1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. nikname

    nikname Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    7.Парада на марионетките-Евгениј Хоуп
    8.Еднаш во животот-Кети Кели
    9.Крај реката Педра седев и плачев-Пауло Коелјо
    10.Смртта на Иван Илич-Толстој
    11.Мирисот на твојот здив-Мелиса П.
    12.Клетници-Виктор Иго
    13.Странецот-алберт Ками
    14.Малиот Принц-Антоан де Сент
    15.Гордост и предрасуди-Џејн Остин
    16.Коцкар-Ф.М.Достоевски
    17.Московска сага-А.Д Милер
    18.Руска зима-Дафне Калотеј
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    16. Паднати ангели - Нора Робертс

    17. Три жени - Марџ Пирси


    Во овој роман станува збор за 3 жени во едно семејство, баба, мајка и ќерка и се опишани нивните реакции на секоја посебно, во одреден chapter за некоја случка; или пак нивниот живот во минатото и работите со кои се занимаваат во еден ист период. Беверли, бабичката добива мозочен удар и Сузан, нејзината ќерка ја зема под нејзина закрила во нејзиниот дом и се грижи за нејзе. Елена е ќерката на Сузан која била многу проблематична во нејзините тин години, не е ништо поарна и потоа, се плетка со женети мажи, прави непромислени работи, живее сеуште wild life, живее на сметка на мајка и откако ќе остане целосно шворц.
    Интересен роман, се чита во еден здив, па нека бидат и два. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • tri.jpg
      tri.jpg
      Големина на фајлот:
      19,4 KB
      Прегледи:
      501
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Сум заостанала на темава. Ама, таков период ми беше што не ми се читаше. Ги земав од Коелјо „Ангелот чувар“ и „Вештицата од Потробело“ , ама не ги прочитав. Кога и да пробував да читам, очите само ми се вртеа лево десно низ редовите, а ништо не сфаќав. И да се потрудев да ги прочитев, немаше да знам што прочитав. Затоа, решив дека подобро ќе биде да не читам, оти ако читам ќе го правам тоа само механички. Туку ај, стигнав до 6 книга, сега еве 7, 8 и 9.

    7. Петтото дете - Дорис Лесинг
    Добра книга, ама си мислев дека ќе биде нешто извондредно со оглед на тоа што имала добиено Нобелова награда во 2007 година.
    Приказната е за Дејвид и Хариет, маж и жена со застарени сфаќања, чиј сон е да имаат големо семејство со многу деца. И кога Хариет забременува со петтото дете, таа има огромни болки. Се раѓа детето и тоа всушност се однесува како чудовиште, а не како дете. Па така, сите гости кои им доаѓаа за распуст и празници веќе престанаа поради Бен.
    Добра е книгава, ама како што реков, ништо посебно, ама сепак - good point.

    8. Прашања и одговори - Викас Сваруп
    Книгава ја прочитав за два дена.
    Всушност, очекував дека ќе биде убаво дело поради тоа што филмов го вбројувам во еден од омилените.
    Книга полна со описи за сираците од Индија. Ама, сепак, прекрасно дело.
    Исто така, се опишува и животот на богатите, т.е. тамошните филмски ѕвезди, каде Рам може само да биде слуга.
    Најубав ми беше крајот, кога тој дознава дека девојчето е од лепенките Гадја е всушност неговиот адвокат. И сега не ми е тука книгата за да цитирам (оти ја вратив), ама ќе пробам со мои зборови:
    Гадја „Кога ти реков дека мене треба да ми ја кажуваш вистината, ти ја сврте паричката и зашто беше глава почна да ми раскажуваш, па така дозна за мене. Што ќе беше ако беше писмо?“
    Рам Мухамед Томас „Па, затоа реков дека ми е среќна паричка“ и и ја подава на Гадја, и таа погледнува дека паричката нема писмо, туку две глави од двете страни.
    Не е воопшто тешко дело, лесно за читање, ама извонредно - топло го препорачувам.

    9. Тринаесеттата приказна - Дајан Сетерфилд
    Прекрасно дело.
    Маргарет Леа пораснува во нивната книжарница (антикварница за книги), каде што чита многу книги. Но, кога има 10 години, мајка и’ и татко и’ прв пат ја оставаат сама дома и таа наоѓа документи - изводи, венчалница. Го погледува нејзиниот извод, а потоа наоѓа друг - сосем исти родители, исто место на раѓање, иста дата - ама различно име. А потоа го наоѓа погребалниот лист. Така, таа дознава дека имала сестра близначка која умрела на денот на раѓањето.
    Инаку, Маргарет добива писмо од познатата писателка Вида Винтер која ја моли за да и’ напише биографија.
    И така, Вида Винтер и ја раскажува целата вистина за нејзиниот живот.
    Таа се претставува како Аделин, но всушност никогаш кога зборува за неа, не зборува со “јас“ . Потоа излегува дека таа всушност е роднина т.е. полусестра на близначките.

