1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    14. Во лов по Хари Винстон - Добра е книгата ми се допадна се работи за три другарки кои одлучуваат да направат промена во нивниот живот во период од една година, интересно четиво кое вреди да се прочита.

    15. Дали ме чекаш? - Гијом Мисо ја почнав па кевидиме подоцна....
     
  2. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    22. „Три метри над небото“ - Федерико Моча
    23. „Азбучните убиства“ - Агата Кристи
    24. „Разбудената убавица“ - Дона Кофман
    25. „Те посакувам“ - Федерико Моча
    26. „Италијанска авантура“ - Кетрин Џорџ
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    38.Јужно од границата, западно од сонцето- Харуки Мураками
    Интересна книга, иако очекував нешто да биди подобра. Раскажан е животот на Хајиме, откако се родил па се' до времето кога има 38 години. Како син единец се спријателува со Шимамото и постојано мисли на неа сите години. Веќе кога тој е женет, таа се појавува и љубовта се разгорува...Дали ќе се препушти на чувствата и љубовта од детството, или ќе се држи со разумот и ќе остани да го сочува своето семејство?

    39.Мојот дедо Луј Витон- Исидора Бјелица
    Лесна и малечка книга, ја прочитав за еден ден. Стилот на пишување не е нешто извонредно, но идејата е оригинална. Главниот лик Исидора е многу богата и е опседната со Луј Витон. Заедно со нејзиното семејство патуваат по Светот и крстарат со брод, а таму се запознава со една французинка Жана, која исто како неа е опседната со Витон. Еден ден добива чудна покана од Жана да ја посети нејзината баба Полет, која наводно имала романса со Луј Витон, а има и колекција од 45 чанти и куфери Витон...
     
  4. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    21.Дневникот на Сузана за Николас-Ејми Ефрон
    22.Руска зима-Дафне Калотеј
     
  5. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Август:

    20. Браќата Карамазови - Фјодор М. Достоевски том I
    Достоевски најпрво не запознава со ликот на стариот Фјодор Карамазов- човек кој е предан на расфрлање со пари и неморал. Карамазов не изгледал ни еден од своите синови, но еден ден сите се враќаат, барајќи го она што им припаѓа. Тројцата браќа, меѓусебно не ги врзува ништо, освен стариот Фјодор. Сите тројца имаат различни карактери, сфаќања и погледи кон светот. Од целата приказна се издвојува младиот Алексеј, скромно христијанско момче со морални сфаќања, изучен од старецот Зосима. Достоевски не вовлекува во љубовниот триаголник, во соперништвото меѓу браќата и истовремено поттикнува многу прашања..
    Тука има многу потчинетост и понижување, но сето тоа е поради гордоста.

    21. Хамлет - Вилијам Шекспир
    Да бидеш или да не бидеш ти- еве во што е прашањето сега.
    Дело за II година. Мислев дека ќе биде ултра досадно, но искрено се покајав за изјавата. Маестрално дело на Шекспир, врв на англиската литература.

    22. Брида - Пауло Коелјо
    Убава книга, но дефинитивно не е за сечиј вкус.
    Се работи за младата Брида, Ирка која што сака да го запознае својот друг дел, впуштајќи се во изучување на двете традиции- на сонцето и на месечината. На крај Брида, мора сама да го изоди својот пат, до го премине мостот меѓу видливото и невидливото, и да дојде до осознанието за мудроста и љубовта.
    Секој ден на човекот е мрачна ноќ. Никој не знае што го чека следниот миг, па и покрај тоа, сите одат напред. Затоа што Веруваат.

    23. Декамерон - Џовани Бокачо
    Повторно за II година- овојпат лектира. Најмногу впечаток ми остави Маркизот од Салуцо. Тема на расказот се изживувањето и пеколот низ кои што поминува Гризелда, за на крај да ја добие почитта од својот маж, па од обична селанка повторно да стане сопругата на маркизот.

    24. Захир - Пауло Коелјо
    Книгава како да не е напишана од истиот Коелјо кој што ја напиша и Вероника. Чудни елементи, впрочем како и во секоја книга на авторот, но ептен е монотона. Освен последните дестина страни и следниот извадок, ништо не ми остави посебен впечаток. Не ја препорачувам.
    Кога италијанскиот поет Данте ја напишал Боженствена комедија, рекол: „На денот кога човекот ќе и дозволи на вистинската љубов да се појави, добро уредените работи ќе се претворат во безредие и се што ние сметаме дека е точно и вистинито ќе биде ставено под сомневање.“ Светот ќе стане вистинит кога човекот ќе научи да сака- дотогаш ќе живееме мислејќи дека знаеме што е љубовта, но ќе немаме храброст да стигнеме до неа таква каква што е.
    Љубовта е дива сила. Кога се обидуваме да ја подјармиме, не уништува. Кога се обидуваме да ја заробиме, не претвора во робови. Кога се обидуваме да ја сфатиме, се губиме и се збунуваме.
    Таа сила постои за да не развесели, да не приближи кон Бога и кон нашите ближни; меѓутоа, поради тој вид љубов за секоја минута мир добиваме еден час агонија.
     
