1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Suicide Squad
    Со цел да се спречи Светот од уништување, форимираат група на најопасните криминалци. Целта е да се победи магијата на Маѓепсничката, која сака да создаде машина за да го уништи човештвото.
    Омилени ми се Џокерот и Харли. Уште како мала кога си гледав цртани филмови ми беа омилен пар од лошите. Филмот е акција, но доловена е и љубовна приказна, како Џокерот се ќе направи за Харли, а и таа за него.
    suicide-squad-movie-harley-joker-robbie-leto.jpg
     
    На marija1907, joy1, KejtV и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LadyinBlack21

    LadyinBlack21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    1.324
    Пол:
    Женски
    onesheet.jpg

    Се работи за девојка , која како дете мафија со која соработувал татко и ...ќе ги убијат нејзините родители пред нејзини очи...и сеа следува одмазда од нејзина страна кога ќе порасне...еден по еден ќе ги убива оставајќи знак кој го црта со кармин на телата на убиените ..вреди да се погледне..
    10/10
     
    На eliesaab, LadyC, Toxicna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. TheTribe

    TheTribe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    31
    За сите оние коишто сакате да гледате вистински добар филм ви го препорачувам (еден од моите) омилени филмови Instructions not included или No se acepta devoluciones. Предобар филм во секоја смисла на зборот, забавен, комичен, интересен, чуствителен... Од шпанско говорно подрачје. Се работи за еден човек којшто неочекувано добива дете за коешто иако е тотално несоодветен, принуден е да се грижи за неа. Филмот е од 2013, го имам гледано два пати од тогаш и знам дека никогаш нема да го избришам од лаптопот.... INSTRUCTIONSNOTINCLUDED.png
     
    На WarriorAngel, Someonespecial, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    STONEHEARST ASYLUM (2014)

    Млад доктор полн со ентузијазам пристигнува во менталната установа Stonehearst Asylum да си го надогради теориското знаење со практична работа во областа на психијатријата.
    Таму го пречекува Др. Ламб и неговите неконвенционални методи на лечење.
    Интересен филм со неочекуван крај, оцена 10/10.

    STRESSED TO KILL (2016)

    Откако Бил ќе добие срцев удар, докторот го советува да ги оттргне сите причини за стрес ако сака да живее.
    Тој буквално го сфаќа советот и почнува да ги убива "причините" за стрес.
    Филмот има некои комични елементи, па ќе му го простам наивниот крај, од мене оцена 8/10.

    SECRET IN THEIR EYES (2015)

    Во филмот се работи за детектив кој е опседнат со потрагата по убиецот на ќерката на негова колешка.
    Дали убиецот заслужува смртна казна или мачење?
    Иако не е некој возбудлив, напнат филм, поради неочекуваниот крај оцена 10/10.

    DISCONNECT (2012)

    Самиот наслов укажува на тоа дека колку повеќе сме конектирани во виртуелниот свет, толку повеќе сме дисконектирани во реалниот свет и меѓусебните човечки односи.
    Сепак во виртуелниот свет вребаат опасности како лажни профили, секс преку камера, злоупотреба на туѓи лични податоци...
    Реален филм кој успеа на крајот и да ме расплака.
    Од мене оцена 10/10.

    A BIT OD BAD LUCK (2014)

    Брукс е познат адвокат кој има се', и пари, и слава, и прекрасна жена...
    Но, се' тоа исчезнува за миг.
    Непредвидлив крај, од мене оцена 9/10.
     
    На WarriorAngel, boomsleng и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Suicide Squad (2016) или What the fuck did I just watched?

    Стварно сакав да ми се допадне филмов и имав големи (океј, релативно високи) очекувања за него. Дури немав предрасуди ни за Џаред Лето како новиот Џокер - очекував дека ќе биде добар. Арно, ама...

