Koi bea prvite zborovi i koga gi izgovori vaseto bebence? Moe kaza mama...a posle nekolku minuti kaza baba na 4meseci i 3nedeli.. [mod-kirilica:3finsh11][/mod-kirilica:3finsh11]
Првите зборови беа тата , баба , деде , папа (памперс), мама некаде на 6 месци , мама не сакаше да каже до 1г. предавник еден цел ден трчав по него ... а сега не го вади зборот мама од уста срце мамино
Првиот збор на мојата ќеркичка беше баба, потоа почна да кажува мама, дада, тата а сега некои реченици на бебешки јазик си кажува, крши јазиче
На ќерка ми првиот збор и беше мама ама го изговараше мам - ма - ма Сега по јасно збори, мамо-мама , бабо , кујче (вујче ) , деде , ало , дај , најчести и се овие зборови
нашиот е НЕ, ама повеќе го кажува кога плаче, што сигурна сум го кажувале сите бебиња. Мали сме за други зборчиња, уште си гугаме
има разлика од збор до збор.ако ги рачунаме тие звуци што бебето ги имитира од тоа што слуша што му зборуваме тогаш моето зборува ма ма мама, ајде, не, да од 2.5 месеци.збор се рачуна кога ќе ти речи мама и кога знај што значи и знај дека тебе ти со обраќа
Звучи смешно, ама првиот збор на мојот син му беше ајде на околу 3 месеци , изгледа оти кога доаѓаше време за доење јас по навика ќе речев ајде и детето си знае огладне ли, ајде. Сега дури на 5 месеци почнува да изустува нешто како мм мм, не, и слични некои гукања, аа, гљ.
Не е важно дали нашето бебе го знае значењето на зборот или не....важно е што тој изговорил и ние како родители сме пресреќни на првите негови зборови!
првиот збор на малиот е МАМА и сум пресрекна и ко сака да го земам или било што да му направам и ако е во некој друг да го држи се тегле кон мене и вика Мама милото мое толку мн сум среќна што сум мајка!!!
И на моето бебе прв збор и беше МАМА,на 4 месеци. Сега ептен јасно си го кажува без да го дели на слогови, а од завчера и БАБА вика. Сега сум во интензивен обид за ТАТА
Лелеле браво за вас, кај нас сеуште немаме прво зборче, освен ааааа, ееее, гхххгхх и такви некои работи, за некој ден ќе полниме 6 месеци и едвај чекам да го изговори моето прво МАМА , баш да видиме што прво ќе изговори
мали се уште за зборување,и мојата не поврзува слогови,инаку бебињата што поврзуваат слогови,тие се несвесно кажани зборчиња
да и јас мислам дека се овие им се неповрзани слогови, допрва им следува зборување и синко мој вика нешто како амам, брр, грр, еххехе ама далеку од изговарање на цел збор
Првиот збор на син ми беше МАМА. Прв пат го кажа на 10 месеци. Бев пресреќна. Сега, кога сака да му дадам нешто, ми вика мама.
и син ми пред 3 4 дена за прв пат рече МАМ само толку, беше оставен кај мајка ми и изгледа почнало да му се цица и почнал да плаче и викал мам мам смешко а и денес кога го оставив да си игра додека работев едно време го слушам вика мам! мам! Викаат ако на бебето првото зборче му е од женски род ке имало сестра а ако е од машки род ке имало братче