Посетување психијатар

Дискусија во 'Психологија' започната од Meggy, 13 јануари 2010.

  1. fallenangel

    fallenangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    324
    Да имам потреба од посета на психијатар дури и мислам дека тоа е нешто нормално немора да сме ненормални или не знам што едноставно онака опуштен разговор со некој кој би не разбрал ,сепак денес сме постојано изложени на стрес и напнатост тоа допринесува да сме нервозни и да се расправаме наокулу барем кај мене е така ,но во нашата држава ако посетиш сите ке те мислат за ненормален ајде така да се изразам едноставно таков е менталитетот на луѓето или она што најчесто го наведувааат како причина за непосетување е недоверба во психијатрите
     
  2. Maau

    Maau Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ги прочитав претходните неколку страни и приметив дека не сум единствената која има голем проблем со самодоверба нажалост......години и години на назад секое утро се будам со таа помисла и чувствувам огромна тежина во себе за која не сакам да разговарам со моите најблиски . Имам проблем кога разговарам со луѓето , кога седам со нив , кога ке ги сретнам на улица , јас се чувствувам многу ниско во споредба со нив , мислам дека сите тие вредат многу повеке од мене дека имаат лошо мислење за мене , дека јас во нивните очи сум многу ниско ,дека некој од тие луѓе би знаел како да реагира во одредена ситуација многу подобро за разлика од мене и дека не би направил нешто што јас би го направила или пак дека некој им кажал нешто лошо за мене.Најлошо се чувствувам кога сум сама и кога размислувам,мислам на многу работи кои поминале се навракам на минатото како да сум заробена таму многу години. Не сум била ваква сум се соочувала со многу полоши работи и стравови но наеднаш почнав да не можам луѓето да ги гледам во очи плашејки се од нив .Мислејќи дека ме гледаат преправајќи се а во себе ми се потсмеваат. Размислував за психијатар или психолог но незнам дали да се осмелам за тоа , дали можеби мојот проблем би им звучел глупаво но мене ми задава тешкотии секојдневно дури и кога сама седам и размислувам . Незнам зошто се чувствувам вака , опкружена сум со голем број на луѓе кои ги сакам и ме сакаат,имам доволно другарки , имам дечко и семејство кое ме подржува но не се осмелувам да прозборам за ова затоа што од секогаш бев таа што е од поцврстите и сама си ги решава своите проблеми без да потклекне ама еве паднав и ми треба некој што би можел да ми даде некој совет доколку сака и доколку не го мрзи да го прочита мојот реферат , ви благодарам :* :* :*
     
  3. sonce777

    sonce777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    164
    Маау сум имала еден период и јас ваков проблем.Се пронајдов во неколку твој реченици сама си се омаловажував со луѓето со кој бев опкружена беа сите поголеми во моите очи дури одев дотаму се да ги слушам и се да биде по нивно и се се тие во право и само тие да знаат да донесуваат одлуки а себе си се потценував и мојот став не си го почитував,небере они се попаметни од мене.
    Ова го имам пишувано и друг пат не паметам во која тема.
    Сама си помогнав,земав една слика кај што сум убаво излезена си ја ставив на масичката до мојот кревет така потпрена секое утро кога се будев гледав право во нејзе и сама си зборев понекогаш дури и на глас;колку си убава колку ти е убава косата,лицето си се фалев сама себеси си ги нагласував сите свои квалитети да не набројувам ке ти станам досадна.Верувај ми секое утро се гледав и се разнежнував со убавата помисла за себе.Можеби ке сум ти смешна но тоа мене ми помогна.Послушај ме повозрасна сум од тебе и поискусна давај си сама кураж-воља охрабрувај си се ке ти биде подобро.Ти посакувам срека.
    Ако си одлучиш па оди и на психијатар ама јас читајките сметам дека не е толку голем проблемот.
     
    На Maau му/ѝ се допаѓа ова.
  4. babaDara

    babaDara Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Ве молам итно се потребни најдобрите психијатри за сексуалка. Не еден повеќе, само немојте некој братучед да испадне, ќе го легне, ништо не сме направиле!!!

    БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД!!!
     
  5. zaboraeno

    zaboraeno Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3

    може да ми дадеш контаткт од психологот и кој е тој патем?
     
  6. anime969

    anime969 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    dali poznavate psiholog ili psihijatar u kumanovo?
     
  7. tessie

    tessie Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    9.809
    Пол:
    Женски
    Не сум била никогаш на психијатар, едноставно не сум почувствувала таква потреба. При толку нешколувани терапевти слободни уметници кои повеќе се грижат за твоите проблеми отколку за своите, огроомна потреба од овој кадар во земјава наша нема. Можеби затоа македонштинава со други очи ги гледа(ше) луѓето кои одат на психијатар. Денешно време за среќа тој комплекс почна да исчезнува.

    Инаку тоа е сосема нормална работа и совршено нормални луѓе одат едноставно да добијат професионален совет. Сепак, не препорачувам да е тоа претерано за да не се сфати психијатарот како еден вид поткрепа, сепак, ако нешто ни се случува во нашата психа, доколку сме свесни се разбира, прво мора да постои волја кај нас сами да се избориме да го победиме тоа. Затоа тие не ни зборуваат многу, туку слушаат. :)
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pinklady

    pinklady Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    19
    Дали некој знае добар психијатар или психолог во Ск и колку чини едно одење кај него ?
     
