1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Девојката од хартија-Гијом Мисо

    Познатиот писател Том Бојд после раскинувањето со својата девојка, виолинистката Аурора, нема инспирација за пишување. Тој паѓа во страшна депресија и сето тоа го стимулира со апчиња и алкохол додека издавачките куќи со кои има потпишано договор го чекаат третиот том од трилогијата "Дружината на Ангелите". Неговите најдобри другари од детството, Мило и Керол се загрижени за неговото здравје и кариера.
    Едно утро кога тој се буди во својот стан гледа гола силуета на млада девојка. Тој почнува да паничи, а таа (Били) упорно му тврди дека паднала од средина на реченица и дека таа е девојка од светот на фикцијата. Били му вели дека е карактер од неговата книга и дека таа ќе живее само ако тој продолжи да пишува, а таа ќе му помогне да си ја врати својата девојка Аурора која е во врска со возач на Формула и се на одмор во Мексико. Згора на се, Мило му кажува дека ги изгубале сите пари кои што ги имале.
    Тој заедно со Били тргнуваат на пат за Мексико, но помеѓу нив се раѓа љубов и инспирацијата на Том повторно му се враќа. Сета нивна среќа на патувањето е нарушена од незнајната болест на Били, за која Том мисли дека е заради тоа што треба да ја напише книгата.
    Мило и Керол се вљубуваат и Били исчезнува, но Мило на денот на свадбата му кажува дека таа е второстепена глумица и дека постои. Тој ја наоѓа... :)

    Критика:
    Преубава книга, 10/10 од мене :wasntme:
     
  2. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    256
    Домаќинот - Стефани Мајер

    Книгава беше доста обемна, едно 660 страни, плус во малку поголем формат од стандардниот, ама добар стил на пишување. Првите 300 страни ги влечкав 3 недели, за да останатите ги дочитам во една вечер.
    Станува збор за нова вонземјанска раса - души, кои ја заземаат планетата Земја со нивно всадување во човечки тела. Главен лик во романот е душата наречена Скитничка на која ова и е 9та планета на живеење. Всадена во телото на бунтовничката Мелани која не и допушта да ја потисне, Скитничката преку сеќавањата на Мелани всушност почнува да чувствува исти работи како и таа, односно ги засакаува нејзиниот брат Џејми и нејзиното момче Џаред, поради што таа тргнува да ги бара со надеж дека преживеале. Веќе дехидрирана и преморена, Скитничка односно Мелани е на работ на смртта кога конечно е спасена од група преживеани луѓе. Иако најпрво омразена, таа подоцна почнува да се прилагодува на животот на луѓето и да биде прифаќана од истите, така што на крајот станува дел од нивната заедница.
    Натаму нема да откривам, а и самата книга е доста голема за да можам да напишам кратка критика.. така да, препорачувам.

    9/10
     
  3. pikachy

    pikachy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Κнига што се чита во еден здив ја имам читано и пρеκρасна е



    Мене не ми се свиѓаше поρади тоа што е ρасκажана по лица. Сепаκ е пρеубава..κρајот е ууф



    Сонувај Малκу - Сузан Елизабет Филипс пρодолжение на Подаρоκ за ρоденден

    Сонувај Малκу :

    Очајна млада мајκа κоја со неа го има својот син и ρасипаниот автомобил се вρаќа во гρад κаде што сите ја мρазат κаκо пρав боρец спρемна да напρави се за нејзиниот син да е безбеден. Сρетнува човеκ κоκ забоρавил што значи нежност и саκа да биде оставен на миρ. Тие се впуштаат во тρогателно и смешно патување на сρцето κаде што соништата може би κе им се остваρат..
     
  4. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Три метри над небото- Федерико Моча

    Значи нема што многу да раскажувам,повеќето од вас ја знаат книгава. Вчера ја земав од библиотека, до денес ја прочитав. Не знам колку пати ја имам читано но со секое читање повторно ми е интересна целата приказна и начинот на кој е раскажана и повторно се вљубувам во ликовите. Една од моите омилени книги дефинитивно.
     
  5. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    1.,,Триумфална капија''-Ерик Марија Ремарк
    Станува збор за книга каде е опишан животот на еден германски бегалец кој илегално живее во Франција.Равик работи на црно како доктор(каде и е успешен),а во меѓувреме абортира и прегледува жени кои работат во јавна куќа.Случајно се заљубува во Јоана и и помага во нејзините проблеми.По мал период,се обидува да се отараси од Јоана,за жал не успева.
    Имаше страници каде има опис на поединечни ситуации.Искрено,не ми се допаднаа.
    На почетокот бев скептична,но после 20 страница мислам дека бев опседната со книгава.
    Една од омилените ми.
    2.,,Езерска воздишка''-Лидија Размоска
    Збирка песни.Книгата е сосема добра,во некои од песните и се пронајдов.
    Би ја препорачала за на плажа поради нејзината леснотија.
    3.,,Пиеси''-Љубиша Георгиевски
    Искрено,поим немав дека политичаров имал напишано книга,па дури и дека бил повеќегодишен драматург и дека се занимавал со литература(драми,најчесто),а камоли дека предавал во странство.
    Нема врска.
    Бев скептична и за оваа книга.Мислев,абе ајде ќе читам книга од политичар.
    Што знае тој од пишување? Згрешив.Драмите се одлични.
    Комични и дел се од историски карактер.