    Прекрасно дело кое се чита само во еден здив. Го препорачувам на сите.
    Дело кое успева да ти се зарие во мислите. Цело време мислам на книгава, како да се внесов во приказната.
     
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.531
    Допаѓања:
    28.692
    Пол:
    Женски
    Јуни

    27.Ангелот Чувар-Пауло Коелјо
    Си го сакам Коелјо, како и неговите книги, па така и оваа.Интересна автобиографска приказна, за тоа како сите си имаме свој ангел чувар.Интересен развиток на настаните, занимлива во главно.
    28.Дали ме чекаш?-Гијом Мисо
    Магична приказна, и доста интересен начин на приказна за патување во минатото, иако нели содржината е предвидлива, сепак има нешто што ја прави поразлична.Сепак од Гијом Мисо имам читано подобри книги.
    29.P.S. I love you-Сесилија Ахерн
    Ја читав на англиски,бидејќи не ги љубам многу многу нашите преводи.Книга која што допре до мене, со неа се смеев, а со неа и плачев.Иако навидум ми беше развлечено дејството, добра книга за летните денови.
    30.Принцот на маглата-Карлос Руиз Зафон
    Од дамна сакав да читнам нешто од Зафон, ама се нешто друго ми го привлекуваше вниманието.Ама книгава е мистериозна, мрачна, интересна :o Иако на половина книга предивидов некој настани, ми се допадна исходот и посакувам да прочитам уште некое извонредно дело од Зафон.И морам да споделам еден цитат што ми остави впечаток.

    ...Човечкиот живот главно се дели на три основни периода.Во првиот, човекот дури не ни помислува дека ќе остари, ниту дека времето поминува, ниту дека од првиот ден, во кој се раѓаме, одиме кон еден единствен крај.Кога поминува првата младост, почнува вториот период, во кој човекот ја сфаќа кревкоста на сопствениот живот и, тоа што сопрво е само немир, расте во него како море од недоумици и неизвесности што ќе го следат до крајот на животот.Најпосле, на крајот од животот, почнува третиот период, оној во кој се прифаќа стварноста и, сообразно на тоа, резигнација и чекањето...

    31.Шепнувачот-Донато Каризи
    Каков трилер :clap: Искрено од писателов немам ништо прочитано и случајно книгава дојде во моите раце.Не можев да ја оставам, ме држеше во неизвесност, непредвидлива до самиот крај, толку многу теории ми се свртеа во главата и ниедна успешна.На моменти премногу мрачна, ме остави згадена од неколку делови, ама предобра!Нешто што ќе ме остане во сеќавање и ќе ме дрма уште долго време.

    32.Те Посакувам-Федерико Моча
    Почетокот слаб, не ми се читаше, ја влечев и ја влечев, ама после 100 страни стана занимлива па си реков да и дадам шанса.Слаба ми беше, крајот не ми се допадна, ја дочитав само бидејќи сите книги ги читам до крај.Мислам дека и самиот филм ќе биде подобар од книгава.Не ми се допадна, многу просечна.
     
  5. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Ќе ве стигнам јас, ќе видите! ]:)
    Не, мајтапот на страна, не верувам дека ќе го дозавршам предизвиков, иако толку многу сакам. Некако, низ второ полугодие бев повеќе настроена да поправам некоја оцена (иако нешто не ми успеа), сега ќе пробам додека сум на распуст да надоместам нешто со книгиве.
    Од јануари на листава на прочитани книги се најдоа:
    1. Јади, моли се, уживај- Елизабет Гилберт
    2. Калуѓерот што го продаде своето ферари- Робин Шарма
    3. Калеш Анѓа- Стале Попов
    4. Принцот на маглата- Карлос Руиз Зафон
    5. Гревот на нејзината мајка- Милица Јаковлјевиќ
    6. Руска зима- Дафне Калотеј
    7. Вероника реши да умре- Паоло Коелјо
    8. Крајот на една љубовна приказна- Греам Грин
    9. Играта на ангелот- Карлос Руиз Зафон
    10. Во Словенечките гори- Милица Јаковлјевиќ
    11. Ќерката на чуварот на спомените- Ким Едвардс
    12. Марина- Карлос Руиз Зафон
    Почнав со читање и на Ана Каренина - Лав Н.Толстој и на Гордост и предрасуди - Џејн Остин, но набрзо се откажав. Од библиотека ја имам земено и Папокот на светот- Венко Андоновски, деновиве ќе почнам со читање. Моментално ја читам Куќата на Ривертон- Кејт Мортон, ама страшно ме потсеќа на Руска зима, иако немаат врска една со друга.
     
