1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првпат на одмор со друштво

Дискусија во 'Слободно време' започната од Waka-waka, 6 јули 2010.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Годинава прв пат ќе одам на одмор со друштво. Колку и да му се радувам знам дека ќе имам и милион обврски кои овој пат ќе треба сама да ги исполнам и сама да се грижам за себе. Одиме во Охрид и едвај чекам. Па било каков совет во врска со првото летување без моите ми е добредојден. Однапред фала :)
     
  2. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Па најбитно постави си сама некои граници...
    Паази си го паричникот...
    Пази се од изгорениците(иако ова мене тешко ми успева) :lol:
    И пред се уживкај си затоа што меѓудругото за тоа си таму... ;)
    Убав провод! :*
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    не е до толку страшно не се секирај,само навечер заклучана врата,не се одделувај од друштвото,не гладувај :D ,пиење со мерка.ништо посебно
     
  4. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Прво и основно - внимавај на паричникот. Вакви глупости често ми се случуваат, дури кога бевме на излет на 1ви мај на еден другар му ги снема парите, па одма настанаа кавги... така што чувај си ги парите. Пази во длабокото :lol: и полека со игрите во вода (кои некогаш можат да бидат опасни). Не претерувај со алкохол за да докажеш на некому колку голема фраерка си, едноставно ако не ти се пие - не пиј. Внимавај на сонцето :sun: И убав помин ;)
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Распореди си ги парите за трошење. немој првите денови да се расфрлаш со пари, па последните денови да снемаш па да се доведеш во ситуација да позајмуваш пари. Затоа чувај си го паричникот и контролирано трошење. :!: Исто така, внимавај на мобилниот. Често пати се случува во таа гужва на плажа или во дискотека да ти го снема моб.
     
  6. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    И јас исто одам првпат со друштво и сваќам колку си возбудена, фала девојки за советите, се надевам дека ќе си поминам супер. Имајте добро и долго топло лето со љубов полно :*
     
  7. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    А што мислите која возраст е доволна за прв пат да одите на одмор со друштво?!
    Јас сум била, ама сепак имало еден возрасен, сега зборував со моите оваа година да одам во Охрид со другарки на седум дена, тие ми велат дека сум мала |( , ќе сум правела глупости. :^) Па добро, ваљда сум доволно зрела да знам да се контролирам, а со другарките и решивме дека може и родител еден да дојде со нас за да не надгледува колку-толку, ама моите запнале не :shake:, мала сум била, а ја во трето и четврто одделение бев сама на одмор со друштво и тоа надвор од државата, со еден родител(на другарка), а останатите ги пуштија, само мене не. Па баш ме интересира вие што мислите која возраст е доволна за прв пат сами да одите на одмор со друштво.
     
  8. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    49
    Нема ништо страшно во тоа одење сами на одмор. Секако ќе си пројдете поубаво и самата помисла дека ги нема родителите до вас ќе ве натера да се однесувате како возрасни. Мислам дека девојките побрзо созреваат па не би требало толку тие да имаат некој проблем на одморот (во смисол на алкохол-секоја вечер, или изводење глупости-за да се испадне фраер/ка). Ако се оди со познато и одбрано друштво се би требало да е во најдобар ред.
    Единствен совет како и од некоi погоре е грижа за финансиите!!! И не заборавајте дека иако родителите ве пуштиле сами и имаат доверба во вас дека сте веќе возрасни, HAVE FUN!!! :rofl: :rofl:
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Фала на сите за советите :)
    Пред неколку дена се вратив од Охрид и да ви се пофалам супер си поминав. Сум научила да се чувам и да бидам одговорна 8) А, за некое чудо и не изгорев на сонцето :clap:
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    И јас ќе одам прв пат сама. Со другарка во Фиренца, мх. :$
    За разлика од скоро сите на мое годиште јас не одам во Охрид преку лето. Криво ми е бидејќи таму паѓа особена дружба и спомени, но ќе надополнам за претходните две овој пат. :D
    Според мене најважно е разумно трошење на пари, и алкохол во нормални количини. :!:
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ме вративте назад 10год. Мојот прв одмор со друштво (не го рачунам оној одмор кога татко ми ме праќал преку феријално во оние летни кампови во Струга) беше од мојата прва работа. После 5 мес. работење си собрав парички и си го приуштив тоа задоволство. Преубаво беше, без многу лудувања, без дечко :D и алкохол во умерени количини :) супер си поминавме.
    Ах...убави времиња беа тоа ;)
     
