1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Онлајн може да ги гледаш.Filmotopia,filmovizija,popcorn и сл.страни.
     
    Последна измена: 26 септември 2016
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Сите се од Замунда. Ако сакаш да ти пратам торенти.
    Онлајн јас не гледам.
     
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Pusti mi vo porace ;)
     
  4. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Mechanic: Resurrection

    Како што се очекуваше од Џејсон Стејтм. Јака акција, некој ќе искоментира „нешто видено„ ама мене секој филм со него ми е ново надминување.
    Во кратки црти. Бишоп е уценуван во замена на неговата девојка да убие тројца, но убиствата да изгледаат како несреќа.
    Првите две се одвиваат според планот, а третиот убиен е тој што ги нарача убиствата.

    10/10 (Не дека Џејсон ми е симпатија стварно е јако филмче)
     
    На buba4e89, Acka22 и Elissa им се допаѓа ова.
  5. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    WTF did i just watch? Незнам како да го опишам филмов, ЧУДЕН , ЧУДЕН , ЧУДЕН!
    И го препорачувам и не го препорачувам, сакам да слушнам други реакции, како вие ќе го сфатите филмот. :lol:
    До некаден поучен беше, да се прифатиш себе си,загадувањето на природата итн. , ама приказната незнаеш дали е налудничава или едноставно фантастика.:D

    Осамен и изгубен на остров Хенк сака да се самоубие , тогаш ненајдено на брегот се појавува мртво тело , тој се спријателува со мртвото тело и заедно доживуваат авантури барајќи го патот за дома.

    Од мене оценка 6/10 само поради Даниел и другиот глумец оти стварно се добри.
     
    Последна измена: 29 септември 2016
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    The Illusionist 2006
    Филмов долго го имав на листата за гледање пред се поради неодоливиот Rufus Sеwеll - мажиште :inlove:
    Повеќе уживав во неговиот глас и појава отколку во приказната :D Се шалам.. Добар филм, јас како фрик по мистерии признавам дека овој пат крајот ме затекна малку неподготвена иако многу од гледачите веќе го предвиделе. едвард Нортон во главната улога на илузионистот, одлична глума.. Џесика Биел ништо посебно, и онака никогаш не ме воодушевила со ниту една нејзина улога.
    Го препорачувам, не е заморлив са гледање, опуштен е но држи внимание до крај. Од мене 7/10

    Ex machina
    Оскаровецот и доста озборуван. Алиша Викандер во преден план - прекрасна. Не знам да не ми се допаднал филм со неа до сега. Приказната е доста контроверзна, психолошки трилер за создавањето на робот чија вештачка интелегенција успева да ја надитри природната човекова. Крајот ќе ве остави подзинати, ќе ве збуни но и ќе ве замисли. Доста добар, обавезно го препорачувам. 9/10

    Silence of the lambs
    Има ли потреба да се зборува за овој филм добитник на 5 оскари? Не знам дали умеам да го удостојам со зборови ова ремек дело од филм, се срамам што не сум го гледала порано но мислев дека е премногу грозен и вознемирувачки бидејќи не сум фан на такви филмови но сум имала погрешна претстава. Филмот е MUST! Кој ако не ентони хопкинс умее да те натера да симпатизираш психопат.. Браво! :clap: 100+/10

    Hannibal
    Секако после маестралниот прв дел веднаш го изгледав и вториот но не ме остави подзината три часа како него. Се не се замислата беше добра, и би му дала солидна оценка само поради ентони. Наскоро ќе ги гледам и останатите два, особено сум возбудена са последниот дел каде игра Гашпард Улиел па ќе пишам нахнадно и за нив. 6/10

    A very long engagement
    Моите два омилени француски актери во главните улоги - Одри Тоту и Гашпард Улиел. Одлична потресна драма за момче и девојка кои се вљубуваат и прават веридба но Манек заминува да се бори на францускиот фронт во втората светска војна.. Војната завршува а Матилда го чека да се врати,наскоро таа добива вест дека Манек е мртов но и покрај се се надева дека тој е сеуште жив. Најмува детектив кој го бара Манек.. Потресна приказна чиј крај ме расплака.. 10/10

