1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Законот се изгласа, ама реално нема никаква придобивка...освен што „не може“ да не те врати на работа работодавецот ако користиш три месеци плус. Велам - неможе да не те врати, зошто ти реално ќе бидеш одјавена од кај работодавецот - значи не ти тече стаж и не се плаќаат придонеси за пензиско и инвалидско осигурување. :@
    Мое мислење е дека можеш само да се зезнеш бидејќи иако се зависи од работодавец до работодавец - во принцип ич нема да му е гајле и може да ти најде замена и да ти најде било каква причина за отказ одма кога ќе се вратиш. На крајот на краиштата, неплатено отстуство од 3 месеци и претходно постоеше само што требаше да ти го одобри работотдавецот, а сега ќе мора да ти го даде бидејќи ти следува по дифолт. |(
    Единствено - ќе бидеш здравствено осигигурана во тој период (што и секако би била преку сопруг или како невработена) и ако евентуално пак забремениш додека користиш неплатено не го губиш правото на надоместок за нормалното породилно отсуство - прашање е дали ќе ти се смета ова како да сме работеле и баш ме интересира како би ја определиле висината на трудничкото зошто во тој период нема да ти се исплаќа плата... :?:
     
  2. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.314
    Нели се зема просекот на платите од последните 6 месеци??? :^) Така беше порано... ама можеби има некои измени во законот...
    Од кога е ова дека се зема просекот на платите од последните 12 месеци... знае некој?
     
  3. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Породилно се зема 100% колку сте имале плата на сметка, не се пресметува просек.
     
  4. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Значи вака, Melinara процентот од платата нема врска со просекот - кој пак претставува основа за пресметување надоместок на плата.
    Снегулка, за да може да се земе породилно, мора да си осигурана најмалку 6 месеци. Ако си била пријавена само 6 месеци во тој случај породилното ќе ти биде 100% ОД ПРОСЕКОТ на исплатените плати во тие 6 месеци. Ако константно примаш иста плата - пример 20000, 20000 денари ќе ти биде и породилното секој месец во наредните 9 месеци, ако си примала различна плата, на пример 3 месеци по 10000 и 3 месеци по 20000 денари, тогаш ќе зимаш 15000 денари.
    Ако си била пријавена цела година претходно, тогаш се зима просекот од цела година, а не само од последните шест месеци.
    Ништо не е сменето во законот :) само кај некој се пресметува просек од најмалку 6 месеци до 12 месеци во зависност од тоа колку траело осигурувањето.

    Основица за утврдување на надоместокот на плата
    Член 16
    Основица за пресметување на надоместокот на плата претставува просечниот месечен износ на исплатената плата на која е платен придонесот за задолжителното здравствено осигурување во последните дванаесет месеци пред настанувањето на случајот поради кој се стекнува правото на надоместокот.

    Ако за осигуреникот не може да се утврди основица за надоместокот според став 1 на овој член, основицата за надоместокот ќе се утврди од платата што ја остварил за деновите поминати на работа во периодот пред настанување на случајот.
     
  5. sunny.girls

    sunny.girls Нов член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво,

    сакам некој да прашам што е осигурен на повисока бруто плата од 70000 денари, малку ми е нејасно следното:

    " Висината на надоместокот на плата пресметан врз основа на членот 16 на овој закон не може да биде повисока од износот на две просечни месечни плати, три просечни месечни плати во 2012 година и четири просечни месечни плати по 2012 година исплатени во Републиката во претходната година. "

    За две просечни месечни плати, се подразбираат БРУТО или НЕТО плати?
    Зошто пишува три просечни месечни плати во 2012 година и четири просечни месечни плати по 2012 година исплатени во Републиката во претходната година.
    Каква врска имаат платите во 2012, и по 2012?

    Зошто ако се сметаат нето платите, по мојата логика, повеќе од 42500 денари, фондот не би требало да исплаќа или јас грешам?
     
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
     
  7. kleopatra2531

    kleopatra2531 Нов член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Здρаво! Ме интеρесиρа κолκу тρеба да имам непρеκинато стаж за да можам да κоρистам платено тρудничκо? Фала :)
     
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    ^^
    6 месеци, ни ден помалце.
     
  9. Reniii

    Reniii Нов член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    a ima li zakon za firmata ako odi pod stecaj a ti veke treba da zimas porodilno dali ako tuzis ke zemes ili se gubis (inace gazdava e do gusa zaglaven i ne misli da si gi plati dolgovite i nemoze da ja vrati firmata) ??? so treba da se pravi vo takov slucaj???
     