  12. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Прв одмор со друштвото,и прв одмор после 5 години апстиненција од одмори. Струга,Еуротел,10 дена. Најдобро чувство,кога знаеш дека нема кого да слушаш да ти бае секој ден,уживаш,кога одиш во продавница не пазиш на секој денар. Сабајле станување,смеење уште од старт,кој се превиткал ко фетус,кој хрчи ко заклан,кој се испревртил ко шпагета,сите правец тераса,кафе и цигара. После тоа веце,миење,средуење,доручек(најчесто бурек) и правец плажа. Уживанции едно 4-5 саати,кој сладолед лиже,кој си земал ладно пивце,кој јаде палачинка,останатите читаат,слушаат музика или се во вода,се глупираат,се дават,скокаат,рипаат. Се враќаш во апартман,ручаш,се шеткараш низ хотел,или по можност доле на билијард/пинг понг,вечерта се купуе одредена количина на алкохол,се чила на лежалки,се расприкажуе кој шо како праел и колку не ни се враќа дома. И после назад у апартман,некои уше од старт преморени легнуваат,некои седат до сабајле,играат карти,се кезат или допиваат тоа што е останато. Мераци. Језда премногу алишта земав,пола од тие воопшто не ги облеков,памет за нареден пат,помалку алишта и малку повеќе пари.
     
    На pamelche, LittlePinky и Pink.Princess им се допаѓа ова.
  13. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Сонувам за ваков одмор верувајте ! И предложив на мајка ми таа ми вика аа и јас сакам :D
    Офф боже одма ми се скратува буџетот него ај и они се души нека одат нека видат живот цело време работат,парите не се проблем парите ги нема :D ,е сега со оглед на тоа дека сме тројца а едниот од нас прави матура оваа година :( се губи надежта,ама ај увек ја има барем малку,јас верувам во чуда! :lol:
     
  14. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Прв пат на одмор со друштво во Охрид кога бев 2 година средно. Сместени бевме во камп приколки. Мислам дека тие 12 дена си поминав најубаво. Плажата одма ни беше затоа и мислам дека повеќе спиев на плажа отколку во приколката бидејќи навечер повеќе шетавме отколку што спиевме :)
     
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Прв пат отидов на 15 години во Охрид 7 ноќи. Со друштво.Прекрасно си поминав.Моите имаа доверба во мене и ме пуштија.Всушност таа година моите имаа многу обврски и неможевме да одиме на одмор така фамилијарно и мене ме пуштија. :D Ќе останев уште.Не ми се враќаше дома. :lol:
     
  16. LittleBadGirl666

    LittleBadGirl666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    11
    Прв пат бев на одмор сама во Охрид на 17 год. Бевме 4ри другарки и си поминав најубавоооо, забава до бескрај, лудувавме, се забавувавме, се запознававме ,правевме циркуси ,зезање до небооо!
    Абее љепота 8)
     
  17. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    првиот одмор со друштво ми беше годинава :) :D требаше уште во 2012 летото да одиме,но тато и татко и на една моја другарка се заинаетија и не не пуштија,па и другите не одеа...плус и колеги се,комшии сме и сватоштиње(братучедот нејзин и братучеда ми моја се сопружници),па тие двајца нешто си се договарале кога оделе на работа,демек немало шанси нас две да не пуштат и ништо не бидна од работата,но затоа годинава појдовме и беше многу убаво. :)
     
  18. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Оваа година 8 дена во Охрид , 4 женски бевме во апартман. Однапред една од мајките ни резервира, зборна со газдите се беше средено , не пречекаа, услови имавме супер а и не плативме премногу. Се ценкавме малку. :lol: Договорени бевме за пари отприлика колку ке носиме, а интересното е што сите вративме пола пари, бидејки имавме однапред сите заедно берено пари, и од тие пари купивме се за јадење во тие 8 дена. Околу 4000 имавме однапред за јадење. Можеби не е некоја сума но се најдоа тие пари премногу. Тие пари ги беревме од почетокот на Јуни. Кога им го кажавме тоа на нашите прегорди беа.Една другарка имаше проблеми со нејзините но на крајот се се среди, ни ја пуштија во доверба. ;) И супер се покажа и таа и ние.

    Убаво си поминавме многу. Полно другари и другарки беа таму се гледавме, шетавме заедно, на плажа, но не и по дискотеки иако имавме штикли. :lol: Едноставно така спортски си излегувавме си шеткавме си кулиравме 8 дена..
    Супер си поминав имавме сите и по некоја летна авантура, многу познанства, многу кафиња со Охриѓани.. ;) :lol:
    За јадење се снајдувавме, готвачи станавме во 8 дена.
     
  19. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Е тоа уште не сум го пробала.Најголема желба ми е :)
     
  20. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    прв пат кога бевме не ни беше убаво но 3 пат беше лудооо и незаборавноо,но имаше некои граници поставено тоа не ми се допаѓаше :swear: :swear: :swear: