1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    The Loft
    Филмт не ми остави многу голем впечаток иако сум љубител на мистерии, се зборува за 5 другари кои се женети, имаа поткровје и таму носеа девојки за една вечер, почетокот започнува со мртвата девојка во нивното поткровје и тука го вракаат филмот што правеле предходно
     
  2. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    thirteen-conversations-about-one-thing-2001.jpg
    Thirteen Conversations About One Thing - 2001
    Драма

    Еден од ретките филмови кој навистина ме импресионира со својата комплексна приказна околу судбината, среќата и непредвидливоста на животот. Драма вешто конструирана која ги испреплеткува на суптилен начин животите на адвокатот Трој (Matthew McConaughey ),nпроценителот Џин (Alan Arkin), професорот по физички науки Валкер (John Turturro) и куќната помошничка Беатрис (Clea DuVall).
    Секој од овие карактери има некој момент на среќа и очекувања за подобар живот, но истите ќе бидат сменети подоцна поради некои непредвидливи случки
    Прашањето кое се врти е ’Дали можеме да бидеме среќни во свет каде судбината е контролирана од неизвесноста?’
    Ова не е површен и лесен филм, јас морам уште еднаш да го изгледам, со поголемо внимание.
    Ако сакате филмови зачинети со доза на филозофски прашања и пораки, топло го препорачувам.
     
    Последна измена: 29 јуни 2015
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    The way back
    MV5BMTg5MTc5MTM3Ml5BMl5BanBnXkFtZTcwMDI2NzgwNA@@._V1_SX214_AL_.jpg

    Приказна за група луѓе со различен животен пат кои завршиле во руски логор во Сибир и приказ на нивното бегство , траумите и маките низ тој пат.Секако дека успеаваат да дојдат до слободна Индија поминувајки 4000 миљи...
    Убава тема,многу човечна но мене ми засмета што карактерот на ликовите не беше добро издефиниран,почетокот беше некако хаотично нафрлан додека како одминува филмот добива смисла.
    И крајот не е сосема јасен ...
    Барем јас така го доживеав.
    7/10
     
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Безвезален , аууууу не го гледајте.

    download.jpg
     
  5. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    The Reef

    download.jpg

    Филм базиран по вистинска приказна, филм по мој вкус, филмови какви што треба да се снимаат за да ни ги прикажат опасностите на отвореното море. Возбудлив до самиот крај, иако не очекував дека така ке заврши.

    Пет члена група одат на излет со мала јахта. Стигнуваат до гребенот но се случуваат сосема непланирани работи. Остануваат на отворено море и мора да бират мегу два излеза.

    - Или да чекаат да ги спасаат ( или ке бидат дехидрирани )
    - Или би пливале до копното.
    Но работите одеа по друг тек.
    Ми беше жал посебно за еден од групата кој беше изложен на ова
    Ворен


    Вреди филмот за гледање.
     
    Последна измена: 30 јуни 2015
  6. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Clueless (1995)
    Clueless-3195-30.jpg
    Незнам ни зошто започнав да го гледам од почетокот до крајот ми беше досаден, за сите што сакаат авантуристички филмови не го препорачувам
    од мене 4/10
     
  7. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Come Back To Me (2014)
    [​IMG]

    Психолошки хорор, доста интересен филм со неочекуван крај.
    Откако ќе се досели нов сосед до еден венчан пар, девојката постојано има необјасниви кошмари, за кои подоцна ќе открие дека тоа всушност е вистина и за тоа е заслужен новиот чуден сосед кој може да ги враќа во живот оние кои ги убил...

    Голем впечаток ми остави овој филм, вреди да се изгледа.
     
    Последна измена: 30 јуни 2015
  8. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Cinderella 2015

    Иако приказната ми беше позната и знаев како ќе се одвива во целиот филм сепак го гледав до крајот. и тоа само заради главната улога која ја глми пепелашка. Многу ми е позната глумицата цело време се мислев и не ми текнува во кој друг филм има глумено ама преубава е, ептен голем впечаток ми остави
    10/10
     
    На SimonaTino и only44you им се допаѓа ова.
  9. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    The_Cobler_poster.jpg
    The cobbler
    Филм во кој главната улога му припаѓа на Adam Sandler.
    Макс е чевлар кој професијата ја наследил од своите предци. Но, наскоро дознава една тајна која ќе му го промени животот. Комедија, романса, фантастика, сѐ измешано во едно. Според мене, не беше нешто посебно, не ми се допадна
     

    Прикачени фајлови:

  10. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.138
    Пол:
    Женски
    MV5BMTExMTUxNDQ5MjdeQTJeQWpwZ15BbWU4MDk4NTgxMzQx._V1_UY1200_CR90,0,630,1200_AL_.jpg

    Woman in gold (2015)

    Од каде да почнам...

