1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    The transporter 4
    8/10 за добриот филм, ама замената за Jason ужас од глумец, воопшто не ми се допаѓа.
     
  2. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
  3. Idealista

    Idealista Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Јас од тука симнувам преводи: http://subscene.com/
     
  4. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Jas go obozavam covekov :) prezgoden e :inlove: skoro site filmovi so Jason, gi imam gledano :)
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    The Hunger Games: Mockingjay 2 - разочаран сум. Од сите делови, само овој дел не ми се допадна. Катастрофа.
     
  6. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    26.128
    Пол:
    Женски
    Everest можам да кажам предобар за мој вкус 10\10.
    Се работи за група на алпинисти кои се качуваат на еверест и се соочуваат со секакви проблеми и на крајот дел преживуваат ама и некои умираат.
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Idealista

    Idealista Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    The Man from U.N.C.L.E (2015)
    [​IMG]
    Во раните 60ти, агентот на ЦИА, Наполеон Соло, и оперативецот на КГБ Илија Кирјакин, учествуваат во заедничка мисија против мистериозна криминална организација, која работи на умножување на нуклеарни оружја.
    Многу добро филмче! Немаше сцена што не ми се допадна:inlove:
    Оцена: 10/10
     
    На Wahnsinn, sikica7 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    High Kick Angels (2014)

    "Hai kikku enjerusu"



    Јапонски филм во кој централните протагонисти се девојки кои членуваат во училишниот клуб на Брус Ли и Џеки Чен ,за акционен филм.Во овој филм девојките ќе демонстрираат дисциплинарна истрајност, користејќи ги боречките вештини на нивните идоли,сред желбата и потребата да избркаат една банда хулигани која им прави нереди во училиштето. Според мене 8\10

     
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    Само што го изгледав,плачам...одличен филм...ми го допре срцето
     
    На ALISA0000, blueberry93 и boomsleng им се допаѓа ова.
  10. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Dirty Dancing: Havana Nights (2004)

    Интересно романтично филмче, онака 1 и 30 минути, ништо особено не се случува, како за тепање време е таман. Музиката во филмот е за огромна пофалба, го гледав филмот и после тоа со идентични чекори бев да земам вода. :D
    Дејствието се случува во Куба, црни, згодни, газлести девојки, музиката како што веќе реков е совршена, ама јасно е дека филмот е нискобуџетен, немаше многу сцени кои ги прикажуваат убавините на Куба, освен дискотеката Ла Роса Негра ја доловуваше вистинскиот дух, каде сите беа разиграни, испотени, имаше една реплика, девојката вели -Погледни како ја чувствуваат музиката, а типот -Гледам дека чувствуваат и повеќе од тоа. :D
     
    На ANGIE1, 1209, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    ^Леле филмов ми е еден од омилените, подобар ми е од оригиналот во кој не ни памтам што се случуваше:D:D ама овој ме купи највеќе со музиката, ретко некој друг да го има гледано освен мене:D

    Инаку јас на темава да се олеснам, на што потрошив драгоцено време

    Man Up(2015)
    Значи мнооогу глупав филм, не знам како на имдб има оцена дууури 6.8.:^) типкава во главна улога е во 30ти бара маж, ќе отиде по грешка на туѓ blind date, и од тука дејството да продолжуваше нешто љубов на прв поглед ау бау ќе сфатев, ама овие се маткаат лево десно без врска, па му глуми нешто другарка, рамо за плачење оваа, на крај предвидливо ќе завршат заедно.Не знам како и зашто го гледав ова, ама бегајте понастрана од с*ањево.
     
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Долго ме нема во темава, нешто свртев повеќе кон серии, а филмовите кои ги гледам се посветени на темата Феминско Филмско Фоаје (ФФФ). Ако ве интересира некој од филмовите кои сме ги изгледале, провртете по страните таму. Последни предлози се: The Ninth Gate, V for Vendetta и Perfume.

    Фамозниот, а можеби и не толку:

    Everest (2015)

    Филм базиран на вистински настани кој трае околу 2 часа. Од актерската екипа попознати се Jake Gyllenhaal и Keira Knightley, другите ми се анонимни. Се работи за планинарска експедиција која во 1996 година ќе тргне да се искачува на Монт Еверест, но ќе биде зафатена од силна бура и половина ќе изгинат.

    Генерално, филмот не ми се допадна. Дури и се чудам зошто има толкава оценка на IMDB. Ајде, разбирам дека е драма и дека бавно се одвива и немам ништо против тоа, но она што не ми се допадна беше нерамномерната динамика на филмот. Повеќе од половина филм практично ништо не се случуваше, за потоа да почнат нагло и многу брзо да прикажуваат умирање на луѓе. Исто така, како за вистинска приказна, многу нелогични ми беа полно од постапките на луѓето кои ја координираа експедицијата. За актерската екипа немам некои посебни замерки, за ефектите се погрижиле добро, ама сепак тоа не е доволно за еден филм да биде добар.

