Поради маж ми се облекувам неморално

Дискусија во 'Канта' започната од Nenicka123, 18 август 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nenicka123

    Nenicka123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Имам 27 години, веќе 1 година сум во брак со маж постар од мене 6 години.
    Двајцата живееме сами и работиме во посебни фирми. Навидум се е супер.
    Е, сега, маж ми порано бил женкариште и ужива да се дружи и излегува само со жени. Сега кога сме во брак речиси се прибра.

    Мојот или неговиот проблем е што нема вкус за облекување и за стил. Се што е разголено, растресено нему му се допаѓа и полудува. По секој женски разголен задник мора да се заврти, зјапа, секогаш дури и кога сме заедно.

    Мене тоа ме погодува, се чувствувам отфрлено, ако сум убаво облечена, со стил нему не му е секси, му изгледам како теткица. Ужива само да бидам што поразголена.
    На работа секако дека се облекувам скромно, но секаде надвор јас сум друга жена поради него.
    Секогаш кога сме излезени неговите другари ме зјапаат, а и останатите. Колегите не ме препознаваат. Тој ужива јас да сум секси.
    Мојот гардероб е преполн со мини парталчиња. И да не ги заборавам високите потпетици. Не смеам да излезам на ниско. Ако излезам на секои 5 минути ми пререкува.

    Сакам и јас некогаш да се разголам, млада сум и слаба, но веќе се чувствувам под притисок !!!!!!!!

    Се прашувам зошто мојот маж не може да ме прифати таква каква што сум, зошто не му се допаѓа кога сум облечена со вкус, да личам на модерна жена, зошто морам да се облекувам како ку*ва?

    Дали таков е по природа или дружењето со женски го направило таков?

    Сакам само да се опуштам. Многу сум под стрес да сум секогаш шпицната за него, бидејќи ми е страв да не го изгубам поради облеката. :sweat:

    Секогаш сум разговарала, но неуспешно. Не разбира.
     
    На S-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bumbi

    bumbi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    А тој е со тебе поради облеката, па ти е страв да не го изгубиш? Мое мислење, облекувај се како што ти сакаш, ако ти е убаво разголи се ако не немој. Некој со 33 години не треба да се однесува како дете што не видело ц**** (извини за ова, ама баш го замислувам сега постар женет маж така да зјапа дури и во присуство на жена му). Бракот не е само да му удоволуваш нему, треба и за себе да гледаш. А да сум на твое место, јас би се расправала со него зошто зјапа по други. Сега разбирам нешто дискретно да погледнеш, дури и јас некогаш знам да се загледам ако нешто ми падне во око, ама се во граница на нормала. И не знам како пак ти се потресуваш да му угодуваш, а всушност тој се однесува недолично.
     
    На Nenicka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    4.575
    Допаѓања:
    9.774
    Пол:
    Женски
    Прво прашање што имам да ти го поставам е: доколку неговото однесување ти пречи и тој те тера да изгледаш онака како што ти не сакаш, зошто си се`уште со него?

    Еве и мм бил женскар на времето кога бил слободен (голема работа, затоа и се вика „слободен“) и обожавал девојки/жени во миничи и високи потпетици. Си носам кратко но со мерка (малку над колената) а чевли носам или без потпетици или со ниски потпетици. Ми има еднаш искоментирано додека уште бевме во врска дека сакал да носам и повисоки потпетици. Јас му кажав дека доколку високите потпетици се пресудни тој да се чувствува убаво со мене, може комотно да раскинеме. Јас за никого не би си расипувала комфор и навики кои ми одговараат. Како сме во брак, не се ни буни толку ко шо е станат љубоморен ко пес :lol: му одговара мојот поскромен, но сепак и елегантен имиџ.

    Брак не можеш да сочуваш доколку некому му е пресуден факторот дали ќе изгледаш ко ефтина кафанска певаљка или ко елегантна и дискретно привлечна жена. Зошто воопшто сте во брак? Тој те сака? Доколку те сака, зошто не те прифаќа онаква каква што си? Тргни се од тој неизживеан створ и препушти му го на таквите какви што ги заслужува.

