1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања, совети и идеи во врска со нашите соби/домови

Дискусија во 'Дом' започната од Rubiii, 15 март 2012.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Девојки, гледајќи дека често прашуваме за бела техника, прекривачи и други разно разни елементи за нашите домови, ја прочешлав ДОМ и сметав дека ни треба една тема во која ќе се осврнеме конретно на нашите катчиња (било соба, било дом), и да не полниме други теми со офф топици, тука ќе ги пишуваме сите прашања за одредени прозиводи, ќе делиме совети на одредени прашања, ќе бараме помош-совет при одредена дилема дали за некое наше уредување.
    Се консултирав и со RainBow претходно, која даде зелено светло за темава, и искрено се надевам дека темава ќе ни биде од корист на сите, за секое прашање поврзано со домот и ќе наиде на Ваша заинтересираност.

    Многу девојки живеат сами, некои и веќе се омажени, и мислам дека и при најмалата промена во домот, секоја дилема ќе можат да ја постават тука и да добијат идејни предлог решенија од останатите, бидејќи знаеме колку креативни феминки постојат, а и повеќе совети и идеи, се многу повеќе од совет за кој ќе платиш стручно лице при уредување.

    Еве да почнам јас прва, планирам за неколку месеци да се отселам и да почнам сама да живеам, па деновиве активно размислувам на сите работи.
    Би сакала дневната и трепезаријата да бидат крем, кафеаво и бело, со тоа што ѕидовите некоја нијаса помеѓу крем и кафеаво, и на средина, по должината од ѕидот со по една посветла крем-бело тапета.
    Трпзаријата и шанкот би биле медијапан и бела еко кожа, шанкерските столчиња бели, а бојата на дневната гарнитура која би била во Ге форма ми е дилема, исто како и бојата на кујната.
    Елементите не ми се дефинирани, мегутоа мислам дека би биле црна боја.
    Предлог за бојата на кујната, дали некоја светла крем во комбинација со црни елементи?
    Немам идеја...
     
    На Dzevelekova му/ѝ се допаѓа ова.
  2. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Јас во новиов стан си гледам како да си ја средам мојата соба :D
    Бидејќи за жал е мала, и немам место за многу работи ќе купам ваков кревет:
    [​IMG]

    но кога би ми била поголема би ја направила мнооогу поубаво :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Koбинирај крем со венге боја, црна нема да ти одговара. Венге е ваква
    [​IMG]
    на светло а има и потемна нијанса, темно кафеава чоколада.
    Ако ѕидовите ги фарбаш во некоја потемна нијанса тогаш оди на гарнитура со крем боја или обратно. Јас би ти препорачала некоја капучино боја на ѕидови, така ќе го отвориш просторот.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Јас за од прилика една година треба да почнам да уредувам стан, па од дамна почнав да размислувам и да барам совети околу уредувањето.

    Најтопло не ти препорачувам еко кожа! :) За многу кратко време (2-3 години) почнува да се излитува и да се кине. Познавам два случаи што имаат искуство со неа и не се воопшто задоволни.
    Друго, доколу би бирала кујната да ти е со сјајен медијапан вратички, најдобро било да се одбере ,,гребен,, т.е. како со линии медијапан, затоа што многу лесно се гребел сјајниот и се познава.

    Јас сакам да прашам дали некој има искуство со место плочки во кујанта, да има стакло. Имено кујната сакам да е со црн ѕид, бели елементи и прозирно стакло под висачките елементи.
    Исто прашав и за теписи во соодветната категорија, ама никој не ми одговори, па ај и тука ќе прашам дали има некоја искуство со ваквите теписи?

    [​IMG]

    Страв ми е да не изгубат од волумен откако ќе се разгазат, а на лик многу ми се допаѓаат.

    Јас планирам станот да го уредам во црно-бела комбинација со уште една боја, ама уште се мислам помеѓу кајсија боја, тиркизна, светло зелена, за да разбие монототнија. Од Ајде дома си украдив една идеја за спуштен плафон со мали сијалици, па ќе видиме како ќе се изведе тоа.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Црно бела комбинација е многу елегантна и супер комбинација. Јас ја комбинирав со темно бордо боја.
    Само да ти кажам дека секоја прашинка се познава :$ и ќе треба секој ден да бришеш прашина :geek:.
    Што ми е црно бели свет ок ама и висок сјај само магична крпа во раце, друго нема спас. Туку ќе ми здосади за некоја година а бидејќи е медијапан и трпи префарбување ;)
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.472
    Пол:
    Женски
    Среќичка таквите теписи гајле си немаат. Еве тетка ми 5, 6 години има ваков тепих и ист е како првиот ден.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    :D И мене од нив ми е идејата за станов, толку ми се засвиѓа, што репризата ја чекав и ја снимив.
    И јас сакам такозвано светлечко небо, со спуштен плафон, многу младалашки изгледа.

    Славица, одлична идеа за боја, ако ја најдам ја земам, ептен лежи вокомбинација со крем и бело.
    Ви благодарам. :)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Феминки со која боја најмногу би одговарала црвената?сакам црвена спална ама се мислам дали комбинација со бела,крем или црна?
     
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Јас сакав црвена кујна, ама се предомислив, мислам дека црвената е многу женска, јака и сексуљава боја, таман за спална.
    И јас за спалната се мислам помеѓу црвена или јака вишња...
    А која и да биде, ке ја дотерувам со детали од бело и црно, би ти препорачала истово и тебе, а ако сакаш само една, одбери ти од овие две. Крем не ми оди баш. :)
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Еве ти идеја
    [​IMG] [​IMG]
    Ако е многу јака црвена тогаш неутрализирај ја бојата со крем боја а ако е некоја по нежна црвена тогаш истакни ја со бела боја во комбинација, можеш и сива....прашај го чичко Гугл ;) многу идеи ќе ти даде
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  11. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Имам ваков сличен тепих црно бел и супер е, што е најбитно трае.
    Али сеа 1-2 години и ќе земам нов не треба вечно да стои. :)
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Бидејќи имам одреден буџет од моите за уредувањево, ме интересира колку би ме фатила кујната, само елементчињата, без апаратите секако, инаку би била мала кујна, со неколку елементи со вратичка во долните редови, горе со стаклени елементи за чаши и тоа би било тоа.
    Од другата страна би имало во иста должина шанк, ист материјал и боја (медијапан).
    Млада сум и не ми треба голема пространа кујна.
    Материјалот сама ќе го купам од солопром веројатно и имаме познат мајстор од кој сме задоволни и од цена и од работа, па со него би работела.
    За неколку елементи фиоки, вратички и висечки, во еден ред+шанк и материјал, групо колку би ме чинело?
    Ако сум претерала, да намалам од нешто друго на врееме, додека го правам есапоф :D
    И што мислите за големи плочки мермер наместо паркет во дневната и трепезаријата, и врз нив мали волнени черги како овие на среќичка?
     
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Пред неколку години тетка ми го уредуваше станот и они исто се мислеа дали да стават ламинат, плочки или паркет и им рекоа паркет дека е најдобро. Во кујната плочки-да, ама во дневна и трпезарија не би ставила, плус затоа што држат доста ладно.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Можеш ама обавезно стиропор како изолација и подно греење за да не биде ладно на нозе
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    и ние имаме плочки и во кујната и во трепезаријата и во дневната, јас сум пре задоволна. Имав претходно ламинат но ќе кажам големо НЕ за ламинатот, затоа го извадов и како што рече славица имаме и подно и добра изолација.


    јас сакам да ве прашам за бојадисување ако може идеа за крем и темно кафеаво да ми дадете некоја слика.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnnaMarija

    AnnaMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Дали некој би знаел кај да набавам евтини, едноставни бели свеќи [​IMG]
     
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Има некоја вакви плочки мозаик во кујна и дали се добри?

    [​IMG]
     
  18. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    во џамбо има :)
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    На изглед се добри ама мисли му како ќе ги чистиш бидејќи има многу фуги (обично се нормални плочки со стандардни димензии ама и самата плочка е мозаик со вдлабнатини/фуги).
    Незнам колку се практични
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Во купатило имам такви од страна во тушкабината и кај мијалниците и до сега сум задоволна. И еден совет од мене, ништо не ги чисти и не им дава сјај како средство за стакло верувале или не. А се живо и диво имам пробано и од ова подобро нема. И подобро е некоја посветла боја или валкано бела, полесно е за одржување.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.