1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Мравче мислам дека гинекологот ништо не ти мати, и кај мене е истата ситуација. Ми запиша само во картонот дека од 09.01 сум на породилно и ми рече кога ќе се породам со отпусната листа да одам кај неа и тогаш ќе ми даде некаков документ, решение или незнам како го кажа, и тоа ќе си го однесам на работа.На крај ќе ми даде право боледување. Е сега незнам што ти се занесуваат на работа, ваљда не си им прва трудница,па знаат мајку му како идат тие работи...
     
  2. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Пак јас со моите прашања. Вака: на породилно сум од 09.01. Матичната тогаш ми запиша само во картонот и ми рече кога ќе се породам да однесам отпусна листа од болница и тогаш ќе ми даде боледување. Но јас може ќе се породам следниот месец. А овој месец треба да однесам некаков документ со кој ќе ги покријам деновите кога не сум била на работа. А таков документ немам. Слушам од други мајки дека одма им давале боледување, без разлика дали се породени или не...И сега незнам што да правам. На работа ќе ми бараат боледување, за да можат да го однесат во фондот а и за мене да ги оправдам деновите, а матичната чека да се породам. Молам за совет.
     
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Moj совет почекај да си се породиш па после ќе им однесеш трудничко боледување.
    А ако им треба некакво земи една недела од општиот доктор да не ти досаѓаат.
    Јас со првото сонце избрзав,однесов одма и порано ме водеа на трудничко уште не породена па на работа тргнав една недела откако наполни 8 месеци ;( го оставив порано.
    Породи си се па ќе им однесеш не ја правам истата грешка овој пат и ќе им кажам да си почекаат.
    Бараат трудничко а уште не си се породил бог да чува
     
  4. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Ама не, SimonaTino, јас веќе имам отворено трудничко од 09.01, и веќе ми тече. Прашањето ми беше дека неможам да го оправдам месецов што го седам дома бидејќи матичната не ми дава никаква потврда дека сум на боледување за да однесам на работа, а овие па си бараат пошто сега и плата почнува да се прави.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    А зошто не ти дава?
     
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Па не ми дава пошто не сум била уште породена.И требало документ (отпусна листа од болница) за врз основа на него да ми напише боловање.Вака немала ,,покритие,,. Абе бог да чува...Ама средив денеска на работа, ќе ме почекале :lol: . Фала ти на одговорите.
     
  7. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Silk,и мене матичниот гинеколог ми ја чекаше отпустната листа од болница, и денес се слушнавме на телефон и мажми утре ќе оди да го земе боледувањето да го однесе на работа кај мене, а ќе почне породилното од денот на раѓањето. Така да мислам дека сите гинеколози го чекаат истото , освен ако не го почнеш 30односно 45 дена порано, па има поинаков наичн на отварање, незнам може грешам ама така ми има речено мојов гинеколог. Чекај си до раѓањето , подобро е за тебе ќе си останеш дома повеќе со бебушка . Поздравче :inlove: :*
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Само малку ќе се вмешам, сега се исплаќа просекот на нето платата од последните 12 месеци.

    Јас трудничко отворив денот кога се породив. Гинекологот му побарал на мм отпусна листа, му дал некаква потврда, истата се носи на работа и сметководителот си ја брка работата.

    Инаку еве веќе 7- ми месец тераме, а ФЗО ми исплатено само 3 рати т.е. плати. ]:)
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    787

    епа и мене тоа ми го бараа и јас незнам зошто не ми го дава гинекологот (сега веќе ќе мора :D ) добро што си средила некако дека кај мене нема чекање, а и прават глупости па од кај да знам јас кога ќе се породам во тој еден месец што сум на боледување, а и како па ќе ги покријат тие денови што си седиш дома со какво боледување...
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Ова значи дека ќе треба да одам и цел 9ти на работа?
     