    Aма не, ај да праевме муабет за некоја несредена и запуштена жена, прва ќе те искритикував. Ти по тоа што пишуваш си скромна, елегантна и дискретно привлечна во начинот на облекување кој ти го преферираш. Проблемот е што тој има простачки вкус, а не што ти не сакаш да се облекуваш ко некоја од оние...знаеш кои...
     
    На srcekrsacka, eli25, koritsaki и 4 други им се допаѓа ова.
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.916
    Сметам дека проблемот има подлабоко значење, мотив... не верувам дека овие негови желби доаѓаат само од тоа што ги сака жените или од што сака да е во женско друштво.
    Мислам дека сепак се работи за некој психички проблем, сега можеби не толку значаен но сигурно со тек на времето ќе се покаже и за други работи, на друг начин.
    Дали си размислила некогаш да го анализираш твојот сопруг, дали и во сексот има некои барања, очекувања кои сепак малку одскокнуваат од вообичаеното?
    Дали беше ваков и пред брак??? Дали и тогаш го бараше тоа од тебе???
    Можеби има проблем да се докажува пред пријателите , да видат каква жена има, но сепак и тоа не е во ред, станува збор за комплекс. На нормален маж не би му било сеедно сите негови пријатели, другарии да зјапаат во цицките на жена му.
    Дали сте разговарале дека тебе тоа не ти одговара, дека сакаш да бидеш своја, сама да си одредиш кој стил на облекување ти одговара и те прави задоволна ???
    Сметам дека сето ова не е во ред, а уште помалку нормално. Да, може да е нормално, но се знае кои се границите, а ова ми изгледа премногу.
     
    На srcekrsacka, Sara123, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Nenicka123

    Nenicka123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Истото и јас се прашувам, ме сака мене или облеката?

    Отсекогаш бил таков, давал забелешки, ама никогаш толку изразено не било како сега !
    Башка, сега и работам во сериозна фирма, мажена сум, сакам да изгледам малку посеризно.

    Реков дека носам кратко, знам да се стегнам, ама ова поради него е претеризам.

    Иначе, еве вака се облекувам за на работа, отприлика:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И сите ми коментираат дека имам убав вкус, само нему не му се допаѓам.

    Тој вели дека сите машки се исти и тоа им е во крвта. :x
     
  6. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.245
    Ова е најбизарното нешто што сум го прочитала.
    Да, постојат мажи што и пререкуваат на жената доколку носи многу кратка и деколтирана облека, но тоа е од разбирливи причини - ја сакаат само за себе, не сакаат сите мажи да се вртат по неа.
    Но, да тераш на сила пристојно облечена жена да се облекува како што не доликува, е тогаш, како што кажа една феминка погоре, сигурно имаш психички проблем.
    Дали вашиот брак се сведува само на сексуалната привлечност?!
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    2.401
    Разговарај со него, кажи му дека ти е не пријатно сите да те гледаат разголена. Дека тоа е резервирано само за него. Попровокативната облека остави ја за дома,кога сте сами ти и тој.
     
  8. hermosa

    hermosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    1.376
    Неничка,навистина сум ужасната.Твојот маж те тера стално да се облекуваш разголена,а притоа зјапа во секоја девојка и ти му го дозволуваш тоа :^) ?
    Ако тој е незадоволен и ненаситен ,прости ми на изразов ,но тој е курвар.
    Ти во неговите очи треба да бидеш жена,сопруга која ја сака и посакува,а не да парче месо на кое тој нон-стоп ќе се пали |( .
    Кретен е маж ти,немам зборови да го опишам :x .
    А да го вразумиш еднаш засекогаш или да те почитува ,или побарај развод :!:
     
