Покачен хормон пролактин и можност за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од sanaqualia, 4 февруари 2011.

  1. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    25
    Значи хормонот пролактин се лачи нормално после породување и стимулира лачење на млеко од млечните жлезди. Во тој период е нормално да е покачен.
    Но се случува и кај жени кои не се ни бремени, ни скоро породени да е покачен, а причината може да е аденокарцином (мал тумор на хипофизата), пореметување на др. хормони (допамин, серотонин,тироидни хормони), стрес итн.
    Пролактинот не само што врши стимулација за секреција на млеко, исто така има ефект и на овулацијата и менструалниот циклус во целост. Затоа е скоро невозможно (90%) да се остане бремена за време на доење.
    Пролактинот инхибира 2 хормони неопходни за овулација - ФСХ (фоликулостимул. хормон) и ГнРХ (гонадотропин ослободувачки хормон). Двата се одговорни за равиток и созревање на јајце клетка, која се ослободува таква за време на овулација. КОга има покачено ниво на ПРЛ овулацијате не може да се потикне овулација и како последица на тоа не е возможно оплодување и забременување.

    Ме интересира дали има некоја девојка на форумов што имала искуство со ваков вид проблем, дали се консултирала со гинеколог/ендокринолог за проблемот и што обично препорачуваат во ваков случај?
     
    На sabatini му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AIT

    AIT Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.578
    јас забременив во период кога имав полицистични јајници и тотален дисбаланс на хормони(медицински случај :D )и висок пролактин, како последица на тригодишна редовна орална контрацепција.Во тек на цела бременост пролактинот ми беше висок,но не примав никаква терапија(мојот гинеколог беше со став дека тоа ќе биде нормална бременост и дека нема да бидам ни прва ни последна која со ваков проблем ќе роди нормален здрав плод), а бременоста ми помина без никакви проблеми единствено што кога на месец кога на три недели мораше да ми земаат крв за да ја проверуваат вредноста на пролактинот. Се породив со царски ,но од сосема друга причина (тесна карлица) и нормално го доев моето дете.Единствено кога потполно го одбив од доење морав да пијам некои апчиња(мислам бромергон?) бидејќи не ми запираше млекото и тоа траеше еден месец. Од тогаш немам никакви проблеми . :)
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    25
    Кажи ми, освен што ти беше покачен пролактинот пред да забремениш, имаше ли лачење од градите?
    Мене значи нон стоп ме се лачи течност од левата града, нешто ко бледо-жолтеникаво прозирно. Да не беше тој симптом немаше да знам дека имам проблем со хормонов. Имам направено и ехо на града и видоа дека имам проширени каналчиња на левата града.
    Ај само се надевам дека не е нешто страшно, штом може да са забремени и да се истера нормална бременост со ваква дијагноза.
     
  4. betushka12

    betushka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Zdravo devojku,jas samo sto se vkluciv na forumot :))) I jas imam problem so neredovna menstruacija, i eve veke mi kasni skoro 2 meseca.Imav problemi so pokacen prolaktin pa piev bromergon nekade okolu 7 meseci.Vo pocetokot koga go piev mi doagase redovno, no podocna pak pocna da kasni po nekoj mesec....Prolaktinot i ne mi e mnogu pokacen normalna vrednost bese 35 mene mi bese 50...koga go proveruvav povremeno mi bese normalen, ama eve sega pak nemam ciklus!Probav i so eden caj, go piev eden mesec i dobiv dva redovni ciklusa, prestanav da go pijam i pak ne doaga redovno.....ne znam veke kaj e problemot i sto da pravam,....pozzz za site
     
  5. Draguna

    Draguna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    ЗДРАВО МИЛИ јас имам тецност бела во градите,никогас не сум рагала неззнам во што е проблемот,сега имам 34 год кога бев помала ми дознеше со месеци,докторите ми велеа да јадам повеке овошје инт,а во градите течноста случајно видов додека се туширав на 20 год отогас нон стоп имам била сум на доктори ке им кажам а они немаш девојко,е сега одев во сестина кај др з палчевски ми зеде папа тест и ми рече за градите ке ги изпита само не ми кажа кога а резултатот од папа тестот ми е,,,бенингни клеточни промени,,,кокоидни бактерии,,инфламација типична обнова,па ако сака некој да ми објасни или е сличен како мене,,,поздрав
     
