1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    The maze runner
    [​IMG]

    Поинаков од сите што сум ги изгледала до сега :) Според крајот би требало да има и втор дел, едвај чекам да излезе :lol: Одамна се мислев дали да го гледам филмов, бидејки не сум баш по вакви филмови, ама овој е одличен, ги надмина моите очекувања :clap: Одлична реализација, браво.
     
    На LoveIsAllAround му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    [​IMG] Долго очекуваниот филм од моја страна :) и не ме разочара, иако ги знаев настаните од книгата сепак се внесив потполно во филмот и не трепнав на кино :) некако како пребрзо да се случија настаните само или мене брзо ми поминаа хаха :) како и да е сеуште фаворит ми е вториот дел. Друго не сакам да откривам предвреме ништо за тие што не му е гледан, а планираат 09/10 ќе кажам.
     
    На SwanMay и mims-89 им се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Gone girl го гледав синоќа. Ми се допадна приказната и тоа како една сопруга се справува со сопругот кој ја изневерува. Наместо бурно да изреагира во моментот кога ќе го види како се бакнува со некоја дваесет годишна таа решава да исчезне и да му го направи животот прав пекол. Меѓутоа и нејзините планови не се одвиваат баш како што сакаше таа. Не очекував дека ќе заврши како што заврши. Интересен, го препорачувам.

    The holiday Со Камерон Дијаз, Кејт Винслет и Џек Блек. Две жени кои се разочарани од нивниот моментален љубовен живот на интернет си ги сменуваат куќите за празникот Божиќ. Едната од Англија оди во Америка, а другата во Англија се запознава со еден дечко во кој се заљубува. Најтешкиот ден е поселдниот и цело време се прашуваме дали девојката ќе остане или ќе се врати дома.

    Big hero 6
    Ј
    ас сум љубител на анимирани филмови, ако имам 20 години. Во овај филм едно момче прави робот, кој може да ја дијагностицира болката и повредата на телото. Универзитетот каде што го прави роботот за жал гори и во таа несреќа загинува момчето. Неговиот брат е разочаран, а набрзо дознава што навистина се случило во универзитетот и со помош на роботот Бејмакс успева да ги врати работите како што биле претходно.

    Deck the halls За Божиќ Дени Девито сака да ја има најмногу украсената куќа со сијалички која ќе може да се види од вселената. Купува одгомен број на сијалички и украси и подготвува вистински спектакл. Сето тоа светло ужасно му пречи на неговиот сосед, кој сака да престане сета таа смешна еуфорија. Супер комедија за предпразнично расположение .
     
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    The Craft (1996)
    http://www.imdb.com/title/tt0115963/

    Сара е навидум обична, срамежлива девојка која пристига во Лос Анџелес и се труди да се вклопи во средината, но, она што ја прави различна, е фактот што таа е вештерка. (јеееј)
    На првиот ден, налетува на три фрики типки кои сакаат да станат вештерки ради свои комплекси, но им е потребна и четврта за да ги покријаат сите елементи. Бум! Оваа им иде ко порачана. Кец на десетка. Последно компирче за последното залче хамбургер. Крцкав, топол, месен леб за шерпата со ајвар...
    Натака е јасно, прават сплетки и се забавуваат, но некој секогаш мора да тргне по лош пат и да ги злоупотребува моќите, па добриов мачно да се труди да го вразуми. How tragic...

    Во потрага по трилери, го симнав на слепо. Ми се виде интересен пошто таму пишуваше дека девојките ќе се осветуваат на тие што им згрешиле, па очекував некои повозрасни девојки со трауми и не знам какви освети, а испадна типичен тин-флик...ама океј е за едно гледање. Имаше добро одглумени сцени.
    Интересно е и да се види Робин (Лисбон од Менталист) во друго издание, баш беше слатка и млада.

    Како и да е, за тинејџери е топ. За посериозно сценарио - не, ама ете, знае да задржи внимание.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Gone Girl


    Конечно изгледан денес, препекав за филмов, требаше да одам во кино да си го гледам, ама сакав да го изгледам без никој да ми смета.
    И морам да кажам дека не сум воопшто разочарана. Одличен избор на актери, Бен Афлек иако не го сакам супер се снајде во улогата, за Ејми немам зборови, ме воодушеви, права убавица, морничава, злобна, извитоперена, совршено го долови ликот Розамунд.
    Иако има некои поголеми разлики од книгата, ништо претерано страшно што би го уништило филмот.
    Ми се допадна сцената
    како го уби Деси, ако беше ко во книгата немаше да има толку голем импакт. Вака беше одлично.
    Предобар филм, иако, нормално, книгата е сепак подобра, ама филмов не заостанува многу.
     