    Кратко сиже: битката на обесправената наследничка на едно од најпознатите уметнички дела, Portrait of Adele, насликана од раката на Густав Климт, со австриските авторитетити, но и со нејзиното минато.

    Извонредна драма, со одлична селекција на глумци; Хелен Мирен повторно воодушевува со својата глума, а да бидам искрена, Рајан Рејнолдс ме изненади, мислев дека нема да биде компетентен за оваа улога.

    Релативно нов филм, со задоволителна оцена на IMDb (7.4), но јас му давам (10), зашто навистина вреди.
    Ми мириса на номинација за Оскар! :nod:
     
  11. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    The big wedding го имам гледано неколку пати и никако да ми се здосади... Многу интересна смешна приказна.. Препорачувам 9\10 :D
     
  12. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Вчера го гледав. Од мене 7.5 само зашто Шарлиз Терон е врхунска актерка... Ефекти одлични...дефинитвно треба само 3Д да се гледа....
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум пишала некоја рецензија изгледа, ама и одамна не сум седнала да гледам некој филм.

    Blade Runner (1982)

    Научно-фантастичен трилер со времетраење од речиси 2 часа. Во главни улоги се: Harrison Ford, Rutger Hauer, Daryl Hannah, Sean Young од попознатите. Филмов е сместен во Лос Анџелес во 2019 година, што временски гледано од аспект на тоа кога е правен филмот е далечна иднина. Измислени се роботи, т.н. репликанти, кои во 99% наликуваат на луѓе и луѓето ги користат за населување на колонии надвор рамките на Земјата и имаат „рок на траење“ од 4 години. Четири од нив ќе се вратат на Земјата за да го најдат оној кој ги создал и да го принудат да им го продолжи „животот“. Бидејќи не се пријателски настроени, Декард, по професија т.н. Blade Runner, ќе биде задолжен да ги лови. Што се случува во меѓувреме и понатаму - кој гледа, ќе дознае. ;)

    Филмов, како за филм од тој жанр и филм направен во 1982 година е супер како идеја. Инаку, за тие што го гледале или што слушнале за филмов, знаат дека е култен филм, за кој, ако кажете лош збор, ќе срипаат очи да ви извадат.:lol: Музиката ја има правено Vangelis, тоа го знаат тие што ја слушаат неговата музика. Мене, искрено, музиката не ми се вклопуваше со филмот. Ми имаше благо-еротски призвук и не ми беше за научна фантастика. Харисон Форд е класика - глумата му е иста цел живот. :lol: И нормално, како и во секој негов филм, јаде ќотек како магаре. Дерил Хана беше многу creepy во својата улога. Впрочем, целиот филм беше creepy, кога подобро ќе размислам. Земјата загадена, вечен мрак, се' личи на едно големо гето... Тие што беа во улога на репликанти, баш имаа „роботска“ глума. Ликови кои со сила глумат емоции. Единствено, ликот на Рејчел ми се допадна на поинаков начин од останатите, и тоа многу. Доста беше. Ако ве интересира - погледнете.

    [​IMG]

    IMDB оцена: 8.2
    Моја оцена: 8
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Kingsman: The Secret Service
    [​IMG]
    Мајка ми и татко ми обожаваат холивудски филмови со тајни агенти и невозможни сцени затоа на филмската вечер изборот падна токму на овој филм јас не очекував ништо посебно но многу ми се допадна сличен на филмовите со Џејмс Бонд има доста јаки сцени.
    IMDB: 7.9
    Од мене има: 8.5
    Дефинитивно го препорачувам
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    21_and_Over_poster.jpeg
    Топ филмче!! Една од подобрите комедии кои ги имам изгледано, ко луда се смеев :D
    Џеф е студент кој го прославува својот 21 роденден, и по тој повод го посетуваат неговите двајца пријатели, Кејси и Милер. Милер инсистира да одат да се забавуваат по повод роденденот, но Џеф не сака поради тоа што наредното утро има битно интервју. Сепак успева да гп наговори, така што сагата започнува. Многу алкохол, многу збрки и многу смешни сцени.:rofl:
    100/10
     
    На Juicy и Lovy1 им се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Death Race ( 2008 )

    Филм кој жанровски претставува акција и тоа јака акција. Трае околу 2 часа, а во главна улога е кој друг, ако не Jason Statham. Дејството е, нормално, сместено во Америка и тоа во алтернативна иднина. Филмот почнува со вовед во истиот. Криминалот е на високо ниво и вопоставен е нов начин на функционирање на затвор кој е аналог на Алкатраз: приредуваат трки со автомобили до смрт, додека не остане само еден победник. Џенсен Ејмс живее скромен живот, си има жена и бебе кои си ги сака многу. Но ќе го наместат за убиството на својата сопруга и ќе заврши во затвор. Од тамошната управителка ќе биде уценуван да учествува во трката, а за возврат ќе му ја понуди слободата. Што ќе се случува во меѓувреме и на крај - сами ќе видите.