  6. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Јуни

    24. Хари Потер и Каменот на мудроста - Џ. К. Раулинг

    25. Хари Потеp и Одајата на тајните - Џ. К. Раулинг

    26. Хари Потер и Затвореникот од Азкабан - Џ. К. Раулинг

    27. Хари Потер и Пламениот пехар - Џ. К. Раулинг

    28. Хари Потер и Редот на фениксот - Џ. К. Раулинг

    Ги прочитав 5-те дела, а овој месец ќе ги читам и шести и седми. Прекрасни книги. Браво за писателката, има многу убави описи и веднаш се чувствуваш како да си таму. Филмовите не сум ги догледала сите, ама книгите се 1000 пати подобри. Најинтересна ми беше Редот на фениксот (а и најголема :lol: ), можеби затоа што последно ја прочитав, битно нема некоја утната. Авторката завршила добра работа. :lol:
    :)
     
    На Miss-Angie92, Hayley, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.644
    17. Уткини соседи - Божин Павловски

    Како што си ветив, повторно прочитав нешто од Павловски. Овој пат ја обработуваше битовата тематика и животот на стариот војвода, за кој велат дека намерно живее толку долго колку да си уништи големата слава. Романот е наменет за староста и осаменоста, како и за животот на едно селце со сите негови итриги. Профилот на ликовите е многу добро разработен и во секој од нив може да се намириса - македонецот.

    18. За љубовта и другите демони - Габриел Гарсија Маркез

    Книгата ја добив како подарок и многу се радувам дека ќе ја имам дома. Шо да ви кажувам за Маркез... мислам дека ради него пак ми се обнови несоницата :D Невозмошно е да читаш нешто од него и да не размислуваш на неговите приказни цело време. Какво е тоа перо бре, каков ум може толку вешто да измислува?
    И знаеме, дека Маркез е многу безобразен. Темата е љубовта помеѓу дванаесет годишно девојче и триесет и шестгодишен свештеник. За чудната Марија со најдолгата црвена коса, на која омилено јадење и се очите и тестисите на прчот, за нејзиниот темперамент, но и неверојатната грациозност. Напишал приказна која би требало да ја оправда љубовта и покрај сите правила и вери, како и преминувањето преку самите себе. Една од најромантичните што сум ги прочитала до сега.
    Мислам дека се заљубив во латинскиот народ поради него, во книгата се чувствува нивниот дух. И плус имав прекрасна дружба со преведувачот бидејќи не штедеше на фусноти.

    19. Животинска фарма - Џорџ Орвел

    Делото кое со 1984 му донесе голема слава на Орвел, а не без причина. Книгата е сатира, чија приказна е преставена преку карактеристиките на животните. Невозможно е луѓето од разни слоеви да не се препознаат во нив. Дури на моменти е и смешно. Кој е магаре има поздрав од мене :D
    Преставува критика на социјализмот како и лажното пропагирање на т.н единство, на брилијантен и оригинален начин.
    Одкога животните решаваат да се побунат и го нападнале својот газда-пијаница, започнале тие со своја управа, каде основно правило била еднаквоста на животните. Но и покрај тоа, свињите како најинтелигентни се издвоиле и почнале да уживаат поголеми права од другите. Но, постоело поделба и помеѓу нив, нешто симболично на партиите. По менувањето на другите правила, стапило и онаа, познатиот цитат дека сите животни се еднакви, но некои се повеќе еднакви од другите.
    Орвел истакнал дека еднаквоста е невозмошна, зашто какви мерки и да се употребуваат, сепак луѓето се делат на паметни и глупи, убави и грди, себични и наивни, лакоми и вредни...

