Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. veliche.sk

    veliche.sk Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Zapisana sum na postdiplomski studii i sakam da si go promenam imeto. Dali ako go promenam pred da magistriram ke mi stoi novoto ime na magistraturata i dali mozam da si ja promenam diplomata so novoto ime (ako ja ponistam na primer)?
     
  2. nnena

    nnena Нов член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    каде да се обратам за помос некој правен совет но не вака јавно несакам дискусии и дебати.....
     
  3. nnena

    nnena Нов член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    каде мозам да добијам правен совет но не овде ...несакам дискусии и дебати
     
  4. stojanovska.billy

    stojanovska.billy Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Pred 8 godini eden od brakjata otide na prosetka so svojot avtomobil i drustvo vo drug grad kade sto policijata go fati so marihuana 1 malo steblo sveza nerazviena okolu 30cm i suva okolu 5gr.
    Posle detalno isprasuvanje itn go slikaa na mestoto vo domot na baba mi kade sto imalo 4-5 nerzavieni stebla od po 30cm istata bese odgleduvana za sopstvena namena. Znaci, dade izjava vo policija no ne i vo sud.

    Dve godini po sluckata toj napravi izlez od makedonija i povtorno se vrati...nikoj ne go privede.
    Pa vo megjuvreme toj osnova svoja firma, izvadi i vozacka dozvola direktno vo Prolece policiskata stanica bese itn...zosto dokolku e osuden ne go privedoa vednas koga bese 'vlezen ustata na volkot'?!
    Sitna ripka e pa ne se zamaraat ili stanuva zbor za nesto drugo?

    Rocistata bea odlozuvani, a toj se kriese uspesno. Inaku dvojno drzavjanstvo ima pa celo vreme izgovor bese deka se naogja vo drugata drzava 2.
    Vrz osnova na ovie podatoci, da pretpostavime deka bil osuden vo otsustvo, znaejki deka osnova firma, vadi vozacka dozvola i slicno, dali ima osnov za dolopnitelno sudenje, menuvanje na izjava dadena vo policija, dopolnitelno rociste i sl?!

    Inaku deloto se vodi vo sudot, a ne i vo policija. Neznam, taka mi kazaa.

    Dali posle izminuvanje na tolku godini toa da e zastareno?!
    Koga vsusnost zastaruva edno takvo delo - dokolku e dadena izjava vo sud pa pomine izvesen period ili dokolku ne e dadena takva izjava (kako vo slucajot so brat mi)..?

    Pozdrav!
     
  5. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    127
    Се надевам дека сеуште е активна темава и дека ќе се најде некој што се рабира од овие работи да ме упати..
    Управител сум на фирма која не работи од почетокот на годинава. Основана е инаку во јуни 2012 и кратко работеше до декември 2012. За 2012 имам поднесено завршна сметка, а во 2013 единствени трансакции што се случија преку сметката на фирмата се следните:
    1. до-плаќање на фактура од 2012, фактурата беше нешто околу 30.000 во 2012 имав платено околу 16.000 па останаа уште 14.000 за доплаќање на доверителот во 2013.
    2. робата што ми остана во сопственост на фирмата ја „продадов“ на блиска личност (со друго презиме од моето) за да не остани во сопственост на фирмата, тогаш така ме советуваше книговодителката и извршивме уплата од сметка на физичко лице на сметката од нашава фирма, издадов и фактура од фирмава и се по ред, значи сега во сопственост на фирмата има останато само тој фактичкиот влог (околу 5000 евра што правникот го напиша како список кога ја отвораше, затоа што морало минимум да има толкав влог, а јас вкупно на почетокот за опрема и роба во дуќанот имав 4000 евра, значи од тоа што е пишано ниту имав тогаш нешто, ниту пак сега).
    3. и уште една трансакција, дуна компјутери ми ја откупија фискалната каса.

    Моментално сметката на фирмата е на 0 (можда и во минус ради банкарски одржувања на сметката) и блокирана.
    Придонеси плаќав од почетокот на 2013 до март - април, така нешто, затоа што планирав да ја ликвидирам. Ама не собрав доволно пари тогаш, па така ми остана и сега морам да ја пуштам во стечај.

    Прашањата ми се:

    1. Како се одвива стечајната постапка и од каде да почнам?
    2. Колку ќе ме чини целата постапка доколку ја спроведувам сама и колку доколку изнајмам адвокат да ми ги брка сите работи? Инаку фирмата е сега со седиште во Прилеп, а беше со седиште во Скопје, но ја префрлив во Прилеп во јуни оваа година, ако прави некаква разлика тоа.
    3. Дали треба да поднесам завршна сметка за 2013 година? И дали има некаква казна ако не поднесам?
    4. Дома ми стигна нешто за радиодифузни такси дека немам плаќано од март годинава (исто ко прекинав со придонесите прекинав и рдф да плаќам). И на мејл ми стаса нешто за даночна пријава. Дали би имала некој додатен проблем со нив по завршувањето на годинава? Фирмата нема други долгови кон доверители освен за радиодифузна кон ујп и кон пензиски фонд и здравствен фонд (неплатени придонеси).

