Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    The perks of being a wallflower(2012)
    [​IMG]
    Кога од твојата омилена книга ќе прават филм и едвај чекаш да го погледнеш, па уште и омилените глумци се во главни улоги.Двоен погодок!А филмов ме преврте, надпросечни достигнувања за мои стандарди.Logan Lerman изглуми неверојатно добро, на моменти бев фасцинирана бидејќи е прилично млад.Мал минус давам поради тоа што малку нештата ми одеа пребргу, и некој глумци не ми ги достигнаа стандардите на ликовите како што си ги замислував од книгата.Ама филмов го очекува висок рејтинг, стварно вреди да се погледне.И пак си пуштив некоја солзичка, ќе си помислите типичен тинејџерски филм, ама не е, нешто подлабоко е.Висока 9 од мене.
     
    На Aneta88 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    20.569
    Пол:
    Женски
    It's a Wonderful Life (1946)
    http://www.imdb.com/title/tt0038650/
    [​IMG]

    George Bailey е на раб на самоубиство поради бројните проблеми и загубата на голема сума пари. А кога една зимска вечер токму на Бадник, ќе реши да скокне од мост, ќе се појави неговиот ангел чувар кој ќе му покаже како би изгледало неговото гратче доколку тој не се родил воопшто.

    Убава, топла драма, која верувам дека ќе ви биде уште поинтересна затоа што го прикажува животот во 40тите. Преовладува прекрасна музика, малку поинаков начин на зборување и интересен стил на облекување, особено на дамите.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На mamma-mia, Madonna, Cacy и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    5.884
    Допаѓања:
    11.520
    [​IMG]

    THE COLLECTION продолжетокот на Kолекторот од 2009, јас обожавам вакви филмови, мене ептен ми се допадна :hai: :hai: Eден од подобрите брутални хорорчиња, кој сака да го гледа прво нека го гледа 1 дел ;)
     
  4. JuLleE

    JuLleE Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    4.768
    The Campaign
    Комедија која убаво ќе ве насмее :) .
    Добар кастинг и одлична глума.
    Двајца кандидати за конгресмени во изборна кампања и забавата може да започне :D .
    Смешно и интересно филмче. Долго време немав гледано ваква урнабесно смешна комедија :) .
    Топло препорачувам :) .
    8/10
     

    Прикачени фајлови:

    • The Campaign.jpg
      The Campaign.jpg
      Големина на фајлот:
      20,7 KB
      Прегледи:
      161
  5. RainBow

    RainBow Форумски идол Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    12.676
    Допаѓања:
    12.979
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Friends with kids
    Oнака, ништо посебно, предвидливо... 5/10, ако ви се тепа време.
     
  6. MissAnn

    MissAnn Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    261
    W.E.

    http://www.imdb.com/title/tt1536048/



    Го немав гледано, не можев да го најдам, а читав овде дека многу од вас го имаа изгледано. Конечно го најов и го изгледав. Прекрасен филм, конечно и Мадона нешто добро да направи.

    8.5/10
     

    Прикачени фајлови:

    • w.e..jpg
      w.e..jpg
      Големина на фајлот:
      13,2 KB
      Прегледи:
      371
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    3.952
    Who's Afraid of Virginia Woolf?
    [​IMG]

    Зошто не прават вакви филмови веќе? А и кој би глумел, нема маркантни филмски фаци денес како Елизабет Тејлор и Ричард Бартон...Стар црно-бел филм за еден односно два брачни пара кои во една луда пијана ноќ ќе ги преминат сите граници на пристојност за да на крај дојдеме до суштината па и одговорот на нивните проблеми...
     
  8. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.323
  9. imorena

    imorena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    896
    Пол:
    Женски
    Notes on a Scandal



    Извондредна психолошка драма во која се раскажува за еден комплексен однос меѓу постара жена, која станува пријателка со помладата колешка и во неа гледа како одлична мета за манипулации.

    Какво зло едноставно постои во некои луге и излегува на површината оној момент кога имаат чувство дека некого „држат во рака“...
     

    Прикачени фајлови:

    На tinkerbelll, ludoto19, DzingrlakaDzikica и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Emma89

    Emma89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    412
    Idiocracy (2006)

    [​IMG]

    Сигурно повеќето од вас го имаат гледано, јас го гледам по втор пат.

    Се работи за експеримент односно програма за хибернација кој треба да трае една година, Лук Вилсон е во главната улога. Тој ќе биде предмет на овој експеримент заедно со Маја Рудолф, меѓутоа тие остануваат заборавени во ковчезите и се будат после 500 години.
    Светот во кој живееле повеќе не е ист. Започнале ери на глупавост, каде нема ниту еден паметен човек на земјата. Понатака не откривам, за тие што го немаат гледано.