  11. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Не,не,незначи... Некако се договоривме.На работа ми рекоа да го донесам боледувањето кога ќе се породам,бидејќи претходно не им ни требало,нели сега плата преку фондот ќе зимаме. Иначе и јас цел 9-ти сум си дома.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Аман, ако може некој нека ми помогне... се отепав од барање на интернет и не можам да најдам ништо.
    Осигурана сум... првата плата треба да ми помине на 1 Февруари.. пред да се породам ќе имам остварено 6 месеци работен стаж. Се договорив со газдата да ме осигура на 30.000 денари за да си земам 30.000 денари кога ќе сум на трудничко боледување, арно ама... книговодителот, кој ги прави пресметките рече дека со новиот закон се земал просекот од фирмата а не просекот на плата од вработената ( во случајов јас ). Што значи, според него јас да сум осигурана и на 100.000 ќе земам .. просекот на нашата фирма е 6.000 ококу 9-10.000 денари трудничко!??!?! Стварно не знам..... не можам да најдам ниту закони на интернет, ниту во фондот за здравство нешто... ако можете упатете ме каде да се распрашам, бидејќи имам уште нецела недела додека ми помине првата плата а не сакам да го изгубам правото да земам 30.000 ако можам... наместо 10.000. Или ако знаете како е новиот закон, аман пишете.. очајна сум веќе. ;(

    Фала однапред.
     
    На Miss-HeLL и maleckataa им се допаѓа ова.
  13. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    А сега како се водиш?Не си на трудничко туку...
    Јас на работа кај мене прашав ми рекоа до 9ти да одам нормално после на трудничко а јас ќе си земам 2 недели предходно од општиот па ќе видам дали ќе има потреба да се враќам на работа :(
     
  14. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    TheEKaterina мислам дека се направени измени во законот за да може да се заштити државата од таквите како вас, извини немој погрешно да ме сватиш.
    И јас морав да напуштам принудно од работа во 5 месец и да не ми се изгуби породилното си плакав придонеси останатите месеци, но се пишав со истата плата која ја земав и во предходната фирма.
    Трудничите боледувања и така се каснат со месеци, тешко на тие како мене што зависеле од тие пари, па да правеле така сите кој знае дали и воопшто ке ги исплакале.
    Се прави и просек во фирма и просек на плати 12 месеци уназат, така нешто.
    Имаат искуство со такви што го искористувале трудничкото боледување и се заштитуваат.
    Во фирмата која работев, плата на трансакција ми беше 14000, а во наредната каде си плакав придонеси 13890(таму се броеа некој работни часови, не знам ни јас точно татко ми ми ја плакаше) и средна плата од ФЗО ми имаа извадено 13494 како и јас не знам :^)
    Не дека е некоја голема разлика кај мене, но има и сум слушала за такви и со поголема.
     
    На maleckataa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Од 09.01 сум на трудничко,да. Само проблемот ми беше што боледувањето неможав да го земам бидејки не сум породена. Боледување матичниот дава само со отпусна листа од болница. На работа ми кажаа да го однесам кога ќе се породам. И во него ќе си стои датум од 09.01. Иначе за тие две недели да ти кажам дека неможеш да ги земеш кога ќе влезеш во 9-ти, бидејќи од тогаш реално може веќе да почне породилното и не даваат така. Јас земав две недели пред да влезам во 9-ти, па после имав 10 дена одмор и после тоа на породилно.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    E тоа чекав да ми го кажеш :D Сега јасно ми е...Плавуша сум и малку сум збунета деновиве не сум баш наспана :D Те измачив извини
     
  17. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Хехехехе...море не е дека си плавуша,него во нашава држава све е искомплицирано до даска. Додека човек ги сфати работиве ќе се заврзе во чвор петпати па ќе се одврзе. Значи така напрај си и ти, и мирна глава.
    И не ме намачи воопшто... :$
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337