    Се на се,три книги кои не згрешив што ги прочитав. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Перл Бак - „Мајка„
    Важи за најубав роман од оваа писателка која инаку има и нобелова награда за литература.
    Дејството во романот се одвива во некое селце во Кина претпоставувам крајот на 1800 почеток до средина 1900 година што е е периодот кога авторкава живеела.
    Мене книгава ме расплака што е првпат да ми се случи да заплачам на книга, а можеби и дека во ПМС бев деновиве додека ја читав книгава. :lol:
    Мајка која има 3 деца, сопругот ја напушта и целата работа околу куќата и земјата и грижата за децата како и мајката на мажот паѓа на нејзин грб. Со целодневна и макотрпна работа се обидува да го прехрани семејството и да ја зачува сопствената чест. Мора да се одбрани од злобните и дрдорливи усти на селаните за тоа зошто останала сама. Мајката е голема жртва во романот и ќе и се случат многу несреќи и лоши работи, на крај една работа ќе и даде повторна смисла на нејзиниот живот.
    Препорачувам, една од најубавите книги што сум ги прочитала, толку едноставно, а толку убаво напишано.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    "Вероника реши да умре" Пауло Коелјо

    Иако не го обожувам стилот на Коелјо, оваа книга ја пофалувам и навистина ми се допадна.
    Многу убаво осмислена тема и идеја со малку досаден почеток, но голем и интересен пресврт на крајот.
    Книгава во себе носи голема поука.
    Тоа всушност ми се допадна. :)
     
  8. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Педесет нијанси на сиво - Е. Л. Џејмс

    Мислам скоро на сите ни е позната оваа книга :D . Ја инаку не читам љубовни романи, но оваа ме заинтересира многу, насловот ме привлече најмногу и што читав многу позитивни коментари за неа. Ја зедов и ме воодушеви. Од раце не ја оставив, секаде каде што наоѓав слободно време ја читав. До сега не бев прочитала ваква книга :)
     
  9. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.244
    Допаѓања:
    72.625
    Тунел- Петре М. Андреевски... прекрасна книга... Ја прочитав во еден ден...
    Се работи за една жена која три пати се вљубува во тројца целосно различни мажи, и секој го сака на различен начин

    Ја препорачувам на секоја девојка да ја прочита :inlove:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Опасно Блиску- Линвуд Баркли

    Ептен уба, ептен уба книга. Не станав од нејзе. Дечко ми ми го препорачуваше авторов долго време, и ова е прав книга од него шо ја читам. Не ја оставив ако ме верувате. Одличен стил на пишување, предобри описи, одличен тек на настаните.
    Ликовите ми беа приказна секој за себе. Одлични ликови, мистериозни, таинствени.
    Се работи за фамилијата Катер чии соседи Ленглиеви се убиени една вечер, додека во исто време нивниот син е внатре во куќата и е сведок на убиството. Натаму има многу заплети, се откриваат многу семејни тајни и тајни на останатите. На средината малку ја отупе, ама ептен малку за да се искупи сокрајот. Предобар ми беше.
    Како што кажав одлична книга, одлична мистерија која ми се допадна. Следни на листата Кој тропа на прозорецот и Без Збогување од истиот автор.
     
  11. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    1.147
    ^^^ Јас прво ја прочитав Без збогување ов авторов и дека сакам вакви трилери останав без зборови. Да ја прочиташ, обавезно книгава ;)
     
  12. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    256
    Дали ме чекаш? - Гијом Мисо

    Трета по ред ми е книгата од авторов, и веќе станува монотоно. На толку фалење на авторот, мене па и не ми е ништо посебно. Брзо читливи, со типични ликови на лекари и постојана релација на минатото и иднината.
    Станува збор за Елиот Купер, 60 годишен хирург кој од еден Камбоџанец добива некави пилули со кои се враќа 30 години во минатото, обидувајќи се да исправи некои работи со што ќе ја одржи во живот неговата љубена Илејна, а во едно и нема да ја изгуби неговата ќерка. Приказната е убаво разработена и сума сумарум - ми се допадна.
     
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Завист од Сандра Браун

    Сандра Браун претходно воопшто не ми беше позната, всушност сум ги разгледувала нејзините книги, но ми изгледаа како млаки љубовни романчиња.
    Но, благодарение на позитивните критики на форумов решив на овој одмор да другарувам со Завист.

    И што да кажам...го почувствував оној занес како кога имав 16 години кога ги откривав Фишер,Стил, Шелдон. Лебдев на седмо небо, замајана од ветре развигорче, додека пеперутки ми го голицкаа стомакот. Ах, Паркер... :inlove:

    Шега на страна, прекрасна книга. Продолжувам летово со Сандра Браун.
     