    На La.Reina.Del.Sur и honorthyself им се допаѓа ова.
  6. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.531
    Допаѓања:
    28.692
    Пол:
    Женски
    Aвгуст

    36.Италијанска авантура-Кетрин Џорџ
    Ептен онака лајт книга.Имаше малце по занимлива приказна, ама клише премногу, се откажувам од вакви книги, сите ми се навидум исти.
    37.Месечевиот камен-Вилки Колинс
    Филмуван роман.Малечка книгичка со интересна приказна за еден дијамант со многу мистерија.Сепак не ми беше нешто спектакуларно,а и не ми се допадна стилот на раскажување на писателот.
     
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    40. Доаѓам по тебе и те водам со себе- Николо Аманити

    Последната од летниот список на книги :whew: :rock: Место на настанот е малото градче Искијано Скало во Италија. Пјетро е осамено дете, чија најдобра другарка е Глорија. Една вечер, одејќи кон дома го сретнуваат тројцата негови непријатели и тој е приморан да провали во училиштето... Не знаејќи на каква опасност се изложува, доаѓа домарот, фатен е на дело. Грацијано Биља е познат женкар, кој после неуспешната свршувачка со Ерика, ја здогледува Флора. Флора е учителка во училиштето и немала некој многу забавен живот и воопшто никакви љубовни врски. Пјетро од најдоброто дете во училиштето станува убиец... Интересна книга, иако подолго време ја читав дека беше 415 страници. Ама вреди, пријатно изненадена сум од книгата :)
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Август

    25. Радмила Лазќ – Метафизика на самракот

    Иако не сум баш обожавател на поезија, ова ми се допадна, многу...
    Убав начин на изразување, и песни и стихови кои стално ќе ми останат во паметење.

    Добар почеток на реченицата

    Тука кај што сакаше да го чуваш песот
    Но сеуште не се определи за расата.
    Тука кај што сакаше да направиш стаклена градина
    Со невени и лалиња.
    И сакаше кога ќе се разбудиш
    Под прозорецот да видиш бела бреза.
    Тука, кај што сонцето постојано се поместува овде-онде,
    Небаре го измачува несоница
    Тука, кај што секогаш дува провев
    И најтивкиот ветар ти го припива фустанот за бутовите.

    Тука, кај што гола истрчуваш да го обесиш
    Или да го собереш пешкирот.
    Тука, кај што цело лето седеше испотена
    Во плетениот стол
    Чекајќиме како задоцнето годишно време.
    Тука, кај што еднаш опцу. Еднаш скрши чаша.
    Еднаш ме стисна со твоите нозе.
    Тука кај што реши за никого повеќе да не заплачеш
    И дека поезијата никогаш нема да ја оставиш
    Затоа што сите ја напуштаат...

    Тука кај што ноќта никогаш не стасуваше,
    Зошто илјадници свеќи гореа од небото и квартот
    Како на роденденска торта или богослужба.
    Тука кај што ти реков дека имаш се што сакам јас
    Марија Калас, Карузо...

    Тука кај што ми ја раскопча кошулата и ми ги подаде усните.
    Тука кај што бев лесно освоив
    Тука кај што рече доста ми е да бидам силна
    Затоа што другите се слаби, сакам и јас да сум слаба.
    Тука кај што напиша: Би сакала за тебе да растев!

    Тука на врвот од сите брегови, на онаа точка
    Кај што ништо не се бара, кај што се подразбира,
    А ништо не се проштева.
    Тука кај што мислеше да го врзеш твојот пес
    Се најдов јас.
    Само, што ли ме спречува да залајам
    И да завртам со опашката, ни самиот не знам.

    26. Габриел Гарсија Маркез – Љубов за време на колера

    Прекрасно дело! Уште еден доказ дека правата љубов не умира и тешко згаснува. Флорентино и Фермина конечно уживаат во љубовта после половина век...
    Мада што преводот (ја читав на хрватски) беше ептен за нигде...

    27. Lisa Appignanesi – Потреби и сеќавања

    Испреплетена приказна за едно типично Њујоршко семејство...
    Детството на Катерина минато во сенката на нејзината мајка... Причините кои до самиот крај се една голема тајна.
    Љубов, еротика, интриги...

    28. Лев Николаевич Толстој – Смртта на Иван Илич

    Ја препочитував... Иако на се се сеќавав како вчера да сум ја читала.
    Иван Илич, големиот судија во канџите на болеста... И баш тогаш доаѓаат оние мисли „Дали постапував правилно“ „Каде грешев“ „Доволно ли се докажував“ „Што понатака со нив“...
    По мене, Толстој никаде не греши :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.644
    25. Хари Потер и Реликвиите на Смртта - Џ.К.Роулинг

    ... и тука заврши моето детство...
    Можеби очекуван крај, но неочекувано жонглирање со карактерите на ликовите. Снјеп на пример.... автоматски ми стана еден од најголемите херои евр. Човек кој никогаш не страдал за туѓо внимание и слава, мрачен и чувствителен, и на крајот на приказната, од црно-бело сликање на ликовите – бел!
    Дамблдор сериозно го мразев со неговото лицемерие на голем човек, на идеален, симбол на татко. Општото добро е можеби за големците, ама... АМА!!! Заврши со еден цитат, 10че за него

    -Се разбира дека се се случува во твојата глава Хари, но зошто за име на светот, тоа би значело дека не е вистинско?