    За филмов можам да кажам дека е убедливо најлошиот филм со суперхерои/правен по стрип што сум го гледал во последнава деценија. Кога Вил Смит е најинтересниот лик во филм кој е сниман после 2000-та, тоа не може да биде добар знак.

    Све ми беше некако too blingy, too colorful, too over-the-top. Претерано шарено, претерано нападно, претерано претерано. Све изгледаше као у стрип (ама не на добар начин, као Sin City на пример), ама да сакав стрип, ќе си го купев и ќе го читав, немаше да идам у кино, нели?

    Читав дека Џаред Лето се пореметил додека го снимале филмов, мртви животни им праќал на другите глумци по пошта, е толку демек бил соживеан со улогата.

    Џокер се појави у филмов нецели 10 минути и кажа исто толку реченици! За што си се спремал, со што си се соживел толку, човече божји, жити мене?

    А искрено, ќе беше боље и тоа кратко време да не се појавеше, зашто со својата „глума“ се покака на Џокерот на Џек Николсон, а со оној на Хит Леџер си го избриша газот.

    Океј...

    Ќе продужам да мрчам у спојлер, за да не му го руинирам филмов на некој што тек планира да го гледа - иако режисерот самиот доволно се потрудил за тоа.

    Прво, што е со ликовиве? Не сум фан на амерички стрипови и не беа се познати, ама ако овие им се најдобрите, онда ми е мило што не сум ги читал.

    DC сакаат да ги стигнат Marvel со успехот, јасно ми е, ама не можеш човече да надокнадиш така што ќе напикаш 20 различни ликови у еден ебан филм.

    Животните стории им ги напишаа на екран, како кога селектираш карактер у видео-игра - име, презиме, способности, кратка биографија. Не е ни чудо што пола не ги запамтив како се викаат, а практично за сите не ми беше ни гајле.

    И кога сме више кај ликовиве од Одредов - Дедшот - океј, типот е платен убиец, го бива, не утиња, јасно ми е зашто е тука. Која и е способноста на Харли Квин, освен што е удрена у глава и изгледа како стриптизерка од циркус? Типот со оганот - what the fuck - X-Men гледам или што? Аустралијанецот што ограбува банки (и носи розов еднорог) - што корисно направи тој у цел ебан филм? Попунуваше место? Killer fuckin' Croc? Од кој буѓосан стрип го извадивте него? Имаше уште еден лик, кој више не го ни памтам. А да - самурај-женска со катана у која живее душата на маж и?

    И секако, главниот негативец - вештерка! И тоа вештерка која живее у затворена у статуа, као проклетиот Genie од Аладин. Енчантрес... Боже, боже. (facepalm)

    Го прочитал ли некој сценариово и укапирал ли колку ретардирано звучи све ова? Добив впечаток како филмов да го снимале глуви, слепи и глупи луѓе, затоа што само од оваа комбинација може да произлезе вакво говно, долго преку 2 цели саати.

    За приказната - немам зборови, а очигледно ни сценаристот немал, пошто ништо не е до крај објаснето. Вештеркава ќе го освојува светот, прави некаква машина, облак се собира на небото (зашто у сите филмови со суперхерои се све сведува на некаков облак/портал на проклетото небо?), нашиве „херои“ доаѓаат и ја спречуваат. Бравос! (highfive) |(

    Целиот кредибилитет и awesomeness кои Нолан со својот Бетмен му го даде на DC универзумот, полека почнаа да го уништуваат со Man of Steel и Batman vs. Superman (кој иначе е подобар од Suicide Squad едно 100 пати, што само по себе и не е некој комплимент), ама со филмов дефинитивно го уништија сето тоа што Нолан го изгради, до темел.

    Искрено, сега ми е страв да видам што ќе направат со Justice League. :tmi:

    Се на се, да имав 12 години, можеби ќе ми се допаднеше. Ама пошто немам, ќе речам дека беше ужасен.

