1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Нова сум на форумов, но си ги запишувам сите прочитани книги (се разбира без тие што ни се за на училиште) и датумот, па би сакала и јас да учествувам во ова.
    1. А, потоа - Гијом Мисо
    2. Што би правел јас без тебе - Гијом Мисо
    3. Honor thyself - Даниела Стил
    4. Чевлите на другата жена - Адел Паркс
    5. Гордост и предрасуди - Џејн Остин
    6. Вампирски дневници: Будење - Л.Џ Смит
    7. Крила - Даниела Стил
    8. Страв од летање - Ерика Јонг
    9. Шолја чај - Ејми Ефрон
    10. Тегобност - Жан Пол Сартр
    11. Првобитен град - Елмер Леонард
    12. Ништо не трае вечно - Сидни Шелдон
    13. Паѓањето - Албер Ками
    14. Степскиот волк - Херман Хесе
    15. Сидарта - Херман Хесе
    16. Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд

    Во 2011 год сум прочитала вкупно 47 книги (без тие за на училиште)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    За Април заборавив да напишам, па еве сега за Април и Мај.

    Април

    14. Улица - Славко Јаневски
    Интересна ми беше, ја прочитав, а и ќе ми биде лектира за некоја година. Уште една книга за детството на едно дете, за неговите размислувања, другари, училиштето. Ми се допадна една реченица која што ја кажа авторот (детето, главниот јунак во книгата) во врска со училиштето, вака некако беше: ,,Зошто да ги учам сите оние работи, кога нема да ми се потребни‘‘ :lol:

    15. Кога лисјата паѓаат - Р. Н. Ѓунтекин
    Ја имам дома и баш ја здогледав и пак ја прочитав. Приказната на повеќето ви е добро позната, сепак поразлична е од серијата. Неможев да издвојам ниту еден ептен позитивен лик, сите со предности и мани, сите со добри и лоши мислења.

    16. Минатото, сегашноста и бурната бурна девојка - (го заборавив името на авторот)
    Лесна книга и интересна за читање. Во почетокот ми беше глупава малце, ама натаму ми стана поинтересна. Ме нервираше кога ќе почне да зборува за едно, па се надоврзува со друго, па со нешто сосем трето, и забораваш што било првото. :D

    17. Индиго сино - Кети Кесиди
    МИ се допадна оваа книга. Исто лесна и брза за читање. Живот на една тинејџерка, со сите проблеми околу живеењето со еден родител и финансии. Интересна ми е оваа авторка па прочитав уште една книга од неа што ја најдов во библиотека.

    Мај

    18. Дизи - Кети Кесиди
    И оваа ми се допадна. Исто за тинејџерка која живее со татко и‘ и нестрпливо ги чека пораките и подароците од нејзината мајка која е хипик и постојано оди по фестивали. Еднаш оди и ја зема ќерка и со себе и заедно патуваат... Лесна и брза за читање. :)

    19. Вљубени девојки - Џеклин Вилсон
    Малце беше мутавка, ама пак книга за три тинејџерки кои очајно си бараат момчиња. Се преплетуваат во лаги, но на крај нели, се се решава. Има и продолжение ама неможам да го најдам во библиотека.

    20. Љубов и бакнежи - Џин Ур
    И во оваа книга истите проблеми околу тинејџерка. Си наоѓа момче, но погрешно. Тоа не го гледа во почеткот, но сите ќе се обидат да ја однесат на вистинскиот пат.

    21. Бакнеж - Џеклин Вилсон
    Сакав да ги прочитам сите книги од една од полиците во библиотеката. Прочитав некои (тие погоре), ама веќе ми станаа монотони и досадни, бидејќи во сите се слични, скоро исти проблемите на тинејџерки. Оваа беше малце поразлична, ама дефинитивно следното одење во библиотека ќе одберам нешто друго. :D

    22. Ана Каренина - Л. Н. Толстој II
    Во Март го прочитав првиот дел, беше поделена на два дела, а овој месец вториот. На место број 1 ми е од сите прочитани книги. Ми се допаѓа и времето и местото за каде што се зборува. Се обидов да научам по некој француска фраза, ама ништо. :lol: Ана има многу специфичен карактер. Еден од попозитивните ликови ми беше Левин и Кити. Ептен ми беше мило за нив.
     