    На srcekrsacka и AIT им се допаѓа ова.
  9. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    85
    Проблемот е во тоа што ти си со него само поради неговиот физички изглед а не поради неговиот карактер и за тоа си сама виновна.Извини што ке те искритикувам ама кој ти крив што се палиш на мачо типови и не само ти туку 90 % од девојките паѓаат на тие финти а кога добро ќе се изгорат почнуваат да се жалат по форуми.Наместо разумот ти ги слушаш твоите чувства кои се базирани на симнување на ѕвеѕдички што ти ги симнал сопругот.Нема девојкаа што нема да падне на некој кој го бие глас дека еден куп завртел и со сите сили ќе гледа тоа го спречи во брак!Научна фантастика.Кај 90% од девојките е проблем што кога би бирале помеѓу двајца мажи едниот прекрасен внатре а просечен надвор и другиот прекрасен надвор а просечен внатре без двоумење ке го одберат оној што е прекрасен надвор а просечен внатре и со сите сили ќе пробаат да му го сменат карактерот иако во природата шансите се еднакви на научна фантастика!Ќе кажам само еден пример кој јавно го слушнав на Канал 5 телевизија во таа емисијата на Марија Саздовска од темпераментната актерка Стојна Костовска.Пред да се омажи и таа трчала по такви фраери но нејзината вујна која била многу паметна жена и рекла:Ако сакаш да имаш прекрасен брак треба да најдеш дечко што е многу помирен од тебе а таков е некој си што таа го познавала.Стојна ја прашала што е толку убаво кај него?Вујна и одговорила:ДВА ОСТРИ КАМЕЊА НЕ МОЖАТ ДА МЕЛАТ ИСТА ВОДЕНИЦА!Ти си потемпераментна а тој ќе те смирува бидејки е спротивен од тебе.До ден денес преку 30 години се во прекрасен брак и бескрајно до ден денес и е благодарна што тогаш ја послушала.Инаку сопругот и е познат камерман во Македонска телевизија и таа пред цела македонска јавност во живо кажа дека го сака најмногу на светот и на крај се расплака жената.
     
    На srcekrsacka и AIT им се допаѓа ова.
  10. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    85
    Ке ти најдам 10 мажи од старт што лично ги познавам да го демантираат ова и што ке ти кажат дека сакаат прибрани а не разголени девојки.
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.130
    А ти девојко да пресечеш нели е време?
    Ти имаш свој карактер, свое јас?
    Зашто си со него? За да те влече за ремче позади него и да те шета како статуетка, по која мажите би лудувале и тој да си го полни егото бидејки само тој те има?
    Ти си се повредуваш самата себеси.
    Застани на нозе цврсто, завземи си став.
    Ти може си добра личност, паметна, убава, убаво облечена, но се тоа си кога си без него.
    Очигледно кога си со твојот маж, кој има поголем проблем феминистични и кој што жените ги гледа надворешно само, а те нашол тебе, девојка која неизмерно ќе го сака и пред се слуша и едноставно те искористува за да си се претстави како маженствен тип со екстра жена покрај него.
    Тешко дека ќе го смениш типот, научен е на тој живот околу него да има убави жени.
    Облекувај се со твој стил, возврати му дека не се чуствуваш убаво во таа облека. Облеката го прави човекот, а таа облека која тој те тера да ја носиш не си ти.
    Не дозволувај преку облеката луѓето околу тебе и пред се пријателите и роднините да ти лепат етикети кои ти не ги заслужуваш. Не ги заслужуваш но ги дозволуваш бидејки преќутуваш.
    Не биди убава кукла која молчи и го слуша својот препотентен маж.
    Биди жена, кажи си го својот збор и оди по свои принципи.
    А ако го изгубиш поради тоа, тогаш верувај, тој не те ни сакал.
    Јас мислам дека ти не ни имаш избор голем. Паметна девојка си за да конечно пресечеш и бидеш она што си и кога си со сопругот и кога си без него. Паметна си, но заслепена од љубов, љубов која може да те уништи.
    Проблемов со облеката ќе ти донесе и поголеми проблеми, може да изгубиш пријатели, недоверба од семејството, може од мажот да изгубиш еден ден работа итн. Многу работи ќе губиш зашто молчи и глумиш друг лик кога си со него.
    Не биди жена со две лица, жена со две облеки, жена со две размислувања, се само заради мажот. Реши го проблемот навреме.
     
    На srcekrsacka, Sara123, AIT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    85
    А бидејки сеуште нема дете со него јас би ја советувал веднаш да се разведе од него за да не си ја чука главата цел живот со негово дете.Сум кажал и пак ке кажам било да е за машко или женско лесно е за развод доколку немаат дете со некого или некоја бидејки разликата е само во потписот кај матичарот и ништо друго.Сега има еден куп кои заеднички пробно живеат а не се регистрирани.Затоа статусот разведена се брише бидејки од тој брак нема деца и ке си продолжи понатаму најнормално како никогаш да не била мажена а поучена од ова лошо искуство да отвори 16 очи со кого би се врзала за да си создаде срекно семејство.Ако не знае да бира нека си побара помош од нејзините најблиски тие да и одберат за да нема понатаму проблеми.
     
    На srcekrsacka, verica81, AIT и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    5.641
    Допаѓања:
    22.715
    Ти површно го сакаш него,тој површно те третира тебе. Случајот е затворен.
    Мислам мене би ме вреѓало да привлекувам некое си сељачиште (а да ми опростиш маж ти ми се гледа за таков) со деколтеа,нозе, задници... Не би ми импонирало ама ич...
    Кажи му дека тебе ти се допаѓаат мажи во женска долна облека...
     
    На srcekrsacka, antonina, Hipica и 8 други им се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.257
    Допаѓања:
    5.975
    Зарем не ти е реченицава одговор сама по себе?
    Вреди ли да се секираш за маж, за кој има шанси да го изгубиш поради начинот на кој се облекуваш?
    Нели е малце повеќе плитко?
     
  15. Nenicka123

    Nenicka123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Ви благодарам најпрво на искрените совети. Многу ми значи вашата подршка.

    Но, да речеш разведи се, прелесно е. Но јас не го гледам тоа како решение, и не сакам да се разведам. Не сакам само поради еден проблем да избегам од бракот.

    Јас и маж ми долги години сме заедно, многу имаме вложено во нашиот дом и во нас.

    Претходно кажав дека кај нас се е супер, освен оваа работа, која навистина многу ми пречи, и да, веќе стана секојдневна караница, и дури и јас се прашувам како ќе живеам цел живот со ваков маж?
    Но да нагласам, порано не беше ваков. Бил до определена граница, што се вели со мера.
    Ама сега е неподнослив.

    Колку пати го прашувам дали ме сака мене или облеката, му велам дека ми пречи постојаното зјапање... Но, неговото единствено оправдание е дека тоа им е во крвта на сите машки.

    Тој дури и нагласува дека сите се полоши од него, дека треба да сум среќна со маж како него. :!:

    Иначе околу љубомората, претерано е љубоморен на мене, ама јас кога излегувам сама, се облекувам `понормално`, па немам проблем.
    Од една страна се лути што другите ме зјапаат, а од друга страна не разбира дека така разголена секако дека ќе ме зјапаат.
    Меѓутоа нему му е `дозволено` зјапањето, кое е без контрола.

    Иако бил женкар, сепак се однесува како неизживеан. |(
     
  16. calliope

    calliope Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    4.903
    Појави му се ко калуѓерка, а одоздола облечи секси долен веш. Ако те неќе така покриена, нема никогаш да дознае какви секси гаќички си облекла. Негова загуба.

    Шала на страна, зошто ти се губиш себеси поради некоја негова сељачка желба?
    А да му скратиш ти ТВ Пинк и ДМ Сат малку на лепотанов?
    Па брате мили, ако сакаш да гледаш голи газиња не се ни жени бре.
    Јас може сум помала, зелена и некомпетентна да дискутирам за брачни проблеми, ама постојат сељачки манири кои секој може да ги увиди. А твоево маже ги поседува за извоз.
    Во крвта им е, жими газов. Јас познавам машки моја генерација кои имаат по 20-21 година, па попрво би избрале женска која открива онолку колку што е доволно да му проработи мечтата и да се запрашува што има под таа облека, отколку кичерајски разголена ванаби фуфица со се` на изволте.
    Не го сфаќај ова фуфица лично, ти не си таква, туку тој сака да изгледаш така.

