pa ako ima nekoj pravnik moze da ti pise, a deka kje se najde nekoe "pravno lice" da ti pise, ne veruvam ))
Вака ми дојде од нотар дека треба да ги платам некои сметки , и морам да ги платам Работата е што на мојата сметка чекам да ми стигнат многу пари , е сега ми е страв дали ке ми ја блокираат сметката па не ке можам да ги извдадам парите , или само износот што го должам ке ги повлечат ??? помош
Здраво, јас пред неколку години вадев виза за Мароко исто во Софија, и многу брзо одговараа, цела комуникација одеше на маил. Единствено што треба да одиш таму да ја подигнеш визата или некоја агенција да оди за тебе, а ќе ти наплати 100 евра по пасош! Кога отидовме таму, самиот амбасадор дојде да ни ги даде пасошите, значи лично и да ни даде совет за во Мароко, не распраша како сме решиле баш таму да одиме на одмор, итн. Сакам да кажам намерно не би ја влечел работата. Пиши ми ако сакаш да ти дадам на кој маил пишувавме ние.
феминки прашувам за роднина за отварање своја фирма како трговец поединец , дали може сам да си ја отвори фирмата со поднесување документи во Ц.Р. или мора преку агент ?
Пак јас мора преку агент затоа што сега елетронски се поднесуваат документи во вид на електронска пријава која може да ја прави само рег. агент- адвокат или книговодител
Se izvinuvam za latinicata, toj dolg za koj sto kazuvas e Platen nalog. Notarski odat UPDR. Br. Izvrsni trosoci nema da platis.
ИТНО ! Сакам да пријавам вработен во МРВ со образложение дека ми го крие изводот.Кај треба да се обратам и што треба да направам против човеков?
Ве замолувам за помош живееме со баба на мажотми куќата е на незе за да ја префрлиме куќата на мажотми ни бараат 3% од вредноста на куќата данок бидеќи свекорми е жив нотарот ни рече за да не плаќаме данок да ја префрлиме на син и (свекорми) и тој да ја префрли на мажитми ама ние не сме во добри односи со него затоа отпаѓа таа идеа дали некој имал вакво искуство дали има друг начин ве молам за одговор.
морат да платите данок , ослободени се наследници од прв наследен ред , а од втор наследен ред се плака 3% , свекорти немат да платит данок доколку му ја префрлите на него куката , ама ете не сте во добри односи
Здраво, Ми треба правен совет. На маж ми му дојде нотарско решение во рок од три дена да плати некој долг за телеком (земаа телевизор на рати, телевизорот е исплакан секој месец-можеби се каснеше но за тоа си имаат платено камати, сите сметки ги чуваме), мислам износот на фактуите е смешен- 50, 200, 100 ден, освен една од 11 000... Како оди постапката сега, треба приговор, жалба? Ова е ненормална работа, баш пред некој ден бевме прашувавме колку рати имаме, никогаш ништо не кажале, маж ми се јави и кај нотарот и кај адвокатот ни самите не знаат од што е тоа.. Ако се поднесе приговор има ли шанси да се одобри?
прво пробајте во Телеком да прашате да се договорите со нив...нотарот не знае ништо, бидејќи тој донесува само решение врз основа на фактурите, не прашува што како...ако се договорите со доверителот во случајов Телеком да платите без да ве дадат на извршител тогаш тоа ќе ви е најдобро решение..ако не,може да поднесите приговор кај нотарот во рок од 8 дена од приемот на решението и тој предметот ќе го достави на суд па потоа таму ќе се докажувате..само ако го изгубите спорот рачунајте дека трошоците од постапката ќе паднат на вас, плус долгот плус трошоците од кај нотарот..ако не, најубаво консултирајте се со адвокат ако сметате дека сте во право
Фала најмногу на одговорот, не ми е јасно секој месец одиш во салони, прашуваш уште колку должиш, плаќаш рата, зошто никој не го кажал овој трошок, никаде не пишувало на фактурите дека има заостанат долг, бројот на фактурите на кои што се повикува нотарот и извршителот ги имаме платено и ги чуваме, од кај доаѓаат тие смешни суми од по 50, 100 ден од фактура се чудам.... Како и да е фала на одговорот...
штом е така со сметките во Телеком директно, ќе бараш правна служба или некој менаџер или слично не тие по салоните, ќе си средиш се и да ти дадат нешто црно на бело дека ти е средено ако успееш да средиш да не те дадат на извршител пак...ако средиш со Телеком сепак трошоците на нотарот ќе мораш да ги платиш ти т.е. ако ти побараат од Телеком зошто штом е донесено решение веќе се направени трошоци и Телеком ги има веќе платено значи сигурно ќе ти бараат да им ги надоместиш