  3. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    И една заборавив прееска, се брзав

    23. Антигона - Софокле
    Не ми остави посебен впечаток, незнам зошто. Ми ја дадоа на подарок. Ќе ја прочитам пак за некоја година, можеби ќе ја сфатам подобро и ќе ми биде поинтересна. :)
     
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.531
    Допаѓања:
    28.692
    Пол:
    Женски
    Имам заостанато така доста.
    Април
    18.Препушти се-Сара Десен
    Книгава можеби е лесна чик литература, ама предобра ми беше, не знам, има толку мисли што стварно ќе те замислат.
    19.Колиба-Вилијaм Пол Јанг
    Искрено за мене беше потешка книга за сваќање, исполнета со религиозна тематика,иако беше доста мудра, што знам не сум многу по вакви книги, а интересна приказна има, ама пре спора ми беше.
    20.Pretty Little Liars-Сара Шепард(1 дел)
    Си ја симнав од нет, на англиски е, и онака лесна книга,Сара си е одлична, ама книгава не беше ништо поразлична од серијата.
    21.Некој како тебе-Сара Десен
    Искрено за оваа писателка немав слушнато, ама секоја чест :clap: :bow: И пак ќе се повторам лимонатка, ама вредеше да се прочита.
    22.Подмолна убавина-Ребека Џејмс
    Ова не беше книга, ова беше книгиште!Роман кој што е исполнет со неизвесност, драма, па дури и трилер моменти.Што може една другарка да ти направи, и понекогаш колку и да бегаш од темното минато, тоа успева да те следи.
    23.Чокохоличарка на диета-Керол Метјуз
    Чик литература, не ми беше нешто по желба ама ете ја прочитав.И занимлива беше онака, ама 400 страни за оваква тематика,повторно не би.И морам еве да споделам една мисла на која што си се насмеав слатко:
    Оној што ви кажал дека парите не можат да купат среќа, очигледно не трошел на чоколади!
    24.3 метри на небото-Федерико Моча
    Тематиката позната, книгата далеку подобра.

    Мај

    Слабо читав месецов, ме утепаа обврски.

    25.А потоа-Гијом Мисо
    Aко овој писател не ве остави во мисла,тогаш не знам.Предобра книга, напната, неизвесност=нешто што не смее да се пропушти.
    26.Смртно вљубена-Федерика Боско
    Писателкава ја претставуваат како Италјанската Бриџит Џонс.Книгава смешна си беше, интересна,ама ништо посебно.
     
  5. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    8.304
    Пол:
    Женски
    23.Полноќна палата-К.Р.Зафон
    Дејството е сместено во Калкута во 1930-те години. Полноќна палата започнува една темна ноќ кога еден Англичанец ќе се бори да го спаси животот на две мали близначиња, Бен и Шер од неопислива закана. Покрај монсунот, постојаниот дожд по улиците, Англичанецот се обидува да ги заштити бебињата, но по цена на неговиот живот.
    Многу години подоцна на ноќта кога Бен и Шер полнат 16 години мистериозната закана се враќа во нивните животи.
    Овојпат можеби ќе биде невозможно да се избегне. Но со помошта на своите храбри пријатели, близнаците ќе се спротистават на теророт којшто ги набљудува од сенката во ноќта и ќе се соочат со најстрашното суштество во историјата на градот на палатите.

    ајде уште една од Зафон...инаку до 100 страна сум и интересна е многу
     
  6. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    13.Последниот харем-Петер Пранге
    Го читам вториот дел,бидејќи првиот го немаше во библиотека,и некако тешко ми да се вклопам во целата приказна.Се работи за вистинска приказна на две пријателки,сестри Фатима и Елиса кои по растурањето на харемот сите нивни соништа стануваат кошмар
     
  7. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    13. „Чокохоличарка на диета“-Керол Метјуз

    14. „Дневникот на една дадилка“- Ема Меклафлин и Никола Краус

    15. „Роза за балерината“- Лурлин МекДаниел

    16. „Сенка на ветрот“ - Карлос Руиз Зафон
     
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.644
    Јас само да ве поздравам и да ви кажам дека досега ги прочитав Мајсторот и Маргарита - Булгаков, Разговор со Спиноза- Г. Смилевски, Љубовна бајка - Никола Ликов ( романот го напиша еден многу добар пријател на тато, па да го пофалам дека се работи за еден прекрасен и малку чуден човек. ), Евгенија Гранде -Балзак, Приказни за обичното лудило - Буковски и Името на розата на Умерто Еко ( за Еко дознав тука, посебно Теодора многу убави работи имаше напишано за него. Нели Венко наш го имитира? :^) ) За сите имам многу да кажам, но ќе ме разберете... матурска и сл. Ќе се раздужеме :D

    Прочитав еден том Улис на Џејмс Џојс. Генијален роман и никогаш досега не сум сретнала ваков стил. Преголем залак за мене, дефинитивно, бара огромно познавање книгата и затоа решив да ја оставам за по неколку години. ( оваа не се важи)

