1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Почитувани форумци, може ли некој да ми објасни како се станува совладетел на недвижност и каде е истото регулирано законски? Многу ви благодарам
     
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Прочитај повеќе во Закон за сопственост и други стварни права

    http://www.pravda.gov.mk/documents/ZAKON ZA SOPSTVENOST I DRUGI STVARNI PRAVA.pdf

    Сосопственост е сопственост на повеќе лица кои имаат право на сопственост на неподелена ствар на која делот на секој од нив е определен сразмерно според целината (идеален, сосопственички дел). Кога предмет на правото на сосопственост се плодоносни ствари, плодовите и другите приходи од нив се распоредуваат меѓу сосопствениците сразмерно на големината на нивните делови, доколку поинаку не е договорено. Ако сосопственичките делови на неподелената ствар не се определени се претпоставува дека сосопствениците имаат еднакви делови. Сосопственост може да се заснова и на ствар која се наоѓа во различни облици на сопственост.
     
  3. vale.t

    vale.t Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    За оставнинска постапка каде и чичко ми е наследник скоро почина, преку адвокат успеавме да добиеме умреница, но тука има нешто нејасно. Тој го носи презимето на посвоителите , но Во графата за родители презимето е од посвоителите,а додека имињата се од биолошките родители.
    Незнам како може вака ,треба да биди или презимето и имињата на биолошките родители, или презимето и имињата од посвоителите . Се сомневаме дека намерно се пишани имињата на биолошките родители и не знаеме каде како и на кој начин да провериме, Проверивме во судот но матичарот немал доставено умреница во оставнинско. Ве замолувам за совет ,како да провериме кои му се родители ,каде да се обратиме,како да постапиме.
     
  4. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Благодарам x.Daisy.x, но прашањето не ми за сосопствеништво, туку за совладетелство. Поточно ме интересира на кој начин може некој да стане совладетел на недвижност за која ние имаме имотен лист и дали воопшто тоа е можно?
     
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Владение е едно, сопственост - друго. Дали вие го владеете имотот кој го поседувате на ИЛ?
     
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Извини не сум прочитала убаво. :)
    Инаку, во истиот закон е регулирано и ова.
     
    Последна измена: 25 јануари 2016
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Јасно ми е дека е различно. Не ми е јасно како може некој да стане наш совладетел врз недвижниот имот :)
     
  8. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    И дали има разлика во начинот на кој се стекнува владениое и начинот на кој се стекнува совладение? Притоа не зборувам за правото, туку за фактичката последна состојба.

    И на крај, дали евентуалното совладетелство може да доведе до спорност на сопственоста или да биде единствен основ за промена на сопственоста? Се работи станбена површина.

    Ти благодарам за одговорите
     
  9. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Па врз основа на некое правно дело најверојатно. Ако владение му дал некој ваш претходник. Ај конкретно опишини ја ситуацијата ако сакаш правна помош (ако сме во можност да ја дадеме). :)
     
  10. Бети-бетче

    Бети-бетче Нов член

    Се зачлени на:
    22 декември 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали има некој правник или нотар да ми одговори на прашањето- дали нотарот има обврска да ги известува наследниците при оставнинска постапка? Во текот на постапката чичко ми почина, ја известивме нотарката, и кажавме кои се негови наследници и таа не ги известува нив за ништо понатаму, тие очекуваат таа да ги извести што се треба ,но таа не сака да ги извести , една од наследниците живее во странство и трошок и било на нотарката да ја известела, и сега предметот стои не решен, проблем е известувањето.Ако има некој да ми одговори дали нотарот има обврска да ги извести дека во ваков случај наследниците за нивното наследно право ? Ве молам некој да ми одговори многу сум изреволтирана од однесувањето на нотарката
    Поздрав
     
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    7.422
    Со сестра ми сакаме да купиме стан кој ќе гласи на заедничко име.Сега прашањето е дали може да се изведе некако да се купи станот без јас да присуствувам на купувањето?
    Може ли да се овласти адвокат или нотар кој би ме застапувал во текот на купувањето?Сестра ми се распрашувала да најдеме некој кој би ме застапувал, но и кажале дека мора да сум лично присутна.Точно ли е ова?Бидејќи во блиска иднина не сум баш во состојба да патувам.
     