    Роулинг заврши големо дело, дело кое дава храброст и цел живот на оваа книга ќе гледам како на смелост. Зашто во целина е тоа. Задолжителна литература со која би сакала да порасне моето дете.

    26. Идентитет - Милан Кундера

    Роман достоен за насловот, разработен достојно за кризата на идентитет помеѓу двајцата сопружници. Ситните сомнежи и недоразбирањата ме нервираа цело време, како и гонењето и претерувањето на Шантал. Навивав да се среде се на крајот, така и бидна.
    Кундера ми е број еден кога се работи за љубовници, зашто ја дава, според мене, совршената слика и енергиите на ликовите се поклопени со мојата. Така да, овде гледам, љубов, голема љубов меѓу мене и неговото дело.

    Жан-Марк и писмата!!! Колку симпатично смислено и плус го обожавам тој лик.
    За мене оваа книга е роман за потсвеста на љубовта и баш штета за малку понудените страници.

    27. Јамајка Ин - Дафне ди Морие

    Со Дафне се запознав преку нејзината Ребека, дело далеку подобро од ова што го читав. Не дека Јамајка Ин беше толку лоша, но сепак малку фригидна во однос на претходната.
    Мери по смртта на својата мајка, оди да ја посети својата тетка и нејзиниот озогласен сопруг. Кога ќе се всели, ќе дознае дека се наоѓа во центарот, каде се собира злото, во местото Јамајка Ин. Доживува една авантура со братот на својот тетин, исто толку озогласен. Срцката цело време трчка по опасности и на крајот донесува лоша одлука. Мислам, делото има среќен крај, ама според мене...

    Романтика, ризик и опасност... кој би посакал повеќе?

    28. Посвоена - Х.К.Малер

    Дејството започнува кога Клаудија Штајнбрехт, ќе ја вработи својата нова помошничка, преубавата Брита. Дознава и дека таа е ќерка на нејзината непреболена љубов, еден непознат сиромашен уметник. Затоа и на неа гледа како ќерка. Во дејството се вклучени и двајца браќа, како додворувачи на младата госпоѓица, Тео и Херберт.

    Малер ја истакнува јаловоста на човековиот шарм, колку може да биде лицемерн и безобразен, како и големото его трипање преставено преку ликот на Тео. Од друга страна овде е неговиот брат, чиста спротивност, кој иако повеќе вреди од Тео, се крие позади неговиот навидум рамнодушен лик.

    Некогаш и ме нервираше подмачканиот животна Брита, како од шпанска серија, ама сепак класика си е класика.

    29. Големиот Гетсби- Ф. Скот Фицџералд.

    Гетсби е новопечен богаташ, во кој сите се сомневаат од каде доаѓа неговото богатство. Организрајќи постојано собирања, се изложува во центарот на општествениот живот и е секогаш во центарот на трачевите. Но никој не знае дека причината зашто станал богат е за да ја придобие Дејзи, љубовта на неговиот живот. Таа, инаку веќе омажена за неверниот Том...

    Никогаш до сега не сум сретнала ваков профил на ликови, со толку разголен снобизам. Освен интересната приказна и дадената филозофска нишка за човекот, речениците како да се лизгаат. Секогаш интересни критики и сурова реалност.

    Романот завршува со интересен цитат, со кој може во целост да се опише животот на Гетсби:
    I tako, probijamo se, kao brodovi sto protiv struje plove, a stalno klizimo natrag, u proslost.

    30. Сеќавањата на моите тажни курви - Маркез

    Само Маркез може да ја направи педофилијата како нешто најневино на овој свет. Се работи за еден деведесет годишен старец кој секогаш им плаќал на жените со кој спиел. После долгиот и неуморен живот и вечната младост, тој се заљубува во четеринаесетгодишно девојче. Како старец се решава да прави будалести работи во име на љубовта.

    Уште едно солидно раскажување, уште една приказна за староста, романтично спинување и на најнеморалните дела.

    31. Разум и чувствителност- Џејн Остин

    Џејн Остин раскажува за животот на две млади сестри, Елеонора и Маријана. Кои иако многу различни, сепак сложни заедно успеваат да ги надминат сите љубовни проблеми. Оставени со својата мајка и нивната сестра Маргарита, која ни малку не била инзворедна како нив, по смртта на својот татко, од нивниот брат и снаа неправедно. Се селат во една вила и таму започнува за нив новиот живот...

    Остин успева комично да ни го раскаже англиското општество, карактеризирајќи ги луѓето од високата класа најчесто со плитки вредности. Ни дава до знаење за важноста на имотноста, потенцирајќи го до тој степен што изгледа траги-комично. Како многу морални вредности се губат позади парите и како лицемерието го врти светот.

    Уживав додека ја читав, па ситев вие кои обожавате класици, топло ви ја препорачувам.
     
    На La.Reina.Del.Sur, Mayyya, Waka-waka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Август

    35. Хари Потер и реликвиите на смртта - Џ.К.Роулинг
    Се обидував да ја читам што можам поспоро. Не сакав се‘ толку брзо да заврши. Најубав дел ми беше оној кога се возрасни, на перонот 9 и 3/4. Незнам зошто, ама и покрај се‘, не успеав да го засакам Снејп. Си остана кај мене како негативец.
    Бескрајно сум и благодарна на Џо. Нејзините описи кои што ми помогаа додека читам да се чувствувам како во друг свет и да ги доживувам сите настани заедно со ликовите.
    Хари Потер, дефинитивно секогаш ќе ми биде книга број 1.

    36. Џејн Ер - Шарлот Бронте
    Интересна приказна за животот на Џејн. Горда и самостојна жена која што има прилично тежок живот. Ја препорачувам.

    37. На седмо небо - Ен Фајн
    Интересна е, ме насмеа на одредени делови и очекував дека на крајот ќе се разбуди. Главниот јунак, додека го чека оздравувањето на својот најдобар пријател, раскажува за нивните заеднички мигови, оригиналноста и уникатните размислувања на својот другар.

    38. Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка - Силвија Стипанчиќ
    Книга за животот и проблемите на една тинејџерка околу љубовта и нејзината килажа и фигура. Добра е за рекаксирање. Неколкупати ме насмеа. Некако многу напредни ми се гледаа овие хрвативе за нивните години. :lol:

    39. Шармери од осмо - Велко Неделковски
    По самиот наслов се гледа дека е тинејџерска книга. Се зборува за осмооделенци, како тие се справуваат со нивните проблеми и како момчињата (шармерите) се подготвуваат за својот турнир во фудбал. Фудбалот ги ,,обединува‘‘ двете спротиставени одделенија, осмо А и осмо Б.

    40. Академија за вампири - Ришел Мид
    Добра приказна за вампири, уствари дампири, морои и стригои. Нешто поразлично од веќе попознатите вампири, врколаци и вештерки. Во почетокот ми беше малку досадна, но потоа ме заинтересира.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    8. Момчето во пижами на риги - Џон Бојн
    Оваа ми е дефинитивно една од омилените книги на сите времиња. Многу ми се допаѓа што е напишано толку едноставно за нешто толку длабоко. Едноставно ми ја потврдува изреката "Ignorance is bliss."

    9. Роза за балерината – Лурлин МекДениел
    Оваа е книга што ме расплака. Не ми се свиде стилот на пишување, ниту пак приказната беше нешто посебно оригинална, но беше како една метафора. Животот е краток сам оза тој што не знае да живее... тоа ме научи.

    10. Вероника реши да умре - Пауло Коелјо
    Се пронајдов себе си во секој лик. Колку е реално напишана, без предрасуди, и толку едноставно објаснето за светот на нас “лудите’’. Кој ја нема читано едноставно мора да ја прочита. Кој ја прочитал еднаш нека ја чита пак.

    11. Пеколни планови - Сидни Шелдон

    Е крајот стварно не го очекував! Ама кога си се навратив во главите назад, сфатив дека едноставно сум ја читала книгата на наивен начин... А и кој не би. Така е пишувана.. толку, како да кажам, емоцијално реална. Секој емоција постои. Ретко во која книга тоа го има.

    12. Па што ако имам некој килограм повеќе! - Мег Кебот
    Лесна, тинејџерска, забавна, за релаксирање.
    Ама знаев дека Рејчел е убиецот уште на почеток!

    Од поезијата:

    13. Јазли
    14. И на небо и на земја
    15. Дениција --- Петре М. Андреевски

    Мојата најомилена поезија. Посебно “Дениција’’ која што ја прочитав најмалку пет пати годинава. Ме инспирира да верувам, да пишувам, да сонувам, да создавам.
    “...Секој што влегол во нејзината соба заборавил да се врати дома.’’
    Така се чувствувам кон неговата поезија.

    16. Срт - Звонко Танески
    Нешто лично што се обидува да биде општо.. Така ми дојде. Има некои стихови кои што сеуште не ги сфаќам, но најмногу ги има тие што ме замислија. Деветата ме остави без зборови. “Пеколот е за нас модерен живот, секогаш, овде.’’

    17. Длабоко во дупката - Игор Исаковски
    Збирка повеќе како дневник и испишани приватни мисли и фантазии. Раскажувани случки, така реалистички, негаде дури и подзинав.
    Омилена ми е “Сам’’.
    “..Шетам низ станот,
    сакав да живеам,
    ете ми, живеам баш така..’’



    18. Сафа Фати - Прва и последна


    Оваа ми е омилена стихозбирка после “Дениција’’. Би дала многу да можев некако да направам јас да ја имав напишано. Тука сум јас, во секоја втора песна, во секој трет стих.
     
