1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Темата "Вашето козметичко катче (низ лични фотографии)" под итно да се расчисти од оф-топици. Малку повеќе се забега од темата.

    Не се почитуваат никакви правила а и нема никој да го регулира тоа.
     
  2. Sarence

    Sarence Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    615
    Можност(опција) за промена на никот :!: ;) :P :P
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Мислам дека треба да се смени забраната за гласање на одредени анкети кои ги има на некои теми, откако веќе еднаш си одбрал опција.
    Барем да може само еднаш да се промени гласот, затоа што нели, луѓе сме, можеби сме смениле мислење, можеби сме пробале нешто ново, сме гласале за едно, а сега сакаме да избереме нешто друго.

    :)
     
    На Hipica и tessie им се допаѓа ова.
  4. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Мој предлог е сликите што ги прикачуваме (мислам на линковите) да се прикажуваат целосно на темата, а кога ќе кликнеме на нив, тогаш да се прикажува нивната целосна големина. А не некоја поголема слика да ја отварам во new tab... :yawn: |-)
     
  5. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Треба да поставите дополнителни модератори, богами и некои што повеќе разбираат шала :) , имам чувство дека актуелните премногу при срце ги земаат работите, строго држење до темата, не смее ни мала шега во коментар, одма бришење, добивам претстава дека кога би можеле на членовите би применувале и прачка по раче како за немирно прваче :?: Добро, потребни се и построги модераторски ликови, јас немам ништо против, ама потребна е и разновидност и малку поотворен пристап кон останатите членови. Освежете ја поставата со некои покомуникативни и подруштвени лица. Цел форум функционира со само 4 модератори од кои три се задолжени за само неколку категории ако добро сум забележала :^) Јас ви предлагам за подобро и полесно да функционира форумот, па вие како сакате.
     
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Да има објаснување во порака зошто некоја пријава на мислење се одбива. И објаснување на тој што го напишал коментарот, зошто му е избришан. Па така обострано ќе бидат информирани форумџиите за какви мислења пишуваат/пријавуваат.
    Не е во ред да си бираат тие кои бришат кои пријави ќе ги испочитуваат и кои коментари ќе ги избришат.
    :!: Треба да знаеме зошто одредено мислење е избришано и зошто одредена пријава е одбиена.
     
    На Butterfly-Girl, cresa-jagoda, Cvetetto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Да се одгледате на функционалноста на црнобело форумот.

    Предлагам да примаме нотификации кога некој го цитирал вашето мислење, го споменал во пост вашето корисничко име, во име на информираност. Да се воведат казнени поени и да се доделуваат заслужено. Со одреден број негативни поени да следува суспензија, перманентна, привремена.
    Мора да се воведе дисциплина, има членови кои ги повторуваат грешките покрај тоа што се опоменати. Пример ddevojce и латиницата. Ги пријавував мислењата кај Рејнбоу и не и преостана ништо освен да ми каже дека веќе дискутирале за проблемот и таа никако да се поправи. Мене тоа ме нервира, верувам и останатите а соодветна санкција како бан не е воведена и е крајно време да се воведи.

    Поголема ангажираност на модераторите околу средување на темите и бришење оф топици. Супер е што се воведе опцијата "ми се допаѓа", користете ја во знак на благодарност наместо да пишувате нов пост (оф топик ) за да се заблагодарите.
     
    На MademoiselleB, Lella, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Ама она е мајка...
    [​IMG]
    Инаку се согласувам со се што напиша, и веќе кога банираат да биде форумот известен дека одреден член е баниран и да се наведат причините. За нотификациите, мислам дека тоа администраторите треба да го средат бидејќи сепак станува збор за дизајнот на форумот, а е вон доменот на модераторите.
    И кога се пријавува офф топик и слично треба да биде бидејќи навистина е така, а не заради тоа што на некој не му се допаѓа напишаното и не може да го смисли членот кој тоа го напишал.
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.806
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Уффф, од ова огледајте се на црнобело немаше никаква потреба, ми се стужи да бидам искрена. Ама баш никаква. Греота е било кој сајт и форум да се спореди со тој, било кој сајт и форум кој е создаден зашто некој имал сопствена идеја и сакал да направи нешто. Греота е да се споредиме, а камоли да се угледаме на сајт кој постојано краде цели статии, кој нема ни срам ни перде. Не знам како може да го читаат луѓето. Не знам како може да бидат дел од форум кој е пола од овој форум, пола друг форум. Цели теми се крадени, цели мислења копирани, преземени од тука. Жалосно е дури и да се спомне такво нешто.
    Луѓе со преземени кориснички имиња од овој форум пишуваат таму демек истите се, крадат мислења...
    Никогаш никој не треба да се угледа на тој форум. Ако сака да има барем капка оригиналност, никогаш.
    Може сме во стагнација, и јас се надевам дека многу проблеми ќе се решат наскоро, дека многу идеи од темава за кои има навистина потреба ќе се усвојат, ама да се угледаме на една копија?
    Не верувам дека нeкој некогаш би го направил тоа.
     