    Atonеmеnt
    Уште една драма чие дејство се врти околу втората светска војна. Во главна улога Кира Најтли како Сесилија - девојка која доаѓа од аристократско семејство, се вљубува во работник во вилата кој е лажно обвиент од помалата сестра на Сесилија дека ја силувал нивната братучеда.. Тој е затворен а потоа испратен во војната.. Кира е божествена, неможев да и се донагледам..
    Крајот е болно тажен, исто го препорачувам. 9/10
     
    На Acka22, Wahnsinn, Mayyya и 3 други им се допаѓа ова.
  7. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    http://www.imdb.com/title/tt5202654/?ref_=rvi_tt
    Герой (alternative title: The Heritage of Love)
    Главни улоги: Дима Билан, Светлана Иванова, Александр Балуев

    Драма за љубовта и војната, приказна која ги дели народот во една држава, и срцата меѓу заљубените. Дејствието се одвива преку две паралелни приказни кои се одвиваат со временска разлика од 100 години. 1914-та, офицер Андреј Долматов ја запознава кнегиња Вера Александровна, се заљубуваат, но I Светска Војна започнува, при што двајцата млади се одвојуваат, Вера работејќи како медицинска сестра, а Андреј војувајќи за честа и татковината. 100 години подоцна, експертот за автомобили Андреј Куликов оди во Париз за проценка на еден примерок од првиот руски автомобил. На гробиштата во Париз налетува на споменик со слика од една млада девојка по име Вера, а подоцна во градот здогледува и девојка која изгледа исто како девојката од споменикот. Судбината си поигрува на начин при кој на една голема љубов и се пружа втора шанса.

    Убава и трагична приказна, од мене топла препорака.
    10/10
     
    На Summerlover, buba4e89, Chica.Loca и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Mechanic resurrection
    Мислам дека и Чак Норис го надмина во овој филм, ама тоа е Статхам го обожавам најмногу. Алба исто така топ. Уценет да убие неколку луѓе, тој тргнува во поход.
    [​IMG]
     
    На buba4e89 и Acka22 им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Постојат некои глумци за кои сум пристрасен и чии нови филмови секогаш ги гледам, дури и кога претпоставувам дека ќе бидат срање. Пирс Броснан и Џејсон Статам се едни од тие глумци. :emo:

    I.T. (2016)

    Најновиот филм на Пирс Броснан, у кој тој е тајкун кој поседува авиокомпанија и планира да се (до)збогати со својот најнов изум – мобилна апликација налик на Uber, само што наместо да викаш кола да те однесе од негде, ти си викаш авион. Демек, Uber за богатите. Како замислава прави логика, I don’t even…

    Стварите се замрсуваат кога неговата размазена ќерка му се жали дека вифито дома им е слабо, па тој го вика IT практикантот од работа да ја оправи работава. Откако се запознаваат, испаѓа дека хакеров уствари да ми ти работел претходно за NSA (а сега работи како ај-ти клошар-практикант, what?!) и му ја хакнува целата „смарт“ куќа на Броснан.

    Типот освен што е прилично добар хакер, испаѓа дека е и прилично добро забеган, па откако Броснан ќе му рече дека уствари не се најдобри пријатели и дека не е океј да се пушта на неговата малолетна ќерка, ликов влегува у full-on psycho mode и на целото семејство му го прави животот пеколен.

    Замислата на филмов е дека у денешно време, приватноста е привилегија, а не право, како и тоа колку сме сите ранливи во ерата на технологијата и социјалните мрежи. Значи, ништо ново и оригинално.