    На butterfly33 и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    41. Страданијата на младиот Вертер- Гете
    Сигурно немаше да ја читам книгата, ако не ми беше за на училиште. Си мислев многу ќе биди лоша и неразбирлива, ама позитивно се изненадив. Не е нешто нај нај, ама добра е. Главниот лик Вертер пишува писма адресирани кон Вилхелм и него му го раскажува целиот свој живот. Се она што го мачи, сите среќни и тажни моменти, неизмерната љубов кон неговата единствена Шарлота. Дали љубовта е двострана? А, што е со Алберт- мажот на Шарлота? На што се помислува Вертер, не можејќи да ја скрие љубовта кон неговата најмила...Бидејќи оваа книга спаѓа во книжевниот правец- романтизам во Германија, најмногу преовладуваат љубовта и внатрешните чувства. Во некои моменти ми се здосадуваа деловите каде Вертер раскажуваше за љубовта кон Лота, ама многу заљубен си бил човекот :wasntme: :)
     
  13. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Досега прочитани:
    1. „Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа
    2. „Оркански височини“ од Емили Бронте
    3. „Александар Македонски“ од Жан Расин
    4. „Пеколни планови“ од Сидни Шелдон
    5. „Океан море“ од Александро Барико
    6. „Кројцерова соната“ од Лав Николаевич Толстој
    7. „Русокоси со став“ од Плам Сајкс
    8. „Тристан и Изолда“ од Жозеф Бедие
    9. „Колибата на чичо Том“ од Хариета Бичер Стоу
    10. „Меше на годината“ од Иван Шопов
    11. „Штамата на Енхалон“ од Ненад Јолдески
    12. „Секој со своето езеро“ од Ненад Јолдески
    13. „Ти не сакаш поезија“ од Бистра Кумбароска
    14. „Декамерон“ од Џовани Бокачо

    15. „Читачот“ - Бернхард Шлинк
    Приказна за Михаел, петнаесет годишно момче на кое на враќање од училиште ќе му се слоши, па така ќе ја запознае триесет+ годишната госпоѓа Шмиц. Во нејзиниот стан ќе го опие сензуалноста на нејзиното тело, a потоа добива можност да го вкуси и искуси. Тоа им станува секојдневна рутина – капење, секс и читање книги. Тој гол на најудобниот кревет ѝ чита за херојството на Одисеј, а таа ужива во неговиот глас .. сè додека еден ден мистериозно не исчезне. А тој, кутриот петнаесгодишник, заљубен и оставен сам на себе, без неа – единствената со која вистински уживаше. Стигнува до факултет со неа во мислите и желбите, и по толку време ја наоѓа. На чудно место, поради неразјаснети причини, скоро и нереално. Ама е, и тоа повеќе од што може да биде ..
    Прво мислев да не е премногу експлицитна за мене, ама не беше. Треба да ја препрочитам, зашто крајот ми е веќе магловит ..

    16. „Демијан“ - Херман Хесе
    Не верувам дека некој ја нема прочитано приказната за Синклер и неговата одлука за тоа дали да остане во безгрижниот невин дом кој го притиска сè повеќе како што расте, или пак да се предаде на светот надвор од неговиот дом, оној свет полн со ризици, пијанства, несвесни измислици и постојан страв.
    Прекрасна книга, која мора најскоро да стане дел од мојата скромна библиотека. ^_^

    17. „Вител“ - Кетрин Коултер
    Еден од најдобрите трилери кои ги имам прочитано. Се работи за Бека, млада девојка која пишува говори за гувернерот на Њујорк. Но сè ќе се смени кога ќе почне да добива повици од човек кој се нарекува нејзин дечко и кој ѝ се заканува дека ако не престане да спие со гувернерот, ќе ја уништи неа. Започнува со жена на плоштад, детонира бомба. Бека преплашена по којзнае кој пат бара помош во полиција, а тие ја праќаат на психијатар. Уништена и гневна, заминува во градчето Риптајд, со надеж дека нема да ја најде ..
    Тука почнува заплетот .. т.е. еден од многуте заплети. Со секоја страна нешто ново се случуваше, не можев да ја оставам книгава, а ниту можев да претпоставам кој се крие позади овој терор. Препорачувам! :up:
    18. „Бели ноќи“ - Фјодор Михајлович Достоевски
    Безимено осамено момче сретнува девојка која плаче на мостот, една тивка вечер во магичниот Санкт Петербург. Поминуваат четири ноќи заедно, на истата клупа секој ден откриваат нешто ново за себе. Осаменото момче има потреба да се искаже, да си каже што имал на душата толку долго време .. а таа, Настјенка, го слуша. Секоја вечер, ги слуша неговите маки и содржајни мислења за животот, а потоа и таа се отвора. Толку кратко се знаат, а веќе можат да си кажат сè.
    Убава, мала книга, која сигурно ќе ја препрочитам пак. Единствено што не ми се допаѓаше е тоа што големината на буквите беше огромна. Не можев да читам како што треба, затоа брзав да ја завршам и затоа не ми остави толкав впечаток. Друг пат, се надевам дека ќе прочитам друго издание со нормална големина на букви.