    Тешко ми е да го оценам филмов, пошто впечатокот у моментов ми е бајаги лош, ама ако се потрудам да бидам објективен и го споредам со најдобрите и најусраните филмови што сум ги гледал у животов, би му дал 4/10, иако можеби и тоа е великодушно.

    Сликава дава најдобар review за филмов, и тоа со една реченица:
    [​IMG]
     
    На WarriorAngel, eliesaab, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  6. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    13 SINS (2014)

    Во моментот кога на Елиот животот почнува да му се руши, добива телефонски повик со предлог ако прифати 13 предизвици да биде добитник на милиони долари.
    Првиот предизвик е да убие мува. Лесно, зар не?
    Но, тоа е само почеток.
    Интересен трилер, од мене оцена 10/10.

    THE DEN (2013)

    Со намера да добие стипендија за нејзините студии, Елизабет почнува проект во кој ги проучува навиките на корисниците на чат преку веб камера.
    Наскоро, таа станува сведок на убиство онлајн.
    Еден од низата "болни" филмови кои ги гледам во последно време.
    А најболното е што филмот не е далеку од реалноста.
    Од мене оцена 10/10.

    EVERY SECRET THING (2014)

    Во филмот се работи за киднапирање на три годишно девојче, потрагата по него и двете осомничени девојки кои штотуку се излезени од затвор заради исто злосторство.
    Според мене филмот испрати моќна порака за тоа колку родителите може да го обликуваат нашиот карактер во детството.
    Од мене оцена 10/10.

    MONEY MONSTER (2016)

    Ли Гејтс е водител на шоуто Money monster каде дели финансиски совети во врска со берзите.
    Еден ден, тој станува заложник на човек кој изгубил се' благодарение на еден совет од Ли.
    И не само Ли, заложници стануваат сите вработени кои учествуваат во снимањето на шоуто, предводени од режисерката Пети.
    Напнат трилер и супер глума, од мене оцена 10/10.

    П.С. Не се потпирајте многу на моите оцени, 10ки делам како од ракав, ама секој филм допре до мене на поинаков начин, па не сум многу строга во оценувањето :D.
     
    На Nausicaa, Marossa, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Suicide Squad (2016) (n)

    Го пуштив филмот од причина што голема фама се крена за него, memes насекаде извираат, Харли и Џокерот #goals биле, а и морав да знам што е работата со Jared Leto и Will Smith. И да, сестра ми ме убеди бидејќи имало песна од нејзиниот омилен бенд (која подоцна видовме дека е катната од кино-снимката :rofl:).
    Не ни знаев за што се работи, дури после разбрав дека сите ликови се од стрипови. Требаше да ги знам? Не ги знаев, дури мислам дека не сум прочитала стрип во животот. :worried:

    Интересно беше што му пристапив на филмов со помислата дека е нормален, само што ликовите носат шарени костуми, кога почнаа да зборат за вештерки, супермоќи и спасување на светот си реков what the hell am I doing here? :D Дефинитивно not my cup of tea.
    Колку што сфатив го утепаа Џокерот, од каде изникна на крајот?

    Плус тоа, ми беше претерано долг и досаден, иако колку што сфатив, мојата верзија беше 10 минути скратена. 8-| На моменти толку многу не ми го задржа вниманието, што успеав Рубикова коцка да решам. И секако, премногу акција за мој вкус, пукање и експлозии на сите страни ич, ама ич не ме импресионираат.
    Дај некој mind blowing дијалог, пиштоли и бомби насекаде има. Знам, знам, во погрешен филм го барам тоа, ама па ич не ме воодушеви, а имав такво очекување, сите се успоубиваа за филмов. За фановите на стрипови можеби е најјако нешто на светот, за мене not really. :D

    Позитивна точка ми беше Killer Croc :D
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На eliesaab, Dabria, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    @Lella Како фан на стрипови, се согласувам со тебе.


    Туку еве ме мене и моите анимирани филмови. Во последно време искрено гледам само анимација и повеќе ми се допаѓа од играни филмови. Толку позитивна енергија, позитивни пораки, cuteness overload.
    Последното филмче што го гледав баш ме трогна и дефинитивно е дел од мојата листа на омилени филмови. А другите два омилени филма ми се Fight Club и I Originѕ :rofl:
    Од сега ќе им се придружи и Big Hero 6. По насловов звучи како досаден филм со тепање за деца од предшколска возраст, но филмот е п р е к р а с е н. Искрено не знам што друго да ви кажам, ако сакате анимирани филмови како мене, топло препорачувам. :bow:
    And Baymax is so frickin' cute!
    [​IMG]
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Секогаш ја сакам твојата листа и предлози на филмови.
    Кога и да не знам што да гледам, го барам твојот список тука. :D

    Вечерва го гледав 13 Sins.
    Интересен филм, напнат до самиот крај. Малку уврнут и малку морбиден ама баш такви сакам јас. :)
     
    На ALISA0000, Lady Phoenix, only44you и 2 други им се допаѓа ова.
  10. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Фала Скај :*, мојата филозофија при бирање филмови е да во нив нема многу филозофија :lol:, и најбитното, да разберам што сакал авторот да каже :!: :D.

    Гледај го Martyrs те молам, баш ме интересира дали ќе ти се допадне :nod:.
    И ако запнеш на почетокот не грижи се, и јас го исклучував неколку пати :lol:.
    Ама за крајот вреди да се гледа.

    И прочитав дека ти е гледан Hidden, па да те прашам дали го препорачуваш или не?

    Еве од мене уште два кои не знам дали ги препорачувам:

    SOUTHBOUND (2015)

    На изолиран пустински пат се испреплетуваат пет различни приказни на луѓе кои таа ноќ се соочуваат со нивните најголеми ноќни мори.
    Двајца пријатели се во потрага по изгубената ќерка на едниот, три пријателки се на пат да настапуваат со нивниот бенд, сам човек патува кон дома кај својата жена, брат е во потрага по својата сестра, и на крај тричлено семејство во својата куќа.
    Филмот е некој нов вид за мене хорор, со многу недоречености, па од мене оцена 6/10.

    SHELLEY (2016)

    Брачен пар кој не може да има деца живее во изолирана куќа без струја и вода и вработува млада девојка Елена да им помага во домаќинството.
    Набрзо, склучуваат договор Елена да биде сурогат мајка на нивното дете.
    Со бременоста на Елена почнуваат и проблемите.
    Исто многу недоречености, нелогичности како претходниот, па исто оцена 6/10.
     
    На Lady Phoenix и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Да, гледај го :)
     
    На promeneta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    ( @promeneta ) :)

    Martyrs ( 2015, па 2008)

    Кога го побарав филмов на нет и не приметив дека има два филма, еден 2008.ма, вториот друга, изменета верзија од 2015.та.

    И двата зборуваат за тајна организација, култ, кои се во некаква мисија да ја најдат совршена маченичка, која во врхунац на физичко измачување , а притоа да не умре, ама до дојде до границите на смрта и ќе може да премине во некое бессознание и потоа да раскаже што постои после смрта, каков е и дали постои тој другиот свет.

    Јас го изгледав тој од 2015 и пак не ми беше најјасен на крајот па побарав коментари и на нет и читајќи гледам дека рецензии зборуваат за друг филм. Се соомнуваат исти имиња, ама на поинаков начин. Потоа разбрав дека гледав малку изменета верзија.