    У 2016-та, кога постојат ултра-реалистични филмови и серии за хакирање како Mr. Robot, филмов делува траги-комично. Сценаристот кој ги пишувал хакерските сцени го замислувам како 70-годишен дедич, кој сеуште користи машина за куцање, а очигледно смета дека компјутерите функционираат на принцип на магија, самовили и вуду. Тотален промашај – кога више основната тема на филмот е хакирање, можеле да се потрудат сето тоа да биде малце пореално и по-believable, наместо секој од публиката кој видел компјутер у животот барем еднаш да превртува со очи пола филм.

    Броснан у филмов изгледа како да не му чуе – глумата му е океј, ама едвај. Очигледно, филмов го сфатил само како извор на некаков приход и ништо повеќе. Негативецот, кој ми е непознат, доста добро изглуме психопат – или можда не мораше ни многу да глуми, којзнае?

    Имаше неколку интересни сцени у филмов кои го направија поднослив за гледање, а и позитивното беше што траеше околу саат ипол.

    Оценка: 6 (ама од оние шестки кои ги добиваат студентки кои на испит ќе се појават 8-ми месец трудни, нема скоро ништо да напишат и ќе бараат асистентката да ги пушти до веце 6 пати додека трае испитот)


    Mechanic: Resurrection (2016)

    Првиот Механичар беше океј филм (како за акција со Статам) и ништо повеќе. Вториов... Леле, мори мајко. (facepalm)

    Артур Бишоп ужива у пензионерскиот живот после излажираната смрт, арно ама, еден криминалец (и неков пријател од детството, no less!) го пронаоѓа и го тера да изврши 3 убиства на други светски криминалци, кои треба да изгледаат како несреќни случаи. А како ќе го натера да го направи тоа, се прашувате? Така што ќе ја уцени Џесика Алба (со тоа дека ќе ги убие децата од нејзиното сиропиталиште) да му се приближи на Статам, он да се заљуби у неа, за после да ја киднапираат и да го уценуваат дека ако не ги изврши убиствата, неа ќе ја убијат. Мислам, стварно, што му фали на планов?

    Звучи ретардирано? Тоа е затоа што и е.

    Еве извадок од состанокот направен пред снимањето на филмов:

    - А бе, Механичарот ни донесе добра заработка, а? Што викате да снимиме продолжение – тупаницата на Статам плус нечија ружна фаца секогаш е добитна комбинација.

    - Може, може. А за сценарио што праиме?

    - Сценарио? Пффф... Тоа е за пички и за филмови кои се тркаат за оскар. Ние овде се трудиме да заработиме пари, човече!

    - Океј, претпоставувам дека можеме да смислиме некаква приказна у текот на снимањето.

    - Точно. Башка ќе стаиме поише топлес сцени од Џејсон, неколку bikini-shots од Алба и рептилските мозоци на гледачите нема ни да приметат дека сме снимале без сценарио.

    - Имаш право. А за саундтрак – за првиот дел прилично се потрудивме, имаше стварно добри песни.

    - Е па, ете. Ќе ја земеме музиката од првиот дел, плус ќе шлапнеме 1-2 нови песни, мислиш на некој му текнува што музика имало у кецот?

    - Sounds like a plan!

    Бидејќи целата приказна на филмов се врти околу нечие киднапирање и уцена, морам да кажам дека глумата на Статам и Алба, особено у нивните заеднички сцени, делуваше исто така – како некој да ги уценил да глумат у филмов, додека им го држи цело семејство на нишан позади камерите. Полоша хемија не сум видел уште од часовите у основно, на кои ни предаваше наставничка која не знаеше да изедначува реакции. What the fuck, people?

    Да не зборам за ужасната концепираност на филмов – од саат ипол, колку што трае, пола саат е потрошен на воведот и разврската, пола саат на „љубовната приказна“ измеѓу Статам и Алба (која, се на се, трае помалце од 24 часа?!?) и само пола саат, односно по 10 минути, на секое од трите, ужасно комплицирани и непотребно замрсени убиства, кои тој требаше да ги изврши. How does that even make sense?