  6. Draguna

    Draguna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    а да ми даде др бетадине вегиналети 7 дена....позрав
     
  7. AIT

    AIT Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.578
    Од она што знам за пролактинот (од сопствено искуство) неговото ниво се испитува исклучиво преку крв и тоа со соодветен хормонски тест.Јас многу верувам во Палчевски како доктор и специјалист и предпоставувам дека чека да ти помине циклусот за да ти ги провери градите.Инаку од лично искуство можам да ти кажам дека високиот пролактин не е пречка за забременување ,бидејки јас останав бремена со многу високо ниво на пролактин.
     
  8. AIT

    AIT Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.578
    И јас го открив така пролактинот со таа бела течност која повремено ќе си капнела и ќе се згрудчела,па во прво време помислив дека ми се лупи кожата ,но кога продолжи си појдов на гинеколог кој веднаш ми даде хормонален тест.Јас тогаш не пиев ништо зошто многу брзо забременив :)
     
  9. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    71
    пролактин

    ве молам за совет.правев хормонално испитуванје и установено е дека пролактинот ми е 39 а граница на нормалата е до 29,пијам бромергон 2 по 1,сега крајот на месецот треба да правам контрола дали е доведен до нормала,со сопругот се обидуваме да имаме бебенце околу 6 месеци,испадна дека пролактинот ми правел проблем и со овулацијата дали некој има вакво искуство
     
  10. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    337
    Јас имав проблем со Пролактинот ,ми открија аденом на хипофиза кој за срека е во нормала го открив случајно на мои 23 год земав бромергон терапија скоро 2 год бидејки си дојде во граници а и аденомот не е активен веке терапијата ја престанав ,пред да останам бремена сега сум веке 5 месец си направив проверка и се беше ок .
    Зголемен пролактин треба да се третира и да биде под долна граница доколку сакаш да останеш бремена но со лекарства брзо се симнува така да само биди упорна и се ке дојде на свое место .
    Поздрав
     
  11. en4aa

    en4aa Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    8 месеци имав нередовна менструација ми каснесе дури и 3 месеци :worried: бев на гиниколог ми даде да прегледам хормони и пролактинот е мн висок сега пијам бромергон и утре треба да одам да ја снимам глата а мн се плашам од снимките имам големи главоболки :worried: се надевам дека нема да има ништо па ај кажете дали и вие имавте главоболи и проблеми со видот
     
  12. Monika85

    Monika85 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Здраво девојки, прилично сум нова на форумов, но ја видов темата и морав да се посоветувам и споделам со вас. Имам покачен пролактин 998 (граница 495), редовен ми е циклусот, немам лачење на секрет од градите, ниту имам вртоглавици и главоболка, докторката ми препиша Достинекс, дали некоја од вас ја прима оваа терапија и да сподели искуство?
    Благодарам!
     
  13. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    337
    Од мое искуство можам да кажам дека главоболките,променливо расположение зголемена телесна тежина беше поради Бромергонот но не се откажав од него напротив земав редовна терапија и се си дојде на свое место па сега чекам и бебенце.
    На сите кои имаат ваков проблем да си направат и магнетна резонанца снимање и да се утврди дали има или не аденом на хипофизата кој е предизвикан од пролактинот ,ништо не е страшно се се лекува со терапија без паника само упорност .
     
  14. mihaela-m1

    mihaela-m1 Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    И јас имам проблеми со покаќен пролактин, случајно го открив тоа. Бев на гинеколошки преглед поради касење на циклусот, а инаку ми бил редовен. Ме прати да го испитам хормот и излезе дека ми е покачен. Од нормалната горна граница 35, мене ми е 82.
    Други никакви проблеми немам. Ова беше прво каснење на циклусот, досега немам заприметено да имам излачување на секрет од градите, ни голема промена во килажата, ни големи главоболки нисто друго, единствено градите ги чуствував поголеми, мислам отечени, имав промена во брадавиците и беа потвди
    Докторката не сака да ми даде терапија за да се снижи новото на хормод дури не се направи снимка.
    Прашањето ми дали и каков проблем можи да се појави додека се направат снимките?
    Дали има место за паника да се оди приватно да се снима ( што е многу скапо) или да се чека за Ск на државна ( иако незнам колку месеци ке биде чекањето, имав проблеми со картончината затоа немам закажано)
    И дали некој од вас можеби може да ми каже како можам јас да знам од кога ми бил покачен мене хормонот? И дали доколку не ги чуствувам градите толку отечени можно е да се намалил хормонот без тепапија?
    Ви благпдарам
     
