1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.151
    Допаѓања:
    76.597
    Пол:
    Женски
    LJUPKA-KOCOSKA-NITU-VOJNA-NITU-MIR.jpg

    Кога се случи воениот конфликт во 2001, бев дете. 6-7 години. Немав поим што се случува, немав поим за состојбата, знаев само дека татко ми замина со војниците во одбрана. Не бев свесна што е војна и не бев свесна за сериозноста на истата. Се сеќавам само на некои денови кога бевме дома сами со сестра ми и мајка ми и се сеќавам кога тато се врати една вечер, за среќа, жив и здрав.
    Тогаш бев дете и не знаев, сега знам во каков страв и хорор живееле луѓето. Затоа, ја зедов да ја читам оваа книга. Сакав да видам описи на еден сведок на теророт. Жена која живее во жариштето на војната. Кога и како почнало се', зошто почнало, како се живеело во градот Тетово. Денес знаеме дека терористите некој (знаеме и кој) од надвор ги поддржувал и знаеме дека се' било нечие масло, дека Македонија беше принудена да попушти. Загинаа луѓе бранејќи ја својата територија, а денес, години подоцна, постои истиот проблем. Иста тензија. Исти апетити и претензии на Албанците во Македонија. Со какво примирје заврши војната? Нивната битка се уште трае, само сега не ја водат со оружје.
    Книгава ги содржи сите информации за војната, директно од местото на настаните. 5/5.
     
    На riba79 и st-el им се допаѓа ова.
  2. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    2.549
    Пол:
    Женски
    Големи мали лаги
    Предобра книга, стил многу возбудлив! Приказна за школо во кое трите главни ликови мајки Селест, Џејн и Медлин ја доживуваат една иста работа на сосема различни начини. .. Искрено не оти ме трогна крајот на оваа книга туку поуката дека “не секогаш треба слепо да им веруваме на нашите деца”. Децата лажат, имаат лице едно за дома ,а едно за околината.. не треба да бидеме посесивни родители и родители од типот “Моето дете е во право”. Случајот на Џејн- испитај го сопственото дете па донеси ја одлуката наспроти слепото верување дека нештата се такви како што ни се претставени. Немам зборови… 5 од 5!!
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Becoming Supernatural - Joe Dispenza

    [​IMG]

    2/5. Оф, какво разочарување.

    Имам видено неколку видеа од Џое Диспенза каде што ми се допаѓаше како зборува. Многу сакав да купам некоја негова книга. Оваа ја видов на полица и кога ја разлистав видов дека има некои сликички во боја од чакри нешто, и ми беше кул онака од прва. Ја зедов.

    Не можам да опишам колку ми беше тешко да ја читам книгава. Исполнета е со научни факти во врска со спиритуалност, медитација, манифестирање. Јас верувам во спиритуалноста која он ја пропагира, и всушност апсолутно знам за што зборува во текот на целата книга. Но, целата е исполнета со медицински термини, некои дијаграми кои се смешни и непотребни, графови од научни истражувања кои апсолутно не ме интересираат затоа што мене визуална репрезентација на активноста на мозокот не ми значи ништо. Не знам ништо во врска со неврологија, може човеков глупости да пишува во врска со како функционира мозокот, срцето, јас тоа нема да го знам. Исто имаше и нешто во врска со магнетни полиња, имаше цело поглавје во врска со меланин кое го прескокнав... некогаш стварно се осеќав како нешто многу едноставно се обидува да направи да е комплицирано за да звучи подобро.

    Можеби јас сум крива што избрав ова да читам без да имам потреба да знам 8937429837 научни истражувања и докажувања зошто медитацијата е битна.

    Во книгата има неколку начини на медитирање кои он ги препорачува. Некои беа океј, но во повеќето вели: почните да дишете и почнете да чувствувате силна благодарност среќа, љубов во срцето... хмм? Не знам како е за луѓето што ги следат неговите учења и се „побудни“ од мене, но јас не можам туку така да активирам силни убави чувства без да мислам на убави спомени, а нели во медитација нема мислење. Или па ако треба да има, он тоа не го објаснува.