    Освен сцената со базенот, која ја имаше на трејлерот (и со која не подлажаа дека целиот филм ќе биде таков), буквално немаше друга добра сцена у целиот филм – цело останато време ќе го поминете правејќи гримаси и превртувајќи со очи, што на ужасната приказна, што на глумата на Статам и Алба.

    Добри глумци, како Мишел Јо (која е real-life fucking ninja, а не е у ниедна акциона сцена у филмов) и Томи Ли Џонс (кој е генерално океј), беа скроз залудно потрошени у филмов и стварно се чудам на потребата воопшто и да ги има у филмов. Или можда си рекле, ај да ставиме уште некој познат глумец, нек’ има, нек’ се угоде, ќе ги личи имињата на постерот и на трејлерот.

    Филмов е ужасен, дури и за фановите на филмови со Статам (како мене), кои имаат очајно ниски критериуми. Жал ми е Џејсон, али за ова steaming pile of shit кај мене не добиваш пролазна оцена.

    Оцена: 5
     
    Последна измена: 30 септември 2016
    На buba4e89, boomsleng, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  10. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez, лајк најмногу за "состанокот" :bow: :clap: :rofl:.
    Го произнесе исто како да си бил таму на лице место :!: :wasntme: :rofl:.
    Филмот не ми е гледан, btw, ама сега исто како да ми е гледан :lol:.

    UNFRIENDED (2014)

    Пет пријатели се слушаат на Скајп и во нивниот разговор се вклучува непознат лик кој се претставува дека е нивната мртва пријателка која извршила самоубиство.
    Наскоро почнуваат да се случуваат чудни работи и многу тајни да излегуваат на виделина.
    Филмот е уште еден од тие што е снимен преку камера, исто како ние да седиме пред мониторот (сигурно има назив и за овој жанр :?:).
    Филмот јас си го сфатив метафорично, праќа силна порака како може да се уништи нечиј живот заради сајбер насилство.
    Од мене оцена 10/10.

    THE MAN FROM U.N.C.L.E. (2015)

    Филмот го пуштив по иницијатива на мм, рече дека ќе ми се допадне иако не е психолошки трилер, и да, ми се допадна :D.
    Во филмот се работи за ЦИА агент и КГБ агент кои мора да работат заедно за да пронајдат германски научник кој гради нуклеарна бомба.
    Единствена помош што ја имаат е ќерката на научникот.
    Интересна акција, глумците совршени, и глас и стас :lol:, кој сака акција и интересни досетки, препорачувам.
    Од мене оцена 10/10.


    THE GOOD NEIGHBOR (2016)

    Двајца пријатели, средношколци, решаваат да прават експеримент во кој ставаат камери и ја озвучуваат куќата на нивниот стар комшија и преку тој експеримент сакаат да докажат дека можат да го натераат да поверува во духови, да влијаат на неговото размислување и карактер.
    Меѓутоа, нивниот безопасен експеримент на крајот завршува опасно.
    Поентата беше дека ништо не е како што изгледа, и дека го гледаме само тоа што сакаме да го видиме.
    Многу интересен трилер, со уште поинтересен крај, од мене оцена 10/10.
     
    На Acka22, Lady Phoenix, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Blue Lagoon (2012)

    Во едно средно училиште имаат матурска ескурзија и ги носат на крстарење да проучуваат некои си остров незнам што и има едно 3-4 другарки и помеѓу нив има една која е така убава, паметна, учи се разликува од другите и има мирен дух. Во школото имаше и еден тип што беше повлечен, затворен и не зборуваше со сите. Во меѓувреме отидоа на ескурзијата и оваа типката што учи и е паметна отиде со другарките ко на едно ноќно крстарење во меѓувреме ги фати бура и девојчево падна у океанот, и овој типов што кажав дека е повлечен ја виде дека падна и бара помош и скокна по неа и отидоа на еден чамец. За тоа време во бродот им дојде полиција да ги прегледаат и типот се исплаши од нив и јажето за кое беше заврзано чамчето го скина. Потоа бродот си замина, а овие шо останаа во чамецот останаа. Следниот ден кога се разбудија видоа дека се сред море и испаничија и најдоа пуст остров т.е Карибите и таму останаа 3 месеци. Секако им се случија некои работи таму хахаха, ај ме мрзи да раскажувам кој го интересира нека го пушти нема да се зезне.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.087
    Пол:
    Женски
    The longest ride (2015)
    Многу убав филм на моменти ќе ве натера и да се расплачете.
    Тој е профеаионален јавач на бикови, а девојката е љубител на уметности и живее во сестринство каде што и е обезбедено и пракса.
    После нивниот прв состанок ќе се развие нивната љубов и ви го препорачувам обавезно да го гледате. ☺
     