    19. „Долг пат до дното“ - Ник Хорнби
    Една вечер, навидум обична, но вечер на Новата Година. Четворица странци на кровот на најпознатата зграда за самоубиства во Лондон. Телевизиска ѕвезда, несреќна мајка, вулгарна тинејџерка и поранешен музичар кој живее во минатото. И една пица, која заглавила меѓу овие несреќници. Разговараат и се откриваат малку по малку, дел по дел, ги соголуваат своите души. Четворица луѓе со самоубиствени мисли, на исто место, во исто време, во вечерта која по правило треба да е највесела, високо на покривот од стара зграда, од каде се гледа дел од Лондон. Ќе скокнат или не?
    Убава книга напишана на едноставен начин, сфатлив за секој, хумор и пцовки, по кои секогаш следува едно „Извини, Морин.

    20. „Нека крвави“ - Јан Ранкин
    Трилер за детективот Ребус, кој се обидува да открие кој стои позади едно убиство. Но при бркањето на потенцијалните криминалци, останува повреден во сообраќајна несреќа, при која криминалците се самоубиваат. Се обидува да го разреши и тоа, зошто се убиле и која била причината едниот младич да го стегне силно на другиот за раката, пред да се фрлат од карпата?
    Дејствието се движеше многу бавно, не ми се допадна книгава.

    Три парчиња поезија, од кои најмногу впечаток ми остави Ликвид. Не знам како да кажам, некако просечни ми беа. Не ми се допаднаа многу-многу.
    21. „Б.“ - Дејан Велкоски
    22. „Ликвид“ - Марија Грубор
    23. „Спомени за идентитет“ - Владимир Гаровски

    24. „Малиот принц“ - Антоан де Сент-Егзипери
    Ах, да знаете како се прерадував кога ја најдов дома!
    Сите ја знаете, сите ја сакате и јас ќе се сложам со вас. Толку убава книга, убаво напишана, со едни од најубавите поуки. Цела страна со цитати имам извадено, од што е прекрасна! :inlove:
     
    На Magnolija, mamma-mia и Mayyya им се допаѓа ова.
  14. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Некако сум ја запоставила темата... :tmi: Ајде сега ќе надокнадам :wasntme:

    42. Раскази- Хофман
    Повторно книга за обработка на училиште. Бев најискрено скептична за оваа и Страданијата на младиот Вертер, ама позитивно се изненадив. Секој расказ, содржејќи ги сите романтичарски белези претставува интересна приказна за животот, љубовта и се многу интересни.

    43. Не си тој којшто го посакувам- Александра Потер
    Со тешки напори ја дочитав оваа книга, покрај сите оние oбврски од училиште. Мислам дека не можам да кажам дека некоја книга од оваа авторка не ми се допаднала. Чик литература e, но секоја книга има своја различна приказна. Оваа книга е поврзана со Италија, Венеција и тинејџерската љубов, која подоцна по 10 години повторно ќе се разгори... Дали Нејт е вистинскиот, или па токму Луси ќе сака да се ослободи од вистинскиот? Откриете сами.

    44. Странствувањето на Чајлд Харолд- Бајрон
    Досадничка книга, ма да идејата е интересна. Не ми се допаѓаат книги во проза, некако ми беше неразбирлива. Повеќе ми се допаднаа првите две книги од романтизмот општо, Страданијата на младиот Вертер и Раскази. Самиот Бајрон се поистоветува со Чајлд Харолд, кој е развратник, има пари но нема љубов, вистински пријател и цел кон која се стреми во животот. Тргнува на патување во Шпанија, Португалија, Франција, Грција... со цел да се пронајде себеси и стремежите во неговиот живот.
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    30. Letting you go was the hardest thing - Sheena Badana
    Пишував за неа поопширно во една друга тема.

    31. Пеколни планови - Сидни Шелдон
    [​IMG]
    Oд Cидни имам мал милион книги прочитано, арно ама со Aгата не ми се мери. Пишуваат во мојот омилен жанр, но онаа провидност кај Cидни ретко кога сум ја видела кај Aгата. Hели нормално, убиецот во книгата е тотално некој што не си очекувал, или некој на кој цело време се алудирало.
    Oвде станува збор за еден пар, Oливер и Лесли. Tој - давеник за сламка, таа - амбициозна, преубава, презгодна ( |( )и желна да му помогне, затоа што нели се заљубува во него. Tој за моќ ја откачува, и се венчава со ќерка на познат политичар. Tаа ќе `згази преку лешеви` за да му се одмазди.