    Цело време кажува дека треба да медитираме за да стигнеме до оној момент кога ќе го отпуштиме егото и ќе постанеме никој и ништо, се и сешто. Тоа е супер, многу луѓе што медитираат околу 20 години го имаат постигнато тоа. :D Не е воопшто едноставно како он што го претставува, а и не мора да биде. Мене Диспенза ми е малце напорен во врска со сето ова, човекот се будел во 2 часот навечер за да медитира 2 саати затоа што кога си поспан полесно е да стигнеш во „другата димензија“... ух. Мене тоа ми е форсирање и преголема опсесија во врска со конектирање со изворот. За мене спиритуалност е нешто многу поспонтано, природно, се осеќаш убаво кога го практицираш. Секако почитувам што има толкава пасија и што им помогнал на многу луѓе, но мене не ми легна.

    И за крај, во книгава има доста искуства од луѓе што излечиле сериозни болести со помош на неговите техники и медитацији. Јас апсолутно верувам дека така можат да се излечат болести, но тој го објаснува тоа вака: пред да се одлучат за животозагрожувачка операција, наминаа на мојата работилница и после 5 дена медитирање, се излечија. Луѓе што имаат дојдено до одредена дијагноза, имаат дојдено до таму поради многу лоша и негативна енергија во себе. Ќе беше супер ако кај сите објаснеше што уште правеле освен што дошле кај него на семинар, затоа што верувам дека повеќето веќе некое време се трудиле да бидат спиритуални личности, а не само случајно. Плус, што поради еден дел од книгата, мислам дека Џо Диспенза е антиваксер, а јас не почитувам духовњаци кои не разбираат дека медицината е прекрасен дел од нашиот живот на планетава и е во ред да ја прифатиме како нешто што ни помага. Но, да не навлегувам тука.

    Иако сите духовни учења темелат на едно те исто, воопшто не ми легна неговиот начин на објаснување и зборење. И тоа е океј. Почитувам што прави за луѓето и на колку им има помогнато. Но, книгава мислам дека објективно не е баш најдобра.
     
    На Lella и GirlVolley им се допаѓа ова.
  4. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    SOFIJA-SEGOVIJA-SOLZI-OD-KILIBAR-MATICA.jpg

    Оваа година почнав пак да читам после шестгодишна блокада и добро ми тргна. За оваа книга одлучив да напишам и критика пошто е една од најдобрите што ја имам некогаш прочитано, иако претходно отрпнав од романи со тематика за втората светска војна, па немав некои очекувања, а затерав некако баш со читање или трилер или историска фикција конкретно за војнава.

    Базирана е на вистински настани и ликови, иако во Белешката од авторката на крајот стои дека дел од книгата е фикција за да ги пополни "дупките" меѓу приказните. Женава е одличен раскажувач. Секој лик го спријателува со читателот, ги доживуваш како да ги познаваш, како да ти се свои, блиски, човечки суштества. Како да си ги сакал во некој претходен живот. Како да ти биле семејство. Ако нешто сакам кај книга тоа е кога авторот умее да ти долови чувство на познато, да ти разбуди нешто. Иако војна нит сум видела ниту сонила, оваа ја доживеав низ петстотините и нешто страни на книгава. На почетокот ми беше тешка за читање, првите сто страни, потоа ми дојде умот на место и се уходав и се соживеав со судбините на двете германски семејства од некогашна Прусија кои бегајќи од суровоста на војната на крајот ќе се вкрстат. Мексиканскава писателка лично ги познавала двата главни ликови Илзе и Арно, Илзе ѝ ја раскажала приказната која по неколку години истражување и проучување на историјата и настаните од тој период, Софија ја претворила во роман.

    Нема да споделам детали околу дејствието, доволно пишува на задната страна, а останатото е запознавање со книгата кое секој индивидуално го доживува без разлика на прочитана критика на друг читател.

    Од мене, топла препорака. 10/10
     
    На st-el, firequeenn, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.806
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    A Monster Calls - Patrick Ness
    Ова е релативно кратка книга, има околу двеста страници, се чита за два - три часа. Ама, тоа што е кратка го надоместува со тоа што темата е крајно тешка и потресна. И тоа што е кратка не значи дека не се изнаплакав.

