1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. Гостинот

    Гостинот Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Фала многу за помошта. Навистина ме збуни ова шо ми кажаа дека прашањата од практичниот дел се однесувале на работното место, а такви прашања јас не можев да најдам. Ти благодарам уште еднаш, сега ми е полесно :)
     
    На ivence69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Maca Macovska

    Maca Macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали некоја од сите што пишувате тука и се посреќило и веќе почнала да работи на огласот кај што аплицирала (нели после завршување на сите полагања).
    Сите до еден што ги прашав, максимум на интервју ги викнале и толку.
    Има ли некој/некоја што се вработила на местото што аплицирала?
     
  3. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Лично искуство не,досега имам аплицирано не знам колку пати и го имам положено тестот и никогаш не ме повикаа на интервју.а пак камоли да ме вработе ја :)
     
    На Maca Macovska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ако имаш општ и практичен дел тогаш прашањата од практичен ти се баш од областа на конкретното работно место.
     
    На Гостинот и Daleron им се допаѓа ова.
  5. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    Дали може некој да ми каже каде можам да ги најдам прашањата за полагање, сум пратила апликација за еден оглас на аа/пријава.мк, а не знам за кој, сум го баталила ливчето кај што ги запишувам и ми стигна ваква порака ;;испитот за оглас бр. тој и тој ќе се одржи на ден тој и тој во 14.00 во Агенција за администрација. Задолжително понесете важечка лична карта или пасош. Ниту знам што сум пратила, ниту знам кај да ги барам прашањата, претпоставувам дека има некој дел со општи прашања, нит па агенцијава знам кај е, прв пат ќе одам. Ве молам за помош
     
  6. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    дали се овие, еве линк...http://aa.mk/prashanja-za-ispit-materijal.nspx
     
  7. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Да мила85, тие се прашањата.

    Нејсе,
    здраво феминки! Јас сум ваш читател со години но до сега не сум се осмелила да ги спротивставам моите мислења со вашите :)
    Би сакала да прашам нешто. Дали некоја од вас има аплицирано повеќе од еднаш на исти оглас за вработување во државна служба на кој има повеќе работни позиции. Имено, пред некоја недела аплицирав за три работни позиции но сега сакам да аплицирам за уште некоја (пониска) бидејќи огласот уште трае. Се јавив во Агенцијата за Администрација и ми рекоа дека може да аплицирам неограничен број пати но сепак сакам да знам дали некој има такво искуство и дали сега треба да ги штиклирам само новите позиции или и претходните. Да не ми се поништи претходната апликација со тоа? Вашите одговори ќе ми бидат од голема корист.
     
  8. Eternal_flame

    Eternal_flame Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, ве пратам подолго време меѓутоа сега решив да го споделам своето лично искуство и
    револт за тие што ги интересира во врска со процедурата за вработување на државен службеник.
    Имено во скоро време бев пријавена на еден од огласите, испитот го положив со максимум поени од двата дела. Воедно имав максимум поени и од образованието стекнато на државен универзитет. Поради исполнување на сите потребни услови уредно бев повикана на интервју и истото го поминав најсолидно и во најдобар ред, па следно бев повикана на психолошко тестирање.
    Иако од самиот почеток бев скептична за целиот процес, не се откажував и сакав да си ја испробам
    среќата. Слушав претходни искуства дека местата се наместени на ваквите огласи и верував во тоа, но
    морам да признаам дека лично се уверив во истото и крајно се разочарав од целокупната манипулација што се случува пред очите на сите.
    Најголемиот доказ за тоа беше кога на интервјуто беа повикани две особи од кои едната повозрасна особа (која што буквално не знаеше да управува со глувчето, а не верувам и дека имаше факултетско
    образование, а камоли просек) падна на испитот, а тоа го видов со сопствени очи во компјутерот, бидејќи
    беше во моја близина. Истото го потврди и комисијата која му укажа дека не го положи испитот и не треба
    да чека потврда. Меѓутоа очигледно не знаеле во тој момент за која особа (наместена) се работи, па да
    внимаваат да не слушнат/видат другите. Другата особа иако лично не видов како помина на тестот, подолго време се задржа во канцеларијата за потврди и излезе по претпоставка со фалсификувана потврда. Истите моментално се вработени на работните места.
    После ова што го поминав и искусив не верувам дека следен пат би се пријавувала на ваквите огласи кои
    очигледно 99% се претходно наместени. Немам слушнато дека некој се вработил без врски или коруптивни методи, можеби имало и такви случаи, но веројатно се премногу ретки.
    Сега воошто не верувам во транспаретноста на целиот процес, иако се воведуваат секакви селекции и
    испити со цел да се изберат најдобрите кандидати, тоа очигледно е само привидно маскирање на реалноста.
    Можеби бев малку подолга во изјаснувањето, но сакав да го споделам искуството доколку некој се чуди што не бил повикан или избран за работното место иако имал максимум од возможниот максимум во секој поглед. Поздрав до сите и со среќа, иако другото повеќе ќе ви треба.
     