    На Valentina.Vaki, Elena69221, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    The good lie Прекрасна драма за тоа како едни деца успеваат да ги преживеат бомбардирањата во Судан и по 13 години одат во Америка. Прекрасно доловени моменти на братска љубов, незаменлива и искрена. Без разлика од каде потекнува човек, секогаш ќе чувствува носталгија да се врати дома. Вреди да се гледа 10/10 :)
     
    На babyblond и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Би ви ги предложила следниве два кои се драми.
    Нешто неверојатно добро.
    И двата филма ми се на листата подобри филмови кои сум ги гледала.
    1.Primal fear primal fear.jpg
    10/10

    2. Тhe stranger within
    the stranger within.jpg
    10/10.

    Нешто што ми се допадна е што во никој случај не го знаеш крајот а се доволно добри за да ти го задржат вниманието.
    И во двата филма одличен извор на глумци и одлично вклопени настани.
    Ветувам нема да зажалите ако ги гледате
     
    На eliesaab и Elissa им се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.623
    Predestination (2014)
    [​IMG]
    Од мене 10/10, еден од подобрите филмови годинава.
     
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Stranger within-
    macovska арно ме потсети.
    Кој не го гледал нека го гледа, премногу добар филм, со голем пресврт и изненадување. Го имам препорачувано овде по темите.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Exodus:gods and kings

    Само Кристијан Бел може да го спаси филмов, т.е да го направи watchable.
    Мене ми беше просечен и сеуште сметам дека нема потреба да снимаат филмови по теркот на библијата, не знам зашто само ги уништуваат настаните. Не сум фан на вакви филмови и самата не знам зашто отидов да го гледам.
    Приказната на сите вие позната, за Мојсеј и за неговиот живот и патешествието до ветената земја. Најстаните ми беа и повеќе од познати, можеби затоа и не бев воодушевена зашто не видов ништо ново.
    Како и да е ми се допадна глумецот кој го глумеше Ramesses II, одлична глума. И костиме не беа лоши, тој дел барем им беше доста погоден.
    5/10 само заради Бел, едноставно глумец ипол.
     
  11. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Прејакк,на сите другарки им го препорачвам, ај нека имат втор дел :D:l:
     
    На lovelife му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    American Beauty
    Филмот ми е едно одлично десетче.
    Опфаќа се што би сакала еден филм да има.
    Интересно филмче.
    Љубителите на драма нека го погледнат.
    (y)
     
  13. Mar4u

    Mar4u Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    20
    И јас морам да го пофалам Two night stand, прекрасен филм. мислам дека машките можат да научат нешто од овој филм. И конечно Miles Teller во убава улога :)
    [​IMG]
     
    На Elena69221 и lovelife им се допаѓа ова.
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    The Equalizer
    Уште една акција со Дензел Вашингтон,
    Седејќи си во локален ланч бар запознава една девојка која со сила ја тераат на проституција. Гледајќи што се случува неможеше да остане рамнодушен, секако се пушти во акција.
    [​IMG]
     
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    A Walk To Remember

    Конечно ми текна да го изгледам филмчево. На крајот река исплачев чинам...
    Не требаше да умре Џејми...
    Ама добро, филм си е, оправдано. :D
    Речиси сите го знаете, така да нема да ви го раскажувам. :)
    Оцена од мене: 10/10
     
  16. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    The Red Tent
    image.jpg
    Мини сериал од две епизоди.
    Ова е библиска приказна, за Дина ќерка на Јаков ( син на Ребека, која била благословена од Бог да роди на стари години) и Леа една пд жените на Јаков. Иако темите и ликовите од Библијата ни се познати и ја имам прочитано скратената верзија од Библијата, меѓутоа не се сеќавам на ликот на Дина, па оваа приказна ме заинтригира да го гледам филмот и не се покајав.
    Приказната ја раскажува Дина преку сопствениот глас, а Библијата како што вели таа ја има занемарено, и само мал дел раскажан преку нејзините браќа е посветен на Дина.
    Акцент на ликот на Дина и дава авторот Anuta Diamant, преку новелата the Red Tent. филмот е снимен според книгата.
    Голема препорака за филмот, преубав со квалитетни глумци Дебра Вингер, Мини Драјвер, Ребека Фергусон.
    Филмот почнува со убавиот глас на Дина која се потсеќа на нејзиното детство во Црвениот Шатор во која се собирале нејзините мајки (така ги нарекува нејзините тетки)и ја пренесувале традицијата на бабици го славеле природниот циклус кај жените и вербата кон Мајката Божица но и шаторот е место каде шроцурувале информации за се што се случува во племето, место за трачарење на жените :D
    Од нејзиното дество не води кон љубовта кон саканиот, измамата и предавството од најблиските се до големиот пат кон Египет.
     
