Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    3.180
    Star Trek Into Darkness
    [​IMG]
    Добар беше делов, иако според мене првиот беше за нијанса подобар.
    Крис Пејн ми е неостварена љубов и да можам ќе го мажам мајке ми :!: Главниот негативец Бенедик од Шерлок мислам неможеле подобар да изберат. Иако малку предвидлив мене ми се допадна и овој дел, акција, авантура, адреналин, се беше одлично, само би рекла можеле да го направат малку понеизвесен.
    Крајот најава за нов дел кој би требало да излезе во 2016(проверено :lol: ) и кој се надевам ќе биде исто толку добар како овие два.
    Ви го препорачувам филмов, ако сте го изгледале првиот и ви се допаднал, гледајте го и овој.
    8.5/10
     
  2. ariela09

    ariela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    1.675
    Les Miserables

    [​IMG]

    Инспирирана од вашите позитивни критики решив да го гледам и да видам зошто толку го фалите.
    Премногу ми се допадна како е претставена приказната. Јасни ми се сите позадини на филмов и најмногу од се ми се допадна затоа што успеа да ме расплаче на крајот. Долг е и поинаков од другите. Да не е претставен на тој начин (со пеење) не би го опфатил севкупно она што сака да го каже филмот. Тоа го прави уште поубав иако на почетокот ми беше чудно и сакав да го исклучам но не го направив тоа.

    Го препорачувам и јас за оние кои го немаат гледано. 9/10
     
    На Mermaid90, Hipica и Vikica.cuci им се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    13.931
    Допаѓања:
    11.020
    Тетовирање
    Поддржано од Кинотека на Македонија веќе неколку дена во летната бавча при Центарот за култура во Охрид има проекција на македонски филмови. Отидов синоќа и не зажалив.
    Верувам голем дел од вас го гледале, а јас не знам што сум чекала до сега. Неколку пати се имав сретнато со насловов на филмов и дел од главните улоги, ама не се заинтересирав доволно за да го изгледам.
    Македонија, крајот на 80-тите. Во затвор се оди и за „јадење го*на“. Куферот е сомнителен и да е полн и да е празен.
    Феноменална глума на Мето Јовановски, мада шо јас најмногу се воодушвив од Кили, во тие малку неколку сцени што го видов.
    Филмов е уметност и претставува една жална, но вистинита слика за животот во Македонија, слободата на говор и „безгрешноста“ на властите и надлежните органи.
    http://www.imdb.com/title/tt0274952/?ref_=fn_al_tt_1

    Пошта за Божиќ
    Јуниверзал Чен‘л и нивните Божиќни филмови во Август :D Убаво ме стоплуваат и ме спремаат за спиење.
    Филмов го имам гледано милион пати на претходнонаведениов програм, ама не одбегнувам да го гледам никогаш кога ќе го начекам.
    Ќерката на Дедо Мраз работи во една пошта и има за задача да одговара на сите оние писма кои пристигнуваат за него. Така ќе и‘ одговори и на Емили, чиј вујко/чичко всушност е вработен во истава пошта и кој има симпатии за Кристи (ќерката на Д.М.).
    Епа и на Кристи ќе и‘ се допадне истиов.
    И имате стандард прекрасен прв состанок, па после сплетки дрн дрн, па уште сплетки... да не ви го раскажувам, ама сигурно претпоставувате
    со среќен крај е :)
    http://www.imdb.com/title/tt1663628/?ref_=fn_al_tt_1
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    142
    The Hunger Games

    Ми требаше инспирација за храбра жена , нешто као утешна награда за моје поразе, и во филмот го пронајдов тоа што го сакав. Прекрасната глума на Jennifer Lawrence просто те влечи да се соживееш со улогата и да осетиш во каква средина се наоѓаш, па потоа да размислиш два пати пред да се жалиш. Филмот е базиран врз вистинска приказна што дава поголема привлечност и размислување.. Им го препорачувам на сите девојки да го погледаат. 10/10.
     