    Во ред е, можеби јас неубаво ја доловив мојата ситуација.
    Јас работам 6 години во истата фирма НЕОСИГУРАНА! А имам само 24 години. Паралелно работев и студирав. Како излегував на крај јас си знам. Мажот ми е невработен. Се договорив со газдата да ме осигура на 30.000 за кога ќе се породам да можиме некако крај со крај да фатиме. Иначе чисто информативно придонесите сама ќе си ги плаќам... а на осигурување од 30.000 придонеси се 14.500 денари, јас земам плата 16.000. Сама види колку сум јас во добивка од ова. |(

    Се распрашав законот е сменат.... имало жени кои биле осигурани на 100-150.000 денари некои дури и на 300.000 денари само за да ја лупат државата... законот бил сменат пред две години и максимално осигурување било 24.000 денари, но бидејќи имало банкари жени кои земале и до 60.000 денари плата и кои се бунеле на законот... законот повторно бил сменат и сега законот гласи вака:

    За да стекниш право на трудничко потребно е:

    1. Минимум 7 месеци да си осигуран.
    2. Платата редовно да е помината во изминатите 12 месеци.
    3. Во фирмата да се осигурани повеќе од 3 лица.
    4. Трудничкото се поднесува најрано месец дена пред породување најкасно недела дена пред породување.. никако после породување бидејќи го губиш правото на трудничко .. заедно со сите изводи од изминатите 7 месеци дека платата ти е помината на трансакциона.
    5. Се зема 100% од платата на која си бил осигуран.
    6. Се зема просекот на работникот, а не на цела фирма.
    7. Максимално што можиш да земиш плата е 60.000 денари.
    8. За едно дете трудничкото трае 9 месеци ( можиш да го продолжиш од Х причини до година ), за близнаци трае до година и пол.
     
    На Miss-HeLL му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    ^ТхеЕкатерина јас свакам се тоа, а уште пожалосно е што ти не си единсвена 70% што од лугево државава се во таква ситуациција.
    Нити јас сум се наогала во подобра ситуација, и јас во 2008 кога почнав да работам не бев 2 години осигурана, а од 2010 беше многу стегнато,сите фирмии ги пријавува своите вработени, инспекции имаше на велико,казните огромни, не поминуваа ни со врски.
    Како му успеало на вашиот газда, стварно не знам. :^)
    Но и вие вработените во таа фирма сте тие што требало да го пријавите, тајно, да си плати казна и да не се осмели во иднина да му текне да ескивира.
    Било како, види убаво осигурај се пред да дадеш толку пари за месечни приденеси, зашто они си имаат систем како да се заштитат, поврзани се со УЈП, ти кажав мене средна плата ми извадија помала од двете места.
    Трудничкото боледување сигурно знаеш касни со месеци, ни јас не бев во подобра ситуација 6 месеци ми каснеше трудничкото боледување, а цела плата на мм одеше за кирија и сметки, да не беа моите не знам како ке врзевме крај со крај.
    Не е лесно никаде, ситуацијава во државава ни е катастрфа и кога ке дојде до ваква ситуација секој сака да искористи што повеке.
    За тоа и државава ни пропага, кој дојде на влас сака да се рачапа што повеке.
    А максимална трудничка исплата години уназат е 30.000, не само последниве две, колку што знам максимално било 60.000.
    Како и да е со лесно да ти е бременоста, ова останатото се споредни работи, гледај си ти и бебчето да сте добро, овде вака ке биде уште 1000 години.
     
  20. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    А бе знам.....јасно ми е се. Мажот ми има завршено два факултета во Нови Сад. Едниот банкарски, другиот економски. Никаде не може да најде работа..... а газдава што не сме го пријавиле... криза е, сакаш да останеш на работа, па макар работел и без стаж. Кога ќе дојдеше инспекција мене ме криеја низ канцеларии, низ магацини, не бев само јас.. јас и уште 7-8 како мене.

    Дека биле поврзани со УЈП не знаев.. а тоа во фондот не ми го кажаа. Да знаеш ќе си се распрашам подобро пошо немам многу време.. уште наредната недела ми остана... да не фрлам џабе толку пари. И тоа што викаш. Фала.
     
    На Miss-HeLL и maleckataa им се допаѓа ова.