,сега ке земам ке сплетам нешто покомплицирано на пример некое џамаданче бај да веј зараза е
Никогаш не се научив да плетам. Имав порано ко помала еден неуспешен обид за да научам. Не знам да плетам, а ми делува интересно кога имаш вишок слободно време и си плетиш нешто што после ќе го носиш со мерак(секако ако го сплетиш правилно).
знам да везам и да плетам ама со две игли, сега се учам со една ама многу тешко ми оди, коцките никако да ги погодам исти да се , здравје можеби некогаш ке научам, а вуница и конци по куманово се помалку и помалку има да се најде, сите купуваат готово никој веке не плете
Врска немам од плетење и не верувам дека некогаш ќе научам, се додека не ги терам мајка ми или баба ми да ми сплетат нешто
Господ здравје да и даде на баба ми, таа ме научи да плетам уште во 4 одд. Ама си останав почетник, па само една плетка знам
Врска немам од плетење и не верувам дека некогаш ќе научам, па затоа чекам од баба ми да ми сплете нешто
ivinakit дојди во Скопје, ке ти казма каде има за купуванје вуница....инаку јас не си хеклам заради поевтино, туку заради мерак...бидејки се случило и да нарачам вуница од интернет која ме кошташе вкупно 2000 денари и си направив јакничка....за тие пари ке си купев сигурно две ама никоја не ми е ко оваа