    На Mermaid90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Agrona

    Agrona Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    1.643
    Пол:
    Женски
    The Call (2013)
    [​IMG]
    Прекрасен крими-трилер со Хали Бери.
    Џордан (Хали Бери) работи како оператор во 911 и во текот на нејзиното работење и се јавува една тинејџерка и бара помош од неа дека е киднапирана, таа ќе направи се за да ја спаси.
    9/10


    Now You See Me (2013)

    [​IMG]
    Прекрасен филм. Не знам како можев да го избегавам цело време да не го гледам. Си викам ај денес, ај утре и така решив вчера да го гледам.
    Агент на ФБИ и детективски Интерпол пратат тим на илузионистите, бидејќи во текот на нивните изведби ја наградуваат својата публика со пари.
    10/10

    Трето полувреме (2012)

    [​IMG]
    Не знам до сега како не сум го гледала филмот срам ме било. ПРЕКРАСЕН филм. Made in Macedonia :inlove:
    10/10
     
    На SparkyAngel и Mermaid90 им се допаѓа ова.
  6. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    3.180
    Morning Glory
    [​IMG]
    Ептен интересно филмче. Ми стоеше подолго време во компјутерот, и дефинитивно ми требаше некое вакво филмче, лесно за гледање, смешно, интересно. Рејчел ми е прекрасна во филмов, а Дајан Китон си ја обожавам. Одличен кастинг, одличен филм. Некои сцени ми беа пресмешни.
    Ви го препорачувам, изгледајте го.
    Се работи за младата Кити која е извршен продуцер на утринска емисија, но добива отказ. Набрзо потоа таа добива работа исто како извршен продуцент на друга не толку популарна утринска емисија. Тука почнуваат интересните работи и случувања.
    8/10
     
    На Trendafilka и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  7. Elena69221

    Elena69221 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    1.809
    Допаѓања:
    1.739
    Пол:
    Женски
    Before Midnight - искрено очекував да е подобар. Првиот и вториот дел повеќе ми се свиѓаа.
     
  8. MissDior

    MissDior Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    179
    Големиот Гетсби, преценет филм! Амбиент прекрасен, раскошен и фантастичен, приказна нејасна и недокажана. На моменти специјалните ефекти и анимациите ми пречеа, во комбинацијата со амбиентот и боите делуваа кичесто и фејк. Музиката на моменти беше премногу контрастна со амбиентот Crazy in love? Really? 10/4
     
    На Cataleya му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    26.848
    The Oranges (2011)
    [​IMG]
    Семејна комедија и драма со Хју Лори (Др. Хаус) и Лејтон Мистер (Блер од Госип Грл) во главните улоги.
    Две семејства кои живеат едни спроти други и се со години најдобри пријатели ќе се најдат во непријатна ситуација, откако ќе се појават симпатии помеѓу ќерката на едниот и семејниот пријател кој може да и` биде татко според возраста.
    Нарацијата е многу интересна и филмот е забавен и смешен, но има прилично добра поента.
    Приказна за животот и како најнеочекуваните настани може да вродат позитивни промени кај секого, во секој аспект.
    Добро филмче и одлична глума.

    Fun Size (2012)
    [​IMG]
    Слатко тинејџерско филмче со интересна приказна. Ноќта на вештерките за Рен станува вистински кошмар, наместо забава кога нејзиното помало братче ќе се изгуби...
    Малото детенце е многу смешно, а девојката многу убава и допадлива.
    Интересно филмче, им го препорачувам на помалите, не е воопшто ретардиран.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    57
    The Hunger Games не е вистинска приказна :^)

    Јас го гледав Mean Girls и мислам дека нема потреба да ви ја објаснувам приказната хаха :)
     
  11. Agrona

    Agrona Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    1.643
    Пол:
    Женски
    Remember Sunday (2013)
    [​IMG]
    http://www.imdb.com/title/tt2770480/

    Филмот е романтична драма, нешто сличен ми беше на 50 First Dates со Adam Sandler и Drew Barrymore само што овој пат овој филм е во машка верзија.
    Molly работи како келнерка во еден ресторан и таму го запознава Gus. Но Gus има оштетување на мозокот и на тој начин има краткорочни губење на меморијата секој ден заборава со кого се сретнал со кој бил.... Интересно лесно филмче.