    Поздрав и пријатни читачки моменти :f:

    [​IMG]
     
    На Saraa, Theodora и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    56.309
    Пол:
    Женски
    Магнолија прими една честитка од мене. Затоа те немало на форумов тебе. :D

    Инаку, и јас откако се запознав со Умберто Еко помислив дека можно е Венко да се инспирирал од него. Ама ги сакам Папокот и Вештица премногу за да го искористам изразот "имитира". :D
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.644
    Баш затоа дека многу го љубам Венко, ова малку ме разочара :(
     
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Супер идеја за да се мотивираме да читаме што повеќе оваа година. Јас малку покасно се уклучувам и гледам дека заостанувам (обврски, оправдано), ама ветувам дека ќе ве стигнам :lol: Еве го мојот список сега за сега
    1. Вештица - Венко Андоновски
    2. Чуварите на книгата - Џералдина Брукс
    3. Каменот од твојот ден - Јагода Михајловска
    4. Писмата на Саманта за Џенифер - Џејмс Патерсон
    5. Во името на предците - Тес Геритсен
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Си поставувам за предизвик за месец дена барем 10 книги да прочитам.
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    11. Кобен час - Габриел Гарсија Маркез
    Ова е прво дело што го читам од авторот, сакав малце да сменам од тој жанр на кој навикнав да читам и го земав овој кој е налик нив, но е далеку поразличен во начин на пишување. Искрено, книгава ми беше многу досадна, на моменти на страна-две, ме дигна, и цела книга спиев од досада. Значи приказната е следна: во едно мало градче во Колумбија во кој секој со секого се знае се рашири една блест, ширење на памфлети, писма во кои се пишуваат трачеви за жителите на тоа градче, што вистини, што малку извитоперени луѓето иако одбиваат да веруваат во нив, им се менува сликата за личностите за кои е напишано. Имаше луѓе за кои такво нешто не е напишано, па се сомневале дека можно е тој да биде, и врти се во круг. Берберот, забарот, трудната жена, дејството во затвор кај што е Цезар единствено тоа ми беше така занимливо. Стварно многу досадна книга. Сум читала страшно добри критики за авторов, се надевам дека следното дело ќе побуди повеќе интерес кај мене. :|

    12. Славни во смртта - Нора Робертс

    Добар крими роман, поврзан со романот `Голи во смртта`. Ив Далас е доста остроумен детектив/инспектор, женски облик на Херкул. Ми се допадна романов, али не повеќе од овој погоре спомнатиот, во тој имаше повеќе страст опишано, и повеќе експлицитни сцени, а и начинот на умирање беше поморбиден. Не дека и овој не беше. :D
    Ми се допаѓа неизвесноста на крајот, и таа борба, во која сепак подобриот победи. Т.е убиецот отиде во неповрат.

    13. Празникот на розата - Инду Сундаресан

    Овој роман е продолжение на `Дваесеттата сопруга`. Обожавам историски романи, посебно нешто што има врска со историјата, а не целосно измислена приказна и само бујна имагинација на авторот. На крајот на книгата видов дека има доста историски факти, некои настани се измислени, некои пак поведени од некои историски документи, нејсе стварно одличен роман, сакам и третиот дел да го читам. Станува за Мехруниса, обична сиромашна девојка, ќерка на Гијас-бег, родена во пустина во сиромашно семејство кое сакало да ја остави како бебе затоа што не можеле да је прехранат, но некако судбината им ја врати, и оттогаш сфатија дека девојчето е посебно. Така и биднало, станала царица Нур Џахан, жена на Џахангир. Има опишано многу начини и тактики за тоа како децата го предавале таткото за да го земат престолот, а женава е втора Хурем во книгава, само далеку попаметна од оваа што ја споменав. Остроумна, знае како да се постави и во најтешка ситуација, умее со мажи, има добар речник, тактична е, заслепувала со убавина дур и кога остарела, се занимавала со државнички работи. И на крај всушност се гледа како настанал Таџ Махал, една од најграндиозните градби во светот, што се вбројува во 7те светски чуда, во Индија.
     
