Предлагам да се воспостави некој критериум за тоа кој сè може да отвара нова тема. Како прво, да треба членката да има некоја бројка на мислења/лајкови за да отвори нова тема (за да нема отворање дупли теми од нови членови со некакво прашање или бесмислени ако се во прашање тролови)... и како второ - дури и на поодамнешни членови што претходно неколку теми им биле заклучени (и тоа не поради случајно дуплирање, туку поради бесмисленост и неквалитет на истите) - да им се забрани таа опција да отвораат понатаму теми. Да, очигледно е на чија бујна „инспирација“, „имагинација“ и „смисла за хумор“ алудирам. Навистина премногу глупости се изначитавме во последно време. Хвала на пажња.
Морам да ти кажам дека одамна немам прочитано квалитетна тема, квалитетна дискусија...а па од тебе ниедна....Ајде те молам кажи некоја добра тема каде ти си била квалитетен учесник!
Ako za tebe " Mrtva i so stil"e kvalitetna tema, togas ne si za tuka. Kako moze da otvarate glupavi temi i da mislite deka se kvalitetni? Milion temi otvori milion ti gi zbrisaa. Mislam "mrtva i so stil" ne treba da postoi takvo nesto.
Ја не знам зошто ви сметаат теми? До пред некое време проблем беше што некој од нас не се согласуваа со некои членови, сега ви сметаат и теми??? Ако нас не смее нешто , не гледам лошо ништо во таа тема. И мене ми сметаат теми за анални, орални, во тројка сексови , гатачи, бајачи, во фото натпревар што се едни исти "победуваат" , па не се бунам..
Има многу квалитетни теми, но не и квалитетни членови за да се дискутира во нив, баба Радо. Отворете на последните страни во секоја категорија.
Отворени се сите страни, превртени неколкупати напред и назад...искрено ке се произнесам дека нема ниту една квалитетна тема во последните страни од секоја категорија, тврдам. Посочи ми барем една. На форумов сум дојдена за забава и дружење а не за препукувањ., Мислење да ли сум дебилна или нормална не побарав од никого..но, ако некој упорно ме прозива, навредува и ме нарекува трол, сигурно дека и кај мене ќе прелие чашата, не сум јас ни дрво ниту камен.
Вака и вака. @baba Rada, изведуваш ко дома од плата да ти одбиле. Искрено. Темата не беше во ред. Си теравте мајтап на тоа кој како ќе биде облечен кога ќе умре... За тие работи си имате тема црн хумор. Јас неколку пати имам отворено тема за некои електронски уреди, Реин ми ги има избришано и одговорите ги има префрлено во друга тема. И сега што? Да пекам во секоја тема за тоа? Ако решила да брише, нека брише. Модератор е и сигурно знае што треба да има и нема на форумов. Праша за интересна тема. Темата за критикување на фотографии одамна веќе не е активна, а е квалитетна. Со Феникс мислевме да ја разработиме, пишав мислење, но не добив рецка. И немој многу да си ставаш при срце што ние тука коментираме. Јас не знам како може да те навреди нешто што е напишано виртуелно од некој што не го познаваш.
Дали би можело делот со најнови мислења да се прошири за да се читаат и темите со подолгите наслови ?
Предлагам модераторите да почнат да делат перманентни банови, а активните членови да престанат да ги хранат троловите. Значи кога ќе видите трол одма пријавете го мислењето и баталете го човекот. Зошто го цитирате? Зошто влегувате во непотребни караници со небитни луѓе? Гледаш некој нов се зачлени и провоцира, ги цитира сите, се кара, се понаша ко да ги познава цел живот...па е*и му мајката бе...што туку го цитирате и му посветувате толкаво внимание. Тој уште толку се сили, вие уште толку се нервирате, и што? Разбирам те провоцира, и мене ме испровоцирале ама бројам до 10...се воздржувам да се спуштам на негово ниво и само го пријавувам мислењето. Не сакам значење да му придавам на некој небитен. Сите истото правете го и ќе се повлечат. Нема да им биде интересно ако немаат внимание. Откако им приклучија интернет по лудници и затвори стана хаос...лудило...ама воздржете се. Фала
Супер би било да се вметнат смајлите од фејсбук на делот Ми се допаѓа. Трагикомични мислења има. А може и да има покрај тоа и како на оскарите покрај форумаки идол (тој ќе биде нели ГЛАВНА НАГРАДА), најсмешен форумџија, форумџија со најмногу лајкови, најактивен форумџија итн.
Ама поинтересно би билоо ете уште нешто ми текна.. најдобар сликар, најдобар готвач (ова според победите во натпреварите за јадења)
Да се зголеми бројот на дозволени симболи за во статус, барем на 200. Има доста убави стихови и цитати што се троа подолгички од 140 симболи пааа..! Се гледа дека на твитер манијачам само без профил поради ова што си љубам филозофирање на малце подолго
Предлагам за нова година да ни напрајте некое изненадување и да вратите некои од банираните членки, ко на пример @Adina Многу ми фалит