1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Труднички муабети

    Па јас денес зборев со другарка што е веќе на породилно и ми кажа дека по правило со отвара првиот ден кога ќе влезеш во 9 месец, а со матичниот требало да се договориш од која точно дата да почне боледувањето, па пред таа дата да го користиш одморот.
    И јас супер се чувствувам и планирав до 14 декември да одам редовно, до 25 да користам стар одмор и од 25 да го почнам породилното, ама тоа ќе требало да ми го потвди матичниот гинеколог, не јас како си планирам, па ќе одам да се договорам на време. Види и ти, да не испадне после да ти биде касно да го користиш одморот, затоа што боледувањето мора да почне.
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Труднички муабети

    Се сменало нешто од пред 2 години?
    Јас го отворив на денот на пороѓајот, до тогаш си користев одмор....и тоа јас бев на патолошка, комисијата даде предлог породилното да го отворам 45 дена пред крајниот термин, ама јас тој гап го покрив со одморот.
     
  3. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Труднички муабети

    Па така ми кажа другаркава, можеби за патолошка бременост со комисија важат други правила, ова ми е последна информација од мајка породена пред 4-5 месеци, ама деновиве ќе се видам со матичниот гинеколог па ќе ве инфоримирам точно, да не ширам дезинформации.Како и да е со почетокот на 9 месец ќе мора точно да се знае и на работа и со докторот кога да се планира породилното.
     
  4. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Мене матичниот ми кажа до кога можам до тогаш да одам на работа, а за породилното ќе немало проблем, ќе го отвори кога ќе се договориме. Баш му спомнав дека треба еден месец пред терминот, ми вика нема врска нив им е важно да се девет месеци. :^)
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Труднички муабети

    Ова важеше и за мене :)
     
  6. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Труднички муабети

    Супер е ако е така, и јас така си планирав, се надевам дека и мојот матичен ќе биде кооперативен за датата, дека нема ме испрати на породилно порано, да немам време да го користам стариот одмор.
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Труднички муабети

    породилното можете да си го отворите и во 8 месец ако сакате важно е што тоа трае 9 месеци значи кога и да го почниш ке го користиш 9месеци али во законот стои да се отвори најмногу 45 уназад од пораѓајот
     
  8. CudnaZena

    CudnaZena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    12
    Женчиња да ве консултирам нешто кога се породив фино лепо си земав боледување од тој што ми е матичен лекар и си го однесов на работа. Е сега после месец ипол ми стигнува известување од ФЗО дека имам др матичен лекар и дека треба боледување од него, а јас имам одено и на др места на гинеколог ама не се сеќавам дека имам некого избрано за матичен. И сега што треба да направам??? Да го барам стариот за да ми напише боледување или????
     
  9. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Незнам дали во известувањето ти го пишува името на матичниот доктор, ако е така ќе одиш и ќе земеш од него боледуавње. Ако не го пишува името ќе си појдеш до фондот и таму ќе ти кажат кај кој доктор си пријавена, и ќе појдеш кај него по боледување. Во секој случај неможеш да земеш од стариот. Побрзај,заврши си ја работава, за да ти исплатат некој денар,иначе на нив вака им одговара,да те тегнат и да не ти плаќаат. Со среќа. :*
     
    На CudnaZena му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CudnaZena

    CudnaZena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    12



    Денес со 300 маки ја завршив работата :) го одјавив стариот, им ја однесов пријавата од новиот, се итешав од трчање ама битно завршив :) сега ќе чекам парички
     
  11. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Опааааааа...епа не не заборавај кога ќе се опариш :lol: Тоа е, додека не се растрчаш здраво, работиве си дремат во место. Ајде барем си завршила работа... :rock:
     
    На CudnaZena му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Кој го исплаќа надоместокот - државата или работодавецот?
     
  13. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    државата ;)
     
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Ама работодавецот мора за тие месеци да плаќа придонеси, така?
     
  15. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Девојки,ај и јас да си прашам нешто...Од 9-ти јануар треба да си отворам породилно боледување, секако во договор со матичниот гинеколог. Е сега,прашањето ми е-дали кога ќе го отворам боледување, одма ќе ми го дадат за да го однесам на работа,па нели после они го носат во фоднот за да можам да зимам плата овие 9 месеци?
    Мене ме буни тоа што обичните боледувања ги даваат нели откако ќе заврши боледувањето, а ова ваљда го даваат однапред...?
    Ве молам кој е запознаен со тематикава нека ме подучи, стварно сум во недоумица... :*
     
  16. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Силк, на денот кога сакаш да ти почне боледувањето ќе отидеш кај матичниот и тој ќе ти отвори боледување, тоа е всушност потврда на која го пишува почетниот и крајниот датум од боледувањето. Таа потврда ќе ја однесеш на работа и понатаму тие си тераат со фондот.
    Кај мене беше така, со тоа што на работа ми рекоа да однесам и извод на родени кога ќе се роди бебчето.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Маја фала ти најмногу, ептен бев збунета,незнаев што да правам :) . Ќе си отидам на 9-ти и ќе си побарам таква потврда. Поздравче за бебушката
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    да прашам некои работи можеби глупи ама ете не знам.. сега кога ке треба да одам на трудничко,одам цели 9 месеци.ама ако го сакам порано да го земам треба и порано да се вратам? и друга работа мене државата ми дава секој месец пари онолку колку ми била мојата нето плата така?
     
  19. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    786
    Мене нешто или гинекологов ми мати или од работа поим неам, значи се договорив од кога да ми почнува трудничкото и ми го запишаа, арно ама гинекологот ми вика јас тебе ќе ти го дадам откако ќе се породиш и ќе донесеш отпусна листа, а од друга страна од работа ми го бараат и стварно нз што да правам, само добив едно ливче обично дека ми е почнато породилното и толку... :o
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Да, породилното ти е 9 мес, ако одиш порано и порано се враќаш. Да, ФЗО ти ја дава целата плата со големо доцнење од 2-3 мес.

    Не ти мати ништо гинекологот, убаво ти кажува туку од работа незнам што толку се потресуваат за боловањето зашто не им е потребно толку рано да го имаат (ако останеш во Јануари на пр. тек во Фебруари кога ќе пуштат плата за Јануари тогаш те пријавуваат дека си на труд. боледување)