1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. futuredoctor

    futuredoctor Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали има некој правник кој би сакал да ми одговори на неколку прашања
    Сакам да прашам нешто ама не би сакала да го изложувам јавно
     
  2. hope123

    hope123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала да прашам правник за помош. Мајка ми сака да ми остави нива како поклон, бевме на нотар и ми кажа дека договорот можам да го составам сама или со помош на правник, за потоа да го однесам во општина. Јас во семејството немам никој правник. Дали може некој од вас да ми помогне. Однапред ви благодарам.
     
  3. kara_bt

    kara_bt Нов член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, баш убаво што споделувате искуства и совети бидејќи тешко е денес бесплатно да ги добие човек.
    Сакам да прашам следно:
    Живеам во стан кој што е мој, но еден дел од станот е на мојата тетка (сестра на татко ми кој што е починат) (10 м2). Таа сака да ми го подари, но читајќи закони дознав дека ако одиме преку купопродажба мене ќе ми дојде поефтино да платам данок (3%) во однос на 5% за дар. Е сега, најдов на нет некаде пишуваше дека ќе морам да префрлам одредена сума на пари на трансакциона сметка на мојата тетка (веројатно колку што е вредноста на делот од тетка ми - а таа сума не е мала 7000 евра од прилика). Зошто јас како купувач не можам да се договорам со тетка ми за некоја симболична сума на пари?
    Или законот не ми дозволува? Бидејќи ако е така, јас немам толкава сума на пари да префрлам па би била приморана да одам на подарок и да платам поголем данок.
    Помош?
    Однапред благодарам и поздрав.
     
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    http://www.pravdiko.mk/koga-ne-se-plak-a-danok-za-nasledstvo-i-podarok/
    Види тука дали спаѓаш во овие категории.
    Инаку не знам да ти помогнам, може да бараш начин да го заобиколиш данокот, ама дали ќе се најде којзнае. Тоа трансакцијата е пред некое време воведена баш од овие причини...
     
  5. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    Pisi mi ako mozam ke pomognam :)
     
  6. kara_bt

    kara_bt Нов член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Фала ти за одговорот. Јас не сакам да избегнам плаќање на данок само ме интересираше тоа дека морам да префрлам пари на трансакциона сметка на тој што ми го продава делот од станот.
    јас мислев дека само морам да приложам дека имам толку пари ама не било така. Инаку, за оваа информација дознав од некои адвокати кои според мене или лажат или не знаат.
    Ништо тогаш ќе одам со постапка како подарок.
    Фала уште еднаш.
     
  7. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    Треба таа сума да ја платиш, а не некоја симболична, бидејќи во спротивно тоа ќе биде фиктивен договор. Треба да има приближно еднакви вредности на двете страни на размената, делот од станот што се продава и цената што се плаќа.
    Во спротивно ќе биде лесно да се поништи договорот. Подобра опција во случајов ви е договор за дар.
     
  8. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Мојата сестра почина пред неколку недели, а има куќа на нејзино име која не ја препиша никому пред својата смрт, и можно е да јас сум единствениот наследник бидејќи сите членови од нашето потесно семејство се мртви. Колкава е веројатноста да ми припадне куќата мене, и што точно треба да направам? Ве молам објаснете ми ја постапно процедурата. Благодарам.
     
    Последна измена: 1 септември 2015
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Ќе си отидеш на адвокат и тој ке ти го состави договорот па со тој договор ке отидете во општина бидејки нотарите не смеат да составуваат договори тие само вршат заверка на веке составено писмено.

    Доколку нема други наследници(сестрата нема маж,деца а и твоите родители се починати) само ке си составиш барање за поведување оставинска постапка ке си платиш судска такса во вредност од 450 денари и ке го доставиш барањето до Основен Суд Скопје 2 Скопје. Понатаму судот ке го достави до нотар и нотарот ке те повика на оставинско рочиште.
     
    На Nalayan му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bad girl

    bad girl Нов член

    Се зачлени на:
    2 септември 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали во Македонија постои закон за плаќање на т.н. ретроактивна алиментација и од кој период истата се пресметува (од ден на поднесување на тужба, правосилност на судска одлука или датумот на разделба?
     
  11. bonitacika

    bonitacika Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    21
    Moze ne e za tuka prasanjevo, no me interesira slednovo-dali moze da se skluci brak vo Skopje ako mazot i zenata nemaat zivealiste vo Skopje t.e ziveat vo drugi gradovi vo Makedonija?
    Blagodaram!
     
