1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    „Инферно“ од Ден Браун.

    Прекрасна книга, како и останатите книги на Браун. Кога ја зедов од библиотека знаев дека нема да се разочарам од неа! Ме држеше во неизвесност до самиот крај... ПРЕПОРАЧУВАМ :)
     
  2. Stefiks

    Stefiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    “Јас сум тинејџерка„ - Нуриа Рока.

    Ја прочитав цела за пола саат :lol: 8)
     
  3. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Долг пат до дното - Ник Хорнби
    Прекрасна книга, додека ја читав книгата имав чувство како делото да ми е познато од некаде но откако ја прочитав книгата се сетив дека го имам гледано филмот.
    Ако некој реши да ја чита книгата нека не го гледа филмот.


    Вита Бревис- писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин - Јостен Гордер
    Книгата ме воодушеви. - Раните не престануваат да болат, само ние стануваме отпорни на болка.

    Моќта на сегашниот миг - Екарт Тол
    Оваа книга е книга за самопомош. - Секогаш ќе бидете во состојба да се справите со Сегашниот миг, но никогаш нема да можете да се справите со иднината - ниту пак тоа е потребо.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Big little lies - Liane Moriarty
    Само што ја завршив и вријам од впечатоци.
    И корицава ми е преубава, кажува многу за самата книга.
    Big little lies влегува во моите омилени книги и морам да кажам дека е далеку подобра од Тајната на сопругот.
    Стилот на пишување е крајно забавен, богат, течен, едноставно нема еден досаден момент во кој почнуваш да си правиш список во главата за обврски што чекаат да бидат завршени. No, sir.
    Книгата почнува со интервјуирање на луѓе кои ја раскажуваат својата гледна точка за некој настан. Ми беше крајно интересно како секој човек има своја верзија на еден настан, како субјективноста има огромно влијание, секој поради свој мотив различно доживува една ситуација.

    Потоа се открива што навистина се случило низ очите на трите главни ликови: Џејн, Меделин и Селест.
    Приказната се одвива во Австралија. Џејн се преселува со својот петгодишен син Зиги блиску до плажата и океанот. Нормално, има скриени мотиви за ова, но сепак смета дека и таа има право да ги искуси благодетите од живеењето блиску до вода.
    Местенцето е предградие каде што сите се знаат со сите и се поврзани на некој начин. Џејн се запознава со Меделин која има борбен темперамент и секогаш се залага за правата на угнетените. Меделин е пријателка со Селест која има совршен живот, богат, згоден маж и две момчиња близнаци. Трите стануваат добри пријателки.

    Поглавјата се делат на месеци пред Trivia night и потоа. Дури иако главното случување се открива негде пред крајот, низ целата книга има сплетки и интриги.
    Како човек да присуствува на некој досаден, малограѓански живот, озборувања, лажни насмевки и љубезности, сите се фини еден со друг, но нели, тоа е само на површината. Ама под површината го гледаме животот каков што навистина е, било каде, во кој бил дел од светот.
    Насилство, лажење, измами, предавства...
    Има и одлична перспектива на родителството, какви може луѓето да станат кога се работи за нивните деца, ја опфаќа темата на домашно насилство, насилството меѓу децата во училиште...
    Ова е една навидум површна книга која крие многу длабоки и болни работи.
    Уживав во секоја прочитана реченица и се надевам дека нејзината следна книга ќе биде исто толку добра.
    Во меѓувреме обавезно ќе прочитам уште нешто од неа.
    Има 5/5 од мене, книга која ќе ја памтам долго. :)
     
    На viviette, SV1911, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ,,Единаесет минути''-Паоло Коелјо
    Искрено,книгава ја зедов со преголеми очекувања,дека сигурно ќе биде добра и дека нема да се двоумам да ја прочитам уште еднаш.
    Не велам дека е глупава или досадна,само очекував да биде нешто друго,повозбудливо.
    Не сум нешто воодушевена.
    Единствено крајот некако ми се допадна.
    Останатата содржина ...
    :?:
     
    На Lotus-14 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Во Порака во шише од Николас Спаркс се пишува за тоа како треба да веруваме во судбината и вистинската љубов дека сеуште постои.Трогателна малку на крајот,но возбудлива љубовна приказна.Да, како шо е за Бележникот,Последната песна и други,така и за оваа книга е снимен филм во кој еден од главните ликови го толкува Кевин Костнер(ако гледавте Хетфилди и Меккои,тој го глумеше ’’Ѓаволот’’ Енс). Едноставно книгава ме наежи на крајот,како мравки да ми лазеа по нозете.Вреди да се прочита. :wasntme:
     
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.434
    Кујна - Лили Прајор

    Ништо импресивно. Лајт четиво за жена од Сицилија, нејзиниот емоционален и сексуален живот и преголемата страст кон готвењето.
     