    На AziskaStrslenka, Kaylie, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Кога отвараме линкови од форумов да го нема логото на фемина.Мене барем лично ми пречи.
     
    На Kaylie, Elennaa, sagittarius57 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Истото го предложив пред некое време, ама ми одговорија дека им се случувало поради невнимание да отворат дупла тема. :^) Очигледно не ја сфатија поентата. Ама ако, нека.

    Многу лошо од страна на администраторите што го оставија на цедило овој прекрасен форум на кој имаше што да се прочита. :emo:
    Ако минусираа еден пост на сајтот за Кардашијан и за тоа како била облечена Ријана и тоа време да го посветеа на форумот, многу поарно ќе беше.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека нешто многу ќе врши работа, затоа што може да се обратат на некој член на различни начини (пр. теси, тесси, тессие, tessie, tesi, tessi и тн). Дали некој не ти го запомнил убаво корисничкото име, ти го транскрибирал или препишал (правилно или погрешно), опции има милион. Кога може во пребарувачот сами да си побараме со еден клик, зошто да има потреба од нотификации? Jaс сум задоволна од начинот на функционирање на пребарувачот.

    Ама тоа е мое мислење, ако на повеќето им одговара да има таков вид на известувања, немам ништо против. :)
     
    На Hipica и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Се согласувам со тоа да се воведат казнени поени, за поголеми прекршувања од типот на навреди, потоа претерано постирање во една иста тема, и по 100 пати повторување на едно те исто. Но да се задржи правото на критичка мисла, т.е да не биде некој санкциониран само заради реплика или дискусија со друг член, посебно ако таа е конструктивна, а да не биде само сувопарно одговарање на темата и тоа е тоа, немаш потоа право на реплика или да бидеш избришан само затоа што на модераторот или како веќе се викаат тие лица задолжени за воведување на ред.

    За да се примени овој твој предлог треба да се направи обука на модераторите и стрикно да им се каже од оние што го водат сајтот што смеат а што не, да санкционираат. Значи да има правила според кои и корисниците ќе знаат што е она што е дозволено што не, но никако несмее да се гуши дискусијата и различните мислења. Значи, прво треба да се постават обучени лица за модератори па тек тогаш правила, затоа што џабе ти се добри закони ако оние кои ги толкуваат не се доволно обучени како да го прават тоа.
    Колку што прочитав низ темиве модераторите се бираат од редот на членоите и се менуваат на одредено време, што значи можен е голем субјективизам, и поради било која причина да банира некоја друга особа само затоа што и смета. Не викам дека ќе се случи тоа, но е можно како опција, посебно читајки ги минатата година како посетител а не член изборот на најдобра форумџика каде имаше жестока битка, кој смее а кој не да биде биран, малтене како да се работеше за оскар а не за тотално небитна работа. Исто ми сметаат тие таканаречени цветчиња, бркајки ги тие цветчиња лугево буквално се утепуваат од тресење глупости и ги има буквално во секоја тема, и еден те исти член за се е експер, мислејки дека ако имаат 10000 мислења дека ќе се по паметни или лугењто ќе имаат подобро мислење за нив. Според мене битно е што си кажал, а не колку си зборел.

    Ова е нај битното, додека ситните детали, околу нотификација и сл, се техничко прашање кое може да биде и вака и онака, но нај битно е да се знаат правилата и уште побитно и членовите и модераторите да се прдржуваат до нив без оглед дали тоа им се допага или не.
    Вака како што е сега поставено може едноставно да ме снема од форумов и никому ништо, без образложение, чисто се сомневам дека и некој води ред од администраторите кој и зошто се казнува.

    Исто така да не заборавам да го прокоментирам делот околу бришење на оф топици? Знаете, оф топик би било во тема за на пример лупам шминкање, ти пишуваш за готвење, или политика, но не секогаш кога коментираш околу нешто можеш буквално и до милиметар да се држиш до темата, ако одиме по тој принцип темите ќе бидат јас сум за тоа што е тема или јас сум против, инаку ризикуваш да загазиш во офсајт или оф топик ако развиеш дискусија по одредена тема. Јас немам таков пролем, бидејки малку и многу ретко постиран но има луге кои се ревносни во тоа и сакам да се слушне нивниот став иако можеби е дијаметрално спротивен од мојот.
     