  13. sevda.a

    sevda.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Now you se me 2
    продолжение само ке кажам фантастичен
    [​IMG]
     
    Последна измена: 1 октомври 2016
    На joy1 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  14. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Cafe` Society (2016)
    Филм на Вуди Ален :) Драма - романса, дејството се одвива во триесетите и се работи за еден сиромашен млад дечко од Њу Јорк кој ќе замине во Холивуд да работи за својот вујко кој е познат агент во Холивуд. Таму запознава една девојка и започнува дејствието....типична драма, со дијалози во стил на Вуди Ален. Блејк Лајвли ја има во мал дел од филмот и ми е преубава, многу и стои тој стил од триесетите.
    Мене ми беше интересен, добар е за слободно неделно попладне.
    Од ИМДБ оцена 6.8, и јас сум тука некаде со оцената :)
     
    На Acka22, Someonespecial и 1209 им се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ice Age - Collision course
    Уште едно смешно и забавно продолжение на филмот. Овој пат кон земјата се наближуваат метеори кои можат да ја уништат а животните бараат решение како да го запрат тоа.
    [​IMG]
     
    На iloveyou29 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Ferris Bueller's Day Off
    [​IMG]

    Thumbs up.

    Поентата на филмов е зграпчи го денот и преземи одговорност за својот живот:
    • Ferris: Life moves pretty fast. If you don't stop and look around once in a while, you could miss it.
    • Cameron: I am not going to sit on my ass as the events that affect me unfold to determine the course of my life. I'm going to take a stand. I'm going to defend it. Right or wrong, I'm going to defend it.
    Константно во филмов се гледа контрастот помеѓу Ферис и ликовите околу него.

    Ферис има филозофија дека еднаш се живее и дека треба да се живее до максимум. Затоа комотно е спремен да прекрши секакво правило само за да го добие она што го сака. Едниственото нешто што му е битно е неговото задоволство.

    Другар му Камерон е постојано напнат и не може да ужива. Опседнат е со тоа што речат неговите родители. Дечкото е буквално во ментален затвор зашто се плаши да им се спротивстави.

    Сестра му на Ферис е љубоморна зашто тој си го живее животот како што сака и не се секира за правилата. Нејзе и купиле кола, а нему не, но сепак тој успеава пак да биде попопуларен во школо од неа и да живее подобро од неа и да биде посреќен.

    До крајот на филмот Камерон решава да порасне и да се спротивстави на татко му. Сестра му сфаќа дека проблемот не е во Ферис туку во неа и дека таа не треба да се замара со неговиот живот туку да го живее својот.

    Сите други ликови во филмот се колку да пополнат место. Ликот на девојка му воопшто не е развен - тука е само како декор. Директорот на школото е уствари којотот од цртаните, ставен таму само за да биде интересно.
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    2 fast 2 furious ( 2003 )

    Па, кој е обожавател на познатата игра Need for speed , со највисока оценка од мене . Многу адреналин , брзо возење и неизвесни ситуации и изненадувања за главните ликови .
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Lights out
    Кога светлата ќе се изгаснат се појавува сенката на жена која има нерасчистено минато со својата пријателка и сега пробува да наштети на нејзините деца. Интересен филм. 7/10
    [​IMG]
     
    На Cokoladna<3 и Acka22 им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ghostbusters (2016)

    Успехот на оригиналниот Ghostbusters од 84-та е своевиден феномен - но, како добар кулинарски рецепт, се должи на совршената комбинација од состојки и нивен правилен сооднос - ако се утне само една состојка или нејзината доза, од супер-забавен филм, би добиле супер-cheesy срање. Но, филмот и готвењето се деликатна уметност.