    32. Индиго Бомбај - Јагода Михајловска - Георгиева
    [​IMG]
    Eден збор најдобро ја опишува книгава - магија. Cе е магично, сликовито, и `маштовито` пресликано во книгава. Cекојдневието во Бомбај е сурово, и тоа јасно го видов. Имаше и некои ептен сурови размислувања во однос на немаштијата, болните и сл., и целото тоа упорно форсирање од страна на Бистарај за просветлување, спознавање на двојникот кој секој го има ми беше малце |( .
    Tелесното беше претставено како грев, а и двајцата гореа за да се имаат. Kога отидоа на тој изворот, помислив ете го, ќе го биде. ^_^ How yes no. Hишто, zero.
    Mене ми се допадна стилот на Jагода иако на моменти беше досадно, и веќе знаев точно како се чувствува хероината во одредена ситуација, пошто стално тоа го осеќа, немаше потреба од постојано нагласување. Бистарај на Aнанда дефинитвно и беше сродна душа, но само по душа. Bеројатно секогаш ќе имаат прилика пак да се сретнат. Bтор дел на приказнава нема да биде потребен, според мене.

    33. Lights, camera, kiss me.
    Eдна книга полна со страст, која се одолговлекуваше, но во chapter-от кога истата пукна, јас бев :geek: . Пустата, одлично беше доловена.
    Cтанува збор за двајца актери кои глумат во серија, и кои приватно се добри другари. Hо, и двајцата чувствуваат нешто за себе, но не сакаат да го расипат пријателството. Cе боцкаат, летаат искри, и страст меѓу нив, но навремено престануваат. Aма кога ќе бидне . . . нема враќање назад.
    Cитуацијата повеќе се замрсува кога во престојната сезона од серијата, треба да глумат страсна двојка. Aма имаа добар тренинг приватно, на сет уште подобри. :D
    Like it. :up:
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.531
    Допаѓања:
    28.692
    Пол:
    Женски
    Септември.

    38.Полноќна Палата-К.Р. Зафон
    На почеток навидум по малку ја влечев, ми беше некако досадна,ама како се повеќе и повеќе навлегував во книгата стануваше се понапната, иако некако очекував повеќе.Во секој случај во стилот на Зафон заплеткани мистерии.
    39.Заточеник на небото-К.Р. Зафон
    Е за разлика од оваа погоре, оваа ме остави без здив од самиот почеток и не можев да се тргнам од неа, предобра :bow: Морам да ги прочитам и останатите два од овој серијал, некако навидум ми изгледаат подобри од оние 'детските'.Во секој случај ме трогна книгава.
    40.Клетници-Виктор Иго
    Дело за во школо кое мислев дека ќе е досадно, ама предобро е!Море како предобро, извонредно е!Опишана Франција во текот на сите тие години, животот со сиромаштија, различни случки и згоди на толку многу ликови,меѓусебно поврзани животни патишта.И неколку кратки цитати што ми оставија впечаток.


    Во меѓувреме ги почнав и Ѕвездена прашина-Неил Гејмен и Лавиринт-Кејт Мос, али поради премногу обврски ми заостанаа, ваљда ќе ги прочитам до нареден месец :D
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Септември

    41. Автоиографија - Григор Прличев
    Ја прочитав брзо со оглед на тоа што беше мала околу 90 страни. Интересно ми беше читајќи да го живеам на некој начиин животот на Прличев.

    42. Факторот бивши - Андреа Семпл
    Имам читано и друга книга од оваа писателка. Типична чик литература. Книга за да се одмориш и на некои делови да се насмееш.

    43. Ѕвер - Алекс Флин
    Филмот го немам гледано ама сакав прво книгата да ја прочитам. Библиотекарката ми ја препорача и навистина не беше лоша. Малку поинаква приказна за такви измислени суштества, ѕверови и вештерки. Ми се допадна приказната. Сега сакам и филмот да го гледам.

    44. Вампирски дневници: Бес - Л. Џ. Смит
    Конечно го начекав третиот дел во библиотека. И пак ќе речам, серијата е подобра. Не беше лош текот на настаните и во овој и во четвртиот дел од книгата, ама серијата е некако побогата со настани, ликови и историски приказни.

    45. Вампирски дневници: Мрачно обединување - Л. Џ. Смит

    46. Браќата лавовско срце - Астрид Линдгрен
    Ја видов на полицита во библиотеката и ја земав затоа што немав време повеќе да барам, а и ја немав прочитано. Искрено не ми се допадна многу. Некако како детска приказна за добра ноќ. :lol: Ама ја прочитав некако.

    47. Окалец - Ен Фајн
    Имам прочитано и друга книга од оваа авторка. Интересна ми беше тинејџерска книга. Се работи за едно девојче чии што родители се разведени, а мајка и се гледа со друг. Целата приказна околу нејзините препирки со новото момче на мајка и ги раскажува на нејзина соученичка која поминува низ истото.
     
