Девојки во сметководство ми спомнаа бидејќи сум на патолошка, месецот кога ќе ме пратат на породилно ( тие 45 дена ) немало никаква исплата од Фондот додека не однесеш извод од бебе. Дали има некоја искуство со ова, ебате државата ако е така, ние треба ли да јадеме тој месец ипол додека седиме дома?
Е не се нормални...па како може така испаѓа дека ни кратат еден месец ние ко да сакаме да седиме дома
Е ајде де. Значи ме предупредија за да не сум се секирала зашто нема пари... „Не ти дава државата додека не се породиш“ ми рекоа. Многу се изнервирав...
Помош мала консултација... Од понеделник влегувам во девети и сакав да да го доземам вториот дел од одморот-зимскиот па да отворам породилно па ме интересира дали има со закон од кога може да се користи зимскиот одмор и дали е можно да ме одбијат у фирма пошто е уште септември??
Како може да се отвори породилно 45 дена пред термин? Со дијагноза некоја или? Мојава ништо живо не сака да ми го отвори порано
Da da so patoloshka nemash izbor..prethodno to e boleduvanje i lekarskata komisoja sam ti racuna 45dena i ti otvaraat trudnicko...a vaka mislam deka mozesh 28dena pred terminot
Една братучедка без проблем го отвори со 45 дена пред термин, а имаше нормална бременост. Затоа прашав.
Дали треба да се потпишува договор после неговиот истек? И дали ми се важи стажот ако договорот не е продолжен? Значи не сум одјавена, колку што знам , така ми рекоа, и дали ме следи породилно воопшто?
Ај кажете ми колку точно треба да сум во работен однос за да имам право на породилно? 6 месеци, односно колку точно денови? Да удрам една математика, зошто кнап сум.
Девојки да ве прашам нешто во врска со моја бремена другарка , она си работаше но кога дозна газдата дека е бремена и рече ке ја одјави , и она си најде друга фирма што ке ја вработи во текот на бременоста , но фактички во новава фирма ке ја фати 5 и пол месеци од бременоста , дали е можно стариот газда да ја одјави и истиот ден да биде пријавена и да се важи и од кај стариот газда и од кај новиот газда стажот , за да си зема потоа пари одкако ке се породи ? Се надевам ме разбравте и ке ми помогнете да ја разрешиме дилемва
Може, не смее да има прекин во стажот. Нека се распраша убаво, сестра ми беше одјавена па пријавена од една во друга фирма без да има прекин во стажот.
Не ми е јасно тоа со пријавата, одјавата во ист ден... Јас сега кај што работам имаше некои пермутации во фирма и ме одјавија во една ме пријавија во другата фирма. Ама ме одјавија со 30.09.2016, а ме пријавија со 01.10.2016... Прашавме и во с-во и во завод за вработување и социјално.... Леле ако ми направат проблем ама по некоја логика јас немам прекин 30 ти ми е во стара фирма, а 01 ми е во нова....
За да си раат,на сајтот avrm.gov.mk можеш да се регистрираш и на твојот профил во делот работни места ќе ти покаже минати и тековни вработувања по датуми на пријава/одјава. (при регистрацијата потребно е да се внесе матичен број според кој ја покажува евиденцијата во твоето досие) Се надевам помогнав
Така се прави денес те одјавува едната фирма утре те пријавува другата. Неможе во еден ден да си во две фирми. Не се секирај добри ти се документите.
Ако денес е пријава,од утре почнува стажот. Пред две години менував фирма и ме одјавија на 30ти септември (или на 31ви октомври беше не памтам) попладне. Новата фирма не стигна да ме пријави попладнето во истиот ден, туку ме пријавија изутрина наредниот ден,но вработувањето се смета од следниот ден по пријавувањето затоа што мора да помине таму 8 работни саата.... И така си заработив дупка еден ден во стаж. А исто така во пресметката за платата имав една дневница помалку. Така што проверете поубаво и пазете при овие пријави/одјави што ви ги прават. Можеби работите во меѓувреме се променети но моето искуство беше такво...
Зсштo сум нa пaтoлoшкa тс тoa се третирaлo кaкo oбичнo бoледувaње и исплaќaле 70% сaмo ..ме интересирa кaкo е сo исплaќaњетo кoј имa искуствo ..зa септември кoгa нa пример би исплaтиле oд фoндoт знaе некoј?
во мојот случај зашто сум и јас на патолошка...се зависи од сметководство кога ке ги добие и однесе документите...од моментот на предавање од 7 до 10 работни денови јас ги добивам парите
Епa мoјте се предaдени веќе пред 7 денa вo фoнoт тaкa дa мoже дa oчекувaм пaри oд фoнoт зa септември месец ..тaкa?