1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Евтина струја: секој работен ден од 22:00 до 07:00 наутро, а за викенд од 22:00 (сабота) до 07:00 (понеделник)
     
    На cresa-jagoda и Chupe им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    88.637
    Пол:
    Женски
    Си имам мака голема. Се фарбав пред малку и од фарбата ми падна на паркетот. Избришав одма ама ми останаа темни флеки. Со што да ги тргнам?
     
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    98.018
    Пол:
    Женски
    Изми ги со сода бикарбона и сок од лимон.
    Ако не закаснив со советот.
     
  4. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    или пак истриј ги со талог од кафе убаво и види што ке направиш
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Е нема Чупенце има до сабајле до 07.
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Средство против бигор? Макар и домашен трик :$
    За во вц-школка и за во перална?



    Дали има некаков трик или незнам што ...Кога поминам покрај некоја куќа а надвор се сушат алишта/облека значи мириса се осеќа омекнувачот. Како да го постигнам тоа?
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.254
    Допаѓања:
    124.655
    Кога правам мафини во калап, на почетокот топ излегуваа сами паѓаа од калапот, а сега се почесто се лепат. Ставам масло, путер, ама не оди баш.

    Е сега прашањато ми е, дали е можно да се пече сосе хартијата (оние што се продаваат за колачи ставање во нив) или можат да изгорат?
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    ^Можеш мила да ги печеш и тоа без двоумење. Перфектни излегуваат и не гори хартијата, без гајле
    :) .
    Испробано ;) .

    Мојата мака :tmi: .
    По грешка и заборавајќи да провери убаво, свекрва ми ги пуштила како и секогаш крпите на вриење на 90 степени. За белјата помеѓу нив имало некоја црвена салфетка и сега сите крпи од бели станаа розеви. Помош од поискусните кои се соочиле со сличен проблем. Како да ги обелам повторно?
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    ^
    Јас баш прашував пред месец дена за ист проблем само што моите беа жолти.
    Купи снежник и потопи ги во нив, нека отстојат пола саат/саат и после пак стави ги во машина на вриење и стави прашок и пак 1 или 2 капачиња снежник заедно со прашокот. Би требало да се извадат.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Значи не можам да сварам компир а да ми остане цел во тенчерето :^) малку да чепнам со вељушата и се раскршува.. некој совет??
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Вари ги компирите на помалку степени :)
     
  12. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    На колку степени перете долен веш???
     
  13. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    На 60/90 степени, зависи дали се почисти/повалкани.
    Иако машината ни е нова, па и на 60 степени ги прави бели како снег.
     
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.360
    Допаѓања:
    83.841
    Пол:
    Женски
    Пробај со снежник како што ти кажа девојката погоре а можеш и со ваниш.
    Остави ги да отстојат па испери ги пак во перална ќе се исчисти другата боја од нив .
    :)
     
  15. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Мајка ми на 90, но слушам од други на 60. Па се прашувам како е правилно :). Фала на одговорот, нека сподели и друга домакинка :)

    За фарбани со ваниш пробав, не помага. А тос снежник што ви е? Вариќина :?: ?
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.360
    Допаѓања:
    83.841
    Пол:
    Женски

    Да варикина :) Јас многу пати сум чистела со вениш така оштетени алишта и успешно ми било.
     
  17. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Не знам како го користите ванишот. Јас во машинс ставив детергент и ваниш. Неуспешно. Сега ќе пробам со вариќина, ќе го натопам долниот веш што го упропастив. А се ми беше ново. Не е проблем за мене да носам розево, ама сите долни маички на мм се розеви и неколку пара боксерки. Е тоа е проблем веќе :lol:
     
  18. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.360
    Допаѓања:
    83.841
    Пол:
    Женски
    Ќе ти ја кажам мојата постапка за тоа :D
    Пишува на кесичката вениш па и на варикината како се користи.
    Сите оштетени алишта потопи ги во вода и додај цело кесенце вениш или варикина (обично ставам повеќе јас од тоа што е пишано позади на шишенцето) ги оставам да стојат подолго време 3-4 часа а може и повеќе и потоа ги ставам во машина за перење на 90С.

    Јас еднаш му уропастив на дечко ми цела униформа за работа и неколку бели маички исто за на работа и со варикина ги исчистив.А и нон стоп така му ги чистам алиштата од работа на овој начин затоа што работи во кујна и на секој 2 дена перење мора :D
     
  19. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Хмм тогаш уште утре ќе пробам со ваниш, имам цело шише но искрено не знам зошто и како никогаш немам прочитано што пишува позади шишето :lol: па ако не успеам ќе си купам и вариќина. Но штом е испробано ќе успее валда и кај мене :f:
     
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас па и не би ја препорачала Варикината, неколку пати имам пробано и ги белее за белеење АМА ткаенината подоцна е некако доста крута и е делумно оштетена веројатно заради хемискиот состав.
    За униформи и друга гардероба од посилен материјал можда и ќе заврши работа, за памук категорично не.

    Офарбаните во машина алишта може да се средат со марамчињата за отстранување бои, не можам да се сетам каде ги гледав, воглавно во некој од поголемиве маркети сигурно ги има.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.