1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    17. Изборите се, главно, непосредни, а тоа значи дека граѓаните:
    a) ја изразуваат својата волја преку претставници;
    b) непосредно ја изразуваат личната волја на избирачкото место, без каков било посредник помеѓу нив и нивните претставници;
    c) ја изразуваат својата волја со помош на посредник;

    Абеја, морам да те пофалам затоа што несебично одговараш на сите прашања, и навистина многу ни се наоѓаш кога заглавуваме на тешки прашања. Не секој би губел време да одговара прашања на друг.
    Инаку јас мислам дека 17тото прашање е под б, бидејќи самиот збор непосредно значи директно, без посредување, па граѓаните својата волја ја изразуваат на избирачкото место, и таму тие гласаат за тоа кој претставник ќе ги претставува.
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    ;)
    Да, ете добро е кога некој внимава ;) , дека сите прашања ги одговарав на лице место, повеќето ги имав одговорени, па не ни заприметив дека се зборува за гласањето туку веднаш се префрлив дека ја изразуваат својата волја преку избраните претставници, и тоа е точно но тоа не беше одговорот на прашањето.
     
  3. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Абеја душиче фала ти најмногу, ти должам кафе!!! Море не, ручек или вечера со десерт плус! :*
     
  4. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    ivanovaivana ти пратив порака :hai:
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ја провртев темава, ама не успеав да најдам информација за ова - за секој оглас треба да се полага испитот? Затоа што јас за два аплицирав, пред некое време ми стигна мејл за едниот, а денес гледам ми стигнал мејл за другиот. Во различни денови и термини :?:
     
  6. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    само потврдете ми дека е точен одговорот
    5. Кој е највисокиот суд што ја врши судската власт на целата територија на Република Македонија?

    a) Врховниот суд на Република Македонија;
    b) Уставниот суд на Република Македонија;
    c) Управниот суд на Република Македонија;

    16. Колку комесари има во Европската комисија?

    a) 20;
    b) 22;
    c) 18;
    (што да одговорам во случај да се падне ова прашање?)

    9. Кој одлучува за имунитетот на министрите и на Претседателот на Владата на Република Македонија?
    a) Владата на Република Македонија;
    b) Собранието на Република Македонија;
    c) Уставниот суд на Република Македонија;

    2. Правилата на управната постапка се применуваат....:
    a) при донесувањето на општите управни акти;
    b) кога во управните работи се решава за правата, обврските и интересите на граѓаните, правните лица и други странки;
    c) при одлучување во работните спорови;

    3. Крајна цел на управната постапка е:
    a) донесување на законито и правилно решение во еден конкретен предмет;
    b) донесување на конкретни решенија кои во иднина ќе користат како начелен став за решавање на такви предмети во иднина;
    c) донесување на општи управни акти во законска процедура;

    4. Систематизираните правила за општата управна постапка се содржани во:
    a) Законот за општата управна постапка;
    b) Законот за јавните службеници;
    c) Законот за организација и работа на органите на државната управа;

    5. Двостепеноста на управната постапка значи:
    a) Право на тужба против решението донесено во втор степен;
    b) Право на жалба против решението донесено во прв степен;
    c) Конечност и извршност на првостепените одлуки, без право на жалба;

    8. Со какво мнозинство Собранието го донесува буџетот?
    a) квалификувано мнозинство;
    b) апсолутно мнозинство;
    c) релативно мнозинство;
     
  7. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Испитот важи 2 год, не треба да полагаш 2 пати, мислам дека кога имаш положено те земаат во предвид за тој оглас кај што аплицираш подоцна, само нема да ти стига известување за полагање.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    Една пријателка полагаше, посебниот дел се однесува за дел на прашања од информатика ама многу биле едноставни, како се отвора нов документ, наставнки на документ и така слично.
     