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Марина од Карлос Руиз Зафон
    Нема потреба посебно да кажувам за книгата,таа и самата си е посебна.Многу ми се допадна и на секој би му ја препорачала да ја прочита.Едноставно,Марина во вашите раце и читајте ја.Читањето книги ве прави поинтересни... :wasntme:
     
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    1Q84 - Haruki Murakami

    Додека уште ми е свежо...
    Книгава започнува со две напореди приказни, и се до крајот се сменуваат сцените: за девојката на околу 30 годишна возраст, која е инструктор за борилачки вештини и патем е поврзана со организација која им пресудува на машки таму каде правдина не може да биде задоволена на законски начин, и за дечкото на исти години кој е професор по математика и се обидува да стане писац.

    Од почеток приказната расте, се развива, се продлабочува, се појавуват многу нови ликови, се разврзуваат деталите за секој еден од нив, да таму некаде на половина книга сфатам дека постои и додирна точка помеѓу оваа два главна лика, а кои сепак живеат различни животи и на различен животен пат.
    Можам да кажам дека останував ненаспана поради книгава. Не можев да ја оставам.
    И го чекав крајот со нетрпение и го замислував расплетот и едвај чекав да ја завршам и да ја оставам книгава со чувство на исполнетост бидејќи ете се завршила една интересна приказна, ама... тоа не се случи. Едноставно не е онака како јас посакував да биде, ми остана недовршено.
    Книгата всушност допира два света, реален и паралелен, што не ми е баш целосно разбрано, ама... затоа ми фали поинаков крај.
    Патем, таков крај најмногу мразам и кај филмови, а посебно кај книги. Мислам дека би требало да има наставак :)

    И ете, да книгава имаше малку поинаков крај би можела да кажам дека е супер и дека ми одговара и дека сакам ваков стил, кој всушност и сакам (патем книгава е со прилично мрачен сценариј), ама не можам тоа да го речам... поради крајот. Ама тоа е моето мислење и мојот вкус.

    Сепак, ако љубите книги со мрачни теми, кои патем се дел од нашето опшество и кои постојат, кои се итекако реални, со малку примеси од научна фантастика (оној дел со паралелниот свет), и сепак фантастички доловувања на карактерите, книгава би требало да ја прочитате.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Млада Месечина - Стефани Мајер

    [​IMG]

    Книгава ми е преубава, исто како и останатите од Самрак сагата. :)

    Вториот дел од несекојдневната сага Самрак ја продолжува приказната за Бела Свон и нејзините неверојатни авантури во Форкс, малото дождливо гратче покрај Пацификот. Застоениот животен тек на американската периферија всушност крие страшни тајни и уште пострашни битија кои веќе со векови престојуваат тука. Меѓутоа, на Бела тоа ни најмалку не и пречи; во првиот дел бевме сведоци на нејзиното вљубување во Едвард Кален, величенственото момче старо само еден век, што за неговиот вид претставува рана малдост. А да, станува збор за вампири, за оние што можеби се уште не го знаат снижето на сагата Самрак.
    Како што обично се случува во животот, едно зло или добро, како кој го доживува, само не може да помине - неопходна е рамнотежа. По неизмерната љубовна болка што ја доживува, Бела ја открива другата, паралелната страна од паричката на зачмаениот Форкс. Пријателството со Џејкоб Блек, другар од детството, кој му припаѓа на древното индијанско племе Квилути, и открива уште една внимателно чувана тајна. Ни Квилутите не се само племе украсено со живописни носии и драматични тотеми. Напротив, нивната тајна, како и таа на вампирите, е прикриена од светлината на ноќта во сенката на Младата месечина.
    Повторно во расчекор помеѓу своите чувства и својата толку „обична“ човечност, Бела мора да избере кому му припаѓа и со кого сака да ја сподели иднината. За да успее во тоа, неизбежно е уште едно големо и опасно патување, овој пат во срцето на Италија, во типично тосканско гратче опшиено со ѕидини.
    Гратчето, всушност им припаѓа на вампирите...
     
