1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Ќе може ли некој да ми каже дали би ми следувало породилно доколку сум осигурана на пола работно време?Само знам дека треба најмалку да сум осигурана 7 месеци...јас сум само 4 месеци осигурана но сеуште нема да излезам од работа...?
     
  2. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
     
    На TSS му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222

    прво добиваш нормално боледување, а потоа одиш на комисија односно предлог за продолжување на боледувањето и така секој месец до крај. комисијата се наоѓа карши ѓорѓи димитров гимназијата во бараките и секој месец ќе мораш да одиш за да ти продолжат или скратат. ќе носиш историјат на болеста ќе им објасниш што ти е ќе ти кажат излези и ќе почекаш да видиш што одлучиле. но како е да е првото боловање оди од матичен, а се останато ако сакат и ако сметаат дека си на листа за патолошка. инаку сега е мн. ригорозно поради голема злоупотреба така да и не се разочарувај и да те одбијат биди упорна и ако те одбијат терај си со нормално боледување со тоа што ќе одиш 2-3 дена на работа па боледување и се така до крај или продолжување на боледување со различна дијагноза. има 101 начин да ја победиме неправдата доколку некој сака да ни ја нанеси.
     
  4. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Моментално работам во една фирма 4 ти месец сум и планирам за 2 месеца да се префрлам во друга,без да губам ден.Ми казаа без проблем ке зимам болуванје ако сум нон стоп осигурена само ни ден да не изгубам.Дали некој има исто направено како мене?
     
  5. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Да прво се добива две недели обично боледување па после до 30 дена се оди на комисија карши Ѓорги Димитров исто и за боледување до 60 дена.Но после тоа мораш да одиш на комисија во Државна болница која никогаш не дава боледување. Знам по себе. И јас бев и со тироидна и со тахикардија 120 и со крварења до 5 месец, ама боледување од нив не добив.Таква одев на работа. Имаат господата таму листа на ризични бремености,и само доколку имаш тежок деформитет на матката или си отворена со серклаж може да ти дадат боледување,све друго не ги интересира. И ова со дупкиве во законот не ми успеа. После две недели појдов на работа,па сакав ново од матичниот гин.но ме откачи,ми рече дека секое ново боледување треба да е со нова дијагноза а она не смее да измислува.Ете тоа е.КАТАСТРОФА. Само господ да е со тебе и да те чува, а државата нема да те зашити. И после треба да раѓаме по три деца најмалку. :fubar:
     
  6. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Јас се имав префрлено во друга фирма без прекинат стаж.Ама користев летен одмор без разлика што бев кратко време законски ми следуваше.А сега пред да одам на ѕтудничко искористив пола одмор што ми следува за годинава.Го искористив зашто ќе ми пропанеше дека на трудничко.
     
  7. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Мажите добиваат по некој ден од работа за бебе?
     
  8. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    беше 3 дена но зависи од компанијата во која работи, ако сака ќе му даде. Инаку да му следува
     
  9. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    На мм му даваат 5дена.
     
    На anicka1anicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Da I na mm mu dadoa 5 dena,sab I ned mu se nerabotni mu se fatija 9 dena :)
     
    На Vetruska и anicka1anicka им се допаѓа ова.
  11. DanielaXyz

    DanielaXyz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Ќе може ли некој точно да ми објасни која е процедурата за земање породилно? Кои се моите обврски, во смисла на документи/одење по социјално итн. И колку изнесува сумата која ќе ја земам за време на породилното отсуство - 80% или 100%?

    Доколку има промени на платата во последните 6 месеци, како се пресметува платата која се зема за време на породилното? На пример:
    месец1 - x plata
    месец2 до месец 6 - y плата.
    Дали формулата е: (x + 5*y) / 6, и од тоа соодветен процент?
    Или нешто сосема десетто?

    Темринот ми е во октомври.
    Ве молам да одговори само оној кој точно знае. Фала :)
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736

    Со документи за породилно- колку што се сеќавам, за породилното боледување ти го дава матичниот гинеколог. Во социјалното се носат извод од раѓање, како и документи-потврди од твојата работа и од работата на сопругот, во која пишува колкави ви се примањата, а кои се основ за пресметка на тоа колква ќе биде еднократната парична помош (за прво дете е така- нз за второ и трето)
    Туку за парите- породилното се плаќа 100%. Се зема просекот во последните 12 месеци, односно година. Ако не си имала промена на плата тогаш породилното ќе ти е исто како и платата. Ако си имала- тогаш нз каква е формулата по која пресметуваат.
    поздрав и со лесно
     
  13. DanielaXyz

    DanielaXyz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Ти благодарам на одговорот, ептен ми помогна :)

    А кога ќе треба да почнам со процедурата за документите од матичниот гинеколог? Колку време пред породувањето?

    Лелее не знаев дека има паричен надомест за прво дете, баш ме израдува :) Од прилика ќе може да ми кажеш колку би изнесувало - пеесетина евра?

    Сигурна си за тоа 100%? Поздрав :)
     
  14. DanielaXyz

    DanielaXyz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    И ако има уште нешто што треба да знам, ве молам кажете ми. На пример ова со еднократнава помош не го знаев, а штета ќе беше да не се искористи. Прв пат сум бремена и ептен сум збунета.
    Фала :)
     
  15. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Породилното боловање се зема најкасно некои 27-28 дена пред терминот.Јас кога бев да земам породилно 3 дена сум каснела и испадна проблем (кој подоцна го решивме) Значи тоа е законско,не сум точно сигурна колку денови пред терминот тоа да се распрашаш.Во мојот случај јас бев осигурана само 7 месеци а породилното изнесуваше исто колку што ми беше платата.За првородено дете се земаат околу 5 илјади (горе-доле). ;)

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  16. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    ^Па кај мене надоместотокот за прво дете беше околу 5000 денари. тоа е тоа што во наше време кога сме се раѓале ние, шо ги давале оние кафеави тробици внатре со пелени- терта и шведски и слично. Сега наместо тоа дават еднократна парична помош.Износот мислам дека е варијабилен во зависност од примањата на родителите, ама сепак мислам дека не варира многу многу.
    За породилното, не сум сигурна ама ќе се договориш со матичниот. Оти е битно дали ќе започниш со предпородилно, или на работа ќе одиш до пред пораѓање. До пред година и пол- две можеше да го земеш породилното 45-28 дена пред породувањето (од датумот утврден од матичниот).
    Сепак не секирај многу, кога ќе дојде време се ќе си дојде на свое.
    И да, ако имате оддел за човечки ресурси- кадрово на работа , прашај си и кај нив, можат многу да ти помогнат
     
  17. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    имаш и од општината еднократна ;) , но зависи каде живееш да не се израдуваш само пред време не даваат сите општини, јас знам за центар, аеродром и карпош некаде околу 5000 ден. е не е многу но е добредојдено. нека ме допоплни друга тазе мама ако знае
     
  18. DanielaXyz

    DanielaXyz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Лелее супер :)
    Јас живеам во Тетово со сопругот. Кај да проверам дали даваат еднократна парична помош таму?
     
  19. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    во општината, незнам дали тетово е една општина или сте поделени како во скопје.но како и да е распрашај се каде се наоѓа општината и таму прашај си.поззз
     
  20. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    девојки преведена ви е платата за април месец?