  9. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15

    Abeja, Ana Karenina може малку да ми помогнете? Последно ве молам... :sweat:
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Точни ти се овие :

    За комесари на Европска комисија, мислам дека треба да има толку колку што има членки на ЕУ

    16. Колку комесари има во Европската комисија?

    a) 20;
    b) 22;
    c) 18;
    (што да одговорам во случај да се падне ова прашање?)
    Овде што да одговориш и јас не знам. Не е ниту едно од понудените одговори бидејќи Европската комисија ја сочинуваат по еден претставник-комесар од секоја држава членка, што значи 28 комесари од 28 држави членки. Можеби има грешка под c) сигурно мислеле на 28 |(

    2. Правилата на управната постапка се применуваат....:
    a) при донесувањето на општите управни акти;
    b) кога во управните работи се решава за правата, обврските и интересите на граѓаните, правните лица и други странки;
    c) при одлучување во работните спорови;

    Се извинувам што не одговорив на личните пораки за одговори, јас не полагам, го имам положено испитов лани, за џабе, а сега од јуни се променети прашањата, голем дел не се исти, па кога ги одговарам гледам да не погрешам зашто има промени во законите.
     
  11. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Точно дека испитот којшто си го положила ти важи 2 години,ама нема да те земат предвид ако не ти е положен со максимум поени(барем јас колку што знам) ниту за тој оглас за кој си полагала,ниту ако сакаш да аплицираш за втор оглас.Поради тоа ако можиш полагај ги испитите и за двата огласи на кои си аплицирала,на тој начин си ги зголемуваш шансите да положиш со макс. поени,а со тоа да бидиш повикана на интервју.Во секој случај мислам дека не губиш ништо,ако не го положиш едниот испит со макс. поени(не дај Боже :wasntme: )имаш можност за поправен.Кога треба да полагаш?
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Феминки ако има некој да помогне за одговор овие прашања би ви била благодарна

    63) Решението против кое не е изјавена жалба во управната постапка, или жалбата е искористена, а со кое странката се стекнала со некое право, односно со кое на странката и е определена некаква обврска...
    a) станува конечно во рок од 15 дена од денот на врачувањето
    b) е конечно во упрaвна постапка
    c) не е конечно во управната постапка
    извор - Закон за општа управна постапка
    64) Решението станува правосилно доколку странката...
    a) се откаже од правото на жалба
    b) поднесе тужба до Врховниот суд на РМ и поведе управен спор
    c) поднесе жалба до надлежниот второстепен орган
    извор - Закон за општа управна постапка
    65) Управните акти се сите оние акти и дејствија...
    a) со кои што се решава за правата, обврските и интересите на странките во судската постапка
    b) со кои што се решава за правата, обврските и итересите на странките во управната постапка
    c) кои ги донесува или презема Управниот суд на РМ
    извор - Закон за општа управна постапка
    66) Странка во управната постапка е...
    a) лице по чие барање е поведена постапка пред Врховен суд на РМ
    b) лице по чие барање е поведена постапката или против кое се води постапката, или кое заради заштита на своите права и интереси има право да учествува во постапката
    c) лице кое има поведена постапката,заради заштита на своите права и интереси пред надлежен Основен суд
    извор - Закон за општа управна постапка
    67) Доставувањето на писменото(поканата, решението, заклучоците и на другите службени списи) се врши...
    a) со предавање по пошта
    b) со предавање од страна на органот, по пошта и со јавна објава
    c) со предавање од страна на органот
    извор - Закон за општа управна постапка
    68) Писменото решение во управната постапка ги содржи следните делови:
    a) увод, диспозитив, образложение, упатство за правно средство, назив на органот, број и датум, потпис на службеното лице и печат на органот
    b) увод, диспозитив, образложение, назив на органот,број и датум,потпис на службеното лице и печат на органот
    c) увод, диспозитив, и упатство за правно средство, назив на органот, број и датум, попис на службеното лице и печат на органот
    извор - Закон за општа управна постапка
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    ^^ Да, ама ако веќе имаш потврда за положен испит а сакаш пак да полагаш, ќе мора да потпишеш лична изјава дека се откажуваш од претходно положениот испит и во случај повторно да положиш ти се земаат вторите поени (без разлика дали на првиот тест си имала повеќе поени од вториот, важечки ти е само вториот), значи тоа ти е игра на ризик, не дека со првиот положен тест ако имаш изгубено некој поен имаш нешто сигурно, туку на вториот испит може и да освоиш и помалку.
    А се шират муабети и дека компјутерското пресметување на бодовите не мора да е точно, може да ти одземат поени а сите да ти се точни а и обратно. Една албанка, јас кога ја земав мојата потврда додека чекавме рече дека имала изгубено 5 поени а кога ја зема потврдата и пишуваше дека ги има сите поени, ама тој што ги принташе потврдите беше албанец по зборувањето, се приметуваше.
    "И сад шта? Ништа." епа чорба македонче