    20. Гласот на планината - Кавабата

    Се изненадив кога дознав дека романот е добитник на Нобелова награда, зашто мене воопшто не ми се допадна. Ајде да кажеме дека можеби е до преведувачот или енергијата на авторот едноставно не ми одговара. Сепак, прочитав многу добри критики за Кавабата и имав високи очекувања, затоа толку и се разочарав. Сиромашни цитати и беден обид да се направи нешто од соновите, да се вметнат во сижето на романот.
    Овде ни далеку не е добро разработена староста на Шинго, како тоа што го направи Павловски со стариот војвода. Шинго позади себе оставил син, неверен на неговата преубава снаа и грда ќерка, која се разведе од нејзиниот неразуздан маж. Поради поврзаноста со жената на неговиот син, тој се обидува се да среди, но не успеа да го спречи нејзиниот абортуст.
    Приказната имаше голем потенцијал, штета што не ми се допадна како е раскажана.

    21. Хари Потер и Полукрвниот Принц - Џоан К. Роулинг

    Ех, колку време помина... Сега пак во мои раци шестиот дел. Ја читам по втор пат како увертира за седмиот дел. Мислам дека не постои книга која побрзо се чита... Тотално забравам на се и се вгнездувам во тој голем свет на фантазии. Тоа е моето детство и мислам дека никогаш нема да ми здосади приказната, за младиот волшебник Хари Потер.
    Нашите јунаци сега се поголеми и поискусни, приказните стануваат се повозбудливи. Плус почнува да се допира по малку љубовта, а тоа ми се допаѓа. Срце ми се кинеше по втор пат кога смрдливиот Снејп го уби Дамблдор.
    Не се раскажува ова дело, не, туку се доживува...
     
    На Lilit, Hayley, ljubam и 2 други им се допаѓа ова.
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    8. Шепнувачот - Донато Каризи
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    18. Препушти се - Сара Десен

    Eден опуштен тин роман за една девојка која го поминува својот летен распуст кај нејзиниот татко кој живее со неговата втора жена и штотуку родена ќерка. Kако се справува со таа ситуација, со запишувањето на факултет кој и следи за неколку месеци, со работата што ќе ја најде таму, и нормално со љубовта.
    19. За пица и пиво - Џон Гришам

    Oтпрвин си мислев: Kај ја земав, ќе биде досадна. Aма па баш беше океј книгава, се работи за Pик Докери, играч во HФЛ лигата (односно рагби) кој менувал доста клубови, но не се прославувал во ниеден нешто посебно. Bо Kливленд ќе има шанса да стане херој, но шансата ќе ја упропасти, ќе здобие сериозна повреда, потрес на мозокот по 2 пат, и тогаш неговиот агент го праќа да игра во Италија, земја каде американскиот фудбал не е толку признат и посетуван, со малобројна публика, но токму тука Pик ќе брилира, и ќе стане еден од најважните играчи на Пантерите од Парма во освојувањето на Cупер боулот.
     
  10. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    1.Ќерката на Магда-Кетрин Колиер
    2.Рајот може да почека-Кели Тејлор
    3.Кој ќе го фати бранот-Агата Кристи
    4.Судбоносна одлука-Даниела Стил
    5.Враќање дома-Даниела Стил
    6.Трета девојка-Агата Кристи
    7.Сега и засекогаш-Даниела Стил
    8.Поаро-Агата Кристи
    9.Одлука-Николас Спаркс
    10.Калуѓерот што го продаде своето ферари-Робин С. Шарма
    11.Вероника реши да умре-Пауло Коелјо
    12.Ќерката на мојата најдобра пријателка-Дороти Кумсон
    13.Ангелот Џони-Даниела Стил

    Овие ми се сите од оваа година, и очигледно со почетокот на тековнава година се посветив на делата на Агата Кристи и Даниела Стил, а овој период малку и чик литература за релаксација. Како и да е, листата со книги кои чекаат на мене е голема, па да видиме до крајов на годинава дали и јас ќе го исполнам предизвикот. :)
     
  11. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Книгите од почетокот на годината:
    1. Еднаш во животот- Кети Кели
    2. Сениште во град Битола- Владимир Костов
    3. Порака во шише- Николас Спаркс
    4.Елеганција- Кетлин Тесаро
    5. Возот в снег- Мато Ловрак
    6. Вероника реши да умре- Пауло Коелјо
    7. Пурпурен хибискус- Адичи Нгози
    8. Темниот цвет- Џон Голсворди
    9. Трибини- Џон Гришам
    10. Атлантида, остатоци- Влада Урошевиќ
    11. Мој господин савршени- Александра Потер
    12. Дневникот на мотоциклистот- Ернесто Че Гевара
    13. Остани крај мене- Гиом Мусо
    14. Гордост и предрасуда- Џејн Остин
    15. Осаменоста на простите броеви- Паоло Џордано
    16. Најсиното око- Тони Морисон
    17. Тревата пее- Дорис Лесинг
    18. Оди каде срцето те води- Сузана Тамаро
    19. Ти не знаеш да сакаш- Сузан Филипс
    20. Левиот брег на Сена- Кејт Мјуир
    21. Солунските атентатори- Јован Бошковски
    22. Петтемина во рајот- Мич Елбом
    23.Ја, Мона Лиза- Џин Калогридис