    Луси во првата верзија се самоубила, во втората беше неуспешен обид за самоубиство и беше жива до самиот крај.
    Ана во првиот филм беше маченик, во вториот се обидуваше да ја спаси Луси, мада и самата доживеала тоа некое транцендентално искуство поради што и побарав коментари на нет.
    Ама посебно побарав други мислења поради тоа што ме интересираше што и Ана има раскажано на Мадмоазел (или во втората верзија Луси како маченик/сведок и раскажува на Ана и свештеникот кога го слушна тоа се упука со пиштолот во главата)
    Пак во првата верзија Луси и соопштува на Мадмоазел (водачката на групата), на нејзиното прашање што постои после смрта, дали го видела другиот свет, оваа и раскажува и Мадмоазел си извршува самоубиство.

    И така траѓајќи по одговорите всушност открив за оваа првата верзија и го најдов, изгледав само последните пола саат и едвај ги издржав. Желудникот ми беше згрчен цело време и ми се лошеше од филмот и така разбрав дека имав среќа што првин ја гледав оваа полајт верзија од 2015. Мада и тој на некој начин суров и полн со болки, во споредба со првиот е лесен (мада не го гледав целиот ама по последните пола саат така закључив)

    Верувам дека поинаква верзија излезе заради тоа да биде поприфатлив, посебно и со моментот каде полицијата стига на крајот. Се стекнува впечаток дека се е разоткривено, сите злогласни дела на таа група, организација, култ. Дека е ставена точка на сето тоа, дека е дојден крајот.

    Додека во првата верзија од 2008 година, можноста да злоделата, дури и после самоубиството на водачката на група, продолжуваат.
    Тука се спомнува фактот дека 17 години тие мачеле и убивале во потрага по "совршениот" маченик/сведок.

    Без разлика на двата филма, мене пак не ми стана јасно што беше одговорот на Маченичката. Читајќи некои од коментарите е дека водачката разбрала дека ќе одговара за своите дела а како таков одговор беше неприфатлив да му го соопшти на групата. Исто и свештеникот во втората верзија каде се самоубива може да важи истото.
    Или нема ништо па се разочарали, ама одговорот сигурно треба да е толку потресен да доведе до моментално самоубиство. Негирање ќе ги попрво доведе во состојба на сомнеж, па засигурно одговорот не им се допаднал.

    Знам дека ми е постот каша попара, такво беше и моето синоќешно гледање на филмот (филмовите). Единствено кој гледал може да ме разбере. :D

    Втората верзија е прилично спора во развојот на настаните на почетокот и мене ми беше досаден (вероватно и првата верзија, ама почетокот не гледав)
    Ама има интересна морбидна, сурова приказна.

    Првата верзија (барем тие пола саат) ми беше далеку потешка за гледање. Самиот факт дека Ана жива ја одрале ми предизвикуваше мачнина и ужас.

    Дали го/ги препорачувам? Не знам. :|
     
    Последна измена: 20 август 2016
    На Lady Phoenix и promeneta им се допаѓа ова.
  13. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Требаше цел пост да го ставиш во спојлер :!: :lol:.

    Јас ја гледав верзијата од 2008 г.
    На мене ми се допадна тоа што на почетокот филмот те наведува да мислиш дека Луси е главната улога, кога на сред филм доаѓа до преокрет и Ана го завзема водечкото место. Исто цело време се прашував зошто беше киднапирана Луси и помислив на се', само на тоа не (затоа требаше во спојлер да пишеш :!:). Кога Ана се најде на нејзиното место, цело време навивав за неа да се ослободи на некаков магичен начин, ама ништо.
    Крајот мене ме фасцинираше, тоа што е сурово и реално, оти факт е дека сите сакаме да знаеме што не' чека после смртта, а некои со мнооогу пари решиле да го дознаат тоа на најболниот можен начин. Го препорачав за анализа баш заради постапката и последните зборови на Мадмоазел. Не читав по нет, ама јас ги сфатив дека уствари постои нешто убаво после смртта и ако не се сомневаме во тоа и ние би се самоубиле како неа, оти нели е поубаво таму. И затоа таа вика, продолжи да се сомневаш, демек само така ќе продолжиш да живееш :?:. Во секој случај иако е претежок за гледање, мене ми се допадна :).