    Ова се 100% точни одговори ;)

    63) Решението против кое не е изјавена жалба во управната постапка, или жалбата е искористена, а со кое странката се стекнала со некое право, односно со кое на странката и е определена некаква обврска...
    a) станува конечно во рок од 15 дена од денот на врачувањето
    b) е конечно во упрaвна постапка
    c) не е конечно во управната постапка
    извор - Закон за општа управна постапка

    64) Решението станува правосилно доколку странката...
    a) се откаже од правото на жалба
    b) поднесе тужба до Врховниот суд на РМ и поведе управен спор
    c) поднесе жалба до надлежниот второстепен орган
    извор - Закон за општа управна постапка

    65) Управните акти се сите оние акти и дејствија...
    a) со кои што се решава за правата, обврските и интересите на странките во судската постапка
    b) со кои што се решава за правата, обврските и итересите на странките во управната постапка
    c) кои ги донесува или презема Управниот суд на РМ
    извор - Закон за општа управна постапка

    66) Странка во управната постапка е...
    a) лице по чие барање е поведена постапка пред Врховен суд на РМ
    b) лице по чие барање е поведена постапката или против кое се води постапката, или кое заради заштита на своите права и интереси има право да учествува во постапката
    c) лице кое има поведена постапката,заради заштита на своите права и интереси пред надлежен Основен суд
    извор - Закон за општа управна постапка

    67) Доставувањето на писменото(поканата, решението, заклучоците и на другите службени списи) се врши...
    a) со предавање по пошта
    b) со предавање од страна на органот, по пошта и со јавна објава
    c) со предавање од страна на органот
    извор - Закон за општа управна постапка

    68) Писменото решение во управната постапка ги содржи следните делови:
    a) увод, диспозитив, образложение, упатство за правно средство, назив на органот, број и датум, потпис на службеното лице и печат на органот
    b) увод, диспозитив, образложение, назив на органот,број и датум,потпис на службеното лице и печат на органот
    c) увод, диспозитив, и упатство за правно средство, назив на органот, број и датум, попис на службеното лице и печат на органот
    извор - Закон за општа управна постапка
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Фала многу Abeja :bow:
     
  15. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16

    Можеш и во двата термина да полагаш, на пр. првиот термин не положиш со макс. бодови, за неколку дена кога е наредниот термин, тогаш можеш повторно да полгаш :)
    Исто и мене ми пратија два термина и се јавив во агенција и ова ми го кажаа :)
    Повеќе шанси ;)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Abeja ако може помош уште за овие прашања,please :tmi:

    69) Органот што го донел решението, односно службеното лице што го потпишало или издало решението...
    a) грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во решението или неговите заверени преписи ги исправа со решение
    b) може во секое време да ги исправи грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во решението или неговите заверени преписи, со заклучок
    c) не може да врши исправки на грешките
    извор - Закон за општа управна постапка
    70) Со каков акт органот на државната управа одлучува за прашања што се однесуваат на управната постапка
    a) со упатство
    b) со заклучок
    c) со решение
    извор - Закон за општа управна постапка
    71) За усна расправа или за друго поважно дејствие во управната постапка, како и за поважни усни изјави на странките или на трети лица во постапката ...
    a) се составува записник
    b) се составува службена белешка
    c) се потготвува решение
    извор - Закон за општа управна постапка
    72) По жалбата на решение донесено на управна постапка, второстепениот орган мора да се произнесе...
    a) најдоцна во рок од еден месец сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок
    b) најдоцна во рок од два месеци сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок
    c) најдоцна во рок од 15 дена сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок
    извор - Закон за општа управна постапка
    73) Со поништувањето на решението донесено во управна постапка...
    a) не се поништуваат правните последици што ги произвело таквото решение
    b) се поништуваат и правните последици што ги произвело таквото решение
    c) правните последици што ги произвело таквото решение остануваат
    извор - Закон за општа управна постапка
    74) Со укинување на решението донесено во управна постапка...
    a) се поништуваат правните последици што решението веќе ги произвело, и се оневозможува натамошно произведување на правни последици од решението
    b) се поништуваат правните последици што решението веќе ги произвело, и се овозможува натамошно произведување на правни последици од укинатото решение
    c) не се поништуваат правните последици што решението веќе ги произвело, но се оневозможува натамошно произведување на правни последици од укинатото решение
    извор - Закон за општа управна постапка
    75) Управниот спор се поведува во рок …
    a) во рок од 6 месеци од денот на доставувањето на управниот акт до странката
    b) од 30 дена од денот на доставувањето на управнито акт до странката
    c) од 60 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
    извор - Закон за општа управна постапка
    76) Инспекциските надзори во управната постапка се вршат...
    a) по службена должност и поднесени преставки, предлози и иницијативи од граѓаните
    b) само по службена должност
    c) само по претставки, предлози и иницијативи поднеси од граѓаните
    извор - Закон за општа управна постапка
    77) Упраниот спор може да се поведе против управниот акт донесен...
    a) во прв степен
    b) во втор степен кој станал правосилен
    c) во втор степен, како и против првостепен управен акт, против кој нема место за жалба во управната постапка
    извор - Закон за општа управна постапка
    78) За извршениот инспекциски надзор на управната постапка советникот инспектор составува...
    a) записник со наод за утврдената состојба, со предлог мерки за отстранувањето на недостатоците во работата на органот
    b) записник со наод за утврдената состојба, а отстранувањето на недостатоците во работата на органот го наредува со решение во кое се утврдени роковите за нивното отстранување
    c) записник со наод за утврдената состојба а за отстранувањето на надостатоците во работата на органот донесува упаство
    извор - Закон за општа управна постапка
     
  17. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
     
  18. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Можеби ова ќе ви биде од помош, бидејќи гледам дека прашувате за прашања што реално ги има во законите и др. материјали што ги има дадено Агенцијата,и лесно може да се најдат кога ќе го отворите линкот на пр. со Уставот на Р.М. кликнете ctrl+f и горе десно ви се појавува можност да пребарувате зборови од Уставот , ем така вие ќе прочитате нешто повеќе од прашањето и полесно ќе ги најдете,него да чекате одговор тука.
    Секоја чест на Абеја за одвоеното време да ви одговори на сите прашања :)
     
  19. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    29. Кога работиме на нов документ во Microsoft Word при првото снимање на документот се поjавува:

    a) диjалог прозорецот Save As;
    b) диjалог прозорецот Save All;
    c) My computer за да се одреди фолдерот во коj ќе се сними документот;
    d) ниту еден од наведените одговори не е точен;

    Грешам ли овде? Знам ова прашање вака го одговорив кога полагав за јавен службеник и ми имаа скратено 1.5 поен, грешно е? Да не треба под с ?
     
  20. Sandra90

    Sandra90 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    оваа како е

    10. Согласно Уставот, против конечна одлука за прекршок, граѓанинот ...
    a)нема право на судска заштита
    b)има право на судска заштита под услови и постапка, уредени си закон
    c)има право на заштита пред Уставниот суд на РМ