    На AnaKarenina и RainBow им се допаѓа ова.
  14. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Последно ја прочитам Вљубената принцеза од Мег Кебот...па бидејќи сакам вакви тинејџерски книги многу ми се допадна си се смешкав на крајот бидејќи се добро заврши и брзо се чита па ја препорачувам за оние кои сакаат типични тинејџерски книги :)
     
  15. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    САМО ПРИЈАТЕЛИ ОД КОЛИН ХУВЕР

    Книгава не ти дозволува да ја оставиш. Одвај чекав да продолжам да ја читам. Маѓепсува.

    Дали е подобро никогаш да не се вљубиш или да се вљубиш во некој кој не можеш да го имаш?

    Ова е приказна за една девојка која го губи својот татко толку ненадејно што ѝ се разнишува целиот свет. Приказна за една мајка која се обидува да ги заштити своите деца по секоја цена, макар и со лаги. Приказна за едно сираче од дом. Приказна за наоѓање на вистинска љубов и нова надеж, но и за претворање на таа љубов во забранета. Колкупати може светот да ти се сруши под нозе, а сепак да продолжиш да стоиш?

    Приказна која ќе ви покаже дека некогаш човек може да се смее на работи кои никој не ги смета за смешни. Која ќе ве научи дека акцентот треба да се става на животот.

    Приказна во која двајца кои се сакаат треба да научат да бидат само пријатели и приказна која ќе ви покаже дека семејството некогаш се и само пријателите...
     
  16. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    "Страници за нашата љубов" од Николас Спаркс

    Многу убава љубовна приказна со многу убав крај. Ја прочитав за еден ден. Интересна за олабавување и одмарање на мозокот. Стилот на пишување и книгите на Спаркс многу ми се допаѓаат, па ова беше само уште една потврда за тоа :)
     
    На Butterfly.girl5 и joy1 им се допаѓа ова.
  17. fashion.girl.13

    fashion.girl.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Даниела Стил-Дебитантка
    искрено кога ја прочитав кратката содржина очекував повеќе од книгава но сепак не е толку лоша
    еве нешто кратко за нејзе
    Семејството Рубинштајн е современо, совршено семејство какво што секој би посакал. Олимпија Рубинштајн, некогаш Крофорд е правник има три деца од првиот брак и едно од вториот со Хари. Поради бракот со Хари таа се преобратила и преминува во еврејската вера, но децата од првиот бракги воспитува да си ја почитуваат својата вера и нормално еврејската, така што ги празнуваат сите празници и католичките и еврејските. Во таква една идилична атмосфера живеат Рубинштајнови.

    Но... еден петок доаѓа една покана за двете девојки во семејството.

    Тие се матурантки и близначки,но со дијаметрално спротивни сфаќања.

    Едната Вероника со омраза кон расистите и оние кои ги делат луѓето по народноста,по религијата и која се залага за мир во светот, за нејзиниот вистински татко таа е комунист, за самата себе таа е обединување на Мајка Тереза и Че Гевара.

    Другата Вирџинија не ја интересира политика,само сака забава, сака да чита модни списанија, да се дотерува според највисоката мода. Тој петок поканата беше по повод балот кој се организира традиционално и тоа за нив двете бидејќи се со сина крв, мајка им припаѓа на благородничко семејство. Вероника го смета балот за антисемитски, расистички, неетички и не сака ниту да слушне да оди, додека Вирџинија очајно сака да оди.

    За да биде уште повозбудлива ситуацијата и нивниот очув Хари се согласува со Вероника. Оливија е растргната меѓу два огна, но и таа сака нејзините керќи да одат на тој бал и смета дека тоа е само обичен бал и дел од традицијата, нејзината баба, а потоа и нејзината мајка и самата таа учествувале на тој бал. Балот се организирал еднаш годишно учесничките биле млади девојки со нивните родители, но предуслов да бидат поканети било нивното потекло.

    Целта на овој бал била да се претстават младите девојки пред високото друштво,девојката првин требало да игра со својот татко, а потоа со придружникот и да биде официјално претставена.
     
  18. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    ‘‘Стормбрејкер‘‘
    Одсекогаш сум сакала да станам детектив,шпион, да работам во тајност, сакам мистерии, авантури,предизвици. Сето ова го пронајдов во книгава. А веројатно и тоа е причината што ја ставив во моите омилени. Прекрасна е, секому ја препорачувам. :)
     
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    32.749
    Пол:
    Женски
    Белата кралица од Филипа Грегори
    За сите љубители на историските книги,ви ја препорачувам ;)
    Предобра книга која зборува за Елизабет Греј,жената која беше кралица за време на војната на братучедите,војната помеѓу куќата Ланкастер и Јорк,војна на розите....а и жена на кралот Едвард Четврти...
     
  20. Butterfly.girl5

    Butterfly.girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    114
    Ејми ја нема - Џилијан Флин
    Според мене, предобра книга, ме воодушеви. сите што уживаат во мистерии, ви ја препорачувам. можеби на почеток е малку досадна, но потоа нема да ја оставите до последната страница.