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    7.422
    Ima li nekoj sto znae :?:
     
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    5.396
    не мора да си лично присутна. Треба само со заверено полномошно да овластиш адвокат или друга личност (може и сестра ти), со кое полномошно ке може таа да се потпише во твое име.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    7.422
    Fala mnogu za odgovorot.Inaku veke dadov polnomostvo advokat za prefrlanje na imot na zaednicko ime.Ama na sestra mi razbrala deka sepak mora licno da prisustvuvam za kupuvanje na zaednicki imot,sto nekako mi se vide bez vrska.Ako moze da se prefrli ili prodade imot so polnomostvo zosto togas ne bi mozelo i da se kupi.Ke i kazam pak da prasa,dali ke moze na nea da i dadam polnomosno i taa da ja zavrsi rabotata i jas da ne dovagam.
     
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    5.396
    Neka prasa Notar, samo toj najsigurno ke i odgovori.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    51
    Во постапката за денационализација, адвокатот што ме застапува мене (со полномошно) и другите наследници на правото на денационализација на имотот на дедо ми, не го напишал моето име во формуларот за листата на барателите, туку го додал дополнително, иако јас кај неа го покренав тоа истиот ден кога и останатите наследници (баратели). Сите останати документи (од кои повеќе прибавив и донесов токму јас), вклучувајќи го и решението за оставинската постапка (јас сум наследник на 1/4 од имотот на дедо ми, односно делот на мојата покојна мајка), се додавани дополнително и прифатени како валидни. Во сите решенија на првостепената комисија сум изоставена. Адвокатот што ме застапува ми објаснуваше дека тоа е небитно, бидејќи на формуларот немало место за сите наследници, а меродавно е решението за оставинската расправа. Откако ме зачуди што и на подоцнешните решенија сум изоставена, поднесов жалба на првостепената комисија и ми беше одговорено дека, и покрај оставинското решение, сум “неовластено лице„. Напоменувам дека тоа спаѓа под Карпош, а во решението од Центар со истата постапка сум наведена уредно во листата на баратели и наследници со 1/4. Како е можно да се постапува различно во секоја комисија? Второ: навистина не знам кому да му се обратам за помош. На овој начин законот дозволува и остава место за измами на еден од наследниците од страна на другите наследници. Може дел од наследниците едноставно да исфрлат еден од наследниците. Лишена сум од мојот дел, доделен со судско решение и не сум се откажала од наследство. Освен тоа, приложив уверение за државјанство токму да го докажам правото да бидам барател. Како да постапам? Кому да му се обратам за помош?
     
  17. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    779
    Колеги, ве молам ако некој има пресуди за надомест на штета настаната како резултат на лекарска грешка, да прикачи линк од истите. Ви благодарам многу.
     
  18. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    за застарен долг од евн и исклучено броило.... на е-фактура ми пратија дека има долг од 28.000ден... ме занима дали на тоа би имало и камата и од кога се смета за застарен? и што би требало за повторен приклучок..а патем... на обичната сметка что стига дома пишува дека 8.000 е долгот.... збунета сум
     
  19. Srcuks

    Srcuks Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво Јас сум нова и Сакам нешто да прашам. Мајка ми има татко која ја нема видено цели 30 години, има куќа која пред неколку месеци била препишана на внук му од сестра (на мајка ми братучед), дали ние имаме право да бараме дел, мајка ми нејќе но јас ќе се обидам да му земам дел секако ако е можно, првин сакав да прашам, па ќе се допрашам до адвокат.
     
  20. baba_kata

    baba_kata Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    не можеш злато ништо да сториш слушај баба шо ти кажува.