  14. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    13. „Нему едноставно не си му важна“ - Грег и Лиз (не ми текнува на презимињата)
    Книгата упатува на моменти кога ние девојките се залажуваме дека децкото со кој сме излегле не ни се јавил затоа што нешто се случило а всушност нему баш и не му значиме, тоа е фактот што го доближува до нас авторот. Не е нешто посебно книгата само што понекогаш можеби не сакаме да ја прифатиме вистината, а авторот се потрудил да ја каже вистината колку ние и да не сакаме да ја прифатиме.
    14. Во лов по Хари Винстон“
    Почнав да ја читам па ке раскажам од кога ќе ја прочитам.
    П.С.. Баш ми е жал шо изостанав со чтањето, ама ке се потрудам да стигнам до крајот на годината ;)
     
  15. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Немав нешто посебно време па не се многу книгите од овие 2 месеца.
    Се надевам летово поактивна ке сум со читањево :)

    Април


    11. Игра со ѓаволот – Шерилин Кенион
    Ја зедов англиската верзија онака, сосем случајно...
    Но беше прочитана без прекин, и едвај се воздржував кога морав да ја испуштам од раце...
    Боговите од грчката митологија живеат во 21 век. Тој груб, суров и без чуствителен, таа нежна, мила и полна со љубов. Тотално незамисливо 2 различни света да се соединат во еден и единствен.

    Прекрасен роман, кој ме остави без здив. Возбудлива и необична приказна која нема да ве остави равнодушни, не ме остави ни мене.

    „Дури и човек кој е проколнат, може да љуби и да биде сакан.“


    12. Буре барут – Дејан Дуковски
    Драма која е светски позната. Ја најдов на нет и ја симнав...
    Ми се допадна премногу, секоја сцена со своја приказна а сите кон иста цел...
    Интересно е прикажан македонскиот живот.



    Мај

    13. Во прво лице – Разговори со Владимин Путин
    Интересен роман, кој го разкажува животот на Рускиот претседател Владимир Путин.
    Како израснал, како стигнал до своите цели. Колку го сакал каратето и борењето. Изјаснати се и најсреќните и најтажните моменти од неговиот живот.
    За него зборува и неговото семејство и неговите професори.


    14. Јелена жената која ја нема – Иво Андриќ
    Една од најдобрите негови книги. Интересна, лесно читлива... Дирлива приказна која допира до срцата.

    „Ali, prolece je. Opet prolece. Bogat sam, miran, i mogu da cekam. Da, niceg nije bilo I niceg nema, jasnog sigurnog, al nista nije ni izgubljeno ili iskljuceno, nepovratno I potpuno. Znam da u svetu ima mnogu napola otvorenih prozorca u koje kuca prolecni vetric, suncevih odblesaka na metalu I u void, praznih sedista u kupeima, ustalasanih povorki I obasjanih lica u prolazu. Slutim I hiljade drugih nepoznatih mogucnosti I prilika. Znam da se svuda I svagda moze javiti Jelena, zena koje nema. Samo da ne prestanem da je iscekujem!“
    (ако го преведев мислам дека ќе ја изгубеше смислата и затоа го пишав како што го читав ;] )

    15.Последната конкубина – Лесли Даунер
    Кинеска приказна која воопшто не ми се допадна.
    Ја дочитав колку за да не ја оставам, поради што немам навика да оставан недочитани книги.
    Едно 11 годишно девојче е ибрано да биде конкубина на шонгунот и да му
    раѓа деца.
    Единствено интересно ми беа обичаите, нови досега несретнати.
    Ништо посебно, дури и глупава ми беше... Читав отсутно

    16. Шагринска кожа – Оноре Де Балзак
    Не ја читавме во средно и немав прилика да ја прочитам. Сега ја задов намерно, бидејќи слушав многу пофалби за книгава и морам да кажам дека просто ме воодушеви.
    Ме фасцинира, ме натера да размислувам... Како едно парче кожа ти пружа исто колку и што ти крати.
    Книга која навистина ме промени во многу погледи...
    Прекрасно!
     
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    14. Белиот чад - Оливера Николова

    Во книгава се опишани животите на Димитар и Вентор, двајца избеглици од законот кои се вдомуваат во една викендица во едно село во Западна Македонија (а ја све мислев во Струмица). Секојдневието им е штуро и постојано се повторува, си земаа едно пријателче по име Амет-Аце (the dog), и човек што им носи вести од градот. Изолирани се за да никој не се посомнева во нив, но баш тоа ќе му засмета најмногу на албанецот Вентор кој ќе почне да им помага на жените во еден манастир близу нивната куќа, чисто за да се оттргне од досадата. Притоа ќе и помогне на Јањица која е единствениот женски лик околу кој се врти целата приказна во романов. Оваа жена ја има изгубено својата ќерка во Бугарија, преку ланец за трговија со бело робје, и го замолува Вентор да и помогне да ја откупи, но во тоа не успеваат. За цело тоа време додека Вентор го нема, Димитар е загрижен бидејќи и Јањица која е од истото село, ја нема, и се сомнева дека можеби се заедно. Чудно е како во романов сите изгубија памет по женичкава, која околината ја смета за радодајка, но таа единствено што прави е да бара чаре за да си ја спаси ќерката.
    Оваа приказна ја опишува Димитар пред инспекторот, бидејќи е донесен на распит во полициска станица, затоа што е откриен поточно поткажан од еден друг лик во романов.
     
