1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првите запчиња

Дискусија во 'Бебе' започната од mtb, 2 декември 2009.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.476
    Пол:
    Женски
    Моево ич нема врат само гуша дебела .Керка ми е опседната со тоа и само прашува мамо кога ке и порасне врат на сестра ми :D
    Јас за спиење и го извадив инаку преку ден вчера го носеше и не се бунеше :)
     
    На anina, LaDyDoLl и TIGARCE86 им се допаѓа ова.
  2. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Никна и четворката горе. Денес случајно ја приметив.
    И другата е на пат, набабрено е местото.
    Затоа беше нервозна деновиве и слабо јадеше.
     
    На girl-miri, ubavka1 и joy1 им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Кај нас и втората единица доле се гледа. За една недела две запчиња :)
     
    На green.eyes, bambusce, ubavka1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    здраво мамички . син ми има 1 годинка и има 6 запчиња. вчера забележав како забите да му се извалкани па му купив четка и паста и му ги измив... после миењето забите останаа исти. кога ги допрев со прст сфатив дека тоа се како дупки односно запите му се расипуваат. има ли некој искуство со расипани запчиња? од што може да се случи тоа? син ми пие многу течности но избегаваме шеќери. сака благо но за тоа користиме мед или гроздов маџун. можно ли е да е од тоа? поздравче
     
  5. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Однеси го на Детска Стоматологија да го видат и ќе ви кажат што да правиш т.е можеби р недостаток на флур.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Забите се мијат од прв ден. Не се чека да пораснат сите. Најверојатно е почетен кариозен процес поради негрижа за оралната хигиена, а не е недостаток на флуор, посетете стоматолог. За мали деца моја препорака е Tooth mousse, го има во продажба на Европски Универзитет во Скопје, на факултетот за стоматологија. Инаку може да се набави само преку матичен стоматолог.
     
    На MacenceEna, Nova и joy1 им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    @Annath на нас ни се никнати две запчиња, ама не се целосно излезени. Да почекам да излезат убаво, па да и ги мијам. И со што? Со четкичка, паста? Ако може совет?
    И кога треба да се оди на прв преглед на стоматолог?
    Фала :)
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Миј ги со четка и со вода само, рано е за паста. Има четки што се ставаат на прст, како напрсток, а може и обична четка да земеш, има доста голем избор.
    За прва посета на стоматолог - најубаво кога ќе никнат сите заби, кај две, две и пол години, ама треба разговор со детето и подготовка за посетата. Ако има потреба, може и порано.
     
    На MacenceEna, An-na и zuto им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Фала ти Ана.
    Само уште ова... каде можам да купам таква четка како напрсток? Прв пат слушам за ова, а ми делува како многу практична работа.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Во аптеки има, така знам. Не сум купувала, јас директно почнав со обична четкичка да му ги мијам на малиот.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  11. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.314
    Изминатава недела интензвно се лигави и со играчки,глодалки, облека и сл. си ги дрпка непцата. Немаме ниту пролив, ниту темепратура, спие подобро од никогаш (пу пу да не ја подречам :lol:), ниту пак покажува нервоза. И првите запчиња лесно ги поминавме, се надевам и ова вторите без позначителни проблеми ќе излезат.
    Само се прашувам дали тоа интензивнто лигавење значи дека ептен наскоро ќе излезат? Се плашам дека ќе ме каса додека цица, оти со овие двете запчиња што ги има партали ме прави... а сега и одозгора и излегуваат :worried:
     
  12. * Zence *

    * Zence * Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    И ние да се пофалиме со првото забче кец горе лево, лесно поминавме без температура освен мала нервоза и тоа денес само, вториот кец е на повидок :clap:
     
    На ubavka1 и bambusce им се допаѓа ова.
  13. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Излезе и втората четворка, горе.
    Веќе имаме 8 запчиња.
     
    На anina, ubavka1, leona83 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Втората двојка горе ни наплати за сите досега. Неиздржлива е колку е нервозна и плачлива, денов мислам година ми трае.

    Уште одсега се плашам за тројките и четворките. :(
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  15. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Ние со кецовите и двојките лесно поминавме и за брзо време излегоа, едни по други.
    Ама четворкиве горе наплатија за се.
    Со првата затнат нос, 5 дена аспирација правевме, намален апетит од скоро една недела, нервозна беше многу, се во раце беше.
    Сега пак носот и тече, 3-4 ноќи не спие ич убаво, се врти, плаче, за среќа апетитот сега и е добар
    И образите и се жар црвени.
    Среќа што до сега не дигна температура, се надевам и за другите нема.
     
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Јас ги гледав во Дм, има на повеќе производители, најевтини беа на Babylove околу 150ден две во пакување. Еве како изгледаат:
    bild-babylove-zahnpflege--lernset-data.png
     
    На НаталиЛили, An-na и joy1 им се допаѓа ова.
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Мамички, многу мака видовме со запчињата последниве две недели. Има 8 запчиња кои излегоа во рок од 1 месец. Првото го извади на 4.5 месеци. Од тогаш не ни е излезено ни едно ново запче. Од време на време, кај тројката долу се забележува оток ама никако да пробие. Сега има 10.5 месеци и ни едно запче не и излегло во последниве 5. Не спие мирно, постојано е нервозна и ништо не ја расположува. Две недели се изнамачи и таа а богами и јас.
    Сум читала дека деца кои ги вадат првите заби порано, подоцна имаат мака со вадење на тројките и четворките. Сите масти ги пробавме и нема спас. Не знам до кога ќе трае ова ама многу е лоша
     
  18. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Сочувствувам со тебе.

    Последните 10 дена ми траат 10 години. ниту знам како да и угодам ниту пак таа знае што сака, а вади двојка горе. Страшна е.

    Јас од очај бев и на консултација со хомеопат и ги земав и гранулите на база на камилица дека многу мајки биле задоволни. Има разлика единствено што преку ден овие три дена ми спие по саат и пол, се друго е исто.
     
    На MacenceEna и anina им се допаѓа ова.
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Многу долго ми се виде. И син ми се мачеше со забите, па дури и температура креваше ама беше посмирен за разлика од ќерка ми. Максимум една недела имаше нервоза. Ова сега е претерано
     
  20. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Од што не успеавав никако да и ја видам горната вилица, јас убедена дека двојката само прави проблем. Двојката е скоро излезена ама денес ми се посреќи убаво да видам и има што да видам, горните две тројки пред пукање и се. :sweat:
    Е сега сум тотално во прашалници. Долната вилица нема абет за забче. И излезе првин доле кец, горе двојка, другиот ќец долу и двата ќеца горе едно по едно. И сега вади тројки горе?? Знам дека секое дете е различно ама ова баајги ме збуни. Има место за загриженост?

    @Annath твое мислење?