    Ве молам да ме посоветувате од каде да почнам и што да правам. Сакам да ја пуштам во стечај затоа што како што сум информирана, не треба да ги подмирувам долговите за придонеси и радиодифузна доколку фирмата оди во стечај, а да ги плаќам сите тие работи би ме чинело повеќе од 50.000 (според месечно колку плаќав придонеси + рдф), па потоа плус трошоци за ликвидација.. Значи информирана сум дека стечај е подобро во мојов случај, но не знам како да почнам. И многу ми е страв да не ми лупнат некоја казна ако не поднесам завршна сметка. Ве молам тие што се разбирате од овие работи помагајте со совети! Благодарам!!
     
  6. nadja.d

    nadja.d Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    112
    Како прво ,завршна сметка мора да поднесеш без оглед дали си работела неколку месеци или си имала или не трансакции,и со салдо 0 мораш формално да поднесуваш завршна сметка,законска обврска е .Дури и оние со фирма во мирување поднесуваат завршна се додека фирмата не се ликвидира или појде во стечај,во спротивно УЈП автоматски поднесува прекршочна пријава ,а тогаш казните се навистина високи верувај ми.
    Како што гледам ти не сакаш да ја ликвидираш ,но сакаш да започнеш стечајна постапка.Би ти препорачала да отидеш кај адвокат бидејќи ако не си доволно информирана,тој може да ти поднесе предлог и да ја води постапката.Во секој случај и таа постапка чини и не е баш евтина,имаш судски трошоци,нјдобро прашај си кај неколку адвокати.За радиодефузната,УЈП може да ти ја блокира сметката за износот кој го должиш,се додока не ја ликвидираш фирмата ке ти стигаат сметки,така да најдобро побрзај со постапката ,секако ке трае неколку месеци.
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    127
    А дали за завршната сметка мора да се изврши уплата преку сметката на фирмата? Или може и како физичко лице да се уплати? Оти блокирана е сметката на фирмата, треба да плаќам и за тоа ако мора преку таа сметка..
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    3.500

    1. Стечајната постапка ја води само стечаен управител. Порано можеше и самиот управител на фирмата или сметководител но сега повеќе не, а и не е препорачливо затоа што се изготвуваат Одлуки, Жалби и остала документација која ако не си ја работела нема да знаеш како да ја направиш и по кои членови од Законот да се повикаш. Ќе најдеш и ќе ангажираш некого кој води такви постапки. Целата постапка трае околу 6 месеци

    2. Ќе те чини околу 15-18 000ден не ме фаќај за збор затоа што одредена фиксна сума околу 12 000ден (ако е сеуште така) се плаќа на сметка на Суд и обично адвокатите или стечајните управители земаат и свој надомест околу 2-3 000ден. Ако седиштето е во Прилеп тогаш ќе се води постапката во тој Суд таму.

    3. Завршна мораш обавезно да поднесеш бидејќи имаш трансакции во 2013год. Можеш да платиш и како физичко лице на ЦР, на нив не им е битно кој плаќа туку само парите да им се легнати на сметка. Ако не поднесеш тогаш казна е 1 000еур. Во завршната ги калкулираш и сите давачки - тоа ќе ти објасни твојот сметководител бидејќи тоа ти е подлога за стечајна постапка. Стечајна постапка се води ако има долгови а ако нема тогаш е ликвидација.

    4. За да се почне со стечајна постапка се земаат потврди од МРТВ - дали се подмирени давачките за РДТ, се зема од ПИОМ - да се види дали се должи кон придонеси, се зема од УЈП потврда за платени или неплатени даноци...сето тоа ќе ти го објасни стечаен управител кој ќе ти ја води постапката.
    Незнам дали си ДДВ обврзник но ако СИ ДДВ тогаш си морала да поднесуваш и ДДВ пријави. За неподнесување се големи казни. Претпоставувам дека си годишен даночен обврзник и таа пријава се поднесува до 25.01.2014год...ако е во врска со ДДВ тоа сметководител знае кога се поднесува пријава.
    Ако не си плаќала РДТ тогаш најверојатно и ти е блокирана сметката во банка од нивна страна. За деблокада исто така се плаќа, а можеби т.е сигурно имаш и блокада за неплатени придонеси.

    Од кај да почнеш - најди си стечаен управител или адвокат во Прилеп кој ќе ти ја заврши постапката. Не ја оставај така фирмата затоа што само ќе тоне во долгови (нема како порано фирма во мирување) и ќе ти лупаат казни и еден ден и извршители на врата можат да ти дојдат недај боже. Знам многу случаеви кои се зезнаа така па после си ги кубеа косите.
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    127
    ^ Ти благодарам најмногу на цел свет! Значи не можам да објаснам каков хаос ми настана откако престана да работи дуќанот..
    Приходи нема, а расходи еден куп. Пред некој да отвора бизнис мислам дека е подобро да си ги препрочита сите вакви делови од темава, па потоа да се одлучи дали навистина сака фирма. slavica999, ти благодарам ептен! Уште утре одам да барам стечаен управител/адвокат. Поздрав и се најдобро.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ElenaSA

    ElenaSA Нов член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Дали некој знае да ми каже дали при легализација на дивоградба (станбен простор) во склоп на станбена зграда се потребни потписи од имателите на останатите станови?