    [​IMG]
    8/10
     
  12. figgiMK

    figgiMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    2.226
    без ова ПС јас исто така како Трендафилка сум со мнн убави импресиии за филмов дури не го ни чепнав телефоно дур го гледав ...


    R.I.P.D. (2013) - [​IMG]
    значи како што имаше пишано и во една статија трелер на филм кој почнува со со него глумат и кој го режисирал и такви ми ти глупости освен тоа во трелерот нема ништо интересно ..и е вистина ... ама стварно да избројам на прсти можам колку само интересни имаше моменти и тоа беше кога и да се покажеше кинезот само ...
    2/10 е моја оценка
    [​IMG]господ да ја поживи единствена светла точка во филмов
     
  13. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    KITES (2010)

    "It's not the will of the kites that makes them dance in the sky cause someone else always holds the strings..."

    Главни улоги: Hrithik Roshan, Bárbara Mori, Nicholas Brown, Kangna Ranaut.

    [​IMG]

    Џеј е Индиец, танчер во Лас Вегас, кој на различен начин се труди да заработи пари. Еден од таквите е тоа што се оженува со жени - имигранти на кои во замена за кеш им дава зелени карти. Во една таква ситуација, ја запознава Линда, имигрант од Мексико. Нивната средба не е случајна, судбината им подготвила многу изненадувања.
    Мексико. Лас Вегас. Индија. Различни светови и животи. Луксуз. Пари. Љубов. Ќе го пронајдат ли Џеј и Линда својот заеднички свет?

    Еден од најубавите љубовни филмови кои некогаш ги имам гледано. 10/10 :up: Топло го препорачувам и верувам дека никого нема да остави рамнодушен.

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Adi888, avita, Agrona и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. black-angel

    black-angel Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Убава приказна , со уште поубава музика ! Мјузикл со пре-убави преработки на рок песни од 80-тите , и хумор и љубовни приказни .... штета на имдб што има толку мал рејтинг , убав е филмов и е ептен убаво склопено ! Си ги симнав сите песни , звучат близу до оргиналот !

    10/10
     
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    Каменувањето на Сораја - The stoning of Soraya

    Ова е најдобриот филм што сум го гледала во последно време. Ретко се случува некој филм да побуди толку многу чувства во мене. Збунетост, бес, гнев, и на крај огромна жал.
    Никогаш, никогаш, нема да ми биде јасно од каде е таа потреба на човекот да му суди на друг. Никогаш нема да ми биде јасно каква е таа потреба на човекот да се наситува на туѓата несреќа. Сцената кога ја каменуваа разбуди огромна ужаснетост од човечкиот род во мене. Не ми се веруваше што гледам. Сите луѓе од селото не си ја гледаат својата работа туку острат камења и одат да довршат нечиј живот. Деца, жени кои може да ги снајде потполно истата судбина гледаат отстрана и се ситат како мршојади.
    А причината поради која еден невин живот завршува ми беше најбанална од се: мажот и си сака помлада жена и за да не и плати на Сораја прави план да се реши од неа.
    И најлошото е што татко и е тој кој што ја осуди на каменување, татко и е првиот што фрли камен по нејзе. - секогаш најголемите удари ги добиваме од најблиските.
     
    На kristince51, SparkyAngel и ariela09 им се допаѓа ова.
  16. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.043
    [​IMG]

    Arthur (2011)

    Иако не го сакам глумецот, оваа улога добро му лежеше :) Артур е многу богат, но крајно несериозен, постојано прави забави, скандали и слично. За да го добие наследството што му следува, тој треба да се ожени. Му наоѓаат женска (со која некогаш бил во врска), но додека се подготвува свадбата тој прв пат вистински се заљубува во друга девојка. И да напоменам, зависен е од својата дадилка Хобсон, која цел живот се грижи за него :)

    Филмот е многу интересен, добри глумци, го препорачувам ;)
    (7.5-10)