    На fairy88 и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Pitch Perfect

    Препријатно изненадена од филмов, очекував тинејџерска веќе видена и досадна приказна, ама и без разлика на содржината е навистина забавен и изненадно симпатичен и ни малку чизи.
    Како најглавно, има одличен саундтрак, прекрасни сплерови(миксови) и одлични вокални изведби.
    Одлични хитови од 80тите па навака, посебно се изнашизив на No Diggity, една од моите омилени песни од детството. Да се изнашизив на скоро сите сплетови, штом ме кренаа на нозе од мене имаат големо палче нагоре.
    Сите групи беа предобри и за гледање и за слушање, прекрасни кореографии исто, за вокалите немам коментар, секоја чест.
    Мене Ана Кендрик не ми е нешто симпатична, ама во филмов може да кажам дека за зрнце ми стана мила и дури пријатна за гледање. Џеси ака Skylar Austin е неодоливо шармантен и сладок. Не го знам овој актер, буквално прв пат го гледам и баш е пријатен за гледање, башка и улогата му е полн погодок нема мана.
    [​IMG]
    Фат Ејми т.е Ребел Вилсон ми е позната и навистина е царица за вакви улоги, подобра не можеле да најдат. Со сигурност можам да кажам дека без неа филмот не би бил ист.
    И за крај Bumper, мене ми е премешен, иаку го имам навикнато да го гледам во модерн фемили како наивен слаток мил гик, тука е доста спротивно од тоа, мислам сеуште е нрд ама многу нарцисоиден и еготистичен ама сепак ми е пресмешен.
    Eдинствено ужасно одбивна ми е Обри, мислам така и е улогата ама без разлика на тоа ужасно антипатична глумица(како го фатила Џеси во приватен живот ми е мистерија)
    Од мене има солидна осмица, зашто навистина е сипатичен и еве веќе си ги мавам на рипит сцените од натпреварите со песничките и кореографиите, навистина заразни и шармантни.
    [​IMG]
    Best scenes and moments, не се малку, па морам во спојлер.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    Препорачувам за некое напнато попладне или пред спиење, сосема опушта и ослободува, а сепак не е глупаво филмче за превртување очи. 8/10

    П.С Се надевам дека двојката нема да ја направат глупава и досадна и дека ќе видиме повеќе акција од Ејми и Бумер заедно, едноставно се комбинација снова:rofl:
     
    Последна измена: 26 декември 2014
    На ludoto19, Elena69221, evelyn993 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    This is where I leave you
    [​IMG]

    Интересен лесен филм за гледање онака за тепање време. Семејство од мајкА, тројца браќа и сестра сите несреќни во љубовта на различен начин. Таткото умира и мајката ги собира сите деца кај неа и во куќата сплетки, расправии бла бла. На крај се воспоставува дека мајка им всушност е лезбејка и таткото знаел за тоа. 8/10
     
    На macovska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    Honeymoon
    honeymoon.jpeg Млад пар од Њу Јорк одат во мала колиба покрај езеро на меден месец. Романтиката наскоро се претвора во вистински ужас, откако жената исчезнува една вечер, а потоа се враќа како нова личност.
     
    На macovska, eliesaab, IronLady и 3 други им се допаѓа ова.
  20. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    No good deed (2014)
    [​IMG]
    Затвореник на кој му е одбиено помилувањето на враќање во затвор му успева да избега и да ги убие стражарите. Се враќа кај девојката со која што бил пред да оди во затвор и гледа дека таа има нов дечко и ја убива. Потоа оди во куќа да побара помош бидејќи надвор има олуја а колата ја преврти. Жената чиј маж е со татко му на голф по повод роденден, со две мали дечиња се сожалува и го прибира дома и му помага и тогаш настанува цела збрка. По некое време сфаќа дека уствари човекот е тука со намера да и наштети. Крајот не го откривам. Препорачувам 10/10