  15. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    337
    Ти советувам најпрво да закажеш па да се види дали има аденом или е само привремено покашен пролактинот,бидејки ти е прво каснење нема причина за паника следниот циклус ке покаже дали има остапување од терминот за менструација кој е показател за повторно покашен пролактин ,градите се отчени поради излачување на млеко тоа му е функцијата на пролактинот не се паничи најдобро е првин да се испита а после да се лекува слушај си ја др и ке биде се во ред.
    Хормонот дали е во нормални граници можеш најдобро да го испиташ преку хормонски статус се друго може да биде претпоставка затоа додека чекаш за снимка можеш секој месец да го проверуваш само пролактинот и да следиш дали се намалил или не.
    Поздрав
     
  16. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    703
    Dragi feminki, dobivam sekoj mesec redovno na 28den i se e vo red so mojot ciklus! se obiduvame da zabremenam no veke sest meseci bez rezultat! dali toa sto imam dobar i redoven ciklus znaci deka se e vo red so hormonite ili ne mora da znaci? dali mi preporacuvate da proveram hormoni? pozdrav i odnapred blagodaram
     
  17. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    71
    lori proveri si hormoni i jas imav redoven ciklus a koga proveriv hormoni imav pokacen prolaktin koj so terapija za eden mesec go dovedov vo normala sega mi e vo red,pozz
     
  18. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    703
    Blagodaram, ako ovoj pat ne uspee idam povtorno na se sto treba da se proveri!!! :inlove:
     
  19. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    29
    Мене ми беше дури 2600, за еден месец со две апчиња достинекс ми падна на 480, ама го прекинав бидејки не знаев дека треба подолго да го пијам па следното проверување беше 1800, пак почнав да пијам, испив уште две апчиња и сега ми е под нормалните граници, 59 а границите се од 102-495 ... а никогаш не сум имала проблем со менструација, освен еднаш во животот што ми каснеше пред 5-6 месеци кога и го открив високиот пролактин, исто така никогаш не сум имала секрет од градите, ниту главоболки. Ја снимав главата на магнетна резонанца и немаше ништо. Сега се слушнав со мојот доктор и ми кажа да ја намалам дозата и по еден месец да ги прекинам, па ке видиме што ќе биде. Кај мене нема несакани ефекти, а несакан ефект е ми се чини само ненадејно заспивање :lol: се надевам дека и кај тебе ќе делува брзо и ефикасно како кај мене. Поздрав!
     
  20. vesnik

    vesnik Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите,нова сум на форумов,имам покачен пролактин,според референтните вредности на лабораторијата крајна граница беше 29,а мене ми е 46.Претходно ми беше 33 и гинекологот ми даде терапија бромергон која ја пиев по шема 5 недели и пролактинот ми се покачи од 33 на 46.Ендокринологот ме праќа на магнетна резонанца(се плашам премногу) Имам 31 година и во брак сум 1 година,сакаме со сопругот да станеме родители ама еве кој е проблемот.Незнам како,незнам што,дајте некој совет,се плашам премногу,немам никакви симптоми како што може да се има со покачен пролактин.Гинекологот пред да ме упати на ендокринолог ми рече да пијам по 1/4 бромергон до следна дадена терапија.Не ги пијам,некако се изреволтирав бидејќи после 5-неделната терапија ми се покачи уште повеќе.На клиника д-р ката ми рече првин да испитаме хормонален статус повторно и мр на хипофиза и се дотогаш да не пијам ништо.Незнам што да правам,пишете некое мислење ве молам.
     

Сподели ја оваа страница