  9. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    8
    Најдобри психијатри во Македонија

    еве отварам ваква тема не видов нешто слично па би сакала од секој да слушнам искуство со психијатар и колку се благодарни од неговата работа.јас неможам да најдам добар во моето место но би сакал да посетам некој друг надвор од кавадарци кој е многу посетуван и многу сте балгодарни од него.дај пишете ми за вашиот најдобар психијатар спремна сум да го посетам ,се работи за депресија пропратена со анксиозност
     
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    1.039
    Најдобри психијатри во Македонија

    Во Прилеп има еден многу добар и доста сугестивен психијатар од кој многумина се фалат .
    Човекот се вика Јохан Ѓорѓиоски ,не знам дали си слушнала за него ,но има достигнато голем успех во третирање на пациенти со депресивна клиничка слика .

    Доколку имаш можност ,мислам дека би требало да се обратиш кај него .

    Ти посакувам многу успех и што поскоро и побезболно надминување на проблемите ,драга Лилеее :*
     
  11. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    96
    Најдобри психијатри во Македонија

    Има ли на форумов некој да е психолог!!! Плсс кажетее ми треба многуу :worried:
     
  12. kate0910rina

    kate0910rina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Многу добар психолог/психијатар (најискрено незнам што точно е човекот) е др. Павле Павлов се наоѓа кај зелено пазарче до бутикот „калина“ во средната зграда (ваљда објаснив добро) :P
    работи со сини картони најпрво првите 2 сеанси се наплаќаат по 500ден а после секоја наредна по 200 ден со син картон. Многу и помогна на една моја блиска личност.... ако сака некој број од него нека ми пише во порака ;)
     
  13. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    97
  14. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.422
    Луѓето стално ќе речат што и да е ќе помине, само треба некое време сепак да помине за да се намали болката и тагата што настанала поради некаква причина.
    Јас никогаш не сум била во ситуација да помислам дека ми треба стручна помош од вакво лице. Пред неколку дена ми се смени животот за 360 степени. Несакам да објаснувам што се случи. ;( Сеуште пиам апчиња и сум под голем стрес и неможам да се помирам со реалноста, едноставно несакам да ја прифатам. Многу ми е тешко. Најтешко во животот... незнам ни зошто пишувам тука али така ми доаѓа . ;(
    Најтешкото ќе следи понатака , не сакам ни да помислам ...
    Сакаме да посетиме (со особата која заедно ја преживеавме оваа трагедија) некој добар психолог за да ни помогне колку толку да се соочиме со реалноста и да ја прифатиме. Колку само чудно се чуствувам кога го пишувам сево ова како да не е за мене,ко да е за друга некоја особа што ја познавам. Како да не сум јас ,се чуствувам уништено,поништено,ужасно,депресивно, не ми е дојдено до ништо, несакам никој да видам,не сакам да зборувам, не јадам ништо и не ми е грижа за НИШТО!
    ... И незнам како да се снајдам,како да бидам силна за да продолжам понатака во животот....
     
  15. Marie.m

    Marie.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    401
    Мајка ми е психијатар, работи во општа болница (значи не приватно). Верувајте нема ништо срамно да отидеш на психијатар кога тоа ти е потребно, иако живеам во помал град многу луѓе одат кај неа кога имаат било какви психички проблеми. И многу млади луѓе одат едноставно на сеанса што би се кажало. Во такви моменти најдобро може да помогне стручно лице... искрено мајка ми ми помогнала да пребродам многу кризи без никаква терапија, само со зборови и совети за насочување на мислите и самојстојно надминување на проблемот кој те мачи. Да не беше таа тешко ќе ги поминев тие периоди :worried:
     
  16. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    50
    Хахахха, мене како помала ме однесоа на психијатар!
    На мајка ми и требаше некој документ, и заради тој документ јас морав да лажам дека сум у тешки депресии! Ма дај, се правев будала од себе на празно!
    И откако мајка ми го доби тој документ, си реков: ВИЕ МЕНЕ ТУКА ВЕЌЕ НЕ МЕ ГЛЕДАТЕ!!!!!
    Инаку, внатре имаше многу луѓе со разни проблеми, психијатарот помага многу, се нафати и мене да ми помогне, но пуста жена на празно си збореше! Ја само климав со главата демек ја слушам, уствари летам со паметот! :lol: :lol:
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.459
    Допаѓања:
    2.482
    Одењето на психолог и психијатар не треба да претставува табу тема, а кај нас гледам дека уште е така. Тоа е најнормална работа, секој што мисли дека има потреба од стручна помош треба да оди, ќе ја добие и потребната помош, ќе добие и совет... Незнам зошто толку голема фама околу сето тоа?
    Сепак човек треба и сам да си помогне, а без силна волја, желба за успех и истрајност ни еден психолог и психијатар не може да помогне.
     
  18. pll

    pll Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Мене ми треба помош, од психијатар или психолог. дали знаете некоја установа во битола на која би и се обратила за помош? во голема депресија сум, ме гонат спомени од минатото, цeлата сум збунета, а срам ми е да им кажам на моите и на другарките за ова. благодарам однапред
     
  19. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    583
    Нешто што е најнормално во денешно време..кај нас да за жал те прават луд ако отидеш,но дефинитивно нема врска! Во Америка секоја фамилија си има свој психијатар и им помага во решавањето и надминувањето на различни маки и проблеми..разговарајќи со психијатар може многу да се промени психата на човекот и да отиде се на подобро,сепак психата е викаат најбитна!
     
  20. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    63
    Дали може малолетник да отиде на психолог но со него да разговара без присуство на родител?
     

Сподели ја оваа страница