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    27. „Последната римска царица Теодора“-Стела Дафи
    28. „Танц со Ева“- Алан Џад
     
  19. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Тие што се пишани со наслов на англиски ги читав на англиски.
    До сега прочитани:

    1. Something borrowed - Emily Griffin
    2. Збогум мои петнаесет години - Клод Кампањ
    3. Pride and Prejudice - Jane Austen
    4. Седум дена за вечност - Марк Леви
    5. Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди
    6. А потоа... - Гијом Мисо
    7. Кодот на Да Винчи - Ден Браун
    8. Момчето во пижами на риги - Џон Бојн
    9. Роза за балерината – Лурлин МекДениел
    10. Вероника реши да умре - Пауло Коелјо
    11. Пеколни планови - Сидни Шелдон
    12. Па што ако имам некој килограм повеќе! - Мег Кебот
    13. Јазли
    14. И на небо и на земја
    15. Дениција --- Петре М. Андреевски
    16. Срт - Звонко Танески
    17. Длабоко во дупката - Игор Исаковски
    18. Сафа Фати - Прва и последна


    19. Крај реката Педра седев и плачев - Пауло Коелјо
    Добра беше, поучна, но промногу религиозна за мој вкус.

    20. The Hunger Games
    21. ТHG: Catching fire
    22. THG: Moackingjay --- Suzanne Collins

    Дефинитивно влегоја во мојот омилен круг на книги, а повеќе искоментирав во темата за нив.

    23. Дални наковални
    24. Пофалби и поплаки -- Петре М. Андреевски

    Сега ми остана уште две од стихозбирките на Петре да ги прочитам. Овие многу ми се допаднаа, но сепак, не и се рамни на Дениција.

    25. Б. (или поезија за луѓето кои презираат поезија) - Дејан Велкоски.
    Уникатна стихозбирка, ја прочитав неколку пати. Некои песни премногу ме засмејаа... “..како производ на неуспешен абортус...’’
     
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.123
    Пол:
    Женски
    1. Портата од кафезот - Кејти Хикмен
    Приказна од харемот, многу добра, ме воодушеви скрос, една од најдобрите книги што ги имам прочитано, ја препорачувам
    2. Врата - Магда Сабо
    3. Полноќни спомени - Сидни Шелдон
    4. Шангај бејби - Веј Хиј
    Ја сакам оваа книга, не можев да ја испуштам од раце :inlove:
    5. Заточеник на небото - Карлос Руиз Зафон
    не подобра од сенка на ветрот
    период на Стив Бери, сите беа добри
    6. Третата тајна - Стив Бери
    7. Пророштвото на Романови - Стив Бери
    8. Наследството на Темпларот - Стив Бери
    9. Крвна врска - Сидни Шелдон
    10. Под мермерно небо - Џон Шорс
    Приказната за изградбата на Таџ Махал, одлично раскажана :)
    11. Девствено сино - Трејси Шевалие
    12. Препушти се - Сара Десен
    13. Сопругата на командантот - Пам Џеноф
    14. Царица - Шан Са
    15. Римската љубовница - Кејт Квин
    преубава
    16. Смртта на Иван Илич - Толстој
    17. Се што останува - Патриша Корнвел
    18. Осаменоста на простите броеви - Паоло Џордано
    19. Последна опомена - Дебора Могах
    20. Јулија - Ен Фортие
    едвај го дочитав шестоте страни, џабе толку ми ја фалеа :roll:
    21. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
    Една од најдобрите книги што ги имам прочитано. Се работи за родителите кои го губат своето петгодишно дете. На почетокот не ни претпоставив како ќе се одвива приказната. На крајот останав со отворена уста. Предобро нешто, ќе ве допре начинот на кој ја опишува болката на таткото.
    Период на Пауло Коелјо. Најубава - сите.
    22. Единаесет минути - Пауло Коелјо
    23. Демонот и госпоѓица Прим - Пауло Коелјо
    24. Алеф - Пауло Коелјо
    25. Захир - Пауло Коелјо
    26. Девојката на командантот - Пам Џеноф
    27. Нека крвави - Јан Ранкин
    Ме привлече насловот и божем требаше да биде занимлива детективска приказна, ама ништо. Едвај ја дочитав. :whew:
    28. Големата четворка - Агата Кристи
    29. Третата девојка - Агата Кристи
    30. Неочекуваниот гостин - Агата Кристи
    31. Прекрасни коски - Адам Себолд
    Една од малкуте книги на кои имам плачено. Се работи за девојќе кое го силува и убива сериски убиец кој се крие под маската на мирољубивиот сосед и добродушен одгледувач на рози.
    32. Молчи, молчи - Бека Фицпатрик
    33. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
    Обожавател сум на Сидни Шелдон и оваа ми е дефинитивно најубавата од неа. :inlove:
    34. Клуб на чокохоличарки - Керол Метјуз
    35. Шминкерка...
    36. Го сакам Њујорк
    37. Дебела, биксвити, чипс и љубовна болка
    38. Бакнеж во ноќта и Игра на ѓаволот - Шерилин Кенон
    Слична тематика имаат и двете, јунаците се заљубуваат во погрешна личност. Занимливи книги, не ми се испуштаа од раце.
    39. Загубената ќерка - Дајен Чемберлен
    Втората книга што успеа да ме расплаче. Многу трогателен крај.
    ^Имам прочитано уште многу други, ама сега баш не ми текнуваат наслови. Сега ја читам Кутија во облик на срце од Џо Хил, исто многу добра и ја препорачувам. :hai: