Тие на карамел се од 400 ден па нагоре... Овие останатите исто така памучни и според мене квалитетни се по 250-300 ден комплет шпикозни, бенкиче со долен дел, пижамчиња и сл.
А да ми посочите каде има поефтинки плишани играчки и бебешки тракатанци? Ние се спремивме ама од нив ништо такво немаме земено.
Поефтини плишани има во Џамбо. Но кинески се и со тоа страшно небезбедни за дечиња и бебиња. Убави плишани а поефтини видов и во Атлантис на Битпазар кај Полицијата но не знам какво потекло имаат. Јас бебешки играчки (тракатанци) купив од Анаконда. Турска роба ама барем не кинеска. Поздравче