    И јас го изгледав твојот предлог :D:

    HIDDEN (2015)

    Тричлено семејство живее во подземно засолниште откако вирус го напаѓа нивниот град. Во еден момент се присилени да излезат на површината и тогаш почнува акцијата :D.
    Во филмот многу ми се допадна начинот на кој ја разонодуваа ќеркичката во засолништето и колку таа беше убаво воспитана.
    Исто посебно ми се допадна односот татко - ќерка :inlove:.
    Девојчето глумеше перфектно.
    Преокретот на крајот многу ми се допадна, ама начинот на кој беше изведен ми беше некако аматерски и поради тоа од мене оцена 9/10.

    Кога го почнав филмот бев во мисла дека нешто јако ќе се случи на крајот. Потоа во сред филм МОРАВ да прочитам коментар под филмот дека е со зомби :wasntme: и до крајот гледав со резерва (и со мисла, леле ќе ја отепам Скај ако ми препорачала филм со зомби :rofl:).
    Сепак крајот успеа да ме изненади, па фала за препораката и што си ја гледала мојата препорака иако беше далеку потешка за гледање :P.
     
    На ALISA0000, Lady Phoenix и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Е па сега е касно за редактирање :tmi:.
    Мада кој се снајде во тој мојот опис, ете секоја чест, ништо не се знае додека не се изгледа филмот де :D

    А сега се сетив дека го имам побарано и порано martyrs ама видов пишуваше хорор па одустанав.
    Не сум по хорори, ама овој (2015) е со благи примеси на чудовишни фаци.

    Hidden е врста на филм што секогаш проаѓа кај мене. Таква приказна, демек вирус напаѓа, човештвото се обидува да преживее. Само овој ме изненади на крајот бидејќи беше тотален пресврт од очекуваното, и од досегашните филмови од овој тип.

    И јас сакав малку повеќе секунди/минути да ни дадеа од новоосознаена информација што всушност се случува, а не како што мислевме дека е, ама нема.
    Можеби оставаат простор за втор дел :?:
     
    На Lady Phoenix, 1209, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    PERFETTI SCONOSCIUTI (PERFECT STRANGERS) (2016)

    Дали вашиот телефон е доволно безбеден за да биде транспарентен?

    Седум пријатели на вечера започнуваат игра во која гласно ја читаат секоја порака, меил и го слушаат секој телефонски повик што го добиваат.
    Наскоро навидум безопасната игра доведува до напната атмосфера во која излегуваат на површина сите предрасуди, искреноста во пријателството, "розовиот" свет во кој живеат...

    Италијанска драма, комедија, трилер со совршена глума кој ме остави без зборови.
    ГЕ-НИ-ЈА-ЛЕН!!!

    Бомбастичниот крај само ја отслика реалноста, односно лажниот живот кој го живееме.

    Препорачувам, од мене оцена 100/10.
     
    Последна измена: 23 август 2016
    На mila89, Bozica1980, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Само што го изгледав и осеќам некоја горчина.

    Сакав да не беше ова само "што кога" , туку навистина да се случеа настаните.
    Најмногу мислам ми се згади Ева, таа ја започна играта демек сигурно се осеќа, тука и е швалерот. :devil: :x. Затоа и зголемувањето на градите, таков тип жени сака всушност таксистот и таа веднаш ќе му ја исполни желбата :headbang: :x

    Не знам друго што да кажам навистина, ептен ме изнервираа сите, ми направија да се чувстувам неубаво после гледањето на филмот- значи на крај оној што најмногу се срамеше од неговата тајна и со најголема грижа на совест испадна најнелицемерен.

    Променета, фала за препораката, одамна некој филм не разбудил толку емоции во мене.
     
