Преглед на градите. Каде?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од snezan4e, 16 јули 2011.

  1. kallias

    kallias Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    913
    Извини ама не си ме разбрала :!: , мамографија нели се вика целата процедура за преглед на градите? Јас реков дека одам на ехо и затоа ми беше чуден твојот став дека е штетно ехото, а во подоцнежните години се прави рентген како што веќе пишав погоре, така да до 30 година се прави само ехо на градите, а не рентген или мамографија, како сакаш речи го. Јас имам 26 год.и сигурно дека нема да се прегледувам на рентген, а и да сакам докторот те предупредува, така да тоа е , мислам дека разјаснив некои работи ;)
     
  2. RainBow

    RainBow Форумски идол Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    12.544
    Допаѓања:
    12.596
    Пол:
    Женски
    Па мамографијата е сосема друга процедура
    Ти тоа го пиша, затоа ме зачуди дека одиш на мамографија, а имаш 26 години. :)
    Мамографија над 35 години се прави. Ехото демек не е штетно, ама сепак е ултразвук. Зошто некој да се изложува на нешто ако нема потреба. Ајде ако не да се снимаме чисто превентивно. Нема смисла.
    Затоа си постои прегледот на градите сами што си го правиме како почетен чекор.
     
  3. momo

    momo Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Девојки јас имам 19 год и забележав на гратите т.е околу брадавицата имам мали внатрешни топчина сто можи да е тоа и дали смеам јас да појдам да направам таков преглед и дали тоа оди на приватно и колку се плака
     
  4. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    35
    сакам да прашам нешто,пупките на градите ми се вовлечени навнатре,а од левата страна како да има течено нешто па лушпа како да имаше и тоа одвреме навреме ме чеша неподносливо а немозам да го чешам токму на средината ,а пупките ми се наравени скоро и да ги немам ,бев на гинеколог и ништо не ми кажа само да отодам пак да ги видеи на ехо или да земе брис ако има пак нешто.Ако некој е запознаен со некој ваков пробле нека ми одговори зошто почнувам да се плашам ?????
     
  5. macii22

    macii22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    за ехо на гради мора матичната да ми даде упат или да одам кај матичниот гинеколог ???
     
  6. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    35
    кај матичниот гинеколог само
     
  7. Iva.T

    Iva.T Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    12
    се плаќа околу 1000 мислам, или 800.. тука некаде.. :)
     
  8. midnight.flower

    midnight.flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    990
    Здраво девојки и жени!
    Имам едно прашање: Дали некоја од вас била упатена на преглед на рентген, откако на ехо и е утврдено присуство на цисти во градата?
    Бев на преглед кај гинеколог, ми правеше ехо на градите, откри дека имам повеќе цисти во едната града (од кои две се околу 1см). Кога ми кажа што и како видел, а јас бев тотално неспремна да слушнам такво нешто, се исплашив и ми се блокира мозокот, па ништо не разбрав :( .

    Не ми даде упут за никаде, но ми рече дека не е лошо да си направам и преглед на рентген, да ги однесам наодот и снимките од ехото кај рентгенологот. Не спомна за каков преглед се работи (а јас, збунета, не ни прашав), не спомна никаква мамографија и сл. :( Потоа ми рече дека цистите ќе треба да се следат со контроли на секои 4 до 6 месеци. Го прашав: да доаѓам овде или на рентген за контрола? А тој рече: може и овде, а може и таму, како сакаш. :?: И сега сум тотално збунета. Што ќе правам јас на рентген? Мамографија (а имам 28 години)? Некаков друг преглед (се прави и некаков друг преглед на рентген?)? Или треба само рентгенолог да ги погледне снимките и наодот од ехото на градите кое ми го правеше гинекологот (демек за второ мислење)? А немам ни упат.

    Ќе се обидам утре да го добијам гинекологот на телефон, да го прашам ( :!: ако го добијам).

    Во меѓувреме, ве молам, ако некоја знае нешто повеќе на оваа тема нека ми пише.
    Благодарам.
     
  9. eva11

    eva11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    679
    треба а се обратиш на реген таму му спага и мамаографот и оди со овие снимки кај со се гледаат цистите а за упат ке ти препише матичниот
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    3.465
    Мамографија после 30-та год како прво а како второ не се плаши и не е ништо страшно. Скоро секоја втора девоја/жена има циста или фиброаденом.
    Цистите се јавуваат и губат. Ретко кога се оперираат или им се вади течноста од нив. Обично се следат да, на 4-6 мес. Појди кај матичен лекар не кај гинеколог (тоа не е негова стручност туку на онколог) да ти даде субспецијалистички упат за Клиника или некаде другде кај сакаш за преглед.
     
  11. midnight.flower

    midnight.flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    990
    Се консултирав со гинекологот (всушност со сестрата), и ми рече дека не се работи за мамографија туку повторно за ехо на града, меѓутоа на рентген кај радиолог. Радиолозите биле постручни за да кажат дали има нешто или не, за што треба да бидеме загрижени.
    Во мојов град, за ехо на рентген се чека со месеци, а бидејќи сум загрижена, ќе одам на приватно (но ќе почекам да ми дојде и да ми пројде - тогаш било најдобро). Потоа, за контрола - ќе си закажам на државно.
    Ми олесна кога ми кажаа дека треба да одам пак на ехо, за второ мислење. Се надевам ќе излезе дека се само цисти кои после бременост и доење сами ќе се повлечат (постои и таква опција, рече гинекологот), но и да не се повлечат, ќе треба само редовно да одам на контрола, на секои 4-6 месеци, за да се следи ситуацијата.
    Многу ви благодарам за поддршката, сега сум малку посмирена.
     
