1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правосуден испит

Дискусија во 'Образование' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Julijana78

    Julijana78 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Сашка, нема потреба од нервоза. и да се смени програмата тоа нема да бидат драстични промени, законите се тие.Барем јас така мислам. само мозе да додат или да тргнат некое прашање од веќе постоечката програма..
    ти посакувам многу срека...
     
  2. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Логично ми е да дополнат со Закон за прекршоци и малолетничка правда, за другото немам поима :)
     
  3. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    2.131
    Девојки јас разбрав дека наводно програмата ќе била нешто скратена. Јас почнав да учам по таа програмата што е од 2010 година и сега ја чекам новата да видам како ќе биде. Но во секој случај законите се тие. Е сега исто подслушнав дека ќе треба да се учи новиот Закон за кривична постапка (оној што му се одлага цело време примената). И се ова што кажав се неофицијални информации така што не ме фаќајте за збор :D
     
  4. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Многу е нефер од нивна страна, на месец-дена пред полагање и при толку многу материјал, уште да не ја објавуваат, а луѓе почнуваат да учат уште од пред 2-3 месеци.
    Ѕвонам во Министерство, никој не се јавува со денови, а на сајтот нема ништо.
     
  5. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    2.131
    Не да не е фер ама ајде што ќе правиш. Инаку во Министерство не можеш да ги добиеш затоа што се селат со просториите или реновираат не знам точно. Моментално се во Министерство за економоја ама привремено, заради тоа не можеш да ги добиеш на телефон. :D
     
  6. saska8

    saska8 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    јас не верувам дека ќе треба да се учи новиот ЗКП од причина што неговата примена е одложена дури за крајот на 2013 година. позздрав
     
    На SaskaQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Утре посабајле идам да прашам што се случува, се надевам ќе најдам некого :). А за ЗКП, и мене ми нема логика да се учи стариот. Инаку, повелете, најдов група за Правосуден, да се консултираме на едно место.
    http://www.facebook.com/PravosudenIspit ... 12?fref=ts
     
    На Bubamaricka и mila89 им се допаѓа ова.
  8. viktors987

    viktors987 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    da ne znaete kade treba da se prijavi pravosudniot, zasto slusnav deka momentalno se selat vo druga zgrada?
     
  9. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    669
    Здраво колеги,
    Има ли некој што ќе полага во февруари сега??
    Ако има нека ме контактира со ЛП да се знаеме за консултации :)
     
  10. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    2.131
    Babyketi како помина на полагањето? Дај подели искуство, што прашања ти паднаа? :)
     
  11. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Колешки ептен ни е замрена темата, нема дискусии нешто...

    Што мислите за предложениот закон за нов начин на полагање на правосудниот испит? Најверојатно ќе се полага со прашања на заокружување како што беше и на факултет по болоњскиот систем |(

    Јас мислам дека не е изводливо воопшто така да се полага, на толкава обемна материја прашања на заокружување :x јас мислам дека ќе биде катастрофа!!
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Не го изгласаа мртвилата???
    Нас професириве ни кажаа дека е веќе изгласан.
    Не само што ќе биде на заокружување, туку ќе се полагало на странака литература( по книги од најдобрите 100 рангирани универзитети во светот)
    Малоумни се ако мислат дека одговараат книгите од Оксворд, или Харвард.
    На здравје бричење |(
     
  13. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    WTF??
    Јас ова со странската литератутра не го знаев, значи колку повеќе информации добивам се е полошо. А информирани ли сте кога ќе стапи на сила законот?