    На Гостинот и kolovoz им се допаѓа ова.
  9. marinab

    marinab Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    аплицирав скоро 1 година на сите мозни огласи за јавен службеник (нормално за моето образование) затоа што ми рекоа дека можам да се аплицирам без разлика дали огласот е во мојот град.....еве после 1 година и преку 10 апликации конечно добив потврден одговор.....меѓутоа она што неможам да го сватам е како од кога ке положам (дај боже) би се пријавила за огласот во мојот град.....дали на истиот принцип би аплицирала..дали пак треба да полагам...или само да се појавам таму кога ке е полагањето со потврда....навистина тој дел не ми е јасен....ве молам ако некоја од вас е повеќе информирана нека ми одговори,,,:)
     
  10. Гостинот

    Гостинот Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Значи не се само овие 600+ прашања што ги има на страната на АА туку има и други.
     
  11. Гостинот

    Гостинот Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки

    Прикачени фајлови:

  12. Гостинот

    Гостинот Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Дали се плаќа нешто за полагање на испитот или е бесплатно?
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не се плаќа за полагање на испит за државни и јавни службеници..
     
    На Гостинот му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gandi

    Gandi Нов член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Феминки, дали некој има полагано за сертификат ECDL CORE ? Нека сподели искуства и материјали...за вработување бараат од агенцијата за администрација.
     
  15. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    да Вертиго можеш. сум аплицирала и јас неколку пати така . денес за едно па утре за друго али сето тоа ЏАБЕ
     
  16. marinab

    marinab Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    а башме интереситра кои се тие други прашања...затоа што бев на полагање и совен тие што се на страната на агенцијата немаше други прашања...освен јавните службеници што треба да ги прочешлаат и прашањата од државни службеници....ништо друго од страна нема...барем немаше на мојот тест и на тие што плагаа истиот ден со мене..поздрав
     
  17. TreZeGol

    TreZeGol Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,би ве замолила за помош околу следната дилема:

    49. Бришењето на политичките партии од Единствениот судски регистар на политички партии се објавува:

    a) на огласната табла на Основен суд Скопје II- Скопје
    b) во „Службен весник на РМ“ и во најмалку две јавни гласила, од кои едно е на службен јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во РМ
    c) во „Службен весник на РМ“

    Според законот за политички партии и б и в се точни:

    Член 39
    (1) Решенијата за упис, односно правосилното решение за бришење на политичката
    партија од Судскиот регистар, се објавуваат во мСлужбен весник на Република Македони-
    јао.
    Член 11
    (8) Бришењето на политичката партија од судскиот регистар и од Единствениот судски
    регистар на политички партии се објавуваат во “Службен весник на Република
    Македонија” (и во најмалку две јавни гласила од кои едно е на службен јазик различен од
    македонскиот, кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија), во
    рок од 15 дена од денот на бришењето на политичката партија од судскиот регистар.
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Под Б е точно
     
  19. TreZeGol

    TreZeGol Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу Далерон,убав ден.
     
  20. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.943
    Допаѓања:
    20.729
    Зошто јас знам дека се плаќа, или само тој психолошки тест што се прави подоцна се плаќа 2000 ден?