    И не, бацево не бил женкар, рака во оган ставам. Тој бил ванаби женкар, веројатно од оние кои само се вртеле и лигавеле по згодни женски, а никогаш не ги имале, па надвор си правеле филмови дека они се не знам какви јебовци, па ја прошле секоја можна.
    Да бил тој изживеан, ама баш ич не би те терал така да се облекуваш. Па мајке ми, за брак бираш бре некоја со која ќе имате хармонија за се`, а не само за да ти стои напрчен.
    Тежок опинок со тежок фетиш. Извини вака најискрено, знам дека не ти е пријатно такви епитети да читаш за човекот кој го сакаш, ама секој од надвор така би го доживеал.

    Облечи се како тебе ти одговара и фурај. Ако ти јаде трици за тоа, пријатно и молим лепо, нек се весели до 50та година по кафани, нек лепи петстотки по чела и цицки на певаљки, па после нека се ожени за некоја Мира Шкориќ калибар што и на 50 нема да и’ пречи да шета таква, за нели, нему да му е машкоста секогаш во вис.
    А верувај дека ко што пошол, таа сељачка особина уште повеќе ќе му се истакнува како што старее и сфаќа дека е врзан и неспособен да привлече млади, разголени “пилиња.“
     
    На srcekrsacka, Sara123, antonina и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Lady97

    Lady97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    516
    Ма никогаш не би дозволила некој да го контролира мојот живот и мојот начин на облекување,немој да правиш од себе нешто што не си поради него,те прашал некогаш он дали на тебе ти се допаѓа неговиот стил?
    Имаш еден живот,живеј го како што сакаш ТИ,не дозволувај некој да те контролира ;) :*
     
  18. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    641
    Lady97 никој не посакува вакви моменти во животот ама никогаш не вели никогаш ...незнаеш што ти носи животот , незнаеш какви луѓе ќе сретнеш и какви одлуки ќе донесеш ...а најтешко е кога човек се губи себеси и не се препознава себеси ...
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mama25

    Mama25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    890
    Razvodot e najlesna rabota,megjutoa pred se treba da razogovaras i da mu objasnis nekoi raboti. Utre ke stanes majka i nemozes ko fufi (izvini na zborov) da se frckas po gradov,i ne samo toa tuku znaes kakov e kaj nas mentalitetot odma ti lepat etiketi i epiteti a sigurna sum deka toa ne bi mu se dopadnalo ako tolku mnogu te sakaka kako st vikas,bidejki na ni eden maz ne mu e milo da cue kako zena mu izgleda ko da iskocila od porno film,kolku i da e isfrustriran (a izvini sto ke ti kazam)ama e i toa do jaja i leci kompleksi nazalost ,mislam deka ne bi sakal zena mu da ja poistovetuvaat so kafanska pevaljka. Slobodno kazi mu go ova i sama ke vidis na kaj ke tera muabetot. Ako ne ide ne si ja maci dusata barem e lesno dodeka se nema deca,zosto utre vo zivotot ke se otvorat novi poglavja koi ke ti go stavat prstot na celo da razmisluvas no togas veke nema se da e isto.
    Ps. Izvinete na latinicata : forumdziki & moderatorki
     
  20. midnight.flower

    midnight.flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    990
    Мене ова особено ми падна в очи. :o Па да ти кажам маж ти со тебе се понаша како да ти е PIMP. :tmi: Како сега да те покажува и нуди на пазарот, скраја да е!

    Не драга. Не се сите полоши. Има полоши, не велам не, но тие, заедно со твојот сопруг, спаѓаат во онаа девијантна група на мажи, која ни од далеку не претставува репрезентативен примерок. Повеќето мажи (сопрузи) не би дозволиле нивната сопруга, идна мајка на нивните деца, да се шета полугола наоколу и сите други мажи (па и жени) да зјапаат во неа. Колку год да сте вложиле во вашиот брак, во вашиот дом, треба да се подразмислиш малку. Ако решиш да го зачуваш бракот - бори се, но не по цена на твојот идентитет и не по цена на твоите морални вредности!
     
    На srcekrsacka и verica81 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.

Сподели ја оваа страница