    Едит: Сега прочитав дека се планира да се применува од октомвриска сесија, баш јас кога планирав да полагам


    Мене овака со странската литература и плус нашите закони ми е преобемно, скоро невозможно за учење. Ме буни само тоа што опозицијата велат дека вака ќе било полесно, а баш напротив мене дури и страв ме фаќа како ќе биде :doh:
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Па можеби е и подобро писмено да се полага, бидејќи тој начин е полесно отколку кога би излегол очи в очи со некој искомплексиран судија комуњар пред кој треба да се потиш и раскажуваш. Единствената негативност ја гледам во тоа што ќе има прашања буквално од цела материја, за разлика од усното каде ти се паѓаат три прашања со можност за нешто дополнително. Но сепак писменото е помалку стресно за полагање.
    Јас мислам дека полагањето на правосудниот испит е само начин да се собираат пари за буџетот, бидејќи правото се учи додека си жив, секојдневно излегуваат нови закони и мора да си во тек. Ти може си полагал за еден закон а утре да излезе сосема изменет закон за истата материја. Полагањето на правосудниот испит не те прави поголем правник или адвокат од некој што не полагал. Сметам дека правосудниот испит не игра некоја позначајна улога во кариерата на еден правник, туку улога игра колку некој е паметен и способен своето знаење да го изнесе во професијата, колку е снаодлив да даде максимум во она што го работи.
    Порано не се полагаше Европска Унија, сега и тоа го воведоа. И што сега, тие што не ја полагале Европска Унија се помалку паметни? Не знам како не им текна да донесат предлог за укинување на овој испит или намалување на материјата за полагање и што е најважно снижување на цената за истиот на некоја симболична вредност. Што е многу, многу е.
     
  15. pipi-corapa

    pipi-corapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    А да ве прашам уверение за положен правосуден од министерството кога даваат? Јас сега положив во февруарска сесија. тенкју ;)
     
  16. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Во право си, со правосудниот не учиме ништо дополнително, пак повторуваме скоро исто што сме учеле и на факултет и јас мислам дека треба малку да смалат во обем. Нема смисла тоа учење и спремање со месеци, нервози и стресови...
    Се надеваме ќе биде подобро со новиот закон, што е тоа е.
    Ако разбере некој нешто ново во врска со новиот начин на полагање нека извесува на темата
    поздрав :hai:
     
  17. NikiTheGamer

    NikiTheGamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    Еве јас како ваш колега (уште една година и магистер ќе бидам) го видов законот за правосуден испит и можам да кажам само едно: ПОНИЖУВАЊЕ ЗА ПРОФЕСИЈАТА!!! :@ :@ :@
    Прво: начинот на полагање со т.н. multiple choice е сосема погрешен. Ќе учиш за да препознаваш а не за да знаеш. Така беше и на додипломски студии, и прво прашање кога ќе излезеш од испит е дали ти се паднаа прашањата! Страшно. Добриот правник треба да биде и добар говорник.
    Второ: литературата за полагање е исто така несоодветна. НЕ МОЖЕ да полагаш според странски закон правосуден испит во Македонија. Да, корисно е да има странска литература, но таа треба да ни служи за проучување на странското право (кога тоа ќе се примени), а не за полагање на испит.
    Трето: Зошто толку сериозно се сфаќа тоа рангирање не ми е јасно? И да е сериозно, не треба да се повикуваш на такво нешто за да имаш изговор да наметнеш странска литература за полагање на испитот.

    Поздрав до колешките и колегите правници.
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    2.131
    Будучи магистре :) се сложувам со тебе, арно ама и сегашниот начин на полагање да се разбереме не е сосема во ред. Мислам дека треба полагањето да е усно ама да се намали материјалот. Какви се глупости има во програмата за полагање да се чуди човек. Читај, читај нема крај :) Утре кога ќе работиме како адвокати нотари... ги имаме законите пред себе не мора сите (добро де не сите) да ги знаеме на памет. Дополнтелно полагањето е ем напорно ем стресно. По 2 до 3 испити во еден ден па кој било да е нема да го држи цел ден концентрација за да може да одговори како што треба. Барем да се намали програмата да не е тооооолку опширна и да се задржат само на најбитните предмети.
     
  19. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Денес во министерство прашав, и да ве информирам дека до крајот на оваа година сигурно нема да се применува новиот закон. Уште не е донесен, а и кога ќе се донесе ќе биде со одложена примена од 6 месеци, така да сите кои планирате да полагате октомври и декември учете си по старата програма, таа од 2010 год.
    Поздрав и со среќа
     
  20. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Имало и нов Прирачник за правосуден испит, копија има во мавровка, учи ли некој од него?