    Конор има 13 години, мајка му има рак. Секоја ноќ сонува еден ист кошмар. Но, една ноќ го здогледува дрвото во дворот кое му се обраќа. Не, тоа не е дел од кошмарот, дури ни дрво во облик на чудовиште не може да го исплаши Конор повеќе. Чудовиштето му вели дека ќе му раскаже три приказни, а потоа сака да ја слушне четвртата од Конор, да ја слушне неговата вистина. Што е вистината, што е тоа што чудовиштето сака да го слушне од Конор? И зошто воопшто се појави, дали да ја излечи мајка му?

    Вака делува дека е приказна за болест и што таа носи со себе, но ова е една многу подлабока психолошка приказна претставена низ одлични метафори.
    Дури и критиките на гудридс беа крајно трогателни, од луѓе кои си ја разголиле душата.
    Прекрасно напишана книга, топла препорака.
     
    На Mishela, Annath, piglet1 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    A History of God – Karen Armstrong

    god.png

    Мислам дека десет животи изживеав додека да ја завршам книгава. И на крај не знам што да кажам за неа. Како за почеток мило ми е што сите други го имале истиот впечаток дека книгава е болно досадна, повторувачка и претешка за читање. Можеби тоа и ќе вредеше ако имаше нешто корисно на крај, ама не можам да кажам дека извлеков знаење од книгава. Беше пренатрупана и испомешана за да можам да запаметам што било.

    Книгава е за историјата на монотеизмот низ етапите на развојот на светот, како верувањето во еден бог еволуирало од паганизмот, како Бог како концепт бил восприеман во тие почетни фази, па како понатаму таа перцепција се менувала како што се менувал светот. Ова е интересна тема, ама реализацијата беше многу лоша. Една глава е 40-50 страници, без никакви подглави или логично одделени целини, туку само скокање од име на име, од филозофија на филозофија и сето тоа напишано во еден ист монотон стил. Се осетив како да седам на рандом досадно предавање по теологија. Такво раскажување не треба да се толерира во книга.

    Како и да е, ако сега треба да извлечам една поента од книгава (и ова ко домашна задача го доживувам) тоа би било дека светот како целина има погрешна слика за религиите (не сите религии туку главната тројка), ако може да се каже дека постои „вистинска“ слика, како да не е религијата дефинирана од нејзините следбеници. Океј небитно тоа, мислам дека целиот муабет беше дека постои персонализиран бог, таков што игра улога во настаните во светот, а постои и богот на филозофите, кој е над постоењето и ние не можеме да го перципираме ниту да знаеме каков е. Постои и богот на мистиците кој пак е дефиниран целосно субјективно и него го бараме внатре во свеста. И постојат ко 69183 филозофи со исто толку различни комбинации од овие три восприемања и тоа е целата книга in a nutshell.

    Многу лош впечаток ми остави. Дури и ова погоре што го напишав како кратка сумаризација ми беше ту мач од што се презаситив од дрдорења за *апсолутот*. Двојка од мене, и ќе ми треба brain bleach. :drunk:
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.806
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Listen for the Lie - Amy Tintera
    Книгава не можам да кажам дека не се читаше брзо, или не држеше внимание.
    Ама, имаше неколку проблеми.
    Главниот лик на почетокот беше забавен, со нејзиниот сарказам, ама наскоро стана иритантна, особено што и другите ликови беа тука негде.
    Приказната негде во текот на средината изгуби нешто, се развлече, како ништо да не се случуваше, а и не се случуваше. Се разврзаа работите во последните десет посто, а можеше тие настани да ги распредели и да биде поинтересно за читање.
    Имаше некој патерн со ликовите, сите некако како да беа исти, се сексаа на сите страни, едноставно не знам дали сакала да ги направи пошокантни, или интересни, ама не успеа во тоа.

    Трилер, како и секој друг скоро, ќе се заборави за два дена. Имаше потенцијал, ама ете. Можеби следната книга ќе ѝ биде подобра, прочитав дека до сега пишувала YA. Па, ќе видиме.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    Збор два за уште една предобра книга.
    KATRIN-STOKET-SLUGINKI-MATICA.jpg


    Според книгава е снимен филмот The Help со Ема Стоун и Виола Дејвис од 2011та. И со план сум да го гледам и него.
    Шеесетите години од минатиот век, дејствието се случува во сојузната држава Мисисипи во САД која во тоа време ги имала можеби најстрогите закони за афроамериканците.
    Секое бело семејство во градот Џексон си плаќа црна слугинка со полно работно време. Слугинките им ги гледаат децата, им готват и им чистат ама збор не смеат да кажат кога се неосновано обвинувани за кражби, бркани од работа, дури и праќани во затвор.

