1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.747
    Во мојата гимназија се учи по двата учебници. Едниот е тој мал формат црвен, а другиот е голем формат, искрено врска немам од кој автори е.

    Јас како што спомнав горе од овој планирам да учам, а имаа спомнато дека има и од Алби книга, па види распрашај се..

    Едит: А знам дека претходните генерации учеа од овој истиот на Билјана што е.
     
  2. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски

    Ние учиме од учебникот од Просветно дело со сини корици е :) Добар е стилот во овој учебник , барем според мене. Не сфаќам која е поентава со учебници од различни издавачки куќи. Барем сега учебниците се од Владата , па така нека се одлучат одговорните кои се подобри.

    Патем која е разликата од учебниците за МАТУРА од Алби и Просветно дело? Има нешто различно?
     
  3. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Нека ни каже некој од минатата година од кој прирачник учеле, кој е најкомплетен?

    Ние ја прашавме професорката македонски, ама она ни рече не била овластена, не било законски да ни кажува. :^)
     
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Незнам каја е разликата ако книгата е друга. Можеби стилот на којшто е напишано е различен, но тоа што го содржи граматиката и литературата е тоа. Неможе да биде трето.

    Јас ќе учам од прирачникот за матуранти од Билјана Богданоска. Таа книга ја имам, а и мислам дека доволно е опфатено се, па и не е лош начинот на којшто е напишана.
    Ако дојдам до друга книга евентуално (но не верувам) ќе учам од друго. Засега сум ослонена на таа.
     
  5. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    А, почнавте воопшто да учите? Ако не сте почнале кога планирате да почнете?
    Јас уште абер немам книга да земам, а не пак да почнам. :(
     
  6. problems94

    problems94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    15

    И јас сум на план филозофија да полагам :D
    Којзнае како ќе си поминам.. за разлика од тебе јас имам 5,ама сепак страв ми е.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.747
    Ангелче, 4-5 генерации кај нас во гиманзија учат од оваа на Билјана книгата. Јас ја земав демек додека сме на распуст да читам, па стигнав околу 110 стр. едвај.
    Проектната ја пишував и пак не ја допишав, а крајот на март почеток на април се полага.

    До каде сте со проектните инаку ?
     
  8. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Исто и јас почнав со проектна, ама не ми е довршена. Зедов и јас македонски нешто да читнам . Не е толку тешко, ама сепак ќе видиме на екстерен :)
     
  9. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Јас имам проектна по менаџмент. Ја напишав и бев пред некој ден на консултации кај менторот и сега треба да направам некои мали измени. :)

    Планирам сега кога ќе почнеме со школо да земам некој прирачник по македонски, да почнам да читам додека не сме почнале со испрашувања и оценки. :)
     
  10. anste

    anste Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    127
    Во 2010,2009 и 2008 имале само слободна тема по македонски или и тие бирале помеѓу две теми.Бидејќи на страната http://www.matura.gov.mk/ за тие години дадена е само 1 тема. :?:
    И ако некој ги знае темите за тие години нека ги напише.
     
  11. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.747
    ^ Колку што се сеќавам последните 2 генерации кои полагаа пред нас имаа можност да бираат помеѓу две теми.
    А тие пред нив само 1.
     
    На anste му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Јас само ќе ви препорачам да си ги симнете тестовите од матура.гов.мк зашто ги тргаат некое време пред полагањата. :)
     
  13. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    A во овие XX век спаѓаат само Албер Ками - Странецот, Семјуел Бекет - Чекајќи го Годо и расказите од Чехов? На училиште ја учевме и Процес од Кафка, Вујко Вања и уште некои, не се сеќавам, но нив ги нема во програмата на matura.gov.mk
    Знае некој ?

    И да прашам, лани имаше нешто за пишување од практично-професионална комуникација ? Жалба, молба... ?
     
  14. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    120
    Ако знае некој може да ми ја каже разликата помегу Државна и Училишна матура? :)

    Можи има поназад ама ме мрзи да барам.Извинете.
     
  15. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.747
    ^ Со државна матура имаш поголеми можности за студирање на факултет. Екстерните се полагаат пред комисија која не е од училиштето.

    Со училишна матура шансите за упис на факултет, посебно на УКИМ се минимални. Е многу полесна, се полага пред комисија составена од професорите. И што знам обично ја полагаат послаби ученици кои не се во план да идат на факултет.
     
    На barbiche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Со училишна воопшто немаш шанси за државен, барем на УКИМ е така. Нагласено е да имаш положено државна.
    Со училишна матура можеш само на приватен, што е и многу ок, таму барем сите плаќаат и нема врска кој како дошол, а на пример на државен кај што е тепачка за место, остануваат одбиени некои и со државна а не па со училишна.
    Е дека е полесна е, ама па.. што корист.
     
    На barbiche му/ѝ се допаѓа ова.
  17. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    имаа една тема ама имаа плус молби , жалби... да пишуваат а сега се две теми една слободна и една од материјал по сопствен избор.Темата од литература е од модерната
     
    На anste му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Јас бев матуранка изминатата 2012 година и јас учев од прирачникот за матуранти од Билјана Богдановска (издание 2008 или 2009). Мислам дека нема некој позначителна разлика во прирачниците, материјалот е тој.
    Немаше ,зборувам за македонски јазик. Последниве неколку години не даваат такви работи, освен ако не измениле нешто иако не верувам. Како и да е, доколку треба ќе ви кажат, не се секирајте.
     
  19. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Значи, темата за есејот оваа година ќе биде писатели во 20 век од светската литература. :(
    Ништо,потајно се надевав за хуманизам и ренесанса. Тука спаѓаат Албер Ками-Странецот, Самјуел Бекет-Чекајќи го Годо,професорката не беше сигурна за Раскази-Чехов заради тоа што обработува различни теми, а со Ками И Бекет треба да се сконцентрираме за апсурдот. Епа поглупа тема-амин. :tmi:
     
  20. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Три се. Чекајќи го Годо, Странецот и Судбината на човекот.
     
    На FlameFairy му/ѝ се допаѓа ова.