    Однапред благодарам
     
  11. pipi-corapa

    pipi-corapa Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    samo edna korekcija na slavica999, samo sudskiot avans za stecajna postapka e najmalku( znaci najmaliot iznos shto moze da te zadolzi sudot) e 25.000 denari, moze da e i povisok iznosot no mislam deka vo tvojov slucaj nema da e. I kako vtoro ti mozesh da barash advokat no ne i stecaen upravitel, zashto stecajniot upravitel go imenuva sudot, otkako ke se podnese predlog za poveduvanje stecajna postapka. A toa deka advokat bi ti zemal 2-3000 denari e mnogu malku vo odnos na toa kolku zemaat.
    Ova cisto da si znaesh otprilika ;)
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pipi-corapa

    pipi-corapa Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Со оглед да за легализација на објекти, каде што има двајца или повеќе сосопственици на парцелата каде што се наоѓа објектот што треба да се легализира, и за таквите ситуации е потребно согласност од другиот сосопственик за легализација на објектот, мислам дека и кај тебе ќе треба од причина што земјиштето се води и на останатите сопственици на станови во зградата. ;)
     
  13. miss.fortuna

    miss.fortuna Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пред неколку месеци брат ми се преврти со кола во која беше со тројца негови другари. Колата беше на негов другар и не беше регистрирана, а брат ми возеше без возачка дозвола и пијан (0,9 промили). Е сега пред две недели беа повикани сита да дадат исказ пред истражен судија, а наредната недела е повикан само брат ми во својство на обвинет. Да напоменам дека никој не беше повреден за среќа, а колата беше премногу оштетена за да се поправи, па мајка ми ја надомести штетата т.е. му купи кола на другарот на брат ми. Што ќе следува понатаму, за кои казни ќе одговара брат ми? Дали ќе го земат во предвид тоа што е студент и тоа што нема никави примања за да би плаќал парични казни?
     
  14. babakata

    babakata Нов член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот чл.300 КЗ
     
  15. westimka313

    westimka313 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    pa vidi procitaj vo reshenieto za sproveduvanje na istraga, za kakvo delo e obvinet, po ova sto go kaza ako ima sudenje i ako e nadomestena materijalnata steta bi trebalo da pomine so uslovna osuda ..
     
  16. miss.fortuna

    miss.fortuna Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Во барањето за спроведување прекршочна постапка е обвинет за возење под дејство на алкохол, само за тоа кривично дело. Не знам како идат тие работи, мајка ми си спрема 1000е и за казни, во случај да добие казна за возење без возачка дозвола и под дејство на алкохол.
     
  17. westimka313

    westimka313 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    прекршочна постапка е друга работа, неа ја води посебна комисија во МВР, а ти рече дека се води кривична постапка, пред истражен судија а како што ја опиша работата, се работи за кривично дело Загрозување на безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
     
  18. Keti1

    Keti1 Нов член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво, одличен форум и поздрав до сите членови. Ова е мое прво прашање на форумов , се надевам дека што поскоро ќе добијам одговор. Сакам да извадам хрватско државјанство, во секоја држава си има закони како може да се добие и т.н. http://www.mup.hr/39.aspx , еве на оваа официјална страна на хрватскоро мвр се наоѓаат одговорите... , некако не се снаоѓам со хрватскиов јазик , иако е сличен со српски, но српски знам повеќе. Дали има некои шанси да добијам врз основа на хрватска национална припадност?
    Немам никакви докази на кои можам да потврдам националност, ни предци , документи , буквално ништо.
    На секој документ во Р.М се декларирав како македонка , во училиште при упис , на друго место не памтам каде е потребна графа националност.
    Дали може со потпишување на декларација на која јас и моите родители и т.н , да се изјасниме како хрвати , слично како кај бугариве што даваат државјанство?
    Ве молам некој да ми го објасни законот на страницата за која и конкретно наведив (потенцијално) да
    можам да добијам и државјанство. Дали државјанството на поранешна СФРЈ помага во нешто? На работната книшка на мајками стои државјанство СФРЈ исто така и на сведителства и дипломи..
    И уште едно прашање, дали во Р.М постои официјален документ, декларација или сл. со кој документ се докажува националноста и потеклото? Доколку одговорот на моето прашање не е целосен или нешто не ми е јасно, би ве замолила да ми помогнете околу сето ова. Однапред голема благодарност до секој кој ќе помогни.
     
  19. Lmon

    Lmon Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Дали постои рок за покренување на постапка за делба на имот стекнат во брачна заедница после завршена бракоразводна парница? Дали застарува ова право?
     
  20. westimka313

    westimka313 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    pa sto cekas sto ne pokrenes?
     

Сподели ја оваа страница