  12. hope123

    hope123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    фала многу ☺
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Како тоа нотарите не составуваат договори? Па кој ги составува нотарските акти?

    Пренос на недвижност, независно дали станува збор за дар, купопродажба, мора да биде составено во форма на нотарски акт и да е заверено од страна на нотар. Тоа е еден и единствен начин за пренос на недвижен имот. Без да отиде кај нотар не може да префрли ниту една недвижност. Со најновите измени, сега нотарите дури и електронски го вршат спроведувањето на договорите во Катастарот на недвижности.

    @hope123 тоа што тебе нотарот ти предложил да си составиш сама договор или со помош на правник е зошто најверојатно сакал да ти ги намали трошоците, зошто во тој случај, доколку однесеш веќе изготвен договор нотарот истиот само ќе го солемнизира. Солемнизацијата согласно закон има исто правно дејство како и нотарскиот акт, само што е поефтина, односно 50 посто од нотарскиот акт.
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Можете да си ставите цена која ви одговара. Парите не мора да ги префрлувате преку трансакциона сметка. Постои законска обврска за пренос на парите преку трансакциона сметка само доколку цената во договорот надминува 15.000евра.
    И не го заобиколувате или намалувате данокот така, бидејќи комисија секако излегува на лице место и ја утврдува вистинската вредност на недвижноста, па на нивната проценета вредност вие плаќате данок, независно на тоа која цена стои во договорот. Во договорот може да стои и симболична цена.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.242
    Нотарите имат урнеци на договори. Они ги заверуваат. Адвокат може да состави договор, не е незаконски. Јас би повеќе адвокат да ми состави, отколку нотар. Нотарот само заверува. А и многу лошо искуство имам со нотари и нивни вработени, особено за ЗОО буквално не знаат основни работи. Затоа, адвокат. Во центар на Скопје, девојка вработена кај нотарот, дипломирана правничка, која не знае да состави една реченица. Нормално, нотарката писмено ја известив за неподобноста, телефонски се извини после девојката и нотарката, ама кај нив, договор веќе составување НЕ: Само кај адвокат. А нотарите можат само заверка со тоа печатот да акнат, повеќе не.
     
    Последна измена: 10 септември 2015
  16. hope123

    hope123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    фала многу, јас го составив договорот сама (по образец од интернет) и го однесов кај нотарката рече дека е супер, потоа го заверив и во ооштина, сега треба уште да го вратам кај неа со другите документи за да ја префрли на мое име. Поздрав
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Мешаш баби и жаби @Cka.
    Прво и основно, не правиш разлика меѓу ЈАВНА и ПРИВАТНА исправа.
    Приватна исправа е секој акт составен од странка или адвокат, кој е потпишан од странките. Ваквите исправи нотарот ги заверува со печат за заверка на потпис, со кој печат нотарот всушност го потврдува само идентитетот на странката што го потпишува писменото, а не одговара за содржината на писменото. За тоа си одговара оној кој го донел писменото кај нотарот. Е тие исправи се приватни исправи, но со нив не можеш да оттуѓиш недвижност, неможеш да земеш кредит, да ставиш под хипотека, да дадеш дар, да продадеш, да направиш физичка делба на земјиште (во сите случаи зботувам за недвижности!) итн итн.

    Јавната исправа е нешто сосема друго. Нотарскиот акт кој го составува нотарот има карактер на јавна исправа и е основ за промена на сопственост. Ако ти му однесеш на нотарот на пример договор за купопродажба на стан составен од адвокат и ако нотарот само ти ,,акне печат,, тој договор си останува приватна исправа и може само да си го урамиш на зид или евентуално некад да ти послужи ко чаршиски договор за пред суд, зошто со таков договор НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВРШИ ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТ. Затоа во таков случај, кога странката има изготвено договор, нотарот МОРА ДА ГО СОЛЕМНИЗИРА тој договор, за да истиот добие карактер на ЈАВНА ИСПРАВА. Солемнизацијата е акт кој го составува нотарот со цел да приватната исправа составена и потпишана од странките добие карактер на јавна исправа.
     
    На anakonda88 и hope123 им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.242
    Аха, значи договорот го прави друг, а го заверува нотар? Што е различно до тоа што јас го кажав?
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Не го заверува, го солемнизира.
    Солемнизацијата не е печат да се акне, туку е акт, кој се составува ;) Што значи дека крајниот акт пак го составува нотарот.
    Сума сумарум, во погорниот пост работите ти беа истресени од ракав, затоа ти реплицирав.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.242
    Зборуваме за различни работи.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.