Се подновивме и ние,купивме пликче на бебетто,комплет,чорапчиња,холухопчиња,лигарчиња,шпихозни. Не ми ги прикачува сите слики зошто незнам.
Со истиве работи и ние се подновивме пред некој ден Кругчињата му се меки за грицкање па веќе ги деформиравме. Лажичките се супер за цената, во споредба со една лажичка на авент која чини 470 ден. Небаре златна е. Меѓу другото се подновивме и со седиште за во автомобил Само уште не сме го монтирале
Фала, да си купите поубаво Од Локо Кроко го земавме од 9-25 кг. Цената е 5600 ден. Имаше и за од 0-18 кг. ама многу малку речиси ич не се навалуваше. Цената на тоа беше 4500 ден.
Ние книгата со азбуката ја добивме на првиот роденден. Сега за сега не разбира многу, ама сака да ги гледа илустрациите, и особено се радува на звуците па обавезно се качува врз буквите и со нога ги притиска... Или седнува на нив... Пуста среќа!
Не знам која членка имаше пишано дека има рамка за слика со глина за отпечаток на бебуш од рака/нога, па да не останеме покуси и ние си купивме од Џамбо Стапалцето е сликано 5 дена по пораѓај. Ни текна да го извадиме стакленцето од рамката па да ја сецнеме малку сликата и да го протнеме бројчето на бебуш од болница
Околу 400 денари, а стојат кај поларните ќебенца во горниот дел (спроти коритата и тањирчињата за хранење). Има и помали околу 300 ден.
Треба можеби да отвориме тема во Дете што купивме за детето... Бебуше голем веќе 2год и месец и нешто интересни му се плочките со магнет