    На cresa-jagoda и XstrongerX им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Madam-A еднаш предложи да има во секоја тема Топ 10 мислења, кадешто ќе се видат 10те мислења кои имаат најмногу лајкови (односно најквалитетните, исклучувајќи ја темата Специјален поздрав).

    Сакав да потсетам и да ве замолам сериозно да размислите за овој предлог, навистина би бил корисен во многу теми. На пр. Модни критики, Вашите нокти, Смешни мислења... Баш би било интересно.

    А и не верувам дека одзема многу време да се направи оваа функција. Дури и не мора 10 да бидат, може 5, 3, па и само едно да е, дефинитивно би било од корист. :!:
     
    На Elennaa, Madam-A и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    гледам дека во последниот период имаме се почесто нови и нови членови. Што е добро. Но сепак сметам дека треба да се стави ограничување на новите членови да неможат веднаш да отвараат нови теми . Да се направи како што беше со чатот до 50 мислења да неможат да отворат нова тема. Ако имаат некое прашање кое го нема да го постават во темата општи прашања или да го замолат модераторот ако смета дека е важно да ја отвори место него. Така немаме да имаме глупави нови теми а и членовите ке можат подобро да го разгледаат форумот пред да постават тема која веке ја има.
     
  16. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    kolovoz, и за ова имаат оправдување. :D Имало многу нови членови што отвориле убави теми. Ама никој не може да одрекува дека ако се воведе ова ќе биде полошо. :!:
    И јас сум за. :)
     
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Јас не се согласувам, каде за цветчето брзаат да напишаат што повеќе мислења, сега фали уште тоа да се воведе, што ќе се тркаат кој да има што повеќе лајкови, а зошто форумот да ни се базира на лајкови? Форумот Форумџика на годината не може избере без пазарско однесување, а не па топ мислење.
    Плус, во повеќето случаеви не би било објективно, бидејќи овде не се лајкнува само бидејќи навистина е заслужено, туку и што од што си се дружат, па улизнувања, па лице правење. Не секогаш квалитетното е навистина лајкнувано, туку има и такви што се ориентираат според тоа која боја на цветчето се работи, дека по некоја логика, ние со жолто имаме златни, а тие што имаат црвени или розеви имаат секогаш божествени мислења.
    За Модните критики, тема која патем комотно може да се нарече Модни пофалби бидејќи инаку не се прифаќа, па ни толку. И таму истото се прави, можеби најизразено улизнувањето е таму. И таму најлајкуваното не значи дека е најдобро. И зошто, кога веќе сите се потрудиле да стават комбинација, да се потенцира само една? Не би било фер, макар и сега, и покрај тоа што сите ставаат, коментари се пишуваат од 10 на 2. Зар тие две вредат многу повеќе од останатите? Не.
    Единствено за кое би се согласила да има ваква опција е за темата Смешни мислења, бидејќи таму би било најинтересно за читање и гледање, би било како на страните за вицеви, како најдобриот оваа недела.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Не значи дека тие мислења кои немаат лајкови не се квалитетни.

    Јас се согласувам со предлогот на kolovoz,новите членови да неможат да отвораат теми.Барем до одреден број на мислења или цветче.
     
  19. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Затоа што предлозите и идеите никој не ни ги слуша Барем мене ми изгледа така .Сакам да Отворам нова тема ПЕТИЦИЈА во која за да се стави некој предлог на гласање мора првично да биде даден предлог во оваа тема и мислењето да има најмалку 5 допаѓања-лајкови. Значи ако нечие мислење ви се допаѓа не коментирајте само под него туку дајте му лајк за да можеме да го ставиме во новата тема Петиција на гласање.
    Секој нов предлог во петицијата мора да биде со поголем фонд и во црвена боја за да се разликува од коментарот.
    Важно ќе нема потреба да пишувате во таа тема дека сте ЗА доволно е да пратите ЛП на билката каде се цитира мислењето односно сакам да ја 'бомбадираме' билката со пораки - па може ќе им теке тогаш дека Форумов мора да има промени
    Што мислите дали да отворам таква тема ? Ако сте за ми требаат 5 лајка ;) Знам дека звучи како изборна кампања ама мене ми се здосади од тоа што овде има топ мислења а никому ништо
     
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Убаво би било, ама јас не мислам дека ова ќе успее. И тоа со 5те лајка не ми се допаѓа, и овде ќе почне со собирање лајкови само затоа што на некој да речеме не му се допаѓа никот и сака да го смени.
    Билката ни 2% не го рецка форумов, тешко дека ќе обрне внимание и на петициите. Освен ако не се испокараме и да настане хаос, па дури тогаш се јавуваат. :D

    Ако имате некој подобар начин како да го организирате ова, тогаш супер, ама вака - тешко... :worried:
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.