девојки дали за да се полага овај испит потребен е факултет ? кој се условите за пријавување?прашувам за мојата тетка би сакала да се обиде...
Не е потребен факултет. Мајка ми ќе оди сега на наредното полагање да полага и преку оглас за работа (на кој таа аплицираше) и стина на маил дека ќе треба да го полага испитот за државен службеник, па потоа од тие што ќе покажат најдобри резултати ќе примаат некој на работа итн инт. Инаку, не знам на друг начин како може да се пријави. Ај оние што имаат полагано, пооширно да споделат информации. Може и по ЛП
епа вака, за државен службеник знам нешто повеќе за работа во некои од министерствата, е сеа нз ако ти треба за во собрание?? знам дека излегува оглас за потреба на нови вработени во некои од министерствата, конкурирас со си ви па ако ги задоволуваш потребите (има места за со и без потребно искуство) потоа чекаш повратна информација, преку меил дали можеш да полагаш или не, па ту даваат материјал за учење од 2 дела(за многу краток период од некои се неполни 2 недели) 1 дел цел уставен поредок, акти, значи уставно право, има за локална самоуправа,буџет,еу и многу мнгоу друг материјал, казнениот законик го има... (ова го полагаш без разлика за кое министерство конкурираш, може и за здравство да си) околу 500 страници е материјалот 2 дел е информатика 300 страници се општо се за компјутери! потоа одиш на закажаниот термин за полагање, со лична карта има многуу многууу што полагаат со тебе, тестот е со заокружување на повеќе понудени одговори и првиот и вториот дел!! потоа , веднаш има резултати, електронско оценување, најдобрите 5 мислам одат на разговор па вработуваат само 2 или 3ца во време од 1 годна без решение,потоа пак се полага и подобриот останува на работа со решение иначе конкурсот за нови вработувања мислам дека заврши минатата недела, сега се полага овие денови
Да не живеете во заблуда, сите тие од огласите за државни службеници се ВЕЌЕ ПРИМЕНИИИ....бадијала одите, учите, полагате и трошите пари, време и нерви.....Ако немате врски или партија или пари да потплатите, подобро седете си домаааа - како мене
Џабе ќе полагате испит за државни службеници, кога кај нас прво те вработуваат за државен службеник преку партија или јаки партиски врски па потоа ти го бараат овој испит. Јас на оние интервјуа за работа во државната администрација сретнав луѓе што пред 5-10 една жена и 20 години го положиле испитот и уште се маткаат по тие интервјуа со надеж дека ќе ги вработат. Алал да им е, јас откажав после 2-3 месеци маткања на овие интервјуа. Јес да надежта последна умира, ама нивната надеж е умрена ако мислат дека испитот без партија ќе им помогне да се вработат.
Колку што знам за општиот дел ќе има 10 прашања, само незнам дали се сите со заокружување. Резултатите се веднаш готови??? Ако знај некој нека одговори
ќе има 20 прашања од општ дел и 20 информатика,од по 1 ипол поен резултати одма, тоачно е тоа дека вработуват партиски,еве јас лично знам 2 кои се запослија без никакви партиски книшки ниту се пак на некои познати родители и блиски,беа само супер студенти и одговорни личности,едниот доби решение другиот мислам дека не го положи вториот испит кој се полага после 1 години!така да зошто да не пробаш кога имаш шанса?? било за учење е ќе биде неможе така од дома да те викнат,е сеа тоа што знаеме дека некој ќе влезе со врски боли,ама никој не ни е крив што не се познати нашите мама и тато!
не се плаќа ништо, сигурна сум дека заврши испитот за полагање вчера,заврши и огласот! добив таква информација и дека треба да имаш 30 поени од општ дел и 30 поени од информатика!!па тие што полагале со среќа нека им е!нека чекаат да ги викнат на разговор за една недела!
^^ во зависност кога требаат нови вработувања, на една година до година и пол! сега имаше потреба за во мин за транспорт и врски, мин за здравство и мин за образование! другата год може за некое друго место ќе има потреба!
Јас мислам дека кога има активен оглас тогаш се полага и испитот, не мора да значи ако има сега дека за два три месеци нема да има. Моментално има активни огласи за во 9 државни органи. СЕ ОКОЛУ ПОЛАГАЊЕТО НА ИСПИТ ЗА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК Јас уште чекам да ме известат по e-mail за полагањето за тоа работно место за кое се пријавив. p.s. во новите огласи во мин за финансии последниот оглас гласи вака : 23. Помлад соработник за првостепена управна постапка, Подрачно одделение за првостепена управна постапка - Чаир, Управа за имотно-правни работи (3 извршители) Е како тоа во другите општини бараат по еден тука тројца. А погледнете ги и исправките на огласите, какви се муќки прават, какви местенки, па по објавен оглас ги менуваат огласите, според тоа како им одговара за наместениот новопримен.
кога го прати меилот?? братучедка ми п арти сега пред две три недели и една пријателка исто, братуцедка ми ја викнаа а неа не! кога се јави и кажаа дека огласот завршил и дека немала соодветно образование за бараното место за помлад референт,овие другите полагаа во средата во три групи и им кажале дека ќе ги викнат на разговор во текот на наредната недела,ако не ги викнат може пак да одат да полагат кога ќе излезе друг конкурс! од таму ги знам овие инфо! можеби има и друго полагање ако не јави се види што е како е!
зошто воопшто си губите време и нерви на овие работи???нормално ако имате врски или познати,веке ке бидете вработени
ако другарката твоја има магистратура и кога конкурирала за огласот навела дека е со мастер, затоа и не влегла на интервју, затоа што за оглас со високо образование викаат само луѓе со високо образование ... не им треба повеќе. А и да се согласувам со коментарот пред мојов, џабе веслате на овие огласи. Листата вработени е веќе пополнета уште пред да го дадат огласот ! Огласот е само формалност, нешто што мораат да го направат според закон
За референт се бара средно образование, и кога аплицираш, кога го внесуваш полето за образование ти нагласува дека ако вашето образование е повисоко од баранато апликацијата нема да ви се земе во предвид, одприлика нешто така.
Доколку во скоро време некој/а го има полагано испитот за држ. службеник дали може да ме информира дали со сигурност е тргнат делот за информатика и да ми даде насока како одат прашањата?
срцка,,,само општиот дел се полага доколку си аплицирала за некои од конкурсите од Агенцијата,а посебен дел се полага доколку те примат и по одреден приправнички стаж те повикаат да полагфас стручен дел.тоа епосебниот дел..но да напоменам дека функцинмоираат само партиските врски,јака политичка позадина,,во спротивно,ако сакас имај максимум поени џабе е се,кажувам од иксуство