  11. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Девојката од хартија - Гијом Мисо
    Кратка содржина од корицата:
    На Том Бојд, познат писател, му недостига инспирација, а тогаш во неговиот живот ненадејно се појавува хероината на неговите романи. Таа е убава, таа е очајна, таа ќе умре ако тој престане да пишува. Невозможно? А, има и уште... Заедно, Том и Били ќе доживеат неверојатна авантура во која реалноста и фикцијата се мешаат во една заводлива и смртоносна игра...
    Искрено, не планирав да пишувам за книгава затоа што до околу 200 страна не ми остави никаков впечаток. Некако немаше содржина, мислев дека е предвидлива и здодевна. Но, потоа се смени и другата половина ја проголтав во час и половина. Дефинитивно Мисо го бива за непредвидливи завршетоци, оваа е негова втора книга која што ја прочитав, а имаше голем пресврт на крајот. На претходната („Затоа што те љубам“) би сменила некои ситници во завршетокот, но оваа беше баш на место. Не знам дали во иднина би читала уште негови книги, баш заради тоа што веќе би очекувала голем пресврт и не би било тоа-тоа, а доколку нема би се разочарала. Сепак, солидна книга, има лесна содржина и лесно се чита, посебно втората половина откако станува поинтересно. Не е нешто сложено за кое што треба концентрација, би ја сместила во категорија „лајт романчиња“. :lol:
     
    На Ivy89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Big little lies - Liane Moriarty

    Книга што се чита во еден здив.
    Многу добро скоцкана - од стил на пишување, убаво изградени ликови, интересно опишани ситуации, доза на добар хумор, мистериозни жички што се провлекуваа, па сé до дизајн на корица. Сé беше доведено до перфекција. Лесна, интересна, а истовремено многу интригантна. На многу едноставен начин беа доловени многу сложени околности и односи.

    Книгава опфаќа неколку аспекти од секојдневниот живот во една семејна заедница - фасадите на совршенство зад кои се крие реалната слика за ситуацијата во едно семејство, односите помеѓу членовите на семејството, брачните проблеми, тешкотиите со кои се справуваат родителите, нивното влијание врз децата и начинот на воспитување. Истовремено ги прикажува и релациите помеѓу различни семејства - љубомората, зависта, чувството на потреба да се биде доминантен, исмејувањето, искрените пријателства, врските од користољубие, како и меѓусебните конфликти во кои секој си го брани своето. Книгава зборува за ситуациите во кои луѓето на различен начин ги доживуваат настаните, заради своите лични морални вредности и размислувања. Паралелно ни дава слика за различни видувања кон конкретни настани и за тоа колку истите можат да бидат извитоперени, затоа што секој гледа со различни очи.
    Разработува проблеми со кои сите секојдневно се среќаваме, но можеби не им обрнуваме толку големо внимание.

    Во ниту еден момент не е досадна, ме насмеа, ме растажи, ме замисли, а крајот успеа да ме изненади. Би можела до бескрај да пишувам, да ги анализирам сите ликови, сите ситуации, ама премногу ќе откријам. Можеби во некоја друга прилика каде ќе ја коментираме со други феминки.
    Ви ја препорачувам :)
     
    На I <3 Books и RainBow им се допаѓа ова.
  13. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Стакленото ѕвоно-Силвија Плат
    Книгата воопшто не ја разбрав како што треба.
    Ја прочитав,добра е,но пресвртот некако не го разбрав како што треба со што ми се измеша цела книга понатаму.
    Што знам.
     
  14. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Кој тропа на прозорецот - Линвуд Баркли

    И уште еден полн погодок од Баркли. Додуша, Без збогување ми се допадна многу повеќе, но и оваа беше прекрасна. Стилот на пишување повторно најмногу ми остави впечаток, лесен и интересен за читање, страниците едноставно сами си се вртат. Многу повеќе настани, места и ликови кои треба да се помнат, па затоа содржината е малку посложена за разбирање, на моменти треба да се навраќаш доколку, како мене, тешко запаметуваш имиња. Сепак, дефинитивно книгава е по мој стил, обожавам да читам такви мистерии со неизвесен крај. И, исто како и кај Без збогување, секогаш кога ќе се даде одговор на едно прашање, од него произлегуваат уште стотина други прашања. На секому би му препорачала да ја чита, а јас во иднина секако ќе барам и други книги од Баркли.
     