  12. artemis

    artemis Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    272
    Ти ќе си одиш на специјалист радиолог, кој ќе те види на ехо и ќе ти направи палпација (тоа е преглед со прсти). Доколку има потреба, ќе направи и мамографија (тоа е рентген снимање). И еве како совет, можеш да си закажеш во Воена болница, радиологот е добар, детално ќе те прегледа. Најди телефон од Воена, закажи си на телефон и појди. Нема многу да те чини, до 150 ден со сини картони, а докторот е супер. Поздрав и не се грижи за цистите. А направи си преглед да си бидеш мирна. Јас така направив и сега сум смирена.
     
  13. midnight.flower

    midnight.flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    990
    ^ Ти благодарам за советот. Јас не сум од Скопје, патот до Скопје ќе ме чини исто колку и приватен преглед овде, а и не ми се чека - сакам да знам на што сум, иако сум скоро сигурна дека се само цисти (како што ми кажа гинекологот - а тој важи за еден од најдобрите во регионов). Така што, ќе почекам да ми пројде циклусот и ќе отидам на преглед (исто така, кај добар радиолог). Веќе сум многу посмирена.
    Благодарам на поддршката.
     
  14. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Значи од мое искуство и од искуство на уште други две девојки, баталете ги државна и воена болница идете си правац во Систина кај др. Мите Караѓозов! Разликата е до тој степен што на едната девојка, ќе и ја исечеа градата (безпотребно) во државна болница!
    Караѓозов долги години беше во државна, но откако си отиде, не постои веќе соодветен кадар за преглед на градите. Единствено ехо може да си направите таму, зошто ехо си е ехо, а во Систина е многу поскапо.
    Мислам дека ќе ве чини 1000 и нешто денари, но доколку ви се проблем парите слободно јавете си се во Систина, прашајте колку е преглед кај др.Караѓозов и закажете си ако ви одговара.

    И пак од искуство, не си играјте со градите, други нека си играат :D Се зезам ама ете мене случајно дечко ми :$ ми откри грутка на десната града и оп.. фиброаденомче да ти било :)
     
  15. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    59
    Девојки, имам едно прашање до вас.
    Имам 22 години и никогаш не сум била на преглед на градите, мислам не сум имала ни потреба. Уште од поодамна си ги правам сама оние вообичаени тестови кога се туширам. Никогаш не сум забележала никаков израсток.
    Пред година дена почнав нагло да се дебелеам и доста накачив килажа и од неодамна приметив како едно делче испукани капилари на градите.На едната малку поголемко, на другата малку помалечко. Значи не грутче, не стрии туку баш испукани капилари. Прво си реков ај од прслукот затоа што на двете гради е на исто место. Плус си реков ај свиснале, здебелена сум па можда па од триење со прслукот незнам што. Така приметувам со топла вода кога се бањам како да се губат и после на поладно пак некако како поинтензивни ми се.
    Ве молам ако имате некое искуство или совет се би ми било добродојдено. Има простор за паника или? Пред да идам на лекар сакав да видам што мислите да не идам за џабе да не ми се чудат :D .
    Можда малку ми е глупаво прашањево али некако ме факја паника, па не замерувајте. :)
     
  16. Rozovka

    Rozovka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Здраво Феминки,

    сакав да ве прашам.. мајка ми нема здравствено осигурување а мора да оди на мамографија.. дали се овие цени сеуште истите, тоест 2000 денари за преглед на приватно или повеќе е? И пошто нема картончиња дали и треба упут и такви работи? Ве молам за брз одговор. Однапред ви благодарам :)

    http://www.femina.mk/out/?id=628200bb2d ... slugi.html

    и дали треба да се закаже, како оди таа процедура.. ?се што знаете ве молам пишете..
     
  17. sheis

    sheis Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    7
    колку се плаќа за преглед на градите да не знае некоја? :)
     
  18. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    461
    Минатото лето јас кога бев на приватен, беше околу 500 денари, зборам само за ехо на гради, за мамографија и биопсија е поскапо.
     
  19. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    12
    ЦЕНОВНИК НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

    Феминки може темава не е баш во ред но незнаев каде да пишам на која тема. Дали некој знае колку чини момографија ? Дали некој бил во ројал медика богданци на момографија?
     
  20. TheTeacher

    TheTeacher Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Сакам да прашам дали гинекологот може да ти направи преглед на гради (со раце без некоја посебна апаратура) иако се жалиш на чуден мирис на вагината најверојатно (кандида) и исто така зголемена чудна миризба во текот на менструален циклус? И иако имаш 23 години, и плус те прегледува без рацете на пациентот да ти бидат дигнати нагоре? Дали овие симптоми се причина за преглед на гради?

    Или пак едноставно сакал да и ги допира градите? :devil:
     

Сподели ја оваа страница