1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    48. Невидливиот човек- Херберт Џорџ Велс
    Книгата воопшто не ми беше планирана за читање, ама ја имав дома и си реков ај да ја прочитам и така не беше многу обемна. Мистична книга, преплетена со фантастика. но и наука. Главниот лик, патува во едно малечко место каде престојува во крчма. Чуден човек, научник кој постојано е завиткан со облека, има завои на главата, а кога зборува држи салфетка пред устата. Озборувања од локалните жители дека кога го каснало куче му течело црна крв. Несреќа, изгореници... невидливост? Како е тоа можно? Никој не може да го разбере, па се обраќа на докторот Кемп кој се надева дека ќе го разбере. Ја раскажува својата приказна за невидливоста... Фантастика или наука? Тајна претставена преку законите на физиката, хемијата, науката... Интересна книга :up:
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    20. „Калуѓерот што го продаде своето ферари“ - Робин Шарма
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    42.Едноставно љубов - Кетрин Андерсон
    Книгата ги исполни моите очекувања.Во книгата се зборува за богат сопственик на рударска компанија.Тој во својот живот направил и видел се.Но мислата дали е среќен секогаш се замислува.Одејки по салоните,коцкајќи се,забавувајки со со секакви жени.Тој во длабочината на своето срце чуствува шелба која и тој не зане што е...Се до моментот кога во неговиот живот ке се појави шена која е искрена и чиста.Касандра засекогаш ке му го промени живот...а додека тој си ветува дека ек ја има по секоја цена...од книгата извадив една поука која гласи Најскапоцените работи на светот се бесценети!
     
  4. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Октомври

    48. 220 линии - Малгожата Гутовска-Адамчиќ
    Не беше многу лоша. Ми остави убав впечаток иако во почетокот ми беше малку досадна. Тинејџер кој оди во ново училиште, без пријатели. Вљубен е во музиката и во скејбордот, но скејбордот ќе му донесе несреќа. Се одлучува секој ден да го заобиколува градот и да ,,открива‘‘ по некоја нова автобуска линија.

    49. Смртоносна криенка - Мишел Гримо
    Исто беше интересна за опуштање книга. Не ми остави некој голем впечаток.

    50. Животот е чекорење по жица - Жан Ноел Блан

    51. Ти незнаеш да сакаш - Сузан Елизабет Филипс
    Убава книга. Татко и на Дејзи и договорува брак со Александер. Тие почнуваат да живеат заедно иако се имаат видено само еднаш пред тоа. Тој работи во циркуз и бара од неа и таа да работи. Тој никако несака да имаат дете. Во почетокот не се сложуваат но потоа работите ќе се сменат. По некое време таа останува бремена и му ја соопштува таа вест, но Александер бурно реагира и затоа таа си заминува. Потоа тој се кае за тоа што го направил и ја бара. Во меѓувреме се дознава дека бракот бил договорен бидејќи Александер бил наследник на богата фамилија и затоа татко и на Дејзи направил се‘ за таа да се омажи со него и да роди дете.
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    43.Божиќна ноќ во Харбор - Лиса Клипас
    Ме удри новогодишна атмосфера...преубава книга...
     
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    49. Папокот на светот- Венко Андоновски
    Имам слушано позитивни критки за авторов, а ниту една книга немав прочитано од него. Книгата е поделена на два дела. Првиот дел е раскажување за Кирил Филозоф кој заедно со 12те други калуѓери го наоѓаат преписот од Цар Соломон во Аја Софија. Приказната за пајакот кој ја плете својата мрежа и има крст на грбот... Вториот дел е всушност дневникот на Јан Лудвик кој има 17 години и е лудо вљубен во Луција. Каде се наоѓа папокот на светот, центарот на светот? Самиот Јан верува во реинкарнација, а што на крајот ќе се случи? Одлична книга, сега дури се уверив зошто сите го фалат овој писател. Одлично е напишана, препорачувам! :up:
     
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    44.Господарот на пустината - Диана Палмер
    45.Калеш Анѓа - Стале Попов
    Книга која ја прочитав за 3 часа маса е оклу 130 стр...
    46.ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА – ГЕОРГИ РАДУЛОВ
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    47.Мелем за вљубените - Барбара Де Анџелис
    Книга за сите тие кои некогаш биле вљубени,кои сега се вљубени и кои се надеваат дека ќе се вљубат..
    48.Градината со магични билки - Сара Адисон Ален
    Книга која вреди да се прочита,и која е поинаква од другите...
     
  9. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Леле што убава тема, баш ви завидувам на сите, се надевам дека и на почетокот на 2013 ќе се отвори една ваква тема да можам и јас да учествувам 8) :l:
     
  10. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    Добра тема, се надевам дека ќе продолжи и во 2013.Јас сум страствен читач и би сакала да разменувам повеќе искуства :)
     
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Секако дека ќе продолжи.....сите читачи би го сакале ова....
    49.Нешто од Тифани - Мелиса Хил
    Преубава романтична приказна се чуствувам како да сум седнала и да сум изгледала некој романтичен филм....
     
  12. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Започнувам од денес и јас. :)
    1.Училиште за славни,сите делови.
     
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    23-Среќниот ден е утре-Јулија Латинина
    24-Љубов во ранетата земја-Џин Сасон
    Оваа не ми е почната но ветувам дека ќе ја прочитам,оти подолго време немат да бидам присутна на форумов па затоа сега ја пишувам


    Највероватно ова ќе бидат последно прочитани книги од мене,многу ми е жал што нема да го исполнам предизвикот.Али се надевам за следната година и ќе се потрудам да го исполнам наредниот предизвик.

    Честитки до тие што го исполнија и што ќе го исполнат предизвикот :)
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    50.Маж за од понеделник до петок - Алис Питерсон
     
  15. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    50. Лолита- Владимир Набоков
    Интересна книга, многу поразлична од другите книги, која ќе ми остани во сеќавање. Самата книга, корицата ме потсеќаше на книгата Парфем. Книгата е исполнета со перверзија, но перверзија прекажана со индиректно значење. Главниот лик во романот е всушност во врска со една жена која има приближно години колку него. Но, всушност тој вистински е заљубен во Лолита- 10 годишната ќерка на неговата девојка! Мајката на Лолита умира во сообраќајна несреќа, а главниот лик останува да живее како старател на Лолита, која се` повеќе и повеќе расти, но и се зголемува неговата љубов кон неа...
     
    На Lilit и Neytiri им се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Ги прочитав и “Надежна сопруга“, “Алиби“, “Ќерката на чуварот на спомените“, “Браќата Карамазови“, “Индиго Бомбај“ и не ми текнува уште кои други беа, не сум пишала пост со рецензија уште од август.
     
  17. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    33. „Игрите на гладните“-Сузан Колинс
    34. „Раѓањето на огнот“-Сузан Колинс
    35. „Мокингџеј“-Сузан Колинс

    Сга почнав нова книга, па ако стигнам да ја дочитам до крајот на месецот ќе пишам повторно.
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    51.Вљубени девојки - Џеклин Вилсон
    Книгава е за вљубувањето на тинејџерите во современово време...станува збор за три најдобри другарки кои се девето одд и кои се различни и посебни секоја на свој начин...доста е поучна книгава за сите кои се на мои години...и планирам да ги прочитам и продолженијата... до крајот на неделата...ако имам време...
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    14. "Осаменоста на простите броеви" - Паоло Џордано.
    15. "Lord of the Flies" - Вилјам Голдинг
    16. “Ганди “ - Душан Симич - пак ја читав оваа еднаш ја почнав и не ја дочитав.

    Инаку Сеси гледам велиш за “Шолја Чај“- да ги имаш времето што го имаат некои еве ко пример јас, ќе бидеш пресреќен што си нашол време и за такво книгиче, убаво си кажа Нejтири за каков вид на литература станува збор. Јас сум пресреќна и што стигнав до број 16 воопшто, и не читам за да покжам овде леле гледај, туку поради себе, отсекогаш ме смирувало тоа.

    Инаку девојки секоја чест на сите што сте во темава, ви завидувам и ви се поклонувам. Почитувам многу луѓе што читаат. :bow:
     
    На Trendafilka, ocila, angelina1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    51. Малечката Фадета- Жорж Санд
    Уште една лектира, која ја обработуваме на училиште, но можам да кажам дека сум многу изненадена од книгава, преубава е. Се зборува за двајца близнаци Ландри и Силвен кој ќе бидат неазделни, но кога ќе се роди малечката сестра треба еден од нив двајцата да оди да работи во другото село. Бидејќи Ландри е посилен, тој ќе замине, а тука и почнува љубомората на Силвен. Ландри ќе стани посилен и многу почитуван. Силвен ќе се обиде да замине од дома, но Ландри ќе го пронајди, со помош на малечката Фадета која никој во селото не ја почитува и не ја смета за убава бидејќи се облекува како машко. Но, Ландри сфаќа дека Фадета е добро девојче и се заљубува во неа...
     
    На zvezdakoska му/ѝ се допаѓа ова.