  17. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    8.304
    Пол:
    Женски
    24.Aјнштановата девојка-Филип Сингтон
    Нежна, интелигентна и на моменти провокативна приказна, која не е само еден обичен трилер! Приказната нѝ претставува двајца луѓе кои се во потрага по вистината и надежта во еден свет исполнет со омраза, војни и предавства! Во тие моменти вљубените се фатени во бурата што ја испишува историјата.
    Провокативен наслов, барем доволно колку да ви го привлече вниманието и да ве втурне во потрага по овој роман.
    Во прв момент се упатува на тоа дека овој роман на Филип Сингтон, сместен во 30-тите години, е инспириран од тајните писма на славниот Алберт Ајнштајн, најголемиот ум на дваесеттиот век, пишувани до неговата прва сопруга.
    Замислете тоа била српската математичарка Милева Мариќ. Но колку подлабоко навлегувате во приказната толку повеќе приказната се проширува.Тука е и Мартин Кирш, психијатар, кој го прифаќа случајот со младата девојка која е пронајдена, без свест, во шумите близу до Берлин, и со изгубено помнење. Мартин ја познава од кратката романтична средба која ја имал со неа, па поради тоа се чувствува должен да го прифати случајот. До неа бил пронајден и леток со кој се најавува најновото предавање на Ајнштајн.Истрагата на Мартин го води до неверојатни докази! Му ја открива врската и поврзаноста помеѓу "Пациентот Е" и Алберт Ајнштајн, највлијателниот непријател на Нацистите.
    Верувајќи дека Ајнштајн можеби го држи клучот со кој би се ослободила меморијата на пациентот, Мартин навлегува во мрачниот живот на физичарот, оформен според верувањето дека со помош на мудроста доаѓа добрината.Тоа што го открива е неверојатно, всушност како и животот на Ајнштајн!
     
    На Alegriaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    15.Подарок-Даниела Стил
    Со книгава сум некаде до пола и ми се допаѓа барем за сега.Се работи за двајца млади,кои различните судбини ќе ги доведат да бидат заедно.Книга за семејните врски,и добрите и лошите судбини на истите.
     
  19. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Малку сум зад вас, но сепак ќе ви се приклучам! Ќе ги исклучам од листава делата што ги читав онлајн, и поезијата. Делата кои што ќе ги запишам со англиски наслов се дела што ги читав на англиски :)

    1. Something borrowed - Emily Griffin
    Уште една љубовна драма, ама баш ми се допадна. Сплетките помеѓу две најдобри другарки, едната малку посрамежлива и поуспешна од таа која што не се плаши да го истакне, ако не и преувеличи, тоа што го има (а понекогаш и тоа што го нема). Искрено, цело време бев на страната на Рејчел, се пронајдов во некои делови од неа.

    2. Збогум мои петнаесет години - Клод Кампањ
    Колку убава приказна за првата љубов! Не можев а да не се сочувствувам со Јан, а воедно и да не му се восхитувам, нему и на неговата решителност и зрели одлуки!

    3. Pride and Prejudice - Jane Austen
    Дефинитивно еден од моите омилени романи. Си го сакам ова време, кога најголемата грижа на една девојка била да биде убава за да си најде богат сопруг. И покрај целата гордост и сите предрасуди, правдата излезе на виделина и тоа е нештото што најмногу ми се допаѓа за оваа приказна (покрај привлечноста на господин Дарси).

    4. Седум дена за вечност - Марк Леви
    Очекував многу повеќе од овој роман, но сепак ми се допадна, а и ме насолзи. Особено ми се допадна параграфот што Жил и го кажа на Софија на страна 58. Интересна борба против доброто и злото, за на крај само да се дојде до заклучок дека ни едното не може без другото.

    5. Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди
    Вистинска приказна што едноставно ме трогна! И ме остави убедена дека навистина, се што се сака се може. Најважно е нештото навистина да се сака, па ќе успееме, колку и да е невозможно.

    6. А потоа... - Гијом Мисо
    Убедливо, крајот ме изненади, не можев тоа да го предвидам до последните неколку глави. Убава приказна, но не ме воодушеви. Не ми се допадна стилот на пишување.
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    6. Интимните животи на Пипа Ли - Ребека Милер

    7. Танц со Ева - Алан Џад