    И го препорачувам, интересен филм.
    Оценка 8/10.
     
  11. kate89

    kate89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    The Curious Case of Benjamin Button (2008)

    Значи незнам како можев ваков филм да пропуштам до сега. Сосема заслужени 3-те оскари.
    Едноставно љубителите на драми мора да го погледнат. Едно големо браво за филмов.
     
  12. nena2010

    nena2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    3.084
    Пол:
    Женски
    The Words

    [​IMG]

    Преубава драма, прекрасен кастинг, одамна ваков филм немам гледано. Препорачувам!
     
  13. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Женски
    While You Were Sleeping

    [​IMG]

    По толку долго време повторно го гледав филмов, убава романтична божиќна комедија таман како за овие денови :)
     
    На Anouk и kravce им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    26.848
    Your Sister's Sister
    [​IMG]

    Овие брилијантни критики на постеров нека не ве лажат.
    Ова е развлечен, малку досаден и многу млак филм, чија поента на успеав да ја сконтам, т.е. јасно ми беше што сакал да каже авторот, ама нејасно како со невидена леснотија го прифатија сите фактот дека главниот тип случајно спиеше со сестрата на бившата од неговиот починат брат, во која е вљубен, а сестрава после тазе раскината 7 годишна врска (патем е лезбејка) го искористи како sperm donor во таа уан најт стенд.
    НЗС?
    Важно сите среќно си живееја. |(
    Не знам зошто прават вакви филмови искрено, да ни прикажат колку бизарни Џери Спрингер ситуации може да ни се случат низ животот или што?
    Не ми се ни коментира повеќе за ваков безвезен филм. Емили Блант во последните неколку филмови ми е очајна, од омилена ми стана неомилена.
    4.5/10
     
  15. ines.h

    ines.h Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    3.685
    На почеток е малце млитав ,ама понатаму станува интересно .
    Темата е за патување низ времето кога тројца новинари ќе сакаат да напишат сторија за човекот кој објавил оглас за -TIME TRAVELING .
    6-10
     

    Прикачени фајлови:

  16. RainBow

    RainBow Форумски идол Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    12.676
    Допаѓања:
    12.979
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Flipped
    Одлично филмче, ми се допадна како е направена приказната со прикажување на настаните од двете гледни точки, од неговата и од нејзината. Имаше некоја топлина во филмов, а посебен шмек дава и тоа што приказната е поставена во педесетите години од минатиот век.
    [​IMG]
    Па и човечево кога го видов... :lol:
    Препорачувам. :)
     
    На kravce, tigerlady и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    1.745
    Пол:
    Женски
    You, me and Dupree - романтична комедија, лимонатка, една од многуте всушност :D Не ми беше нешто посебно филмов. Има некои смешни реплики ама се останува на тоа. Слаба 4ка.

    Го гледав и My best friend's girl. Ми тргнаа викендов филмовите со Кејт Хадсон. Овој полош и од првиот. Го мотав цело време и за пола саат го изгледав цел филм. Ептен слабо. 2ка.
     
  18. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    971
    [​IMG]
    Nightmare before Christmas

    Анимиран филм, доста стар, одамна на листата за гледање.
    Многу, многу ми се допадна приказната, но она што ми остави посебен впечаток е музиката. Уживав во секој момент додека го гледав.
    Не можам да се одлучам дали е Божиќен или филм за Halloween, јас го гледав помеѓу двата празници :D
    Дефинитивно го препорачувам :up:
    Приказната е за Џек Скелингтон, Кралот на тиквите во Halloween town кому веќе му станува здодевно и монотоно славењето на Halloween секоја година на ист начин. Во потрага по нешто ново го открива Christmas town каде што сите се подготвуваат за славењето на Божиќ. И тој ќе посака да се вклучи во славењето, меѓутоа заради тоа што погрешно ја разбра приказната околу Божиќ, настануваат голем број проблеми.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tigerlady

    tigerlady Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.388
    Допаѓања:
    3.315
    The Holiday

    Вчера бев на една вечера, и во ресторанот имаше телевизор. На телевизија, филмов. Па сред јадење сите сме се загледале, па смешки, плачки мислам се поминавме. И вечерва да си го повторам материјалот.
    Ептен го сакам филмов. Куќичката на Кејт Винслет, Џуд Ло, дедото, мал милион цитати, Џуд Ло. За зимска идила неизбежни се со Lоve actually.
    [​IMG]
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.209
    Допаѓања:
    723
    и јас вчера го гледав филмот, по препорака на една феминка го има некоја од страните претходно, ама не го зачекав на тв туку го гледав онлаин, инаку не ми беше нешто посебно филмов, дури и можеле да го скратат малку, 2 саати гледање нешто што беше очекувано немаше потреба.
     

Сподели ја оваа страница