    Летото:
    24. Некој како тебе- Сара Десен
    25. Вечерва и засекогаш- Нора Робертс
    26. Вистински верник- Николас Спаркс
    27. Шолја чај- Ејми Ефрон
    28. Девојката со зелените очи- Мир Јам
    29. Засекогаш во срцето- Весна Дедиќ Милојевиќ


    :wasntme:
     
  12. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    8.304
    Пол:
    Женски
    25.Паднати ангели-Нора Робертс
    26.Затоа што те љубам-Гијом Мисо и
    27.Затвореникот на небото-К.Р.Зафон
    немам време за да пишам рецензии ...се брзам
     
  13. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    29. Засекогаш во срцето- Весна Дедиќ Милојевиќ

    Имав поголеми очекувања од оваа книга. На секој саем ја гледав, па решив конечно да ја земам да ја прочитам. Некако потсетуваше на чик литература и досадничка ми беше. Единствено само крајот шо ме зачуди. Во целата книга се зборува за животот на едната од трите актерки другарки Надежда, за нејзиниот син Петар, мажот со кој ќе има несреќен брак... Не ме фасцинира многу книгата.

    30. Koга ќе засвети животот- Сердар Оскан

    Книгата ја прочитав за еден ден. Во книгата паралелно се раскажува за малиот Омер и возрасниот Омер, кој ќе сака да изврши самоубиство, но Ангелот на смртта го враќа во далечното изгубено лето во детството. Тогаш се потсеќа на книгата на надежта која му ја даде еден старец кога бил мал. Тогаш се се менува... Не сум баш љубител на фантастични книги, ама интересна беше. Нешто поразлично од сите други.
     
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    7. Пурпурен хибискус – Чимаманда Адичи убаво ја има опишано Трендафилка..прекрасна книга..

    Јас се срамам ама обврските не ми дозолуваат да се опуштам баш..
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.541
    Допаѓања:
    80.581
    Пол:
    Женски
    „Папокот на светот“ од Венко е прочитана, а моментално ја читкам „Десеттата симфонија“.
    Мислам дека оваа книга ми е петта по ред.
    Напредувам, лека-полека. :$
     
  16. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    7. Кодот на Да Винчи - Ден Браун
    Ме остави без зборови. Кој ја нема читано, нека чита. Предобро дело.
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Tака, си читкав доста периодов. :emo:

    20. 13 проблеми - Aгата Kристи

    Oвојпат не е главна тема извонредниот Xеркул, туку старата госпоѓа Mарпл и нејзината извонредна осторумност што на момент, т.е на повеќе моменти ме наведуваше дека можеби таа сторила некое дело, но се излажав на крајот. 6 пријатели го основаат `Kлубот во вторник навечер`, каде на тие состаноци раскажуваат невообичаени случаеви од нивното минато каде што дали самите биле вмешани или нивни блиски, познаници. Bо секоја зададена мистериозна приказна, Mарпл дава што би се рекло final touch и ги разоткрива однапред приказните кои се дадени до половина, и нормално она на секоја приказна го знаеше крајот и кој е виновникот, па поради тоа ме наведе дека можеби таа била вмешана во некое дело. Hа крајот на делото, се говори за еден тазе случај на девојка која се фрлила во езеро (или некој ја бутнал). Tаа го дава на ливче напишано лицето кое мисли дека е сторителот, и знаете што . . . се испостави дека стварно бил тој! :lol: Aбе Mарпл . . .

    21. Mелем за вљубените - Барбара де Aнџелис

    Kратки раскази за љубовта и паровите. 3анимливо книгиче, но премали раскази, по 3-4 страни секој.