    [​IMG]
    IMDB оценка: 7.2
    Од мене една 5-ка. Не заслужува повеќе.
     
    На boomsleng и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.760
    Допаѓања:
    37.861
    Пол:
    Женски
    Мона а зошто викаш од оригиналот, па овој не е копија, туку втор дел и мене ми е еден од омилените.За разлика од тебе јас пак не знам некој што не го гледал филмов, одличен ми е:)
     
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    @1209 Што знам, ваљда дека не е со истите актери и нема продолжување на приказната не го сметам како втор дел:D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IthoughtIwasAnAllien

    IthoughtIwasAnAllien Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2014
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    237
    Mалиот Принц. Магичен исто како и книгата, препорачувам :)
    [​IMG]
     
    На Twin97 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    И јас го гледав вчера. Очекував повеќе од филмот. Ретко гледам филмови, повеќето ми се досадни уште во првите 10 минути, ама си реков ај, да го изгледам поради актерската екипа која ветува барем добра глума, па и во лош филм.

    Морам да кажам дека единственото нешто што ми го задржа вниманието се одличните aerial кадри од Еверест и само толку. Ништо друго, за жал.
     
    На Mama25 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  17. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.355
    Пол:
    Машки
    http://www.imdb.com/title/tt3990720/
    Наш нов филм, за две девојки кој имале тежок живот. Интересна приказна али искрено очекував повеќе, и краток е, само 90мин. :wasntme:
    6/10
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Salt (2010)

    Акција, крими-мистерија која трае нешто помалку од 2 часа. Во главна улога е Анџелина Џоли. Се работи за ЦИА агентката Евелин Солт која во необични околности ја разоткриваат дека е всушност руски шпион кој ќе изврши низа злосторства. Од тука почнува нејзиното бегство.

    Генерално, филмов беше фул со акција и беше интересен, досаден - во никој случај. Актерската екипа ми беше ОК, Анџелина како и секогаш tough woman, што по малку и ме нервира, а особено што не ми е меѓу омилените актерки. Она што мене многу ми пречеше во филмот е што до некое време се' изгледаше прилично реално, се' додека Солт не почна да изведува некои невозможни супер-потези при тепачките, па се' ми отиде по ѓаволите. Како и да е, го препорачувам за гледање.

    [​IMG]
    IMDB оценка: 6.4
    Од мене: 6.5-7
     
    На SimonaTino, Jordanovska-K, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  19. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Искрено не сум голем фан на акциони филмови иако нема којзнае каква акција, сепак премногу ми се свиѓаат сите делови на Џејмс Бонд вклучувајќи го и овој најновиот. Прекрасни ефекти, современа најнова технологија и добро доловена приказна. Иначе кога станува збор за содржина сите делови се слични едни со други(девојка, на крајот секако ќе го спаси светот) али сепак незнам зошто овој некако ми остави особено добри впечтоци. Песната на Сем Смит е прејака и одлично е одбрана и се вклопува со филмот. Мој совет е да го гледате во кино, навистина има разлика кога станува збор за вакви филмови.
    9/10

    [​IMG]

    Не сакам ниту анимирани филмови али овој ме воодушеви. Приказна за емоциите како сите се надоврзуваат едни со други. Среќата и тагата одат рака под рака. Ептен креативно филмче и онака ќе ве подзамисли малце да си поставите многу прашања.
    Станува збор за едно девојче кое е исклучително многу реќно се додека не се преселат во Сан Франциско. Во нејзиниот ум постојат 5 емоции: среќа, тага, страв, бес и одвратност кои го регулираат нејзиниот карактер и го зачувуваат секој момент од животот во посебни острови.
    9/10
     
  20. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    7.425
    Викенд на мртовци-комедија
    Македонски стар филм од вчера прв пат го гледав.Сум се свалала од смеа:rofl::rofl:.Мене комедија тешко да ме насмее,ама на овој филм морав паузи да правам измеѓу оти мешето ме болеше од толку смеење и виткање.Од мене 10/10
    Тасе е известен дека неговата жена починала на една од клиниките во Скопје. Набргу неговиот дом се исполнува со нивни роднини и пријатели и сите чекаат да пристигне ковчегот со умрената за да ја оплачат и погребаат.

    Во соседството, пак, наспроти куќата на Тасе, се прави свадба. Со звукот на зурлите и тапаните пристигнува ковчегот со умрената, но кога истиот ќе го отворат, му нема крај на изненадувањето зашто внатре не е Кате, сопругата на Тасе, туку некоја непозната жена. Веднаш бараат објаснување од Државната болница во Скопје од каде се известени дека во сплет на околности, направена е размена на покојничките и дека нивната Кате се наоѓа кај некој Климе од Охрид, а неговата жена е во ковчегот што пристигнал кај Тасе. Тасе и Климе воспоставуваат врски и се договараат да си ги разменат покојничките при што постигнуваат договор да се сретнат на полапат, односно на планинскиот превој Ѓавато.
     
    На xxAngelxx, feminka321, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.