    Јас лично, не сум сретнала книга со толку контроверзии и хумор паралелно. Една страница ти иде да заплачеш, на наредна се смееш. Ликови кои ти стануваат мили, но и такви кои ќе ги замразиш до срж. Неправди, комплексни семејни релации, искрени и лицемерни пријателства и чоколадна пита. :D
    Книгава вреди за за секоја страница и за вложеното време за читање. 5/5

    А да, преводот не е лош, доловен е хуморот. Само со температурата и степените се бунев, 40 степени во зима после ми текна дека станува збор за фаренхајтови и така останало во преводот (40 фаренхајтови се уствари 4° целзиусови).
     
    На MeowMeow, Annath, riba79 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    The Seven Husbands of Evelyn Hugo – Taylor Jenkins Reid

    evelyn.png


    Баш убаво ја доживеав книгава. Приказната беше добра, раскажувањето исто, ликовите добро разработени со исклучок на Моник што беше скроз girl-next-door.

    Евелин е многу впечатлив лик, баш е онака потсетник на грдата реалност на гламурозниот живот и дека 90% од животите на ѕвездите се исценирани. Иако неколку пати потенцира дека за ништо не се кае, мислам дека баш тоа потенцирање ни укажува дека ако ништо друго не е помирена со нејзините постапки. Силиа пак, цела книга се силеше како била спремна отворено да живее, а сепак мислам дека е поголема кукавица и од Евелин. Хари беше скроз на место, најреалистичен и најмалку драматичен од сите.

    Е сега големиот „пресврт“ на крај искрено ми беше малку антиклимакичен. Мислев дека убила некој или нешто такво, а испадна дека една од нејзините таканаречени жртви е таткото на Моник. Малце бев збунета тука, бидејќи Моник се испотресе кога дозна дека е татко ѝ, ама кога Евелин ѝ ја кажуваше самата приказна без да издаде кој е со прст не мрдна, иако истата судбина го снашла на подеднакво невин човек. Океј, да речеме дете било инволвирано па затоа, ама не знам, сепак никаква реакција немаше за рушењето на репутацијата и повредата на блиските на рандом човек, а одеднаш кога е татко ѝ Евелин злобна ваква таква. Исто така, не знам зошто ама јас претходниот дечко на Хари си го замислував како црнец и кога се случи цел reveal само бев ко huh. :D

    Anyway, крајот беше баш погоден, задоволна сум од него. Исто така ми се допадна многу како беше пренесен цел холивудски вајб, со облеката, накитот, филмовите и сето тоа. Плус ме држеше во неизвесност постојано па прелетав низ неа, ама не сум сигурна дали ќе се сеќавам на нешто по неколку месеци. 4/5, минус една оценка бидејќи книгава планинареше по граничната линија што ја одделува од драма левел Јелена Бачиќ Алимпиќ. :lol:
     
    На sweet-cherry и Srckata28 им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.806
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Clap when you land - Elizabeth Acevedo
    Книгава ме фати на препад. Не очекував дека толку ќе ме вовлече, да не можам да ја оставам и дека ќе ја проголтам во еден здив. Ниту пак мислев дека ваквиот поетичен стил на пишување е за мене. Не се сеќавам нешто посебно за Доминиканската република да сум читала, па баш уживав во описите. Уживав во поетичноста на речениците, како течеа и се надополнуваа, како живописно ги прикажуваа ликовите, местата, дејството, чувствата...


    Јахаира и Камино, две девојки кои не се познаваат, не знаат една за друга, а сепак имаат толку многу заедничко. Како татко, на пример.

    Не би откривала премногу, Матица ќе ја издаде, сомнително ми е каков ќе биде преведот зошто мислам дека е тешко ваквиот формат да се преведе, а да не изгуби нешто притоа.

    "Swimming might be the closest to flying
    a human being can get. There is something
    about your body displacing water

    in order to propel through space that makes you feel
    Godtouched."

    “Mami wanted me to be a lady:
    sit up straight, cross my ankles,

    let men protect me.
    Papi wanted me to be a leader.