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Страдањата на младиот Вертер од Јохан Волфганг ГЕТЕ
    Книгата е нешто прекрасно дело од Гете,што мене ми остави посебен впечаток и многу ми се допадна. Стилот како е напишана е но комент!Иако е епистоларен роман(роман напишан преку писма како кога еден или повеќе јунаци си испраќаат писма и така се создава романот),сепак за ова не знам ни каков коментар да додадам,се во позитива!Главен јунак овде е Вертер,а оваа книга како да претставува некако како негов личен дневник,како лична исповед за страдањата за Вертеровата љубов,со општествените конвенции кои го спречуваат развојот на човекот.Па,во секој од нас живее по еден млад Вертер кој страда.
    Топло ви препорачувам да ја прочитате ;)
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    [​IMG]
    Катастрофа.
    Не е првото нешто што го читам од неа, ама ова е ту мач во нејзин стил, што мене не ми се допаѓа. ПРЕпредвидливи дијалози и развој на настаните. Преплитко, нафрлано. Безвеза.
    Брзо се чита инаку.
     
  17. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ,,Дракула''-Брам Стокер
    На почетокот ми беше доста интересна,но затоа од половината натаму мислам дека ќе ја фрлев.
    Ми беше досадничка.
    Очекував многу повеќе.
    Очекував повеќе акција.
    Што знам.
    :?:
     
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.434
    Под мермерно небо - Џон Шорз

    Прекрасна и неверојатна!
    Патување назад во 17ти век во Хиндустан во форма на лесно читлива приказна раскажана од Џаханара (ќерката на тогашниот цар), на внуките од нејзината ќерка единица, а всушност правнуки на човекот кој што го изградил величествениот мавзолеј Таџ Махал во Индија во името на љубовта кон неговата жена, убавата и мудра Мумтаз Махал.
    Паралелно со приказната за животот и љубовта на нејзините родители, ја следиме и нејзината љубовна и животна сага и жртвите кои мора да ги направи за да на крајот остане со градителот Исо и нивната Арџуманд.
    Добра работа направил авторот и со описите на сите места кои се застапени во книгата, толку живописно доловени се пределите и се што постои во нив.
    Под мермерно небо не само што ја слави љубовта и пријателството, туку опфаќа и не толку благородни чувства како војување, љубомора и предавство на најблиските и оние кои живот ти дале од преголема желба за власт и доминација.

    И покрај тоа што романот е историска фикција, мене ме освои комплетно. Книга која долго ќе ја паметам секако.
     
    На B-N му/ѝ се допаѓа ова.
  19. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    „Сликата на Доријан Греј“- Оскар Вајлд. -
    - Книга за Доријан Греј кој ја жртвува својата душа за вечна младост. Сите случувања, пребрежја и самото искуство на човекот кај Доријан се познаваат на неговата слика но не и на неговото лице, кое останува вечно младо. Книга која ни ја покажува апсурдноста на младоста доколку човек не се развива понатаму и која ни покажува дека младоста е најубав период од животот, токму затоа што е толку краток. Исто така капката моќ која Доријан ја доби, па се почувствува над сите и дека може да помине неказнето со било што и да стори, а тоа е она што на крај го уништува. Во секој случај прекрасна книга која топло ја препорачувам.

    „Сефора“- Марек Халтер.-
    - Сефора е не толку експониран лик од историјата, сопруга на Мојсеј. Прекрасна книга која го опишува животот на Сефора и ослободувањето на Хебрејците од Египет од нејзина гледна точка. Додатно да зборувам за оваа книга би било и сувишно зошто ме остави без здив, со гнев за тоа што се случи, но во исто време со некоја спокојност. Во секој случај, не се останува рамнодушен долго откако ќе се прочита.
     
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Моќта на потсвеста од Џозеф Марфи
    Интересна книга за која слушнав се позитивно и да и јас сум задоволна од книгава.Делува некако :D
    Има интересни мисли за да сме среќни,а и успех и се таму ова-она.Една другарка ми кажуваше како другарка на мајка и’ нашла работа благодарејќи на то шо ја читнала книгава.А и професорката по македонски а и по педагогија ја имале прочитано.Ја фалеа книгата,супер е,ја имам дома.Дури и колешка на мама ја има дома.Епа ете,знаела Симона шо чита.Ќе си применувам некои совети од книгава.Ајде и мене ќе ми успее бе ;) :D
     
    На viviette му/ѝ се допаѓа ова.