    Трејлер:
    http://www.youtube.com/watch?v=rtTVquZ2TFk
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    3.180
    Perfect Sense
    [​IMG]
    Кога седнав да го гледам филмов не очекував да биде ваков.
    Преубав филм, дефинитивно ме плени. Чуден, оригинален, предобар. Ева Грин ми е доста атрактивна и талентирана актерка која премногу сакам да ја гледам, а Еван МекГрегор ми е шармантен и секси.
    Одлична замисла, уште подобра реализација. Глумата перфектна, филмов дефинитивно на сите ќе ви го задржи вниманието. Неќам да ви откривам од содржината, сами погледнете го.
    Препорачувам
    10/10
     
    На mimiiiii, Hipster, redheaded и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    13.931
    Допаѓања:
    11.020
    The Conjuring
    http://www.imdb.com/title/tt1457767/?ref_=ttqt_qt_tt
    Или јас сум изгубила кондиција за гледање вакви филмови, или ова е навистина страшно добро нешто :o

    Седумчлено семејство се вселува во стара куќа (која подоцна се разбира испаѓа дека има сомнително убиваме-па-се-самоубиваме-па-духовите-се-шетаат-по-куќава минато) и нели почнуваат да се случуваат чудни работи. Ова ми беше стандард приказна, ама добри ефекти и замисла има филмов што дефинитивно ме штрекнуваше на моменти.
    Само не ми се допадна што имаше целосна физичка илустрација на демончево. Доволни ќе беа само раце, или само очи; не им требаше сцената кај што се појавува така цело, соси тело.
    Ќе повикаат истерувачи на демони и овие ќе снимаат ќе пустат ќе штурат, ќе установат што е како е и да видат што може да се направи за да ги спасат.

    Се‘ на се‘ добро филмче, страшно по мој вкус, језиво. Откако го догледав се‘ ми се чинеше дека ми тропа нешто по дома.

    Замерка имам за тоа што се‘ живо вметнале во филмов, премногу непотребни работи, кај ова семејството со демонов си има мака, ами и овие истерувачиве исто нешто ги јаде. Мислам... премногу натрупани непотребни елементи без кои филмов исто така совршено би функционирал. Дури мислам дека да ги немаше нив, туку другиве сцени уште подетално и подобро да се разработеа, уште подобар ќе беше.
    Може не сфатив добро, не знам, ама се‘ ми се чини дека по вистинска приказна е работен. Ама не морале се‘ од вистинската приказна да пикнат тука, премногу е.

    Не би му дала 10 од 10, тоа сигурно.
    Не го препорачувам на лица со слабо срце и на оние кои си патат од кошмари, зашто од ова сигурно ќе ги имате.
    Јас си легнав со мајка ми вечерта :tmi: :D
     
    На Yowannty, mimiiiii и Vikica.cuci им се допаѓа ова.
  19. Mermaid90

    Mermaid90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    963
    The Frozen Ground (2013) 10/10
    Филм за сериски убиец,снимен според вистинско случување.Го препорачувам!
    An Alaska State Trooper partners with a young woman who escaped the clutches of serial killer Robert Hansen to bring the murderer to justice. Based on actual events.
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.049
    Girl with a pearl earring


    Ептен ретко уклучувам телевизор, па кога го фатив овој филм, си го изгледав. Гледан ми е преку 3 пати, веќе не ни памтам.
    Не сакам многу вакви филмови, од проста причина што гледам дека жената немала право А да каже, а камоли нешто друго. Денес бар на хартија имаме некои права. Али таквото целокупно општество не ми се допаѓа воопшто, мило ми е што сум се родила во ова (не)време.

    Скарлет ко актерка никогаш не ме импресионирала нешто посебно, сметам дека е просечна, нема некој талент за да те воодушеви. Али во овој филм ми е варлива.

    7/10
     

    Прикачени фајлови:

    • gwape.jpg
      gwape.jpg
      Големина на фајлот:
      64,5 KB
      Прегледи:
      219

Сподели ја оваа страница