    To think quick & strike hard,
    to speak rarely, but when I did,

    to always be heard. Me?
    Playing chess taught me a queen is both:

    deadly & graceful, poised & ruthless.
    Quiet & cunning. A queen

    offers her hand to be kissed,

    & can form it into a fist
    while smiling the whole damn time.

    But what happens when those principles
    only apply in a game? & in the real world,

    I am not treated as a lady or a queen,
    as a defender or opponent

    but as a girl so many want to strike off the board.”

    “I am beginning to learn that life-altering news is often like a premature birth: ill-timed, catching someone unaware, emotionally unprepared & often where they shouldn’t be:”


    Ќе ја читам The poet X следна, дефинтивно.
     
    На Mishela, Leanne, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.795
    Пол:
    Женски
    Серијалот Arc of a Scythe( Scythe, Thunderhead, The Toll + Gleanings) - Neal Shusterman
    [​IMG]

    Дистописки свет каде што скоро ниту една постапка на обичните луѓе нема значење. Свет каде што човештвото ја победува смртта и болестите. Свет каде што AI наречен Thunderhead владее со светот. Свет каде што има доволно храна и материјални богатства за сите, а класните поделби се заборавени. Меѓутоа за да се справи со преголемата популација се донесува одлука да постојат Scythes(Косачи би било по нашки?), кои ја имаат улога на смртта како од приказните, одземаат човечки души. Живеат по одредени правила, и имаат квота на животи кои мора да ги одземат во одредено време, со цел одржување баланс на планетата земја.

    Книгиве обработуваат паралелно неколку навистина интересни општествени прашања. Што кога животот нема поента? Што кога се што ќе посакаш ти е достапно? Каков живот би живееле кога знаете дека може да живеете илјадници и илјадници години?

    Секако главниот фокус на книгата е посветен на Косачите, какви личности се тие кои што се единствени да ја имаат моќта да одземаат животи? Дали желбата за моќ и контрола би преовладувала во еден таков свет?

    И не можам а да не ја спомнам вештачката интелигенција која го контролира светот, додека читаш се запрашуваш дали и нашето општество еден ден би одело во тој правец. Со оглед на тоа каков развој моментално имаме со AIs можам да замислам свет во кои би го користеле постојано и за се.

    Уникатна приказна, меѓутоа мојот минус оди кон тоа дека немаше потреба од 2000 страни за четири книги. Вториот дел посебно започнува толку развлечено, серијалов има еден кууууп ликови и на моменти навистина е тешко да ја пратиш приказната. Сепак ќе кажам дека целата фама околу книгиве ја разбирам.
     
    На Mishela, RainBow и do-re-mi им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    The Home for Unwanted Girls - Joanna Goodman
    [​IMG]

    Се зезнав со книгава, што дури мислам дека ме пикна во reading slump. Со среќа нека ми е. :doh:

    Воопшто не ми се допадна. Толку добра тема, буквално осакатена од сиромашниот речник на авторкава, плус плитки еднодимензионални ликови, плус едно чудо шпанска серија моменти.

    Дејствието се случува во Канада, главен лик е 15-годишната Меги која по сплет на околности останува бремена. Од дома ѝ прават притисок да го даде бебето во дом и ја тераат да се преправа дека ништо од ова не се случило никогаш. Паралелно ја следиме политиката на Канада, во времето на премиерот Maurice Duplessis. Ликов одлучил да ги пренамени сите сиропиталишта во психијатриски болници. Нормално дека парите биле главен мотив да се преземе таков чекор и баш ми беше интересно да дознаам нешто ново. Воопшто не бев запознаена со ова подетално, па ете не можам да кажам дека книгава ме остави да лебдам во воздух - понуди некое инфо на темава. И само толку.

    А толку многу ликови, за ништо, колку да пополнат страници. Премногу подтеми сакала да опфати авторкава и нормално дека се изгубила некаде попат па затоа и резултатот воопшто не ми се допадна.
    Ја препорачувам само доколку некој е во расположение за сапуница, во спротивно - прескокнете ја.
     
  13. Afrodita*

    Afrodita* Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20240305_140319_Samsung Internet.jpg
    Добра е книгата, ја прочитав за 2 дена, држи внимание. Но, мене многу ме разочара и револтира суштината т.е бисексуалноста, тоа упорно се сервира секаде под носот на сите, и мислам дека да не беше тоа ќе беше уште поубава.