    Последна измена: 24 август 2016
    На Bozica1980, Liky, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    @sesilija

    За мене пак крајот беше генијален :).
    Зошто?
    Прво, нема шанси седум луѓе со такви тајни да прифатат таква игра.
    Пример, Леле знаеше дека ќе му стигне порака од швалерката во десет часот.
    Второ, МИСЛАМ дека Роко знаеше за аферата на Ева со Косимо по тоа како го гледаше Косимо кога го испрати да си оди и можеби затоа одеше на терапија, да научи како да се справи со тоа сознание.
    Трето, колкава е веројатноста баш сите тајни да излезат на виделина во една вечер. Ќе беше ептен голема коинциденција.
    Четврто, мене многу ми се допадна што заврши така, бидејќи така крајот беше многу пореален.
    Посебно ми се допадна што секој детал беше запазен, како на пример кога си одеа, Пепе ги праша за фудбалот утре, а тие го излажаа дека нема да одат. Интересно ми беше да видам како сите си одат расположени и заљубени и продолжуваат да глумат "совршен" живот и "совршено" пријателство, како што и во реалноста Е.

    Мило ми е што ти се допаднал и пробудил емоции кај тебе :).
     
    На JustBeautiful и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  18. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    ADULTERERS (2015)

    Мажот ја начекува жената дома со швалерот за нивната прва годишнина. Ги држи во соба со пиштол в рака и бара одговори на неговите прашања. Глумата не е баш можело и подраматично.
    7/10

    Money monster (2016)
    Добар напнат трилер го задржува вниманието до крај. Актерскиот тим е петка па нормално и филмот неможе да биде промашен. 9/10
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    @promeneta

    Верувам повеќето сме се нашле во таква ситуација, да седиме некогаш на маса каде што некој има пример швалерка, а дошол со сопругата и глуми посветен сопруг, дури може и швалерката да биде присутна со сопругот на масата и нели наводно никој ништо не знае и сите се прават луди, баш како ова.
    Нема човек без некоја тајна, е сега кај некој е тоа некоја бела лага или нешто “ситно“, кај друг нешто сосема поразлично.

    Приметив како Роко го гледаше Косимо, исто и Роко кога ја праша Ева за обетките дали ѝ се нови, се гледаше дека нешто претчувствува, како впрочем сите други што претчуствуваа, ама додека е само сомнеж можеме да го игнорираме, а кога ќе се каже на глас, е тука, пред нас, и нема како да го заобиколиме страшниот факт.
    Тој и најмногу инсистирал да не се игра играта (нели Ева така кажа), можеби претчувствувал што може да се случи иако неговата сопруга очигледно беше уверена дека добро се крие. Затоа ѝ рече дека сите ние сме многу кршливи, а некои повеќе од другите.

    На крај кога се допишуваа Ева и Косимо и му пишува демек немаш претстава колку те посакував вечерва, и тој и враќа не ми кажувај, демек и тој истото- е тука веќе ептен ме изнервираа и двајцата бидејќи навистина имаа фини партнери, а тие што прават, па уште уверени колку успешно се кријат.

    Првично кога Карлота ги соблече гаќичките пред излегување мислев дека таа се секса со Косимо, ама ете, испадна Ева, за која не очекував.

    Знам дека е невозможно и речиси нереално сѐ да се открие, само ете, ме оставија изнервирана или ајде да речам благо потресена :D кога веќе им ги знаев сите тајни, знаев кој каков е, а тие продолжија со глумата.

    Во секој случај пак ќе кажам многу ми се допадна филмот, а добар филм е кога ќе разбуди емоции во нас, а јас еве уште ги мислам.
     
    На Sky-butterfly и promeneta им се допаѓа ова.
  20. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Гледаш како се разбираме :handshake: :rofl:.
    Затоа и ме остави без збор крајот :inlove:.
    Инаку и јас во 4 ја пишав рецензијата баш оти ме стави во мисла, феноменални реплики, глума, реалност :).
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.