    Новиов Ghostbusters на хартија ги има истите добитни состојки како и првиот - но, дозата и редоследот на состојките се начисто збркани. И затоа, резултатот е живо, недопечено и солено срање, иако целта била вкусен колач.

    Прво, новиов филм не се ни труди да биде оригинален во однос на приказната - едноставно, ја рециклира приказната од оригиналниот филм. Изменети се некои минимални детали, ама суштината е скроз, буквално иста.

    Второ, оригиналот имаше одличен и уникатен баланс помеѓу хорор елементи и комични ситуации - новиов не се ни труди да биде страшен, туку цели само на тоа да биде смешен - and it fails miserably. Смешен е колку и филм за холокаустот.

    Трето - специјалните ефекти - ситуацијава е меч со две острици. Од една страна, ако духовите, ектоплазмата и протонските топови на гоустбастерите не беа исти како у оригиналните филмови, несомнено ќе имавме еден куп разочарани и љути фанови кои ќе си ги бараа парите назад. Од друга, ако овие ствари изгледале добро у 84-та, шансите дека у 2016-та ќе изгледаат смешно и ретардирано се огромни. И да, токму така и изгледаат. Во ситуацијава нема правилен избор, lose-lose момент е, што е можеби знак дека немаше никаква потреба од снимање на нов Ghostbusters. Ама не...

    Четврто и последно - актерската екипа. Во филмов имаше толку многу добри глумци и, морам да кажам, жал ми е за секој од нив. Сето тоа најверојатно беше за да се искомпензира за 4-те ужасно слаби главни улоги. И не, не сум шовинист кој го хејта филмов само затоа што ги заменија главните ликови со жени - го хејтам затоа што немаа појма од глумење. За да замениш актери од калибарот на Бил Муреј и Ден Ајкројд, треба да се потрудиш многу, многу повеќе.

    Глумициве првпат ги гледам, па морав да ги побарам на IMDB за да можам да ги искоментирам: Мелиса Мекарти, која ми е како ќерка на Роузи О’Донел, и по лик, и по антипатичност, некојаси Кристен Виг, која е буквално као нешто помлад клон на Џенифер Анистон, и како појава, и со иритантниот глас, и на крај, Кејт Мекинон, која божем треба да е професионален комичар од Saturday Night Live, а е смешна како венерична болест. И секако, црнкињата, која беше жив стереотип за сите црнци, и единствената која не беше научник-гениј од целата група. И пред да ме осудите за шовинизам, запрашајте се дали тоа што најглупиот лик е истовремено и црнец е случајност? I think not. :D

    Како противтежа на овој антипатичен cast имаме едно чудо асални глумци и познати фаци - Чарлс Денс, Стив Хигинс, Ози Озборн, Енди факинг Гарсија и, со алармантно многу screen time - Крис Хемсворт. Зошто, Крис, зошто? :x Но, сепак, и ова не е доволно за да воспостави некаков балас и да го направи филмов барем поднослив, ако ништо друго.

    И секако, имаме cameo од Ајкројд и Муреј, со кој како да сакаат да ни кажат - „Еве, и оригиналната глумачка постава го поддржува ова срање, така да all is good in the world“. Yeah, sure. :doh:

    Се на се, ужас од филм - неоригинален, несмешен и генерално за никаде. Не би го препорачал на никој - ни на некој кој ги гледал старите филмови, ни на некој кој не ни чул за Ghostbusters.

    Оцена: 5
     
    На theunforgiven, boomsleng и Ordinary им се допаѓа ова.
  20. Cokoladna<3

    Cokoladna<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Poglup amin!
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.