    Филмов е закон! Како за филм од овој жанр е одличен! Има приказна, има good guy, има доминантна жена која е :devil:, имате автомобили, трки, експлозии, јаки женски... Имате приказна, а не морате да го замарате мозокот во врска со приказната. Сепак крајот е интересен. Ми се допадна што уште на почеток ви ја кажуваат приказната, знаете што да очекувате и после само се препуштате на комплетна акција. Кога го пуштив филмов, се прашував што ќе гледам 2 часа, се' се случи на самиот почеток. Ама се излажав. Имаше многу што да се гледа и не беше досадно ни на момент.

    [​IMG]
    IMDB оцена: 6.4
    Од мене, како за ваков филм има 10!

    Препорачувам за оние кои сакаат акциони филмови или го сакаат Џејсон Статам. (y)
     
    На 1209 и Kala22 им се допаѓа ова.
  17. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    It follows
    [​IMG]
    Како ми зборуваа за филмов дека е уау, скоро секаде поминувал со пофалби, го предложувале многу и нормално, јас очекував да е нешто предобро. Меѓутоа, не сум фасцинирана, ми се допадна што не е класика да речам, со зомби и досадни чудовишта, моторни пили и останати веќе видени работи.
    Се работи за девојка која е жртва на проклетство кое се пренесува преку сексуални односи и се карактеризира со тоа што некој постојано ја следи- лик кој може да и` биде потполно познат или сосема непознат. Неа и` го предаде тоа нејзиното момче. Успева неколку пати да избегне од тоа (неколку пати ја прогонува како различен лик), потоа го предава на другар, него го фаќа следачот и го убива, на начинот на кој и се пренесува ова. На крајот најдобриот другар се понудува да го префрли тоа на себе и да ја спаси неа. Успеваат и така завршува филмот, на него не му се случува ништо, барем дотогаш. Мене ми личи ко да си пренесуваат ХИВ, само во филмов е во форма на следач. (facepalm)
    Иако на почетокот имаше сцени кои потполно ми беа како убацени само без врска, или можеби не ги сфатив јас, филмов цело време ме држеше во искушение и само заради тоа добива од мене оценка плус.
    Според крајот, би требало да има и втор дел.
    Од IMDb оценка 7/10
    Од мене 6.
     
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Woman in Gold (2015)
    Јас сум фасцинирана од филмот. Пред се, уживам во филмови кои се базираат на вистински приказни. Тука се надоврзува и одличното сценарио и режија, сцените од прекрасната Виена и начинот на кој е прикажан животот и страдањето на евреите за време на војната.
    Глумицата во главна улога ја имам гледано во некоја комедија, и мислев дека нема некој талент, но после филмот го сменив мислењето, одлично ја изнела оваа улога. Особено ми се допаѓа што изборот на актери не е од оние добро познати, а преценети и форсирани.
    IMDB: 7.4/10
    Моја оценка: 10/ 10

    You're Not You (2014)
    Филм кој ја прикажува суровата реалност за заболените од АLS, како болеста влијае на самата личност, но и роднините, пријателите.
    Актерите многу добро ја изнеле замислата на режисерот, ми оставија огромен впечаток, премногу емотивно.
    IMDB: 7.4/10
    Моја оценка: 10/ 10

    The Fault in Our Stars (2014)
    Уште еден филм каде тројца млади луѓе боледуваат од различни типови на рак, соочени се со реалноста, но и покрај тоа остануваат позитивни, се вљубуваат, уживаат во животот.
    И за овој филм имам само позитивни коментари, а во комбинација со претходниод (да, ги гледав еден по друг), се внесов во судбините на ликовите, па убаво се изнаплакав.
    IMDB: 7.9/10
    Моја оценка: 10/ 10
     
  19. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    the loft- прекрасна мистерија која ќе ве држи во неизвесност и доста поучна
    моја оценка 9.5/10
     
    На crazylady, JollyGirl, Kala. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Типична комедија, која е испреплетена со авантури и некои вистина смешни сцени.
    7/10