    22. Царицата на Давид - Индија Еџхил

    Oвој роман го завршив со читање денеска. Mене ми беше прекрасен, во последно време се некако ме влече историјата на тие земји, Индија, Израел. Bо овој роман Mелхола, царска ќерка се заљубува во овчар кој има милозвучен глас и е миленик на татка си. Hо, татка си бара откуп за ќерката и тој носи 200 Филистајски војници колку што гласи откупот бидејќи нема пари и злато да ја купи. Hа нивната прва брачна ноќ, таткото на Mелхола - Cаул полуде и сакаше да го убие зетот сметајќи дека на некој начин му ја загрозил функцијата (важел за луд цар), и Давид примогнат од неговата тазе жена бега низ прозорец со помош на чаршафи и ветува дека ќе се врати по неа. 14 годишната Mелхола го чекала со нетрпение нејзиниот маж кој бил во бегство и важел за голем воин, и тогаш дознала дека се оженил, срцето и било распарано. Tатко и дознал дека му помогнала на Давид да избега, и ја протерува од палатата, се мажи за постар човек кој решава да ја прими во својот дом кога никој не ја сакаше, и беше отфрлена од светот и семејството. По 10 години, нејзиниот татко умира и за власт се изборува Давид кој има многу жени и синови, но ја бара и ќе ја земе Mелхола, неговата прва жена, против нејзина волја во неговата палата. Aјде јас ептен ја открив работава. :D

    И две романчиња на англиски прочитав:
    23. Breaking the routine can have consequences - Taylor Lowe

    24. Best laid plans - Linda Louise Rigsbee

    Повеќе студентки живеат во еден апартман, со нив и едно момче. Mомчето се вљубува во една од девојката, но тоа е против правилата во кои живеат во тој стан. Cепак, љубовта е посилна, и тие веќе нема потреба да се кријат од цимерите бидејќи сите се свесни дека постои привлечност меѓу нив, и решаваат да се верат. Bо меѓувреме, таткото на дечкото добива мозочен удар и е во кома, апаратите му ги исклучија, и детето решава да се врати на имотот на неговиот татко, каде живее единствено мајка му. Tака им се заладуваат односите со девојката, а понатака видечете ако го читате! :!:
     

    Прикачени фајлови:

  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    8. “Годината минува денот никогаш„- Жарко Лаушевиќ

    Прекрасна емотивна книга, каде Жарко си го опишува животот пред убиството на двајца млади луѓе кои ги напаѓаат во Црна Гора, за да си го заштити својот брат, и животот во затворот, и после тоа.. цел пресврт. Јас се заљубив во емотивноста на човеков. Инаку е и познат глумец.. лесна е, емотивна, реална ви ја препорачувам.
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    10. Марина - Карлос Руиз Зафон
    Извонредно дело!
    Со некои готски, морничави делови, но сепак, прекрасна книга!
    И се разбира, книгава ја прочитав за еден ден - не можев да одолеам.
    А колку само плачев на крајот кога Оскар откри дека всушност Марина е болната и после кога умира.

    ’Се сеќаваме само на она што никогаш не се случило’

    11. Ангелот Џон - Даниела Стил
    Книга за Џон - 17 годишно културно, убаво и воспитано дете кое на денот на матурската вечер загинува во сообраќајна несреќа. И потоа се враќа како дух за да помогне на својот брат да прозбори (зашто веќе 5 години не зборува ништо), да му помогне на татко му да не пие, на мајка му да ја преболи смртта на својот син.
    Убава, мала книга. Се чита за неколку саати.
    И на оваа книга имам плачено, патем. :wasntme:

    12. Хари Потер и каменот на мудроста - Џ.К. Роулинх
    I, the biggest Harry Potter's hater.. just felt in love with this book! :wasntme:
    Отсекогаш сум ги мразела овие филмови, ама немаше што да читам викендот додека не работеше библиотеката, па братучетка ми ми ја даде книгава како и вториот дел.
    Не мислев дека ќе биде толку интересна и ја прочитав за неколку дена.

    13. Хари Потер и одајата на тајните - Џ.К.Роулинг
    Продолжението на Хари Потер и каменот на мудроста.
    Интересно дело, а ми се допаѓа како се споени сите настани.
    Малце морничаво дело, ама ми се допадна! Thumbs up. :)
     
  20. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    16.Вештица-Венко Андоновски
    Некако не сум многу импресионирана од книгава како што очекував,и колку што имам читано за неа.Во глобала ја сватив,не е толку лоша ама не е мој стил.Се губев во книгата не знаев до каде сум и што се десило.

    17.Под мермерно небо-Џон Шорз
    Книгата е прекрасна мислам дека се базира на вистинска приказна.Некаде уште 100тина страни имам али ми се допаѓа премногу целата содржина и самата приказна за изградбата на Таџ Махал