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    30.198
    Пол:
    Женски
    ^ не сум 100% сигурна, и не знам дали е 100% точно, но по мое доколку ти во фирмата имаш непрекинат стаж од минимум 6 месеци, пред да отиде фирмата под стечај,и доколку законски и правилно фирмата ја вршела својата дејност(во однос на плата, работници, работни часови) мислам дека нема да имаш проблем да земаш породилно, зашто државата т.е. Фондот го плаќа породилното, фирмата нема врска.
     
  11. Reniii

    Reniii Нов член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    fodot da go plaka ama firmata treba da si gi podmiri dolgovite dodeka on ne si gi plati dolgovite fondot nemoze mene da mi pusti pari smetkata mu e blokirana
     
  12. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    164
    ако фирмата отиде под стечај немате право на породилно.
    прочитајте закон за работни односи, дај боже да има некоја нова промена и ова да не е точно ама барем до пред 2 години така беше.
    пробај да те пријави некој друг без да имаш прекин при префрлање од една во друга фирма и всушност ти ке одиш преку новата фирма на породилно.
     
  13. Reniii

    Reniii Нов член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    i da me prefrli vo druga firma ja ke moram da pocnam da rabotam za plata oti vo taa firma so otide pod stecaj tamu veke mi bese otvoreno porodilnoto i sea nz so da pravam dali da tuzam ili ne pa nz ni dali ke dobijam uffffffffffff...........
     
  14. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Доколку сеуште немаш прекин, нека те пријават (само да немаш прекин) во друга фирма сега без разлика што ти е отворено породилното во претходната. Новата фирма нема да има никакви обврски заради тебе.
    Инаку, неможеш да го тужиш Фондот бидејќи нема обврска да ти исплаќа, а ако ја тужиш фирмата само ќе си направиш трошоци, зошто и кога ќе ја добиеш пресудата во твоја корист нема да имаш како и од што да ја извршиш. :( Знам неколку случаи што го загубија правото на породилно работејќи во вакви идиотски фирми!
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.426
    Пол:
    Женски
    jas imam malce glupo pitanje...dali ima nekakva vrska kreditot so porodilnoto?Znaci mojata plata vo poslednite 10 meseci e 17000..znaci i porodilnoto treba da e 17000 taka?No pred mesec dena podignav kredit i ke mi sopiraat odredena suma od smetka.Ima li toa vrska so porodilnoto? i izvinete na latinica nemam kirilicen fond ovde
     
  16. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Немај гајле и јас имам кредит за породилно не ти ја гледаат сумата на картица што останува него платата од цела година како ти праќале сумата на плата ги интересира која е,така барем слушам од сите колешки другарки и мене ми е направено од банка штом ми легне платата да си ја повлечат сумата тоа нема везе со породилното уживај ;)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    здраво девојки! планирам бременост но ме интересира како оди трудничкото боловање? вработена сум со договор на 6 месеца и со завршувањето на секои 6 месеци потпишувам нов договор, па сега незнам дали мене ми следува од тука трудничко болвање. а и да напоменам дека работам во фирма каде има доста многу тешка физичка работа, па дали и што можам да сторам во врска со тоа? благодарам :inlove:
     
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Можеш да користиш породилно со потпишување на два договори (во твојот случај). Моја другарка беше пријавена на 3 месеци и пред да оди на породилно потпиша 4 договори. Едниот и почна пред да се породи, а другите три и беа за да го искористи породилното. Е сега, зависи до работодавецот, ако е разбирлив човек може да ти помогне :)
     
  19. Banance85

    Banance85 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво,

    Јас имам едно прашање. Во фирмата која работам сум веќе 2,5 години. Пред неколку месеци од определно ме префрлија на неопределно работно време меѓутоа тоа префрлување беше во мојот 4 месец од бременост. Префрлувањето беше на тој начин што одјавата од определено беше на 04.06 а пријавата на неопредлено беше од 05.06 (што значи немам никаков прекин). Дали тоа има врска после со породилното отсуство зашто кога ќе отворам породилно нема да има 6 месеци од новиот датум?? Нагласувам немам прекин во стажот само префрлување.

    Фала и поздрав
     
  20. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    е благодарам многу! но исто така и ме интересира од кога најчесто почнува боловањето, од кој месец на бременоста? и што со тешката физичка работа?